ZTE Blade III

Член од
1 април 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Би ве замолил доколку имате некој предлози за кои апликации да ги инсталирам на телефончево?
сега за сега инсталирав само app killer.
исто така ме интересира како да ја одстранам опцијата при одклучување на телефонот( ми дава опција да одберам со што да ми стартува пр:фотоапарат-повици-пораки...итн.)
ви благодарам однапред
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016

Settings > Location & Security

иначе бриши апп килер,го кочи телефоно,нема потреба од таква апликација.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.157
Поени од реакции
28.930
rostilj какво е телефончево ќе го биде ли ?
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.511
Поени од реакции
33.676
rostilj какво е телефончево ќе го биде ли ?
Јас го земав за 1.000 денари со продолжување на договор. Кокакола е за типо, миро, дезајрц и сличните.
Голем екран, прилично брз.. ако го има по мобилариве на излозите, разгледај го во рака и процени сам.
 
UncleSam

Будока
Член од
23 јануари 2011
Мислења
269
Поени од реакции
509
Абе знае некој screen protector кај има за телефонов ?
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Јас го земав за 1.000 денари со продолжување на договор. Кокакола е за типо, миро, дезајрц и сличните.
Голем екран, прилично брз.. ако го има по мобилариве на излозите, разгледај го во рака и процени сам.
Дискутабилно...
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.511
Поени од реакции
33.676
Дискутабилно...
Леле немој. Не го поднесувам телефонот. Го има девојка ми едно пола година. Преценето срање.
Барем за типо, дезајрце помалце плаќаш, обичен уред, тоа и добиваш, за мирово не вредат париве.
А воопшто не е дискутабилно, во секој аспект е подобар. Екранов на мирово иако е 16м нема острина, иконите им се познаваат коцки по ќошињата и е мал, за разлика кај блејдов освен шо имаш поголем екран и изгледа каде каде поквалитетно, имаш мекост и острина. Побрз е башка, подолго трае батеријата и е поефтин. За овие два тврдам дека е инфериорен мирото! Мене ми е мака дури што ќе го дадам, беше приверемено онака и да го средам. Поефтин entry level android уред мислам дека не се наоѓа.
 
Незнам зашто така лошо мислење за мирото. Ваљда не и се погодил на девојка ти.

Веќе пола година и јас го имам и презадоволен сум. Ниедна замерка. И еден другар пред месец-два го зеде, лизга. Зависи и дали ќе ти се погоди како што реков погоре. Мојов лета, со адекватно негување (ајде вака да се изразам :D) телефонот е машина.

Освен поголемиот екран и поприкладната цена, блејдот во ништо друго не е подобар од мирото. Подобриот процесор и подобрата батерија такви се само на хартија. И двата ги имам работено и можам да кажам (од мое искуство секако) дека се еднакво брзи и горе долу исто држи батеријата (блејдот има појака батерија, ама поголем екран од мирото. Поголем екран = поголема потрошувачка на батеријата. Кога ќе собереш, исто му доаѓа) . Hell, мирово ми тера 5-6 дена без мн да го чепкам. И незнам зашто забелешки и за острината на екранот. Не е совршен, ама не е ни очаен. Солиден е, ништо полош од тој на блејдот. Фирмата (пред се), подобрата камера, блицот, предната камера, боите итн. се предности кај мирото.

Се на се, не е голема разлика меѓу телефониве, тука негде се. И тој и тој има плусови и минуси, како и секој телефон. Тоа ми беше поентата, не може да не е дискутабилна нивна споредба.

Не ме разбирај погрешно, одлично телефонче е и блејдот. Меѓутоа се е до вкусот и потребите.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Би ве замолил доколку имате некој предлози за кои апликации да ги инсталирам на телефончево?
сега за сега инсталирав само app killer.
исто така ме интересира како да ја одстранам опцијата при одклучување на телефонот( ми дава опција да одберам со што да ми стартува пр:фотоапарат-повици-пораки...итн.)
ви благодарам однапред

Не ми е јасно мене како може да ти дава камера, повици, пораки..... за стартување на телефонот.

Во секој случај доколку во тие опции ти покаже HTC Sense х.хх верзија кликни дифолт прво па потоа одбери ја таа опција.

Апп килер.... како што веќе пишаа пред мене. Најнепотребната апликација. Бриши....

За други апликации... треба да наведеш прво за што ти треба да се бара таква.
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Не ми е јасно мене како може да ти дава камера, повици, пораки..... за стартување на телефонот.
На Lock Screen-от има опции пример,пораки камера,ако влече лево ќе одбери камера,ако влече нагоре пораки...итн...

Кај мојот Галакси Нексус е така.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
На Lock Screen-от има опции пример,пораки камера,ако влече лево ќе одбери камера,ако влече нагоре пораки...итн...

Кај мојот Галакси Нексус е така.

Ах .... па што има тука чудно.

Јас мислев му ја дава таа опција како ете на пример ставиш ланчер и при активирањето те прашува со што да почне.... ХТЦ сенс или ланчерот кој си го инсталирал.

Инаку ова при одклучување си е нормална опција.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.

UncleSam

Будока
Член од
23 јануари 2011
Мислења
269
Поени од реакции
509
исто така ме интересира како да ја одстранам опцијата при одклучување на телефонот( ми дава опција да одберам со што да ми стартува пр:фотоапарат-повици-пораки...итн.)
Сега ми текна што те мачи :) при отклучување треба да задржиш на зеленото копче и ќе ти се отклучи без да ти се појавуваат опциите. Ти сигурно си мрдал со прстот по копчето :)

И дај бе некој нека каже кај да најдам screen protector :D
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
228
Поени од реакции
26

точно така
 
Член од
13 февруари 2013
Мислења
264
Поени од реакции
248
Кажете има некој зимано од вип ваков телефон ,дали има мемориска вклучена со него,на јутуб анбоксинг во некој имашево некој не
, и дали има бела боја?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Кажете има некој зимано од вип ваков телефон ,дали има мемориска вклучена со него,на јутуб анбоксинг во некој имашево некој не
, и дали има бела боја?
Мемориска не иде со него со оглед дека има внатре во него 4 гига внатрешна меморија од која 3 гига се слободни така да поради тоа може не даваат од кај нас плус и мемориска.А за бојава интернесно е што кога го зимав телефонот барав да видам и црн и бел да споредам кој би бил поубав овака на изглед.Во Веро и Рамстор го имаше само бел а во City Mall го имаше само во црна боја.Не сакав да шетам многу многу го избрав белиот и навистина многу поубаво изгледа од црниот барем за мој вкус :) За меморијата доволни би ти биле тие 3 гига додека не земеш некоја мемориска кој во последно време поефтиниле многу.За 350-400 ден ке си земеш од 8 гига мемориска и ке си уживаш ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom