UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Брзо, колку голови во група даде Аргентина на последното СП и колку поени имаше? Италија на последното ЕП? Пред тоа? Пред пред тоа?

Автоматски споено мислење:

Ама with that said...е сега од следна фаза може да се удри на сеир како ќе испаѓаат екипиве, уште од сега спремам пост "ajde gitla tamu, ne vi e ova grupna faza" ако Германците изгубат :zloo:
Италија ги помина групите со 7-0 гол разлика, 9 бодови. Аргентина после поразот на отварањето со две победи по 2-0 заврши прво место и отиде понатаму.

Контекстот ти е целосно погрешен.
 
Како бе така самобендисани? Па такви се секое првенство кај што играат. Од кога ги пратиш, 2022?
Сега со овие манекени не ги можам, на Влаховиќ побитна му беше фризурата. Си ги испоебаа жените меѓусебе, освен Страхиња све друго беше турни ме да кинисам, со се тренерот.

Нека фатат сега со Хрватска со еден авион и со еден трошок назад да се вратат.
 


Да се надоврзам на мислењето на @Tyler Durden од погоре. Дечково има стварно одлична техника и голем талент, ама ниту еднаш од тие 15тина пати што го имам гледано не сум го видел да го оправда хајпот што е кренат околу него.

Го прават (посебно медиумите од Англија) како да е Зидан, а ниту еднаш не сум го приметил да земе топка/одговорност и да биде буквално носител во играта на Реал/Англија. И се е тоа океј, со оглед на неговите години. Ама баш пред недела дена Фердинанд го прашуваше Фабрегас дали видел толку млад играч да ја носи играта на некој голем тим и овој само му одговори "Меси". :ROFLMAO: Ако продолжат со хајпот, ништо чудно да го фати циганското и да не стане фудбалер од него.
 
Не
Шанси даваат, мислев гледав хајлајтс каде шо и коментаторите се смееа на утакмицава од шо немаше шо да покажт
Јас ја гледав утакмицата (колку што гледам овде повеќето ја гледале Данска - Србија), Англија не изигра воопшто лошо, чиста рутина беше, Словенија 3 пати центар помина за разлика од утакмицата со Србија каде заслужи да победи.
 
Србите се испотепал со полицијата во Минхен, скандираа Србија Косово, летаа столици.
Ајде и тие вечер гитла и да се исчисти шлајмот скроз па да гледаме Европско рајат, та преку кур и од Косово и од слични срања
Ојдени на Европско, наместо да уживаат, да пијат пиво и да прават атмосфера за паметење тие отруја со политика.


Ааа значи не било до мојот алгоритам на твитер.
 


Да се надоврзам на мислењето на @Tyler Durden од погоре. Дечково има стварно одлична техника и голем талент, ама ниту еднаш од тие 15тина пати што го имам гледано не сум го видел да го оправда хајпот што е кренат околу него.

Го прават (посебно медиумите од Англија) како да е Зидан, а ниту еднаш не сум го приметил да земе топка/одговорност и да биде буквално носител во играта на Реал/Англија. И се е тоа океј, со оглед на неговите години. Ама баш пред недела дена Фердинанд го прашуваше Фабрегас дали видел толку млад играч да ја носи играта на некој голем тим и овој само му одговори "Меси". :ROFLMAO: Ако продолжат со хајпот, ништо чудно да го фати циганското и да не стане фудбалер од него.
Овој и јас не го видов иако цела утакмица ја гледав, овај насјлаб им е на првенствово. барем досега.
 
Јас ја гледав утакмицата (колку што гледам овде повеќето ја гледале Данска - Србија), Англија не изигра воопшто лошо, чиста рутина беше, Словенија 3 пати центар помина за разлика од утакмицата со Србија заслужи да победи.

Го свиркаа Саутгејт, и го гаѓаа со чаши од пиво. До толку немаа идеја што да прават.
 
Го свиркаа Саутгејт, и го гаѓаа со чаши од пиво. До толку немаа идеја што да прават.
Ако тие немаа идеја, не знам Словенија што имаше.
 
Од долниов дел на шемава, од утре навиваме за Австрија :D. Дали е на повидок можда прво финале за Белгија? :LOL:. Сега никој не ги есапи после поразот од Словачка, што може да им е во корист.
Screenshot_20240625-233604_Chrome.jpg
 
Колку е фудбалов пропаднат кога најголеми ѕвезди помеѓу младиве и главни фаворити за златна топка се Белингам, Винисиус, Ембапе, Халанд и тн. Не е воопшто чудно што Модрич, Крос, Роналдо, Меси на 72 години се уште се меѓу најдобрите фудбалери и голем интерес на фудбалската јавност.

Конкуренцијава за златна топка годинава е убиме боже, овие што се главни фаворити за добивање годинава пред 10, 15 години не би биле во топ 50 играчи, а камоли пак добитници. Не би ме изненадило ако Меси освои Копа плус да биде играч на турнирот пак да биде во топ 5, дури и да добие. До толку е ужасна конкуренцијата.
Медиумите си го прават своето, јбг мора од некого дресови да се штампаат откако овие другите ќе одат под пензија за година две
 
Чесите мора да тепаат утре.
 
Италија ги помина групите со 7-0 гол разлика, 9 бодови. Аргентина после поразот на отварањето со две победи по 2-0 заврши прво место и отиде понатаму.

Контекстот ти е целосно погрешен.
Јок, погрешно ми го читаш контекстот.

Контекстот не е "Ако почнеш лошо, завршуваш јако" или што ти знам.

Контекстот е, сите викаат "Грција освои Еуро 2004, секоја чест за тоа, изненадување беше!"
Никој не вика "Грција на ЕП 2004 изигра 1-1 со Шпанија во втората рунда со Шпанија, огромно изненадување беше тоа, секоја чест како одиграа"

Сите викаат "Франција одигра маестрално против Бразил во финалето на СП 1998", никој не вика "Франција одигра одлично против Јужна Африка на отварањето на СП 1998, победија 3-0"

Ме сфаќаш сега?
Дека фудбалот што се игра во групната фаза е небитен за репрезентации со сериозни цели.

Ако Англија изгуби 4-0 од Холандија во 1/8 финалето, апсолутно никој нема да каже "Ауу Англија изигра ептен лошо со Србија, едвај 1-0 победија, ептен отепана партија, иако победија..", туку секој ќе збори за последната утакмица на првенството и како се посрамотиле.

Памтам кога Англија-Германија одиграа нокаут фаза натпревар каде да имаше ВАР тогаш Англија ќе имаше гол плус поради Лампард.
Немам поим дали играле срање или добро или просечно во групната фаза.
Памтам дека Турција изгуби од Бразил во 1/2 финале, ама немам поим со кого беа во група.
Памтам дека Англија изгуби на пенали од Италија на последното ЕП, ама немам поим дали играле атрактивен фудбал за око во второто коло од групната фаза (нити пак паметам како играа во групната фаза)

Или еве поново, сите паметат кога Англија се посрамоти со Исланд и изгуби во 1/8 финале на ЕП. Дали играле лошо во групната фаза и едвај влегле? Ваљда, и ваљда таа лоша игра продолжила и во нокаут фазата знаејќи ги англичаните. Ама... не се памтат последните лоши партии туку само таа решавачката.

Не е битен последниот натпревар, туку следниот.


Тоа ми е поентата.
(не го читај ова како да ти влагам со сериозен тон или за расправија, само пробувам да објаснам, пошто мислам дека погрешно ме сфати, не ми беше поентата дека ако играш лошо на почеток ќе играш добро во нокаут фаза или дека намерно се чуваат или нешто сосема друго)
 
Изгледа едино дерби во 1/8 рунда ќе биде Англија и Холандија евентуално Шпанија Белгија доколку втора биде Белгија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom