За привидната дихотомија на изглед/карактер:
Изгледот (освен биолошките родени црти) е секогаш одраз на некој дел од карактерот и интересите што на човекот му се најбитни, пошто сите имаме природна потреба да се изразуваме и да комуницираме преку нашиот изглед. Тоа се гледа во телесен став, фацијални експресии, говор на тело, облека, стил, итн. Она што ни е најзначајно (не мора вредности, може состојби, општи интереси итн.) секогаш го пројавуваме надвор (ако на некој му е најзначајна бизнис професијата пример, често ќе носи костим, некој што слуша метал може почесто ќе носи band tees итн).
Врз основа на тие надворешни белези, преку стереотипизирање (начин на когнитивна класификација на различните нешта во светот) интуитивно проценуваме каков карактер би можел да има некој - бидејќи имаме имплицитни асоцијации за тоа што одредена професија или одреден жанр музика ни кажува за таа личност. Функционира и обратно, со истиот принцип, формираш имплицитна слика у глава за тоа како би изгледале анонимни луѓе од форум базирано на она што го осознаваш за нив (на пример ако дознаеш дека некој работи во фирма во бизнис сектор, би замислил дека регуларно е облечен поформално).
Тие асоцијации не се точни секогаш и за секој, меѓутоа причината зошто воопшто ги имаме е бидејќи функционирале за нас и ни овозможуваат енергетска ефикасност. Секако дека изгледот е далеку од целосната слика за нечиј карактер, воедно е солиден индикатор за тоа што е тоа што другата личност сака да го прикаже, како и брз и ефикасен начин на комуникација со пошироката околина.
Исто и со социјални мрежи - гледаме што е битно за таа личност базирано на тоа како се слика, каде се слика, што покажува во сликите, какви натписи става и да не редам, истиот принцип е.
Значи не е црно бела проблематиката изглед/карактер, не привлекуваат и двете истовремено пошто се складни и неразделни едно од друго

Thank you for listening to my TED Talk.