Кајганџиски книжевен предизвик за 2024 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2024?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.524
Поени од реакции
22.172
На англиски ја читаше? Ја имам дома во оригинал и македонското лектирно издание од 80тите. Не знам која да ја почнам.
Na Germanski ja citav ama prevodot bese odlicen osven 2-3 iminja koi vo filmot bea poinaku, primer Neverland.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.525
На англиски ја читаше? Ја имам дома во оригинал и македонското лектирно издание од 80тите. Не знам која да ја почнам.
Не се кратени лектирните изданија на Петар Пан обично, само не знам дали се транскрибирани или преведени имињата. Обично се Венди, Мајкл, Џорџ, Нана, ама од кај да ги знаеш, некој може ги пишал Весна, Марко, Ѓорѓи и Наташа. Така од Charlotte's Web Шарлот со години е Клементина кај нас, а прасето Вилбур е Цанко. Новите изданија на Арс Ламина се обично најдобри во преводите во однос на оригиналот. Тие први ја издадоа како Пајажината на Шарлот.

Јас ја имам Петар Пан на англиски и плус лектирно издание на Панили, поново, и преводот е одличен.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
6) Peril at End House - Agatha Christie

Некаде 200 и некоја страница, таму при крај, јас горд дека сега веќе имам искуство и го решив убиството прилично лесно ама Агата пак изненади.
Можеби целата афера и не беше толку возбудлива како останатите романи со Поаро кои ги имам прочитано, али епилогот беше одличен.
Ова воедно беше и првата книга од Агата која ја прочитав на англиски и моментално сум 8/44 од романите за Поаро. Долг пат ме чека ама еден ден ќе ги комплетирам иако тоа може да биде 2030та. Кој прочитал нешто поразлично од Ориент, Нил, Стајлс, Роџер Акројд, Лорд Еџвер, Погребот, Зло под Сонцето и оваа, нека препорача која да иде наредна. Месопотамија и големата четворка ми фаќаат око а АБЦ убиства ми е тазе гледан серијалот со Давид Суше па ќе ја оставам за понатаму кога ќе ја подзаборавам малку.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
6) Peril at End House - Agatha Christie

Некаде 200 и некоја страница, таму при крај, јас горд дека сега веќе имам искуство и го решив убиството прилично лесно ама Агата пак изненади.
Можеби целата афера и не беше толку возбудлива како останатите романи со Поаро кои ги имам прочитано, али епилогот беше одличен.
Ова воедно беше и првата книга од Агата која ја прочитав на англиски и моментално сум 8/44 од романите за Поаро. Долг пат ме чека ама еден ден ќе ги комплетирам иако тоа може да биде 2030та. Кој прочитал нешто поразлично од Ориент, Нил, Стајлс, Роџер Акројд, Лорд Еџвер, Погребот, Зло под Сонцето и оваа, нека препорача која да иде наредна. Месопотамија и големата четворка ми фаќаат око а АБЦ убиства ми е тазе гледан серијалот со Давид Суше па ќе ја оставам за понатаму кога ќе ја подзаборавам малку.
Пробај ja Five little pigs. Го добив истиот впечаток кога Поаро го објаснува расплетот и на крајот.... скренува сосема во друг правец. Буквално ме нервираше со Captain obvious деталите за да на крај една мала сцена не ги скрене работите во друг тек.
Sad Cypress е исто извонредна.
Сеа ја читам за „Labours of Hercules" (12 случаи) и прв пат се соочувам со малку наивно пишување на Агата. Као да ја мрзело да дообјаснува во детали некои работи па набацува само некои евтини нелогичности кои проаѓаат онака. Не е лош романот, но е далеку од она што знам дека она може да го напише.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.282
Си ставив цел да прочитам барем 10 книги годинава, па да почнеме со тоа што сум го прочитал досега :D

1. Подвижни гробови - Божин Павловски (4,5/5)

Слаб сум на книги поврзани со македонската историја. Слаб сум и на книги со дебели корици, особено ако имаат врвка за одбележување до каде си стигнал со читање. Книга во која се опишува страдањето на различни генерации на македонскиот народ во Ресен и преспанската околина во време турско и во време на комунистичка Југославија. Дел од ликовите се македонци муслимани, односно торбеши, при што едниот од нив (незнаен јунак во историјата :D) имал идеја да ја ослободи Македонија од турците и сите да живеат сложно во овие предели без разлика на националноста. Приказната е испреплетена околу различни генерации од неговата фамилија, носејќи ме дури до Австралија. Ми се допадна стилот на пишување на Божин, ќе дадам шанса и на некоја од другите негови книги.

2. Чуварите на хагадата - Џералдина Брукс (4/5)

Уште една книга која опфаќа низа историски настани. Се работи за сараевската хагада, една еврејска книга која низ годините завршила во сараевскиот музеј. Австралиската писателка има направено една одлична фиктивна приказна околи целосното потекло на книгата и нејзиниот опстанок во период од над 500 години. Годините на инквизицијата, протерувањето на евреите од Шпанија, палењето на цела еврејска литература низ Италија, патот на хагадата преку Виена до Сарево кое тогаш било под австро унгарска власт. Муслиманите во Босна настапиле штитенички кон евреите, што помага да книгата ја преживува втората светска војна. На крајот, сараевскиот музеј е бомбардиран од страна на српската војска во распадот на Југославија, но повторно ќе се најдат херои кои ќе се жртвуваат себеси за да спасат дел од културното наследство во музејот. Покрај историските приказни, доста темелно се опишува како се врши реставрација на една книга.

3. Ноември - Алена Морнштајнова (4/5)

And guess what. Уште една книга со историски наратив. Тргнав да ја купам книгата Хана од чешката писателка, но продавчката ме премисли. Сите знаеме како поминале евреите во втората светска војна, но дали доволно знаеме за страдањата на луѓето од советските републики во минатиот век зад железната завеса. Книгата е уште една фиктивна приказна за тоа како би изгледала Чехословачка ако не се случел пресвртот на политичката сцена по протестите во ноември 1989 година. Во реалноста, доаѓа распад на социјалистичката република и почеток на новиот демократски развој на двете држави, но во книгата СССР им помага на сите свои социјалистички сојузници да се одбранат од "внатрешните непријатели" и да го задржат својот досегашен режим на владеење. Војска на улиците, лимитирано движење на граѓаните, слабо снабдени продавници, скоро невозможно напуштање на државата, забранет пристап до радио или тв програми од западниот свет, дозволена литература исклучиво од социјалистичките републики, кодошење на секој што барем малку ќе изрази сомнеж во правилноста на државното уредување, но и нулта невработеност, силна армија, безбедност на улиците, социјални станови за младите парови итн. Одлична книга.
4. Нултиот број - Умберто Еко (3,5/5)

Никогаш немав прочитано книга од Еко и го одбрав неговиот последен роман, кој изгледа не му е еден од подобрите, барем од тоа што сум ги прочитал критиките. Ова е роман во кој дејството е сместено во 90-тите, кога весниците се уште беа главно средство за информирање, покрај телевизиите. Се оформува весник поинаков од класичните. Односно, се пишува за стари настани, како да се напишани во реалното време на нивното случување (што остава простор новинарите да ги знаат главните причинители или последици од некој настан и да фантазираат при пишувањето користејќи познати факти). Но, намерата на уредникот не е весникот да се објавува, туку со скандалозни вести да се уценуваат политичките партии во корист на газдата на весникот. Како главни протагонисти се уредникот, Колона како главен новинар и уште неколку најмени новинари кои треба да го направат весникот да изгледа што пореалистичен, без воопшто да ја знаат главната идеја на газдата на весникот, мислејќи дека составуваат пробен број. Еко ги исмејува весниците, како и постапките на луѓето. Ударна тематика е и разгледувањето на теориите на заговор поврзани со смртта на Мусолини. Паралелна теорија дека бил убиен негов двојник, а он бил чуван во Ватикан, по што безбедно избегал во Аргентина. Делото е океј за читање, но ништо спектакуларно.

5. 100 години самотија - Габриел Гарсија Маркес (4,5/5)

Прекрасно дело. Тешко за читање, но уживав во преводот на Ванѓа Чашуле. Стар превод од 80-тите (можеби и претходно?), но се гледа разликата во квалитетот на преводите од тоа време и сега. Прва книга во која сум видел да се користи на пример "беше надвор до ДВАТА", место "беше надвор до два часот". Ако не се лажам, уште има градови каде што часот се изговара на овој начин. Во двата, во трите... :D
Книгата е мајндфакинг, да изгубиш чувство за време. Имаш впечаток дека некои ликови во книгата се стари повеќе од 200 години. Дејството се одвива во фиктивното колумбиско село Макондо, прикажувајќи ги неговите подеми и падови низ приказните на неговата основачка фамилија, фамилијата Буендија. Приказна за самотијата, за прифаќањето на судбината, копнежот, неостварените сништа, семејството... Нема да пишувам повеќе, делото е едно од најпознатите на Маркес и вреди да се прочита. Ќе дадев и највисока оценка, но некогаш ме преморуваше и ми создаваше вистински маки да ги разликувам ликовите од нивните предци со исти имиња :D

6. Читачот на трупови - Антонио Гаридо (4/5)

Ми ја провалија книгава во Матица, затоа што продавачката знае дека сакам историски книги. Историски роман (на крајот на книгата има интересна поделба на типовите историски романи, направена според Умберто Еко), за писателот на првиот форензичарски трактат во светската историја. Кинезот Сунг Ци со првото навлегување во тајните на форензиката објавено во 1247 година, во пет тома. Анотнио Гаридо завршил ооооодлична работа, детално проучувајќи ги петте тома, за да формира една фиктивна приказна за животот на Сунг Ци, во која се вклучени и некои ликови од реалноста, како еден од царевите на средновековна Кина (династијата Сунг), неговите советници, академијата Минг итн. Низ шест глави се опфатени тешкотиите со кои се соочувал Ци за да го формира својот финален трактат, а искористени се неколку негови случаи на анализа на тела на мртовци, за да се состави еден одличен роман во кој ќе се запознаеме со првичните методи во форензиката. Воглавно не сакам многу брзочитачки книги, бидејќи лесно ја заборавам тематиката, само ги голтам страните затоа што ме копка што ќе се случи следно. Но и дадов шанса на оваа и не згрешив. Оценката не е највисока, бидејќи сакам многу подетални описи на дејствата. Мураками на овие приказни ќе обрнеше многу поголемо внимание и на деталите и на чувствата на протагноситите, па книгава место 600 страни, ќе имаше 6000 :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Mnogu strucna literatura godinava :(
Osven toa najdov vreme da prodocitam

Foundation - Asimov
Foundation and Empire - Asimov
Life 3.0 - Tegmark
Notes from the Underground - Dostoevsky
Laughable Loves - Kundera

Imam uste dve kratki prikazni od Laughable Loves, drugite procitani site bea unikatni i zborat za drugi covecki sostojbi i cuvstva kade samo nosecka tema e ljubovta. Obicno zavrsuva gorclivo i tera da cenis nekoi raboti poveke. Odlicna kniga za ako letate ili sega po odmori, lesno se lista a e socna - ne gubi na kvalitet poradi nekompliciraniot stil, naprotiv gagja vo srzta so sekoj kraj.
 
Член од
22 јуни 2024
Мислења
34
Поени од реакции
65
Vera Bitrakova: Lihind i Desaretija


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
7) Странецот - Албер Ками

Напишана во толку едноставен стил а сепак мастерпис.
Некои книги ми се претерано долги, но оваа ми беше ептен кратка. Како да ми фалеше малку повеќе од размислувањата и погледите на Мерсо.
Да не должам многу, претпоставувам поголемиот дел од тука ја имаат прочитано а тие кои ја немаат, нека ја прочитаат.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.127
Поени од реакции
13.228
За разлика од минатата година кога потфрлив, оваа година уште во јуни си го исполнив скромниот книжевен предизвик - 10 прочитани книги. Со оваа темпо веројатно ќе го исполнам и оној од 20 книги (hard level).

1. Александар Македонски - Артур Вајгал 4.5/10
Генерално избегнувам да читам биографии за ликови од историјата. Воопшто не зимам во предвид веродостојноста на информациите, вака од книжевен аспект воопшто не ми беше интересно за читање. Добив јасна слика за настаните ама некако како премногу брзо да беше се нафрлено без добро да се разработи и да се навлезе.
2. Играта на ангелот - Карлос Руиз Зафон 8.5/10
Феноменална книга, втор дел од серијалот “Гробиштата на заборавените книги“. Да не ми беа малку напорни дијалозите на Давид Мартин и Корели, ќе имаше и повисока оценка, но и вака беше предобро читачко искуство, ликот на Изабела омилен ми стана. Доста ме потресе, заедно со Марина се книги кои најмногу ме потресоа од Зафон.
3. Заточеник на небото - Карлос Руиз Зафон 6.5/10
Оваа е трет дел од серијалот. Книгата е одлична, само ми е недовршена сама по себе и затоа е ваквиот рејтинг. Интересна е и многу лесно се чита, но како во оваа фаза Зафон да знаел дека ќе има 4 дела серијалот и го напишал третиот само колку да има отскочна даска кон четвртиот.
4. Лавиринт на духовите I дел - Карлос Руиз Зафон 7/10
Четвртиот дел од серијалот. Ова е една книга, но веројатно за Матица да направи повеќе профит од продавање повеќе книги ги одвоила на две посебни, па затоа и јас ги водам како такви. Интересни се за читање, но ми ја немаа магијата од прите 2 дела, ликовите и дејствијата се поврзуваат од сите 4 дела.
5. Лавиринт на духовите II дел - Карлос Руиз Зафон 7/10
Истото важи и за оваа книга, директно продолжение е на минатата, без да има пресек во дејствијата.
6. Град од пареа - Карлос Руиз Зафон 3/10
Ова ми е тотално разочарување. Откако Зафон починал, семејството издало книга кое треба да е како нов продолжеток на серијалот (петти дел) со приказни опфаќајки ги ликовите од серијалот. Наидов само на 2 или 3 приказни каде што се спомнува некој лик, другите беа рендом приказни поврзани со ликови од историјата, како Гауди, што може делат поврзаност со местото каде што се настаните од серијалот, но не се ликови од серијалот. Имав чувство како да читам приказни на интернет од случајни статии.
7. Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон (препрочитана) 9.5/10
Првата книга од серијалот. Прв пат ја прочитав во 2010, ми требаа 4 години да подзаборавам настаните, па ја прочитав сега пак откога ги прочитав и другите од серијалот. Впечатоците се исти како и првиот пат, феноменално дело, најмногу го доловува целиот амбиент, после книгата се чувствував како да сум бил во Барселона и како да ја знам секоја уличка таму, а јас не сум бил никаде во Шпанија. Топло ја препорачувам на секој, не само неа туку и целиот серијал.
8. Малтерего: Рубиков стол - Марко Шелиќ Марчело 6/10
Интересно дело. Марчело е инаку рапер, лирички би рекол и најдобар на овие простори, книжевноста му е ист стил како што му се и песните. Иста страна од општеството критикува, исти проблеми опфаќа, ситуациите се реални од секојдневието. Ми фалеше моментот на доловување атмосфера и разработка на ликовите малку подетално.
9. Принцот на маглата - Карлос Руиз Зафон 5/10
Прва книга од првиот серијал на Зафон, наменет за тинејџери и млади читатели. Тука имаше многу повеќе фикција споредбено со другиот серијал, а јас не сакам фикција. Интересчно за читање на моменти, брзо и лесно се прочита, но не допре до мене книгата.
10. Полноќна палата - Карлос Руиз Зафон 5/10
Втората книга од споменатиот серијал. Исто мислење како за првата, дури уште повеќе беше опфатен делот фикција тука, до степен малку и да ми пречи.
11. Септемвриски светлини - Карлос Руиз Зафон 5.5/10
Трет дел од серијалот. Во првата половина немаше ништо фиктивно, само блага мистичност, добро се темпираше атмосферата, но во вториот дел имаше премногу брзо натрупани нереални моменти, кои не ми беа воопшто разработени, немав простор да се привикнам на атмосферата.
12. Марина - Карлос Руиз Зафон 9/10
Прекрасна книга, четврт дел од серијалот. Иако повеќе би рекол дека оваа книга припаѓа на другиот серијал, ликовите не се тие, но целата атмосфера и начинот на пишување е истиот како “Гробиштата на заборавените книги“. Книга која многу ме потресе, читањето беше лесно и забавно и покрај фикцијата која е застапена во овој серијал. Не бев спремен на крајот. Најтопла препорака на секој.
13. Степскиот волк - Херман Хесе 7/10
Гледам да избегнувам филозофски дела, бидејќи сакам книгата да ме опушти да влезам во некој нов свет и да се одморам од сегашниот. Но, почитувам дела кои го тераат човека да размислува, да размисли за своите постапки читајќи ја книгата, да извлече некоја поука и истата да му помогне за себенадоградување. Оваа е една таква книга, си извадив и некои цитати од неа, во кои гледам ликови од моето опкружување, па ми послужи како појдовна точка на подетална анализа. Читањето беше доста заморно, бараше поголема концентрација, често препрочитував некои делови, 200 страни, но доста исцрпија. Сепак вредат според мене и би ја препорачал на сите љубители на овој жанр.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.714
Поени од реакции
9.545
4) Етјен Даводо - Незнајковци во издание на Темплум.

IMG_20240706_174455.jpg
IMG_20240706_174507.jpg

5) Guy Delisle - Factory summers во издание на Drawn & Quarterly.

9781770464599.jpg
IMG_20240706_174619.jpg
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
8) Владетелот - Николо Макијавели

"Но поинаков е случајот кога градовите или земјите се свикнати да живеат под власта на еден господар чиј род потоа ќе биде уништен. Од една страна тие се научени да се покоруваат, а од друга страна, стариот господар го нема повеќе. Тие не можат да се согласат да изберат нов господар од своите редови, не умеат да живеат слободно, а многу бавно го земаат оружјето во рака."

^ Посветено на сите титови пионери. Додека пак, последната глава од ова дело треба да служи за новите генерации.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Ау од февруари тука не сум апдејтирал статус на предизвиков.
6. Измеѓу - Кристина Гавран (Антолог) 4.5/5 Хумористичен приказ на животот на мигранти од Балкан во западна европа. Шармантна е Гавран.
7. Американа - Нгози Чимаманда Адичи (Арт-Конект). Немав сомнеж (по многуте препораки) дека ќе наидам на еден одличен роман за животот на мигрантите од Африка во САД во поновово време. Она што ние источно-европејците малку површно го гледаме и се палиме на евтиниот расизам што ни се пласира од двете екстреми. Романов нуди слоевит опис на животот на еден црнец роден во(н) американските граници. 5/5 - Една од фаворитите за прочитан роман на годината.
8. Зелениот дворец - Сибо (Арс Либрис). Симпатично книже, но се гледа дека му е едно од првенчињата на писателот. Сепак е на добар пат да се надогради. 4/5
9. Before coffee gets cold - tales from the cafe - Toshikazu Kawaguchi. 4/5 Позитивно книже, продолжение на кецот. Интерсен концепт
10. Чиракот на Архитектот - Елиф Шафак. Кога ја почнав очекував дека ќе ја завлечкам можеби месец ако не и јаче, испадна за неполни 10тина дена ја завршам со оглед на нејзината масивност. Шафак умее да раскаже историска фикција, се приметува нејзината посветеност колку црпела трудови и истражувала за историјата на отоманците во 16ти и 17ти век. По мене, рамо под рамо со големиот Памук. Прекрасна, навистина прекрасна книга. 5/5
Еве ме пак подзаборавен тро да ја ажурирам бројката, иако сега можеби намерно малку повеќе оставив да се насобере материјал.
11. The reading list - Sara Nisha Adams.
После прочитаната на Шафак, сакав малку да си земам оддишка, но и да ја продолжам ориенталната жичка, па убаво ми дојде ова книже. Неодамна го начекав како random pick во Академска и ми се допадна тематиката; се работи за сегашен период во Англија како читачката рутина пополека изумира по библиотеките, па така една по една се затвораат. Во една иста таква се среќаваат двајца ликови Мукеш - чија сопруга (огромен љубител на пишаниот збор) е скоро почината, татко на три возрасни ќерки, пробува да му додаде на животот малку повеќе смисол. И Алејша адолесцент израсната во дисфункционална фамилија од неуротична мајка и татко кој ја напуштил на ептен мали години, и постар брат кој пробува да скрпи крај со крај. Двајцата ги спојува таа библиотека во која Мукеш по игра на случајноста наоѓа листа од 10 наслови кои би му помогнале некако да ја преброди својата осаменост. По неколку неуспешни наврати се спријателува заедно со Алејша, и во таа врска се одмотува клопчето на нивните животни судбини. Алејша како скроз затворен лик, преку книгите пронаоѓа повеќе смисла а со тоа и собира храброст да се отвори кон светот кој и не е баш онака суров како што она замислувала. Или е....
Има доста референци од многу познати и одлични книги. Може да се користи како отскочна штица за наведените наслови.
4.5/5

12. The Kite runner - Khaled Hosseini
Ја видов во погоре споменатата книга и ме фати јанза дека одамна ми стои на листа на чекање. Од неговата одамна прочитана Илјада неверојатни сонца имав трауми кои ме прогонуваа едно добри 2 месеци. И сега иако веќе психички поткован очекував да ме дотолчи. И го добив „посакуваниот“ ефект. Нема да одам во подробностите, не сакам да рушам филм (Иако и адаптацијата не е за занемарување - pun intended) само ќе кажам - ако сте љубител на животни стории за неразделно другарство ала сценарија на Once upon a time in america/Deer hunter ова е полн погодок. Имаше сцени кај што буквално ја заџиткав книгата на земја и си викам дај бе не може волку да е сурово ова. Со право ужива толкава светска популарност.
5/5.

13. Three little pigs - Agatha Christie.
Ми требаше голема оддишка после трите прочитани книги па се префрлив пак на крими-мистерија. Доста замрсен случај поготово ако убиството е направено 16 години порано и сите матерјални докази наведуваат кон погрешно осуден лик. Тогаш кој од петорицата преостанати го има направено злоделото? Останува само на Поаро да го разрешни случајот и тоа не преку материјалните докази туку преку реконструкција на петте ликови, секој на свој начин прикривајќи по нешто. Замрсено во секој случај како што само Агата умее да направи.
4/5
Update после месец ипол.

14. Labours of Hercules - Agatha Christie

До сега најслабата нејзина. Кратки случаи налик на авантурите на Херкулес од грчката митологија. 2.5

15. Evil Under the sun - Agatha Christie
За нијанса подобро од гореспоменатиот роман. Класично убиство, по малку captain obvious ситуации. Се забележува периодот на Агата кога веќе инспирацијата ѝ е во застој. 3.5/5

16. Човекот по име Уве - Фредерик Бакман
Убаво ми дојде романов после маратонот од крими-мистерии. По прочитаната „Мојата баба ве поздравува“ очекував некое тро детско едноставно четиво. Ме изненади тоа што со таква едноставност и леснотија писателот успеа да допре до најдлабоките делови на душата на читателот. Знаев дека е доста ценета книгава, па не очекував дека на моменти ја оставав за да се соземам по малку. Убава, навистина убава книга. 5/5
П.С. И шведскиот филм истотака вреди да се погледне.

17. Чест - Елиф Шафак
Трета по ред прочитана од писателкава, се' уште го имам мислењето дека не постои лоша книга од неа. Шафак е прекрасен раскажувач на човековите судбини поврзани со носталгијата за родното огниште. 4.5/5

18. Единаесет жени - Снежана Младеновска Анѓелков.
Минатата година ми легна нејзината „Луѓето, а не градот“. Овој пат истото го искусив со единаесетте жени. Краток но доста храбар и продорен роман. Се работи за 9 жени кои влијаат на детството и созревањето на две најдобри другарки. Интересно е што тука жените не се опишани како „стандардната балканска жена со покорен став на машкото“ туку со вака прејудицирано да се изразам - со машки атрибути во нивните постапки. Едноставен но длабок роман. 4.5/5
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
7. Калеш Анѓа - Стале Попов
Во оваа книга е претставен животот на мариовци во 16век, кога на престолот на Османлиската империја е Сулејман Величествениот. Анѓа е грабната од турскиот кадија кој пробува да ја потурчи но Анѓа упорно одбива и покрај убедувањата а подоцна и заканите. Кога селаните дознаваат каде ја држат Анѓа тие се организираат и тргнуваат да ја ослободат. Ова легенда за грабнувањето на Анѓа се смета како повод за кревање на Мариовската буна во 1565г.

8. Зоја - Паскал Гилевски
Слична тематика како Калеш Анѓа само проткаена со малку повеќе еротика.

9. Записи од подземјето - Фјодор М. Достоевски

Преку "Човекот од подземјето" Достоевски укажува колку човекот е всушност ирационално суштество кое не само што ужива во страдањето туку тоа му е потребно; да му го одземеш страдањето значи да му ја земеш слободата.
За оваа книга ми е криво што не напишав осврт кога ја прочитав додека се уште бев под импресии и впечатоците беа свежи.:(

10. Мазурка за двајца мртовци - Камило Хосе Села

Веќе имав пишано мислење во друга тема па само ќе го копирам од таму.

Генерално се разкажува животот на луѓето во Галиција (Шпанската област над Португалија, каде што живеат Галицијани кои зборуваат Галициски јазик кој е сличен на шпанскиот и португалскиот) за време на граѓанската војна. Главниот настан е убиството на еден лик и подоцна неговата одмазда. Она што е интересно и оригинално е формата во која е напишан романот и можеби е причината поради која Села добива Нобелова награда. Има еден куп ликови кои се појавуваат во секој следен параграф и не се знае кој со кого зборува и раскажува и малце е тешко да се запомнат ликовите и да се следи приказната; но сите ликови се меѓусебно поврзани во роднинска, брачна или швалерска врска. Исто нарацијата е циклична и се повторува (10 пати минимум прочитав дека Бенисиа има пупки тврди како бадеми :ROFLMAO:) помага да се направи поврзаност и да се следи приказната.
Се уште не ми лежат вакви експериментални романи и реално повеќе ќе уживав да имаше нормална структура романот ама ок е и вака. :)

11. Дневникот на писателот (том 1) Фјодор М. Достоевски

Ова се фиктивни и нефиктивни текстови што Достоевски ги објавувал по весници од 1873 па до 1881 година. Има текстови од најразлични теми кои биле актуелни во тогашното општество и Достоевски пробувал да ги прокоментира или да даде свое мислење.
Она што мене ми дојде интересно е што уште тогаш западно европските земји стравувале од Русија и имале слична реторика против Русија како денес.
12. Соларис - Станислав Лем

Кога слетува на станицата која се наоѓа на планетата Соларис, Крис Келвин открива дека екипажот чудно се однесува а живиот океан кој ја покрива планетата има способност да ги чита спомените на луѓето и да создава суштества.

Ова е роман за кој прочитав/слушнав многу добри критики по разни страни, ytube канали па и овде на форумот и имав големи очекувања и мислев дека ќе ми се допадне ама за жал не се случи тоа :(

13. Шега - Милан Кундера

Првиот роман на Кундера, а за мене втор од него што го имам читано. Иако "Неподносливата леснотија на постоењето" повеќе ми се допадна сепак и ова е добра книга. Романот е раскажан преку перспективата на неколку ликови: Лудвик, Костка, Јарослав и Хелена. Дејството се случува во Чехословачка каде власт има Комунистичката Партија.

14. Непобедливиот - Станислав Лем

Непобедливиот е името на вселенскиот брод кој слетува на планетата Регис III и се обидува да дознае што се случило со бродот Кондор и претходната експедиција.
За разлика од Соларис овој роман повеќе ми се допадна и сметам дека е полесен за читање.
15. Мислења и беседи - Лун Ји
Овде се собрани учењата на Конфучиј кои се запишани од неговите ученици.

16. Играта на Де Ниро - Рави Хаж
Прва книга која ја читам од Хаж и пријатно ме изненади.
Се работи за двајца другари кои растат за време на граѓанската војна во Либан и Бејрут е поделен на христијански и муслимански дел. Љубов, предавство, политички игри, желба за бегство и нов почеток зачинето со малку егзистенцијализам инспириран од Ками.

Препорака од мене да ја проверите ;)

17. Свила - Алесандро Барико
Кратка новела напишана со интересен поетски и бајковит стил кој гарантира уживање. Кога во Франција се појавува епидемија и свилените буби умираат, трговците го праќаат Ерве Жонкур во Јапонија да донесе здрави јајца од свилена буба; а таму запознава една жена ;)

18. Сокакот Мидак - Нагиб Махфуз

Сокакот Мидак е мал микрокосмос во Каиро каде запознаваме еден куп интересни ликови; некои сакаат да живеат во сокакот, некои прават се за да избегаат од него.
На моменти ме потсетуваше на некоја турска серија заради блискоста со религијата и обичаите ама уживав во читањето.

19. Медеја - Еврипид
Кога Јасон решава да ја остави Медеја и да се ожени со кралска ќерка, таа решава да му се одмазди.

20. Големата длабочина - Артур Кларк

Научно-фантастичен роман каде луѓето ги одгледуваат китовите за добивање храна и ги чуваат од ајкули и китови убијци. Постои конфликт меѓу планктонските фарми и фармите за китови и се отвара дебата за вегетеријанството. Луѓето веќе неколку генерации живеат на Марс а почнуваат да се населуваат и Венера ама дел од технологијата што се спомнува сега е застарена :)
Нема една приказна туку повеќе е како епизоди каде ги следиме ликовите во разни ситуации и случувања.

Не беше лошо ама не е ништо посебно.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
15. Мислења и беседи - Лун Ји
Овде се собрани учењата на Конфучиј кои се запишани од неговите ученици.

16. Играта на Де Ниро - Рави Хаж
Прва книга која ја читам од Хаж и пријатно ме изненади.
Се работи за двајца другари кои растат за време на граѓанската војна во Либан и Бејрут е поделен на христијански и муслимански дел. Љубов, предавство, политички игри, желба за бегство и нов почеток зачинето со малку егзистенцијализам инспириран од Ками.

Препорака од мене да ја проверите ;)

17. Свила - Алесандро Барико
Кратка новела напишана со интересен поетски и бајковит стил кој гарантира уживање. Кога во Франција се појавува епидемија и свилените буби умираат, трговците го праќаат Ерве Жонкур во Јапонија да донесе здрави јајца од свилена буба; а таму запознава една жена ;)

18. Сокакот Мидак - Нагиб Махфуз

Сокакот Мидак е мал микрокосмос во Каиро каде запознаваме еден куп интересни ликови; некои сакаат да живеат во сокакот, некои прават се за да избегаат од него.
На моменти ме потсетуваше на некоја турска серија заради блискоста со религијата и обичаите ама уживав во читањето.

19. Медеја - Еврипид
Кога Јасон решава да ја остави Медеја и да се ожени со кралска ќерка, таа решава да му се одмазди.

20. Големата длабочина - Артур Кларк

Научно-фантастичен роман каде луѓето ги одгледуваат китовите за добивање храна и ги чуваат од ајкули и китови убијци. Постои конфликт меѓу планктонските фарми и фармите за китови и се отвара дебата за вегетеријанството. Луѓето веќе неколку генерации живеат на Марс а почнуваат да се населуваат и Венера ама дел од технологијата што се спомнува сега е застарена :)
Нема една приказна туку повеќе е како епизоди каде ги следиме ликовите во разни ситуации и случувања.

Не беше лошо ама не е ништо посебно.
Иако ДеНиро му е по мене најдобра, не е лошо да ја погледнеш и Лебарка. По малку на Кафка наликува, но егзистенционализмот му е главна тематика тука.
За Барико истотака Мистер Гвин, Новеченто (монолог) и Емаус, топла препорака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom