Зошто животот не е фер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Веб-сајт
www.erepublik.com
Многу пати сме сведоци на сите неубави нешта што се случуваат околу нас... Без разлика дали се работи за пари, успех, среќа, сроден партнер, иднина... Многу пати луѓе кои што во животот никогаш не се труделе ќе ги искусат сите убавини на животот...

Муабетов не е дали некој е богат или сиромав се однесува за двете класи.. Има луѓе кои баш све најлошо доживуваат и на крајот или ќе завршат кај што не треба или тие самите ќе станат оние што ги прават најлошите работи пошто животот така ги научил...

Прост пример младо здраво дете полно со амбиција и живот пред себе си оди фино лепо по тротоар... Во меѓувреме поминува изобличен фраер во скапа кола и за да се направи мангуп или под дејство на алкохол го удира детето кое станува инвалид за цел живот...

Каде е тука правдата, каде е тука кармата, каде се сите убави мисли кои ни кажуваат дека кругот на животот ќе се сврти и за нас... Будалата ќе продолжи да живее како што живеел, за момчево цел живот му е уништен..

Примерот ми е да ви ја опишам мислата што ја имам и се однесува на секое поле во нашиот живот...
 
Луѓето не се фер, животот е само жртва

A луѓето никогаш неможеш да ги смениш такада некој ако краде пак ќе краде... Некој ако се пијанчи пак ќе се пијанчи... На некои работи нема одговор само ќе треба да се остават и нека оди животот како што иде...
 
Природата прави баланс за животот воопшто да егзистира. Нема тука фер, не фер.
Ние веруваме дека едно здраво дете полно со амбиција е голем губиток, наспроти фраерот со колата.. Но, не е баш така. Иако звучи сурово, но овај свет не би егзистирал доколку сите сме амбициозни и добри по душа...
Капитализмот и сите негови претходници се уствари уште еден вид хармонизација на вирусот што ја гризе планетава.
Човештвото не крепи 10+ милијарди.. факт.
Сите еден ден ќе не нема, некој побрзо, некој покасно. Ако не е така, тогаш нема ни да не има.
Е сега, сите ние жалиме кога животот е не фер, ама кој би можел да влијае на тоа?
Според мене, никој.
А вернициве одма ќе ти го објаснет то, стручно :)
 
Животот е борба помеѓу злото и доброто.Секој го сака доброто,но злото остава подлабоки траги.Сватив едно нешто,а тоа е дека никогаш неможе се да ти биде под конец и добро,многу често на една добра работа идат две лоши.
 
Да се надоврзам на ова....секогаш по непишано правило убавото трае 3 пати по кратко од тоа лошото шо следува.

Ама иди прашај ги на трамп децата и внуците дали не им е под конец се :D
 
Природата прави баланс за животот воопшто да егзистира. Нема тука фер, не фер.
Ние веруваме дека едно здраво дете полно со амбиција е голем губиток, наспроти фраерот со колата.. Но, не е баш така. Иако звучи сурово, но овај свет не би егзистирал доколку сите сме амбициозни и добри по душа...
Капитализмот и сите негови претходници се уствари уште еден вид хармонизација на вирусот што ја гризе планетава.
Човештвото не крепи 10+ милијарди.. факт.
Сите еден ден ќе не нема, некој побрзо, некој покасно. Ако не е така, тогаш нема ни да не има.
Е сега, сите ние жалиме кога животот е не фер, ама кој би можел да влијае на тоа?
Според мене, никој.
А вернициве одма ќе ти го објаснет то, стручно :)

Ги знам јас овие текстови како мора да има и такви и такви... Да ги видам баш тие коишто можат само да се замислат да бидат во некоја таква лоша ситуација и да ги доживеат тие страдања...

Вака одстрана и мене ми е лесно да зборам... Да се најдеш во таква позиција е тогаш бато ќе ти дојде до таквото се околу тебе...
 
A луѓето никогаш неможеш да ги смениш такада некој ако краде пак ќе краде... Некој ако се пијанчи пак ќе се пијанчи... На некои работи нема одговор само ќе треба да се остават и нека оди животот како што иде...

Ти го гледаш животот од човечка перспектива..погледни малце и пошироко кон природата.Па зарем животот е фер спрема животните? Срната може секој момент да ја снајде зло,да ја нападне волк и да ја изеде и неа и нејзините малечки..Каде е правдата тука.Или да умре од глад - силна зима нема храна и сл. Така е према сите живи суштества..природата исто така. Али само човек има глас и потреба да се жали дека животот не е фер..
--- надополнето: 2 септември 2013 во 00:43 ---
Да се надоврзам на ова....секогаш по непишано правило убавото трае 3 пати по кратко од тоа лошото шо следува.

Ама иди прашај ги на трамп децата и внуците дали не им е под конец се :D

Мислиш дека богатите се секогаш среќни? Се лажеш.. Парите се само момент на среќа ништо повеќе.
 
Ти го гледаш животот од човечка перспектива..погледни малце и пошироко кон природата.Па зарем животот е фер спрема животните? Срната може секој момент да ја снајде зло,да ја нападне волк и да ја изеде и неа и нејзините малечки..Каде е правдата тука.Или да умре од глад - силна зима нема храна и сл. Така е према сите живи суштества..природата исто така. Али само човек има глас и потреба да се жали дека животот не е фер..
--- надополнето: 2 септември 2013 во 00:43 ---

Мислиш дека богатите се секогаш среќни? Се лажеш.. Парите се само момент на среќа ништо повеќе.

Под конец не мислев на среќен живот,тоа е индивидуално,ако сакаш ливада со китки ќе имаш одма,ама не е тој филинг и пак ќе бидиш не среќен. Можиш да имаш се ама по "вештачки пат"
 
Ти го гледаш животот од човечка перспектива..погледни малце и пошироко кон природата.Па зарем животот е фер спрема животните? Срната може секој момент да ја снајде зло,да ја нападне волк и да ја изеде и неа и нејзините малечки..Каде е правдата тука.Или да умре од глад - силна зима нема храна и сл. Така е према сите живи суштества..природата исто така. Али само човек има глас и потреба да се жали дека животот не е фер..
--- надополнето: 2 септември 2013 во 00:43 ---

Мислиш дека богатите се секогаш среќни? Се лажеш.. Парите се само момент на среќа ништо повеќе.

Па ќе го гледам животот од оваа перспектива ти ако си срна гледај го животот така...

Парите се само момент на среќа? Па гледам кој е посреќен дали сиромавиот или богатиот... не трескај глупости те молам
 
Да се најдеш во таква позиција е тогаш бато...

Ти ја разбирам јас поентата друже, само ко ќе се најдеш во таква позиција, е што тогаш бато??? Што?
Ќе се измени нешто? Можеме ние да влијаеме на то?
Е то е то, тако звани природен баланс, или стручно, природна селекција.
 
Животот? а кој е креаторот? па јас сум пријателе јас сум креаторот на тој така наречен ''живот'' така да ако не е нешто убаво во ''животот'' тогаш јас сум виновен а не животот бидејќи повеќето за своите грешки кои ги прават не сакаат да признаат и тогаш го обвинуваат животот вака животот така а не гледаат дека самите тие се креатори... како и да е самиот човек е креатор ако е муе тешко, тешко е поради тоа што тој самиот направил така или доволно не се трудел или се откажал.
 
Во време на непотизам, партиски врски и дудлање, некој ќе ми зборува за карма:pos:

Карма не постои. Тоа го измислија богатите за да ја зауздаат совеста и да се осеќаат поудобно во златните ЉуЉки.
 
Јас имам едно контра прашање: а каков би требало да биде животот? Што е тоа што е фер а што не, и кој е тој што одлучува што е фер а што не? Зарем по дифолт животот треба да е фер? Би било подобро да се постави прашањето дали животот е суров или таков го прават (не)луѓето.
 
Животот? а кој е креаторот? па јас сум пријателе јас сум креаторот на тој така наречен ''живот'' така да ако не е нешто убаво во ''животот'' тогаш јас сум виновен а не животот бидејќи повеќето за своите грешки кои ги прават не сакаат да признаат и тогаш го обвинуваат животот вака животот така а не гледаат дека самите тие се креатори... како и да е самиот човек е креатор ако е муе тешко, тешко е поради тоа што тој самиот направил така или доволно не се трудел или се откажал.

Прочитај пак што ми е поентата... Ако човекот не успеал заради своите постапки како што кажа ти тогаш никој не му е крив... ова е за ситуации кои што се случуваат заради некои ИКС причини а ние неможеме да влијаеме врз нив
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom