Ок...Значи, сите вие кои велите дека, човекот сака за да си ја исполни егоистичната потреба за среќа и да си приушти лично задоволство преку тоа што љуби, одбирате да ја квалифицирате најблагородната човекова потреба, односно потребата за љубов(а, со тоа и емоцијата љубов, која е главна во тој процес) како нешто егоистично и себично.
Штом тоа го правите, веројатно немате расчистено со поимите себичност и егоизам и нивната конотација, или сте крајно огорчени луѓе кои изгубиле верба во се(ова второво не ми е баш веројатно, од тоа што ве читам на форум...луѓето кои така се чувствуваат решаваат да се убијат).
Ако го земам вашето тврдење како точно, тогаш ќе треба да верувам дека човекот не е нималку различен од животните, туку е дури и полош од нив. Затоа што, нешто кое е отсекогаш прифатено како единствена со сигурност позитивна ствар, вие го нарекувате себична и егоистична потреба.
Пак ќе речам,верувам дека се работи за конфузија при дефинирањето на поимите.
Ако не е тоа во прашање, тогаш кажете ми што на светов и веков сметате за "свето"? Има ли нешто кое не е условено од бедното, мало јас и неговата илузија за грандиозно его? Има ли потреба која не е ебано себична и водена од потребата нашето јас да се осеќа моќно и задоволно барем на момент?
Знаете што е секој од нас сам? Знаете што е било чија среќа или несреќа изолирана од другите? Знаете што е егото на било кој? Ништо. Проклето, празно, бедно ништо...кога не е поврзано со морето на туѓите јас.
Или како што вели легендата за кралот Мидас кој успеал да го зароби сатирот Силенус и да го праша кое од сите нешта е најдобро за човекот. Одговорот на сатирот бил: “- Ох, ти кутра ефемерна расо, вие деца на случајноста и мизеријата, зошто ме присилувате да ви го кажам она што е најдобро да не го чуете? Она што е најдобро за сите, е засекогаш надвор од вашиот дофат: да не се родиш, да не бидеш, да бидеш ништо. Но, она второто најдобро за вас е-брзо да умреш.” ...Ете тоа е единствената опција и решение ако се гледаме изолирани и водени од себичност и егоизам.
Ниче, преку својот концепт на Аполон и Дионис, каде што Аполон е индивидуалното, а Дионис колективното вели:
Дионис понудил вистински спас од страдањето, не преку тоа што го прикривал со пријатни претстави, туку преку тоа што го апсорбирал индивидуалното во големата заедница на несвесното. Во “Дојката” на Прималното Единство, како што Ниче ја нарекува, човекот пронашол ослободување од неговата индивидуална судбина, здружен со душите на сите други. Егзистенционалното страдање е производ на индивидуата која мисли дека страда сама и не може да го види смисолот на егзистенцијата. Дионис го отстранува велот од човековите очи, покажувајќи му го грандиозниот, темен хаос кој постои во човековото срце и во срцата на сите луѓе. Дионис го поттикнува човекот да се соедини во овој хаос, да се загуби себе си, и така да го надрасне своето страдање.
Значи колективот(во смисол заедништвото) кој е плод на љубов, кој се спојува поради љубов и кој би се уништил од себичност, егоизам и насилно величиање на јас наспрам ние, е единствениот смисол на постоењето со позитивна конотација.
Секоја друга опција раѓа јалови себични суштества, кои израснуваат во цинизмот, нихилизмот и иронијата на западното општество кое се гуши во споствената бесмисла. Фројд го уби човечното. Кој сака нека ја плаќа цената на анималното. Јас нејќам.