Зошто животот не е фер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Мене пари ме прават да бидам среќен, незнам зошто. А ретко кога имам, значи ретко кога сум среќен. :)
 
Па ќе го гледам животот од оваа перспектива ти ако си срна гледај го животот така...

Парите се само момент на среќа? Па гледам кој е посреќен дали сиромавиот или богатиот... не трескај глупости те молам

Си отворил тема у фулозофија а гледаш само у еден правец како коњ кога ќе му ги стават барикадите на очи... :tapp:

Колку примери знам за богаташи што освен пари ништо друго немаат у живот ти толку немаш влакна на глава.Имаат пари а секој ден очи си вадат у фамилија еден со друг,или татко му пун ко брод а син му се догира и пие како сунгер.За карактерни особини муабет неправам. И тоа ли е добро? Не ги отфрлам парите дека не се важни,ама не се пресудни за среќа и добро у живот..далеку дека се.
 
Во време на непотизам, партиски врски и дудлање, некој ќе ми зборува за карма:pos:

Карма не постои. Тоа го измислија богатите за да ја зауздаат совеста и да се осеќаат поудобно во златните љуљки.


Тое пресеравање со кармата колку ми оди на нерви аууууууууу...
 
А каде пишува дека треба да биде фер? Впрочем, кој ја дава мерата за тоа што е фер?
Луѓето се егоистични, најчесто се жалат дека животот не е фер кога ќе им се случат лоши работи или препреки. Го обвинуваат животот дека не е фер спрема нив, ама кога им се дешаваат убави работи, не го фалат животот дека е фер, туку се фалат самите себе. Животот е таков каков што е. Збир на моменти, околности, сплетки. Ние влијаеме на животот со нашите одлуки, другите ни влијаат нам со своите одлуки.
Животот не треба да биде фер или нефер. Имаш живот на располагање, ти го живееш во склоп на своите околности. Тоа е реалноста.
Секогаш кога ќе помислат луѓето дека животот не е фер спрема нив, нека си ги постават работите обратно малку, наместо да си велат: Не е фер што некој има голема куќа и богат живот, а јас просечен, нека пробаат и речат: Не е фер што јас имам просечен живот, а некој нема ни кров над глава.;)
Во животот некогаш доволна е една секунда за да се промени неговиот тек, било за лошо, било за добро, а човекот е така создаден за да може да се адаптира на околностите.
 
Си отворил тема у фулозофија а гледаш само у еден правец како коњ кога ќе му ги стават барикадите на очи... :tapp:

Колку примери знам за богаташи што освен пари ништо друго немаат у живот ти толку немаш влакна на глава.Имаат пари а секој ден очи си вадат у фамилија еден со друг,или татко му пун ко брод а син му се догира и пие како сунгер.За карактерни особини муабет неправам. И тоа ли е добро? Не ги отфрлам парите дека не се важни,ама не се пресудни за среќа и добро у живот..далеку дека се.


Не ја носи дискусијава во сосема друг правец... А си видел каков живот имаат некои сиромашни семејства? Знам за дете кое ја има тепано бабаму пред да почине што ќе ми кажеш сега за ова? И во двете класи има лоши работи... Ама тоа дека парите не го подобруваат животот читај си го на текстови имаш на гугл колку сакаш реалноста е сосема друга...Не е се во нив, ама кога ги имаш многу поинаку размислуваш...

Ако немаш нешто паметно да кажеш те молам не ме цитирај
 
Животот? а кој е креаторот? па јас сум пријателе јас сум креаторот на тој така наречен ''живот'' така да ако не е нешто убаво во ''животот'' тогаш јас сум виновен а не животот бидејќи повеќето за своите грешки кои ги прават не сакаат да признаат и тогаш го обвинуваат животот вака животот така а не гледаат дека самите тие се креатори... како и да е самиот човек е креатор ако е муе тешко, тешко е поради тоа што тој самиот направил така или доволно не се трудел или се откажал.

На поголемиот дел од животот ние сме креатори, но има работи на кои неможеме да влијаеме. Да не одиме подлабоко, прост еве пример. Што ако професорот реши да те малтретира и никогаш да не завршиш факултет. Едноставно неможе да се каже дека самите сме креатори, бидејќи животот не сме само ние туку и околината која не опкружува.
 
Јас имам едно контра прашање: а каков би требало да биде животот? Што е тоа што е фер а што не, и кој е тој што одлучува што е фер а што не? Зарем по дифолт животот треба да е фер? Би било подобро да се постави прашањето дали животот е суров или таков го прават (не)луѓето.


Па и тука си до негде право... Ако така не учи животот тогаш и ние треба да возвраќаме со иста мера на другите... Тебе те заебале на нешто, ти заебувај ги другите за друго... Јади за да не те јадат...
 
На поголемиот дел од животот ние сме креатори, но има работи на кои неможеме да влијаеме. Да не одиме подлабоко, прост еве пример. Што ако професорот реши да те малтретира и никогаш да не завршиш факултет. Едноставно неможе да се каже дека самите сме креатори, бидејќи животот не сме само ние туку и околината која не опкружува.

Ако ме малтретира постојат многу работи кои можеш да направиш да го спречиш тоа зарем не?
 
Ако ме малтретира постојат многу работи кои можеш да направиш да го спречиш тоа зарем не?


на пример можеш да му ја акнеш тоа главата од ѕид и да го промениш текот на настаните независно каде тоа ќе те однесе понатаму
 
Ако ме малтретира постојат многу работи кои можеш да направиш да го спречиш тоа зарем не?

Не ме свати. Тоа беше поблаг пример. Што е со убиството? Може некој да го врати тоа назад? Секогаш сме способни да влијаеме на работи кои имаат фатални последици врз нашите животи?
 
Не ја носи дискусијава во сосема друг правец... А си видел каков живот имаат некои сиромашни семејства? Знам за дете кое ја има тепано бабаму пред да почине што ќе ми кажеш сега за ова? И во двете класи има лоши работи... Ама тоа дека парите не го подобруваат животот читај си го на текстови имаш на гугл колку сакаш реалноста е сосема друга...

Ако немаш нешто паметно да кажеш те молам не ме цитирај
Уште еднаш ќе те цитирам само,морам..ти овде патиш од..србите викаат- Хоќу нешто речи ал незнам шта..
Погрешно ме сваќаш,ја не реков дека парите не се битни,и те како се битни за денешно време..али не се пресудни за среќа нити па животот секогаш ќе ти е фер со нив.Што ако ја имам милион евра на конто и ја фатам најубавата женска у градот - ја сум среќен животот ми е супер,али по некоја случајност ја фатам у кревет со некој клошар али факмен што со муабет и харизма ќе ја натрти..Ми се руши цела среќа..Или како што викаш одам ја по тротоар задоволен со полн новчаник и ме удри некоја зарѓана лада и останам хендикепиран?
Животот не е фер ни за богат ни за сиромав.Живот е вага и секогаш иде те на една те на друга страна.Парите се само еден тег.Толку од мене ајт поздрав.
 
Не ме свати. Тоа беше поблаг пример. Што е со убиството? Може некој да го врати тоа назад? Секогаш сме способни да влијаеме на работи кои имаат фатални последици врз нашите животи?
Океј е те сфатив јас инаку тогаш очигледно ти веруваш во карма јас не. Бидејќи јас размислувам дека се што правам јас го правам не дека тоа едноставно било така пишано како што викаат постарите што и да правам јас го правам од сопствена желба а инаку а зошто би се нашол ти во таква ситуација? кој те пратил на тоа место? никој самиот од сопствена желба си посакал да си таму на тоа и тоа место. и да речеме има пукотница ако ти си доволно паметен ќе се извлечеш но ако не си тогаш ќе завршиш во вреќа... многу едноставно.
 
Многу пати сме сведоци на сите неубави нешта што се случуваат околу нас... Без разлика дали се работи за пари, успех, среќа, сроден партнер, иднина... Многу пати луѓе кои што во животот никогаш не се труделе ќе ги искусат сите убавини на животот...

Муабетов не е дали некој е богат или сиромав се однесува за двете класи.. Има луѓе кои баш све најлошо доживуваат и на крајот или ќе завршат кај што не треба или тие самите ќе станат оние што ги прават најлошите работи пошто животот така ги научил...

Прост пример младо здраво дете полно со амбиција и живот пред себе си оди фино лепо по тротоар... Во меѓувреме поминува изобличен фраер во скапа кола и за да се направи мангуп или под дејство на алкохол го удира детето кое станува инвалид за цел живот...

Каде е тука правдата, каде е тука кармата, каде се сите убави мисли кои ни кажуваат дека кругот на животот ќе се сврти и за нас... Будалата ќе продолжи да живее како што живеел, за момчево цел живот му е уништен..

Примерот ми е да ви ја опишам мислата што ја имам и се однесува на секое поле во нашиот живот...

Друже животот е суров и не е фер никогаш. Секогаш кога си речеш дека си направил нешто и си успеал се наоѓа друго да те дозакопа. Луѓето не се задоволни од тоа што го имаат во моментот и секогаш бараат и прават нешто што немаат или не пробале. Кога имаш пари ќе се најде да немаш нешто друго, се е минливо верувај.
Гадно е што секогаш кога си излегол од едно срање, со маки си се вратил во светот да продолжиш напред доаѓа друго. Светот е заебан, не сите имаат видено мака во животот и не ја разбираат твојата. Бараат да му угодиш во моментот и се лутат ако не го сториш истото, а не му е гајле дали можеш да го сториш тоа што го бараат.
Да бидам искрен во последново време секој момент мислам дека сум роден на погрешно место во погрешно време, незнам што е исправно, изгубив премногу блиски за краток период и најверојатно никогаш веќе нема ни да ги видам бидејќи не верувам дека постои друг живот. Можеби е најдобро да се прифати реалноста колку и да е тешко тоа, гадно е затворање во себе и бегање од светот, али во некои моменти е најприфатливо. Јас се изолирав така до пред извесен период и да бидам искрен ми беше доста добро бидејќи никој верувај ама баш никој не се замара за проблемите кои ги имаш и не сака да ти помогне и по се изгледа дека пак се враќам на старото, надвор од светот надвор од сите да ги правам работите кои ме смируваат и исполнуваат, да ги лечам раните кои ги имам оти вака добивам само нови. Секој те бара од интерес и кога му требаш, кога завршат со тебе или си најдат нова играчка ги нема никаде и никој не те познава. Никој не знаеме до каде ни е животот, денес сме здрави, прави со одлична физичка спремност утре можеби на местото од каде нема враќање. Така да живеј го моментот, прави го тоа што те прави среќен и не се обидувај да му угодуваш на другите ако тоа те повредува тебе.
 
Не е фер животот, коа еден ден си станал во 1 саат преку ден, а веќе наредниот треба во мугри да се дигнеш. Fuck it. :(
 
Имај пари имаш моќ а со самата моќ добиваш се, секоја поччит од останатите таа е реалната суровост на векот,навистина е тажно што повеќето луѓе не ги гледаат вистинските вредности но секој сака да добие нешто во животот.
Јас ќе речам дека самите си го кроиме животот се останато болести несреќи е судбина со која мораме да се помириме и која што немаме моќ да ја промениме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom