Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 5.998
- Поени од реакции
- 24.459
Одма во длабокото а ? Јас ја треснав од ѕид после првото читање. Буквално од ѕид ја треснав. Тогаш ја читав затоа што "морав", оти ми беше лектира. Нити е за 17 годишник, нити е добра за вовед во Кафка. Затоа реков, прво Америка. Во Америка имаш неколку моменти каде што мозокот ти се привикнува на нешто што не е секојдневен тек на дејство. Пример кога лута по ходниците во викендицата или кога двете политички партии имаат митинг пред зградата долу или кога регрутираат за театарот. Случките се пореални него ли во Процес ама почнуваш да го приметуваш зачинот на абсурдноста, на надреализмот, но точно во одредени дози каде што работите уште не станале "забегани" за ти како читател да се изгубиш. Тука се за да ги приметиш но не премногу за да те збунат и извадат од (читачки) колосек. Затоа што во Процес и Замок стануваат забегани. Ако си навикнат на книги од реализам каде што има нормален тек како што го знаеш од секојдневјето ова ќе ти бара штимање малце. Работи што бараат и се базирани повеќе на апстракција е нормално да се тешки на прва. Со Ходоровски е таков случај. Со Бруно Шулц е таков случај. Работите не ти се дадени на тацна каде што тебе ти преостанува само да ги конзумираш. Ова ти е повеќе како мебел во ИКЕА каде што конструкцијата мора да ја направиш сам. Парчињата од сложувалката ти се дадени ама тие парчиња пасуваат на повеќе логични места кои не се точни и нелогични места кои се точни. Фактички тоа ми беше првата мисла кога прв пат налетав на ова видео.Како што ветив во претходната тема, ќе пробам да водам евиденција за сите книги кои ќе ги прочитам во 2024.
Целта ми е нов рекорд односно најмалку 20 книги. Многу е веројатно дека нема да успеам со оглед на спориов старт и фактот дека купив неколку игри на последнава распродажба на Стим па така ќе се гејма многу често, но никогаш не се знае.
1) Процес - Франц Кафка
Иако ми одзема повеќе од планираното време, сепак сеуште не ми е кристално јасен Процесот од Кафка. Изгледав неколку видеа, барав малку по форумов и најдов само еден коментар кој најдобро ми ја опиша целата книга и Кафка во кратки црти.
Јас го напратив спротивното од она што е пишано во коментарот на Сусаро, и пропуштив многу детали на сметка на големата слика. Многу често си го замислував како е он во лудница и како сите овие судници, ателјеа, децата, сликарот, помошниците, трговецот и другите останати се само во неговата глава или пак други будали или персонал кои се во иста установа со него и сето тоа ми влијаеше на концентрацијата додека читав. Моментално ми текнува на речиси секоја глава, на сите случувања и карактери ама е дефинитивно книга на која ќе морам да се вратам за да ја совладам целосно.
Имаше моменти кои страшно потсеќаа на Расколников и ми делува како да Кафка за Процес има црпено инспирација од Достоевски.
Ќе ги прочитам и другите дела на Кафка во иднина ама тоа ќе го направам на англиски.
Факт е дека ми е полесно на мајчин јазик ама тука имаше одредени зборови кои кога гледав рецензии ми беше многу полесно да ги разберам на англиски отколку на македонски. Особено оние функциите во банката и судот кој после толку години живеење надвор од Македонија по природно ми одат на англиски јазик. Истото го помислив и за книгите на Орвел. Ок се преводите, немам големи замерки ама мислам дека подобро читање за овие книги конкретно би било на англиски јазик. (Знам дека Кафка оригинално пишувал на германски, меѓутоа одредени зборови како прокурист ми се многу малку слушани/употребувани а Junior Manager би ми скратило многу време и би ми помогнало да не се преоптоварувам премногу мислејќи на преводот)
Видеово нема никаква врска со Процес на Кафка, ама во моја глава уште на прво гледање имаше секаква врска со Кафка и тоа е најдобриот начин и паралела на некого да му објаснам како Кафка функционира уствари. Читањето на Кафка и решавањето на оваа сложувалка за мене е скоро идентично. И во двете нема претежок материјал или прекомплицирани компоненти, има подлога, има дејство, не е тотално рандомно (пробај Шулц читај го па ќе правиме муабет) иако изгледа на моменти дека е така сепак си има тек, ситуацијата е таа како што е, не се појауваат змаеви од никаде и чашите не добиваат крилја и почнуваат да летаат без објаснение. Прати му го текот на мислата на типот дур решава. Пази што коментира. Истиот тек и јас го имав и претпоставувам си го имал и ти. А навидум сите компоненти ги имаш и дадени ти се. Треба само да ја врзеш приказната. И не можеш. Сложувалката е оценета со ниво 10. А види колку е едноставна.
Што ми е зборот. Ако не си решавал класични нормални сложувалки и директно идеш на оваа ќе ти биде многу тешко. Дури и да си решавал класични како што и типов на видеово решава оваа ќе ти биде мачење. Затоа има меѓуфаза каде што преоѓаш од една инсатанца и стејт оф мајнд во друг. Америка е таа меѓуфаза.
Режисерот Содерберг и сценаристот Лем Добс дошле до една многу интересна идеја да направат биографски филм за Кафка, ама во негов стил, како да е самиот лик во неговите дела и во неговиот свет. И нормално резултатот е филм којшто е тотално различен од било кој друг биографски за некој славен лик. Гледај го ако си во можност.
Добс исто ти е сценарист во Dark City.
Ти ги набројувам овие работи затоа што се добри дополнителни материјали, првиот како замисла како би изгледал животот на Кафка во свет во кој неговите дела би биле "реални", а вториот како добар вовед за таа меѓуфазата што ти ја кажав. Чисто да ти се навикне мозокот на оној другиот стејт оф мајнд. А кога еднаш ќе знаеш да се наштимаш на тој стејт оф мајнд е полесно и секогаш кога ќе налеташ на вакво дело ќе знаеш да се свичнеш во тој модус на размислување и толкување.
П.С. Видеото со сложувалката најтопло ти препорачувам да не го рипнеш.