Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се земат овие 7000 години цивилизација не гледам голем оптимизам во врска со еволуирањето на свеста. Во некои подрачја дури и напротив.
Доволно е принципот на понуда и побарувачка да се тргне од меѓучовечките односи (пред се сексот) и од медицината. Другото мора да оди по тој принцип бидејќи во некое комунистичко-утописко општетсво би се нарушиле природните принципи и луѓето би станале зомби (види Харисон Бержерон од Курт Вонегат - Годината беше 2081. Конечно сите беа еднакви...поучна книга).
Морлоци/илои - ова од Велс временската машина? Морлок - предатор, илои - амеби?

За другото сосема се сложувам.

Никој не го спори анимализмот на човекот.Самата суштина на првичниот генетски код укажува на потребата за приграбување,доминација над природата,унитаризација на продуктивноста(конформизам),репродукција и пренесување на овие општествени факти на потомството.

Но,како што беше кажано и погоре,ова денес е програмирана еволуција која,како таква,со ваков тек фактички никогаш нема да дозволи онаа наменета за нас(и за секое суштество со свеста како првична привилегија) во теорија да биде достигната.Можеме да се надеваме само на физичка(телесна)трансформација и зајакнување на одредени сетила на сметка на други.Крајниот резултат би бил баш онаа физичка манифестација на кастниот систем за која пишуваше Велс.
А тоа би била стагнација на општеството и поделба слична на онаа хомосапиенси-неандерталци.

Затоа,како и секоја теорија за апсолут,наш апсолут би било просветлувањето,еволутивната аседенција и ослободувањето од телесна форма.Нормално е сево ова да делува како бабини деветини,така сме програмирани.Ова е време во кое луѓето во целост се имаат откажано од некоја повисока смисла на постоењето,преку отфрлање на паранормалното и вонсветовното...или пак преку затворање на нивниот ум со волно предавање кон некоја фиктивна сила која ја нарекуваат Бог.

Човештвото е како римски император на гладијаторски меч кој треба да одлучи дали да остави некој да живее или да умре со покажување палец...а страда од висок степен на паркинсонова болест.

И така.За да не бидам крајно монотон,еве едно офтопик сликиче со човекот кој даде голем придонес за да на човештвото му требаат уште години и години и векови и еони чистење негови лајна и лајна на сите слични на него импи од деветте концентрични круга на пеколот.

Bush_pope_santa.jpg
 
Постоењето само по себе не мора да има цел. Можеби постоиме затоа што постоиме. Тоа може да биде ептен страшно и непријатно, па затоа си придаваме важност на нашата егзистенција. А што ако сме направени само да направиме некого?
 
Како можеш така да збориш? И зашто живееш ти? ете онака а? Постоењето мора да има цел, не си случајно дојден на земјава, не случајно градиш и успеваш во било кое поле или допрва ќе успеваш. Ако мислиш тек така да го поминеш животот тоа е веќе друга работа. Тука сме дојдени да создаваме, градиме и да се репродуцираме - со една реченица е тоа.
 
Сигурноста на човекот во неговата судбина е неговата најголема мана, зошто би морале да ја знаеме суштината на нашето постоење, за да ја достигнеме или усовршиме, модифицираме.
Патиштата по кои што оди целото човештво заедно се комплетно небитни исто како и индивидуалната судбина, единственото што човекот го има е интуицијата, разумот и искуството, а ниту еден од тие инструменти нема да му ја покаже целта.
Бар не сега.
 
Како можеш така да збориш? И зашто живееш ти? ете онака а? Постоењето мора да има цел, не си случајно дојден на земјава, не случајно градиш и успеваш во било кое поле или допрва ќе успеваш. Ако мислиш тек така да го поминеш животот тоа е веќе друга работа. Тука сме дојдени да создаваме, градиме и да се репродуцираме - со една реченица е тоа.

Ваква endless тема, со неограничени можности и варијанти, секако дека му дозволува на Сабазиј да го даде тоа размислување, особено што многу лесно може да го поткрепи со самата идеја дека сме дел од планетата како сите живи суштества.
Тие пак, се чини дека немаат цел која треба да ја бркаат, ниту рабираат зошто се на планетата и дали постои задгробен живот. Кога би се сложиле дека од гледна точка на природата, ние сме исти колку и обично цвеќенце некаде во Океанија, нашиот живот навистина нема цел, ниту смисла освен обично продолжување на историоскиот тек, и пополнување на ланецот на исхрана.
 
Цел? па целта на поединечното е преку репродукција да се одржи општото то ест видот, родот, врстата. А самиот живот завршува знаеме како, како што крајот делото го краси.Природата не се занимава со нас, ко што гледаме, ние самите му даваме цел на животот иако по себе целта е таа, природата не користи за опстојба на родот. Има многу лукавства на природата, сексот, религијата, и свињите или телињата кои ги чуваат луѓето за после да ги заколат и да ги изедат си мислат дека ги чуваат за нив самите, но и пилето коа станало за колење се разочарало кога еден ден видело дека нема веќе храна давање него е време за колење ( примерот е земен од книгата Светот на Софија).
 
Ај скпетицизам малце... А што оти ке постои видот... Што добиваш ти од постоењето на видот? Ако постои видот, ќе постоиш и ти ако не, нема да постоиш...:toe:
А уствари, нели зборуваме за поконкретна цел на постоењето? Ама не верувам дека има поконкретна... Индивидуално е постоењето за секого... Секој постои за нешто... Опстанокот на видот е последица...
 
sto mislite zosto ziveeme.....koja e celta za koja postoime i sto bi napravil koga bi znael deka denes ti e posleden den vo zivotot...

Целта на животот е самиот живот. Важни се и личните цели, но пред се важно ми е да откријам кој сум, што сум, колку можам. Тек после ќе видам што навистина сакам, што навистина ми треба.
Последен ден? Би се возбудил малку. :)
 
Живееме за да умриме а се измеѓу ти доаѓа како бонус трак или како веспа во смок а за некои и како менструација за време на летниот одмор. Зависи.
 
Ај скпетицизам малце... А што оти ке постои видот... Што добиваш ти од постоењето на видот? Ако постои видот, ќе постоиш и ти ако не, нема да постоиш...:toe:
А уствари, нели зборуваме за поконкретна цел на постоењето? Ама не верувам дека има поконкретна... Индивидуално е постоењето за секого... Секој постои за нешто... Опстанокот на видот е последица...
Па јас, ти или било кој ништо не добиваме од тоа, само нови генерации кои одат чекор понатаму во лошото.
Видот ќе постои и после мене/тебе кога ние ќе умреме ќе има други луѓе како што имало и пред нас, но секој од нив поеднинечно ќе умре, но во меѓувреме се котиме и така врстата си останува.
А за себе лично, па секој си има некоја цел, да добие углед и престиж, дали да биде славен, дали да се усоврши во некоја вештина, дали да биде учен човек, некој да се обогати, некој сака да патува, некој што се родил аристократ(во богата фамилија) не му треба ништо па од досада се треска од земја со дрога и разни пороци. Зависи, некоја сака да биде порно свезда (porno slut), некоја манекенка, пеачка, сивачка, домакинка, некој е криминалец, платен убиец, макро, силеџија, адвокат, лекар...Се е тоа некаква цел но пак може и таа цел да не се оствари на пример да се умре од убод на стршлен или од удар на кола. Во таа смисла природата не не есапи многу, ние за неа не сме битни туку врстата, нас не употребува како средство преку размножувањето да опстои родот то ест врстата.
 
Да, се сложувам ама зборот ми беше... Претхоидните постови велат дека наша цел на постоењето е да го одржуваме видот. Јас мислам дека тоа е последица на тоа што сакаме да бидеме во животот... Само по себе доаѓа чивството или потребата да оставиме потомство. Тоа е дело на природата. Природата не` не создала со цел да се размножуваме туку го создала само чувстваото на потреба од друштво (како што би се рекло - да има помал на кого родителите би ги лечеле комплексите - бо негативна смисла и потреба да се грожиш за некого - во позитивна смисла)

Би било подобро да зборуваме и да дискутираме за тоа која е нашата лична цел на постоење а не онаа општата цел зошто постои човекот.
Тоа е само една креација на природата... Совршена!

Инаку кога ке погледнеме на животните би можеле да кажеме дека нивна едиствена цел е оставањето потомство...

Тука се гледа дека човекот има мнооогу поразлична цел... Не за џабе му се дадени ЧУВСТВАТА.

И, можеби ќе можам да речам целта на нашето постоење е ИСТРАЖУВАЊЕТО... Или не е?

П.С. Целта на животот е да го бараме одговорот `КОЈА Е НАШАТА ЦЕЛ НА ПОСТОЕЊЕ!` (саркастично :P)
 
Значењето на животот.
Што сакаат луѓето од животот во кратки црти.

- Среќа.
Еден мој пријател почна да живее со брат му откако самиот тој остана без дом, отприлика 2 недели додека да најде работа и некој стан под кирија.
Поминаа 9 месеци а пријателов е уште кај брат му, цело време играјќи видео игри.Мојот пријател е среќен,и без работа.Тука нешто фали...

- Успех.
Сите се борат за пари. На еден начин или на друг.Во сегашново наше материјалистичко општество отприлика се се врти околу нив.Meѓутоа дали сте сретнале некоја личност која што е многу успешна но несреќна?
Дали сте слушнале за таканаречените "златни лисици" (golden handcuffs):
Wall-Street брокер работи 120 часа неделно, нема социјален живот, всушност нема ништо освен неговиот "успех" во кариерата.Значи само успехот не е доволен,исто како што само среќата не е доволна.

- Слобода.
Дали слободата е тоа што го сакаме?Слободата е дел од тоа што го сакаме, меѓутоа дали сте сретнале личност која што е слободна, но несреќна или неуспешна ?
Како на пример бездомник.Многу слободен, а наскоро и мојот пријател може да стане бездомник :)
Или па можеби тазе разведена личност.Слободна но веројатно несреќна.

Мислам дека тоа што луѓето го сакаат е комбинација од сите овие горе наведени карактеристики.Меѓутоа дали во исто време сте ги имале сите 3 карактеристики? Можеби на краток временски период.
Тоа што ние го сакаме е сите овие 3 карактеристики на долг(траен) временски период.
Па така според мене значењето на животот е Трајна Исполнетост.
 
Ајде пошто сум на подфорумот за филозофија и психологија, во однос на топикот на темава ќе речам само:

" Овој свет не е обичен премин, а човекот случаен патник!" :smir::smir::smir:
 
П.С. Целта на животот е да го бараме одговорот `КОЈА Е НАШАТА ЦЕЛ НА ПОСТОЕЊЕ!` (саркастично :P)

Истражувајки и барајки ќе си умреш....
а зошто да не си умреш уживајки....:kafe:
а Владо.... :D:D:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom