Италија ги помина групите со 7-0 гол разлика, 9 бодови. Аргентина после поразот на отварањето со две победи по 2-0 заврши прво место и отиде понатаму.
Контекстот ти е целосно погрешен.
Јок, погрешно ми го читаш контекстот.
Контекстот не е "Ако почнеш лошо, завршуваш јако" или што ти знам.
Контекстот е, сите викаат "Грција освои Еуро 2004, секоја чест за тоа, изненадување беше!"
Никој не вика "Грција на ЕП 2004 изигра 1-1 со Шпанија во втората рунда со Шпанија, огромно изненадување беше тоа, секоја чест како одиграа"
Сите викаат "Франција одигра маестрално против Бразил во финалето на СП 1998", никој не вика "Франција одигра одлично против Јужна Африка на отварањето на СП 1998, победија 3-0"
Ме сфаќаш сега?
Дека фудбалот што се игра во групната фаза е небитен за репрезентации со сериозни цели.
Ако Англија изгуби 4-0 од Холандија во 1/8 финалето, апсолутно никој нема да каже "Ауу Англија изигра ептен лошо со Србија, едвај 1-0 победија, ептен отепана партија, иако победија..", туку секој ќе збори за последната утакмица на првенството и како се посрамотиле.
Памтам кога Англија-Германија одиграа нокаут фаза натпревар каде да имаше ВАР тогаш Англија ќе имаше гол плус поради Лампард.
Немам поим дали играле срање или добро или просечно во групната фаза.
Памтам дека Турција изгуби од Бразил во 1/2 финале, ама немам поим со кого беа во група.
Памтам дека Англија изгуби на пенали од Италија на последното ЕП, ама немам поим дали играле атрактивен фудбал за око во второто коло од групната фаза (нити пак паметам како играа во групната фаза)
Или еве поново, сите паметат кога Англија се посрамоти со Исланд и изгуби во 1/8 финале на ЕП. Дали играле лошо во групната фаза и едвај влегле? Ваљда, и ваљда таа лоша игра продолжила и во нокаут фазата знаејќи ги англичаните. Ама... не се памтат последните лоши партии туку само таа решавачката.
Не е битен последниот натпревар, туку следниот.
Тоа ми е поентата.
(не го читај ова како да ти влагам со сериозен тон или за расправија, само пробувам да објаснам, пошто мислам дека погрешно ме сфати, не ми беше поентата дека ако играш лошо на почеток ќе играш добро во нокаут фаза или дека намерно се чуваат или нешто сосема друго)