Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене животот е еден вид на тест или учење.Учиме како да постоиме.Иако секој си учи на свој начин крајниот резултат е ист.
 
Знаеш што? Глупо е прашуваме зошто постоиме, зошто сме тука?

Глупо? :pos2: Толку е глупо што има луѓе што би дале се што им е најскапоцено за да го дознаат одговорот.(дури и највредното нивниот живот)
 
нашата цел на постоење е да создадаваме!
 
Sto da sozdademe???? Ako znaes mozes da obrazlozis malce.:smir:
 
Live and let die. Колку и да си го поставуваме оваа прашање никако нема да најдеме одговор. Затоа живејте си го животот најубаво што можете, сепак е еден.
 
Sto da sozdademe???? Ako znaes mozes da obrazlozis malce.:smir:

да создаваме и созадеме нешто продуктивно за нас, за општеството и за нашите идни поколенија....
благодарение на човекот, земјава од пустелија стана место за живеење во права смисла на зборот!
 
Кој го гледал Матрикс, првиот дел јасно му е зошто постоиме. Кој го гледа општеството околу нас е сигурен во валидноста на Матрикс.

Машината одамна не мели.
 
Сите сме се родиле со некоја мисија која треба да ја исполниме во животот. Некои се раѓаат за да бидат познати ѕвезди, некои за да бидат криминалци, некои за да страдаат за леб, некои за да пливаат во пари, некои за само да се родат и да го доживеат детството, некои за да дочекаат длабока старост...
Некои таа мисија ја исполниле на 1 година, некои на 101 година и животот им завршил. Звучи морничаво ова, но јас барем така си наоѓам оправдание и утеха кога ќе видам и слушнам за некој млад згаснат живот.
Иако сметам дека луѓето сами си го креираат теркот на животот, сепак верувам во судбината и сметам дека таа ни го има одредено правецот на животот во груби црти, а ние одлучуваме како ќе стигнеме до тој пат до најмало деталче.
 
Кој го гледал Матрикс, првиот дел јасно му е зошто постоиме. Кој го гледа општеството околу нас е сигурен во валидноста на Матрикс.

Машината одамна не мели.

Под поимот цел сигурно не се мисли на сегашната ситуација која како императив го става приграбањето материјални ресурси.
Ако си поддржувач на теоријата за еволуција,тогаш сигурно ти е јасно дека повисоката стапка на свест е следниот чекор на еволуција,а тогаш човекот би се ослободил од телесната форма,би опстојувал надвор од земските закони на физиката и на принципот за понуда и побарувачка.

И јас,како и многу други,се плашам дека оваа сегашна опседнатост со тековите во светот,со додатно набиените умствени инхибиции од страна на монотеизмот и останатите форми на тотемизации и идолизации,целокупното човештво уште долго време нема да излезе од синдромот "Морлок",па можно е и оваа стапка да ни биде последна во нашиот развиток како цивилизација.
 
Би рекол свашта, ама ова твоево е едно тотааално друго ниво.

Според теоријата на еволуцијата, човештвото ќе се менува онака како што мора за да преживее, односно онака како што е потребно за да се размножи што повеќе и гените на тие еволуирани индивидуи (кои носат генетска мутација што им овозможува да бидат подобри во пропагацијата на нивните гени) да се прошират што повеќе.
Според тоа јас би прогнозирал дека би еволуирале во поубави, поинтелегенти, поиздржливи ментално...
А она што си го напишал...:kesa:
 
Ако се земат овие 7000 години цивилизација не гледам голем оптимизам во врска со еволуирањето на свеста. Во некои подрачја дури и напротив.
Доволно е принципот на понуда и побарувачка да се тргне од меѓучовечките односи (пред се сексот) и од медицината. Другото мора да оди по тој принцип бидејќи во некое комунистичко-утописко општетсво би се нарушиле природните принципи и луѓето би станале зомби (види Харисон Бержерон од Курт Вонегат - Годината беше 2081. Конечно сите беа еднакви...поучна книга).
Морлоци/илои - ова од Велс временската машина? Морлок - предатор, илои - амеби?

За другото сосема се сложувам.
 
Би рекол свашта, ама ова твоево е едно тотааално друго ниво.

Според теоријата на еволуцијата, човештвото ќе се менува онака како што мора за да преживее, односно онака како што е потребно за да се размножи што повеќе и гените на тие еволуирани индивидуи (кои носат генетска мутација што им овозможува да бидат подобри во пропагацијата на нивните гени) да се прошират што повеќе.
Според тоа јас би прогнозирал дека би еволуирале во поубави, поинтелегенти, поиздржливи ментално...
А она што си го напишал...:kesa:

има разлика во еволуцијата на човекот и таа на животните!!!

кај човекот мора еволуцијата да биде наредно ниво на свест кај животињата може да биде утка застој сеедно во зависност од условите а еве кај човекот доагаме до состојба во која еволуцијата на некој начин станува програмирана:toe:
 
Нашата цел на живеење е да ја одработиме улогата во општеството, секој својата.
За да создадеме свет со подобро утре, но тој свет очигледно оди кон се полошо и полошо.
 
Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

За да ужуваме во постоењето на посебни луѓе, со посебна интелегенција.. да уживаме во нивните мисли, да им се восхитуваме на нивната величина, и постојано да се прашуваме каква ли среќа имавме тие да живеат во времето кога и ние....Еден од тие луѓе мора да ги споменам во оваа тема а тоа е Мр. Геровски...тхе биг Северно Македонец...
:pov:
ах која ли убавина што мораме да го гледаме и да му се восхитуваме..просто се замислувам КОЈА Е НИВНАТА ЦЕЛ НА ЖИВЕЕЕЕЕЊЕ ...:uvo:

:zid::violent1::pishtoldz :nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom