Преговориве со овој ми се чинат како преговарачка финта со Евертон за Брентвајт, да спуштат цена. Сличен ако не и ист профил со Мегваер, брзината не му е јака страна, зема голема плата, "одбиен" од Јуве и Баерн на само 24 години. Многу црвени знаменциња. Ако му се факторира високата плата во целокупниот трансфер, тука негде е ко Брентвајт трансферот.
За Тодибо, нека го шитнат на Лозана и нека ни го позајмат нас (со лесна клаузула за облигација да се купи), така УЕФА може да одјебе
Угарте личи одличен играч, истата улога што ја бркаше Касемиро првата сезона ќе ја врши перфектно. Коби / Маунт до него, Бруно напред и пичиме.
Зиркзи личи солиден трансфер од повеќе аспекти, технички поткован и може да игра лажна 9ка, за тркачи го Рашфорд, Гарначо и Хојлунд може да биде многу корисен. Нуди поширока тактичка флексибилност у нападот, плус ќе го одмара и парира Хојлунд.