^ Да, треба.
Иначе гледам погрешно сфатиле некои - не омилен актер, туку омилен лик, зашто го сакате ликот а не зашто го сакате глумецот.
Имам неколку омилени ликови.
Едниот од нив е 10-от Доктор од Doctor Who, одглумен од Дејвид Тенант.
Едноставно, неговиот и навидум детски карактер го прават толку забавен лик, што секако ќе те расположи кога ситуацијата не е воопшто таква. Но на моменти знае да биде и доста мрачен лик, поради своето минато. Извонредна улога на Тенант, кој е еден од најталентираните актери на денешницата според мене, кој секако заслужува многу поголеми улоги.
Вториот е Тирион Ланистер од Game of Thrones, одглумен од Питер Диклиџ
Џ.Р.Р. Мартин и сценаристите на Game of Thrones го направиле овој карактер да биде уживање за гледање според своето однесување. Неговиот итар карактер и забелешките кои ги има за случувањата, поткрепени со својата битка за своето место во фамилијата го прави да биде еден од најинтересните ликови во серијата, верувам и во книгите. Секако, најзаслужен за тоа е извонредниот актер Питер Динклиџ.
Третиот лик е Сол Гудман од Breaking Bad, одглумен од Боб Оденкирк
Во оваа серија главните улоги се извонредните ликови Волтер Вајт и Џеси Пинкман, но според мене исто извонреден лик за гледање е и ефтиниот и поткуплив адвокат Сол Гудман, кој се снаоѓа во светот, соработувајќи и помаѓајки им на криминалците. Неговиот говор како цело време да е дел од некоја реклама и неговите ефтини костуми во различни бои го прави ептен интересен лик за гледање. Боб Оденкирк извонредно ја извршува својата улога во серијата, па е во план овој лик да добие своја серија.
Четвртиот лик е Чендлер Бинг од Friends, одглумен од Метју Пери
Дали има човек на планетава што не слушнал за овој карактер? Сарказмот, циничноста но и позитивниот карактер го прави овој карактер кој е многу несигурен во себе еден од најсмешните ликови кои се појавиле на телевизија. Can he BE more funny?
ЗА да не ме мразат уште повеќе другите, ќе прекинам тука со споменување на други карактери, кои ги има уште многу, а ми се едни од најомилените...