За тоа и зборуваме. Врз база на што се креира моралот? Како се креира обичајот? Како обичајот влијае на моралот? Од каде започнавме, а каде завршивме. Дали воопшто постои општеството и како влијае врз луѓето? И да не постои, да е вистина дека постојат само мажи, жени и семејства, како таа околина влијае врз сите нас.
Факт е дека улогата на општеството денес е намалена. Ги нема веќе тие живи градови, кои се ѕидале камен по камен, генерација по генерација. Прашање и до која мера е намалена таа негова улога. За мене големото прашање е "што вреди да се сочува?".