Зошто некои Македонци ја мразат Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Точката си беше таму од самото отворање на темата, немој да јадеш бурек, жив сведок за тоа е Acid кого го замолив пошто беше во канта темата да го цитира делот каде што е поставена точката.
Јас сеуште мислам дека не беше. А и да била, тоа го докажува твојот килав обид да го прикриеш изворот. Со една точка. Океј?

Второ, ќе го цитирам и муабетот со авторот на текстот пред да го објавам на кајгана:
Да, и тој побарал да не го менуваш текстот. Ти имаш сменето "блогосферава" со "форумов". Ги еба правилата за копирање. Всушност, мене не ми е гајле од кај ти е текстот. Гајле ми е што не измами дека е нешто твое (бидејќи никаде не кажуваш дека е на некој друг, туку . ми маваш лево десно) на тема во која не пренесуваш вест од А1 туку божемски искажуваш ТВОЈ ЛИЧЕН СТАВ (со туѓ текст :))

И ете така инсинуациите за Трн паднаа во вода, а простаците што се замараат со тоа како е поставен текстот а не што е тоа што го кажува текстот, можат истотака да се носат у три лепе :helou:
Или оние фалсификуваните македончиња, евентуално.
Мене ми е чиста совеста.
Не ни мислев поинаку. И на Бранко Црвенковски му е чиста совеста.

На крају краева, темата е отворена за МАКЕДОНЦИТЕ а не за албанците, доволно јасно?!
Бидејќи мислам дека форумите и темите овде не ги делиме на за албанци или за македонци онли, ќе дискутирам на темава се додека не бидам баниран од нејзе. А ако не бидам баниран а ти продолжиш да сакаш темава да биде само за македонци, мавни десен клик на десктоп -> new -> new text document и терај си со дискусијата.

Едит:
asshole.jpg
Сигурно си горд што си шупак.
 
Го лажеше народот. Државата ме лажеше мене. Државата и ден денеска ме лаже мене. Ме краде.

Што има тука за сакање?
Тука е и проблемот Римз.

Пресудното е дали влијанието на политиката ќе те натера тебе да ја отсакаш земјата каде што си роден, само затоа што политичарите те крадат. И? Кого крадат? Тебе те крадат.

Ќе ќутиш, да продолжат да те крадат, или ќе реагираш соодведно, за тоа да се промени?

За ова не треба индивидуален одговор, туку колективен одговор, затоа што сам човек не може да смени ништо, ама нормално, народот дека може, и ако му е мила државата во која живее, тоа и ќе го направи, ако не, нема потреба и понатаму да се измачува, и ако неможе да ги победи, нека ги напушти, пошто очигледно не е способен да се справи со тоа.

Штета што повеќето се решаваат на кукавичкиот начин...напуштањето.

И пак е погрешно протолкувано, „Мене ме крадат политичарите, и зошто да ја сакам земјата?“ - Па ако ја сакаш земјата, ќе направиш нешто за да се смени тоа и да не те крадат политичарите тебе, а кога ќе го направиш тоа, автоматски ја спасуваш и државата, затоа што народот е државата, а не политичарите!

Затоа и првично не сакав да се отвори темата во Политика, затоа што повеќе сакав да поттикнам дискусија околу психолошкиот момент на размислувањето што доведува до тоа што како паразит, ништо нема да смени иако не му е убаво таму каде што живее, а не се ни труди да направи нешто тоа да се промени. Зошто?!
 
Т
Па ако ја сакаш земјата, ќе направиш нешто за да се смени тоа и да не те крадат политичарите тебе, а кога ќе го направиш тоа, автоматски ја спасуваш и државата, затоа што народот е државата, а не политичарите!

Амин.

Мислам дека најголемата заблуда е тоа што луѓето ја поистоветуваат државата со политиката и политичарите.
Политичарите ја водат државата,но од сосема друг аспект.
Државата,конкретно Македонија е прекрасна во секој смисол,богата историски,културолошки,природни убавини.
Ете тоа се причините заради кои треба да ја сакаме и почитуваме.Како и фактот дека сме родени во неа.

Ниеден гнасен политичар не може да направи да си ја отсакам или уште полошо замразам земјата,особено кога знам што се нуди таа.

Не е поентата да замине човек од државата,да си отиде,да заработи и никад да не се сврти назад.
Поентата е од ништо да направиш нешто.
Кога се гради куќа,најпрвин се почнува од темелот - а многу луѓе во Македонија директно сакаат да започнат со кровот.Епа неможе така.Тоа е против сите природни и секакви правила.

Треба полека секој на свој мал начин да придонесе за државата.Колку - толку.Да придонесе.

Ама хеј,заборавив.Полесно е да кукаш,отколку actually да се обидеш да направиш нешто.
 
Како прво, пошто не се осеќам обврзан да ја сакам.
Каква корист имам од тоа?

Како второ, не го поседувам оноа чувство за национална припадност до оној степен како шо е кај вас, туку преумерено.
Доволно за да можам да се декларирам како припадник на една нација, и да се преставувам со тој национален идентитет.

Според концептот на размислување на Трн Во Око и сличните, патриотски настроени до највисок можен степен, секој Македонец мора да биде она шо се они?
Наведи ми аргументи зошто, која е целта од сето тоа, потребата, има ли награда од сето тоа?

Уште еднаш да напоменам.
Патриотско чувство и љубов кон државата немам.
Не сакам да бидам погрешно сфатен и да помислите дека сум некои од оние шо припаѓа на групата ваши генерализации, односно анти Македонци.
Кон средината и кон државава имам почит, и не плукам по ништо шо е македонско.
Едноставно сум неутрален.

И само да надодам ќе заборавев.
Дали вие патриотите, знаете да разграничите вера со национална припадност?
Според вас, истотака оној кој не е христијанин, не е ни Македонец

Не сум расположен за дискусии на темава моментално, пошто само шо станав од спиење, и сеуште неможам ни да гледам прописно.
Едноставно, го чекам Трн Во Око, да ми контрира со неговите патриотско-аргументирани пропаганди.

За да сакаш нешто,мораш да имаш корист од него?Ако не ја сакаш Македонија,не се сакаш себеси.ТИ си МАКЕДОНЕЦ,ТИ си МАКЕДОНИЈА.

И за второто блодирано---Барем јас,знам да разграничам.Второто ти немаше логика,изгледа во сон си го напишал. :)
 
Ако не ја сакам државата не се сакам себеси.
Која логика, ја има па во овоа жити се просветли ме.

А, за второто не ми беше поентата да потенцирам и да го насочам кон буквално секој, туку само бев објективен.
Ако, ти знаеш да разграничиш, 90% не знаат.
 
Оската.
Онаа оска која во културно уметничка смисла, стрелаше комуњари на градски...
Но сега идејата е запакувана во целофан и е претставена на далеку пософистициран начин.
И повторно, како и во случајот на 2012., од дрвото не ја гледаш шумата. Се фаќаш за баналности, правејќи се слеп за суштината.

Иницијалниот текст културно и одржано, преку дополнителна употреба на метафора како стилско средство, се обидува да даде анализа за психиолошко/социолошките основи на девијацијата наречена индиферентност/анимозитет кон родната грутка Македонија.

Има дури и уметничка тежина, како што имаше и 2012.
Но, веројатно препознавањето во групата на оние кои ја мразат Македонија ти го ствара отпорот кон темава.

Да дефинираме кој е македонец.
Јас роден во Македонија, во Скопје, со генерации наназад, не се сметам за македонец (или па не ме сметаат за македонец).
Дали муслиманите се македонци? Дали македонец е само тој што е христијанин? Дека знам и такви кои што се христијани албанци, ама за некое чудо нив пак, ги сметаат за македонци.
Дилема? Кој е македонец уствари?

Македонец. Националност. Македонија. Држава. Јас осеќам една разлика.
Со години наназад читам по форумов како голем број македонци сакаат македонија да иде напред, да биде ваква, да биде таква, да има ова, да има она...а сепак, со години наназад, гледам како истите партии прават рокади на власт. Садо-мазохизам? God knows.

Да ја сакам државата, значи да ја сакам политиката која што ја води државата напред (или назад??!!?). Не ја сакам политиката, ерго, не можам да ја сакам државата. Би бил хипокрит. Би бил лажго да кажам дека ја сакам државата, а не ја подржувам политиката која што се води. Јебига, не можам да подржам некој да иде на одмор, а цел свет да не дупчи.

Не се сакаме себеси. Очекуваме други да не сакаат? Садо-мазохизам (again??!?!?!).

Што е причина за темава? Полека прифаќање на фактот дека сами сме слаби? Дека ни требаат сојузници? Дека сепак не сме толку special? Универзумот не се врти околу македонците, тоа ми беше јасно одамна. Зарем требаше некој да доживее epiphany за да сфати?

За да ја сакаме државата, таа држава треба да биде слика на народот (што уствари и е, само не признаваме). Државата (политиката) досега го подели народот по етникум, по вера, по партиска припадност, наместо да го обедини. Државата (политика) досега подржуваше југоносталгична политика, палеше амерички знамиња за доброто на нашите соседи, па после се пишманеше. Признавање Тајван, па после се пишманеше. Го лажеше народот. Државата ме лажеше мене. Државата и ден денеска ме лаже мене. Ме краде.

Што има тука за сакање?
Мооето крвно потекло не е чисто Македонско. Поголемиот дел од роднините не ми се по род Македонци. Но, јас сум. Родена тука, израсната тука, живеам тука..И тоа е доволно. Свесно одбрав дека сум дел од овој народ и дека се поистоветувам со него. И чувството на љубов ми вели ти си само Македонка.
Кога си ја сакаш земјата во која живееш, не се прашуваш што си. Знаеш. А, ако имаш сомнеж, веројатно треба убаво да си го преиспиташ националниот идентитет.

За вториот дел од постот...Политика, држава...Општествени системи создадени и раководени од луѓе, чиј мотив е најчесто желбата за моќ. Нема тука многу место за благородни емоции.
Но во патриотизмот, во идејата за твој народ и твоја земја, има такви чувства. И истите не зависат од неколку главоњи кои силом прилике добиле моќ.

Македонија не е Груевски или Црвенковски. Македонија не завршува кај Гевгелија.

Таман работа ако си ја сакам/мразам земјата поради оние кои во дадениот период имаат власт. Затоа не ја поистоветувај политиката и државата со поимот татковина. Има суштинска разлика во истите.

Е сега проблемот на немањето прогрес...Проблемот, делумно, е во ставот дека Македонија е исто што политичката партија која е моментално на власт. Па, личниот анимозитет кон таа партија се рефлектира и врз поимањето на родната земја, што води до дистанцирање од истата,

Другиот дел, оној по погубниот, е во тоа што постојат многу луѓе кои немаат развиено чувство на припадност кон својата земја. Па, кога истите, за жал, ќе добијат власт, влечат чекори кои се против државата и доброто на народот. И тоа е еден зачаран круг.
И само будењето на љубовта кон татковината може да го прекине истиот.

Затоа што, кога ќе осеќаш љубов кон својата земја, истата нема да ти дозволи да правиш било што кое оди против интересот на нејзиниот народ.
Така да, добиваме равенство - мнозинство кое си ја сака Македонија = политичари кои си ја сакаат Македонија = влечење потези за доброто на Македонија и Македонците = сеопшт прогрес.

И никако поинаку. Фали ли првиот дел, ништо од напредокот. Оттаму и неопходноста за освестување на патриотизмот кај секој поединец.
 
Ајде ајде не сме мали деца ... Моја татковина е Република Македонија, моја држава е Република Македонија ... нешто нејасно???

Крејзи мислеш на оние од типот..

Румз замене Македонец е онои кои што се чувствува како таков при што не плука и не го негира основното мнение за Македонија како држава на Македонците.... Ти како Албанец кои живееш на територијата на Република Македонија моеш комотно да се нарекуваш Македонец ако душата така ти кажува ако се чувствуваш припадник на Македонија... (за жал мн албанци не го мислат тоа) ... јас нема да имам ништо против... сепак ЕТНИЧКИ Македонец може да биде само онои кои има Македонско потекло значи...

Ти неможеш да бидеш ЕТНИЧКИ Македонец потшо си горд ЕТНИЧКИ Албанец (и јас немам ништо против тоа) но ти си МАКЕДОНЕЦ заради тоа што живееш на територијата на Македонија... и јас пак немам ништо против тоа :) Ќе биде многу добро ако се повеќе и повеќе Албанци го имааат твојот став... но за жал не е така, да сме реални....

Значи во однос на ДРЖАВАТА, која сепак не го дели народот, го делат политичарите... СИТЕ ние граѓани на Република Македонија сме МАКЕДОНЦИ но исто така оваа држава е либерална, не како соседиве, и тебе како припадник на Албанскиот етникум ти дава право слободно да се кажеш како таков, да немораш да се плашиш да речеш јас сум од албанско потекло но сепак сум Македонец бидејќи живеам во Македонија... тоа брате кога ќе дојде да го велите Македонија ќе цвета и наместо со рамки и прерамки овие глупите политичари можеби ќе почнат со повеќе економија за наше добро... заедничко на сите Македонци кои живеат на територијата на Република Македонија

Тогаш когато сметаш дека твоjaта татковина е само Република македониja,па не целата област македониja-Пирин,Вардар и Егеj ,тогаш за шо зборуваме?!Това е обичта ком татковината или това е обич ком државата?!
Правиш разлика между татковина и држава?
Види шо вели rymz.Државата може да те краде,да те лаже и все натаму,па татковината е идеал.Двете имат голема разлика.
Затова велам-македонеца не може да мрази татковината,тоj мрази државата.
 
Румз замене Македонец е онои кои што се чувствува како таков при што не плука и не го негира основното мнение за Македонија како држава на Македонците.

Ова не кочи. Со години. Почна со Македонија на македонците. Другите етникуми се отфрлени. Другите етникуми затоа не ја чувствуваат Македонија како нивна. Затоа и ги заболе за Македонија. После етникумите биле кривни. Не друже, нешто друго е тоа што смрди.

Ти неможеш да бидеш ЕТНИЧКИ Македонец потшо си горд ЕТНИЧКИ Албанец (и јас немам ништо против тоа) но ти си МАКЕДОНЕЦ заради тоа што живееш на територијата на Македонија... и јас пак немам ништо против тоа :) Ќе биде многу добро ако се повеќе и повеќе Албанци го имааат твојот став... но за жал не е така, да сме реални....

Еден од ретките што мисли така. Другите не мислат, читај ја Ада на пример. Читај било кого во одност на Албанци>Mакедонија. Самиот Трн потенцираше. Темава е за МАКЕДОНЦИ. Но, заборави да каже, кој се смета за македонец? Дали етнички, дали македонец тој што живее? Ако само етнички, голем број од дискутантите треба да си ги избришат мислењата. Јебига, реалност.

Значи во однос на ДРЖАВАТА, која сепак не го дели народот, го делат политичарите... СИТЕ ние граѓани на Република Македонија сме МАКЕДОНЦИ но исто така оваа држава е либерална, не како соседиве, и тебе како припадник на Албанскиот етникум ти дава право слободно да се кажеш како таков, да немораш да се плашиш да речеш јас сум од албанско потекло но сепак сум Македонец бидејќи живеам во Македонија... тоа брате кога ќе дојде да го велите Македонија ќе цвета и наместо со рамки и прерамки овие глупите политичари можеби ќе почнат со повеќе економија за наше добро... заедничко на сите Македонци кои живеат на територијата на Република Македонија

Свесен си дека на неколку наврати сум јадел ќотек пред 2001ва за последното болдирано? Ги игнорирам случаевите, но сепак, се случувало. Многу пати. И Трнот би требало да знае и да ти потврди.

На крају краева, темата е отворена за МАКЕДОНЦИТЕ а не за албанците, доволно јасно?!

Ај сега назад кон темата.

Кој е македонец? Не ми одговори. Ако јас не сум Македонец, не е ни Ада, не е ни Бада, не се ни многу други членови на форумов...јебига. Ми плескаш у фаца дека не било за албанци, јас плескам некој друг у фаца дека не е тогаш ни за нив.

Ќе ќутиш, да продолжат да те крадат, или ќе реагираш соодведно, за тоа да се промени?

Јас кога отворив уста, ме избркаа од работа. Сам се финансирав, сам плаќав сметки. Не фала. Сега, се грижам за мене и сметките. Кога некој друг ми мава шамар еднаш, не му давам прилика за втор.

Мооето крвно потекло не е чисто Македонско. Поголемиот дел од роднините не ми се по род Македонци. Но, јас сум. Родена тука, израсната тука, живеам тука..И тоа е доволно. Свесно одбрав дека сум дел од овој народ и дека се поистоветувам со него. И чувството на љубов ми вели ти си само Македонка.

Болдираното за мене изгледа не е доволно. Тебе никој не ти се качил на глава и поради тоа што си маѓарица да те брка од работа, да ти кења, да ти мава шамар џандар кој што ти го плаќаш да те брани, и тако даље. Не ми враќај со примери каде албанците правеле ова, правеле она. ЈАС НЕ ПРАВЕВ. Јас заслужувам тоа што и ти го заслужуваш. Дека и јас плаќам данок. Подолго од тебе, подолго од твоето семејство. И јас сум роден тука, израснат тука, и тоа со генерации уназад. Куќата моја е наследена од Нијази Бег од турско време. Тоа уште од 14ти век а којзнае ушто колку генерации пред тоа. Но сепак, ти имаш ексклузивно право да се наречеш себеси како македонка, сите да ти аплаудираат на постовите, а мене...некој како Мисирот ќе ме избрише, само дека сум етнички албанец. Ја гледаш разликата? Дека да ја осеќаш сигурно дека не.

Но во патриотизмот, во идејата за твој народ и твоја земја, има такви чувства. И истите не зависат од неколку главоњи кои силом прилике добиле моќ.

Македонија не е Груевски или Црвенковски. Македонија не завршува кај Гевгелија.

Дефинирај патриотизам. Потценување други етникуми за да го прецениш твојот да го ставиш на пиадестал пред другите, па макар и по цена на газење на човекови права (замисли, ги пцуеме грците истото) тоа е патриотизам? Пак, не ми кажувај овој праел вака, оној праел така. Тоа што ние (албанците) правевме, ескалираше поради баш таквата политика на негирање на албанците како етникум во оваа држава.
Македонија БАШ е Груевски, Црвенковски, Ахмети, јас, ти, Трнот. Сите ние. Груевски е гласот на народот. Народот му даде огромна доверба. Секој негов потег, пред очите на другите, е потег на Македонија. Прифати го тоа така, дека така е. Точка. Политиката што ја водиме (или ако љубиш..водат) пред очите на светот, е слика за нас. Народот на Македонија.

Така да, добиваме равенство - мнозинство кое си ја сака Македонија = политичари кои си ја сакаат Македонија = влечење потези за доброто на Македонија и Македонците = сеопшт прогрес.

И никако поинаку. Фали ли првиот дел, ништо од напредокот. Оттаму и неопходноста за освестување на патриотизмот кај секој поединец.

Равенката досега немаше никаков позитивен резултат. Можеби е погрешна? Освестување на патриотизмот да...но пак ќе повторам, дефинирај патриотизам. Нејсе, барем последнава година патриотизмот е на седмо небо, нај јаки од нас нема (барем според постови) ...каде е резултатот.

Ако резултатот е нула...тогаш сме ја згрешиле формулата. Се што треба да направиме е да признаеме, и да најдеме друга формула.

За другите, можеби нема да ви се допадне мојот став, моето мислење. Ми е гајле. Мисир, знам дека ти се тресе прстето на "избриши" копчето, слободно, бриши. Тоа нема да ја брише вистината. Ете, отворено, сами "Македонците" си признаа. Темава не е за албанци. Но, за маѓари, власи, бугари, срби е. Тие смеат да се сметаат за македонци. Албанците категорично не. Да подразмислите малце објективно, да се навратите наназад неколку години, и да приметите дека истите чекори, не водат во пропаст, можеби и ќе ви стане јасно. Ако не, тогаш стварно немам причина да ја сакам Македонија. Македонија (а и народот во неа) не се сака себеси.
 
Па темава не е за Албанците во Македонија кои се чувствуваат како Албанци, тие си немаат вакви проблеми, компактни се и далеку посложни.
Додека ние патиме од одродници во голем број. Затоа не секогаш мора да има мешање етнички мотиви туку оставете да си решиме меѓу нас.
 
Кој е македонец? Не ми одговори. Ако јас не сум Македонец, не е ни Ада, не е ни Бада, не се ни многу други членови на форумов...јебига. Ми плескаш у фаца дека не било за албанци, јас плескам некој друг у фаца дека не е тогаш ни за нив.

Јас кога отворив уста, ме избркаа од работа. Сам се финансирав, сам плаќав сметки. Не фала. Сега, се грижам за мене и сметките. Кога некој друг ми мава шамар еднаш, не му давам прилика за втор.

Равенката досега немаше никаков позитивен резултат. Можеби е погрешна? Освестување на патриотизмот да...но пак ќе повторам, дефинирај патриотизам. Нејсе, барем последнава година патриотизмот е на седмо небо, нај јаки од нас нема (барем според постови) ...каде е резултатот.

Ако резултатот е нула...тогаш сме ја згрешиле формулата. Се што треба да направиме е да признаеме, и да најдеме друга формула.

За другите, можеби нема да ви се допадне мојот став, моето мислење. Ми е гајле. Мисир, знам дека ти се тресе прстето на "избриши" копчето, слободно, бриши. Тоа нема да ја брише вистината. Ете, отворено, сами "Македонците" си признаа. Темава не е за албанци. Но, за маѓари, власи, бугари, срби е. Тие смеат да се сметаат за македонци. Албанците категорично не. Да подразмислите малце објективно, да се навратите наназад неколку години, и да приметите дека истите чекори, не водат во пропаст, можеби и ќе ви стане јасно. Ако не, тогаш стварно немам причина да ја сакам Македонија. Македонија (а и народот во неа) не се сака себеси.

Зошто албанците упорно се поголеми македонци од македонците? Не, ова не е иронично, немам јас потреба од миженка и криенка низ постовите.

Римз, сине, албанците не се светци, немој сега и ти да се правиш слеп при очи... албанците не беа невини јагненца за време на конфликтот и беше јасно што политичките фракции сакаа со таа војна и од македонскиот и од албанскиот блок. Ама тоа уопште не е важно на темава...
Сакав да речам, проблемот со оние одроди како Геровски кои претеруваат дека Грција е светица, проблемот со оние албанци кои продаваат маички со голема Албанија во Струга (ах забораив да си купам) е ист со проблемот на новопечените “партиоти“ и оние старите кои се почуствуваа загрозени дека веќе не се Хард Кор... па сега мораат да навлегуваат во нацистички идеологии со цел да се разликуваат од масата.
Јас сум патриот, јас си ја сакам државата, името, и ги почитувам сите закони нејзини и ги кршам кога некој ќе ја нападне светоста на таа територија, историја, име... ама брат, како се намножија како зајци луѓе кои мислат дека со неодење во Грција го фатиле Б.Ц. за јајца и се македонци до коска, страшно. (Не Зеко, случајна е споредбата) Затоа наеднаш целата ситуација се извитопери... со здобивањето на огромна политичка власт на владеачката партија, оние кои гласале за неа или добиле некаква корист од истата, мислат дека го фатиле и Караманлис за муда. Вистината е дека... се слични на аракновите војници, кои јасно беа само воени профитери и убијци, никакви патриоти.
 
Па темава не е за Албанците во Македонија кои се чувствуваат како Албанци, тие си немаат вакви проблеми, компактни се и далеку посложни.
Додека ние патиме од одродници во голем број. Затоа не секогаш мора да има мешање етнички мотиви туку оставете да си решиме меѓу нас.

Дали ти радо отфрлаш мислење на етнички албанец само затоа е етнички албанец, а прифаќаш мислење на етнички македонец кој што можеби сака да и наштети на државата, само дека е етнички македонец?
Реалноста е, и двајцата сме македонци, родени во Р. Македонија. Реалност која што сеуште народот не ја прифаќа. За жал.

Ќе престанам да пишувам на теми екслузивни за македонци во тој момент кога "македонците" ќе престанат да се преправаат дека се македонци (барем етнички). За да бидеме исти. Дека нели, се работи САМО за етнички македонци?
 
Зошто албанците упорно се поголеми македонци од македонците? Не, ова не е иронично, немам јас потреба од миженка и криенка низ постовите.

Римз, сине, албанците не се светци, немој сега и ти да се правиш слеп при очи... албанците не беа невини јагненца за време на конфликтот и беше јасно што политичките фракции сакаа со таа војна и од македонскиот и од албанскиот блок. Ама тоа уопште не е важно на темава...
Сакав да речам, проблемот со оние одроди како Геровски кои претеруваат дека Грција е светица, проблемот со оние албанци кои продаваат маички со голема Албанија во Струга (ах забораив да си купам) е ист со проблемот на новопечените “партиоти“ и оние старите кои се почуствуваа загрозени дека веќе не се Хард Кор... па сега мораат да навлегуваат во нацистички идеологии со цел да се разликуваат од масата.
Јас сум патриот, јас си ја сакам државата, името, и ги почитувам сите закони нејзини и ги кршам кога некој ќе ја нападне светоста на таа територија, историја, име... ама брат, како се намножија како зајци луѓе кои мислат дека со неодење во Грција го фатиле Б.Ц. за јајца и се македонци до коска, страшно. (Не Зеко, случајна е споредбата) Затоа наеднаш целата ситуација се извитопери... со здобивањето на огромна политичка власт на владеачката партија, оние кои гласале за неа или добиле некаква корист од истата, мислат дека го фатиле и Караманлис за муда. Вистината е дека... се слични на аракновите војници, кои јасно беа само воени профитери и убијци, никакви патриоти.

Прво, никаде не се правев светец, си признав дека албанците не ги заболе за Р. Македонија. Имаат и причина. Никаде не кријам, ниту ги правам светци. Проблемот лежи во самите македонци, и "македонци". Патриоти, и "патриоти". Тие вторите, прават да оние првите, изгледаат како лоши пред сите. Затоа барам дефиниции на македонец, дефиниција за патриот. Да расчистиме, кој е што е. Да знаеме. Да не се лажеме. Вистината е на маса. И не, не е темава за конфликтот 2001ва. Темава е за многу пред тоа. Ехеееј, сме праеле муабет со Сусаро и тебе во Рамстор кога ти ми викаше не е така, ама Сусаро си климна со глава и рече во право е....ти текнуе, нели?

Албанци, Македонци (етнички), Македонци (не-етнички, ама сепак македонци) Торбеши (пак македонци, ама не по вера), Бошњаци, Срби, Роми и други, сите сме едно. Македонци како државотворен народ. Така и треба да се третираме. Се дотогаш...ебиветер друже. Се лажеме. До бескрај.
 
Дали ти радо отфрлаш мислење на етнички албанец само затоа е етнички албанец, а прифаќаш мислење на етнички македонец кој што можеби сака да и наштети на државата, само дека е етнички македонец?
Реалноста е, и двајцата сме македонци, родени во Р. Македонија. Реалност која што сеуште народот не ја прифаќа. За жал.

Ќе престанам да пишувам на теми екслузивни за македонци во тој момент кога "македонците" ќе престанат да се преправаат дека се македонци (барем етнички). За да бидеме исти. Дека нели, се работи САМО за етнички македонци?

Како што можеш и на темава да приметиш, не прифаќам мислења од дел Македонци на форумот.

Реалноста е дека ти се осеќаш како Албанец роден во Македонија, можеш да се осеќаш и како Македонец во географска смисла. Никој не ти брани.

Доколку ти би се чувствувал како Македонец, не би коментирал на овој начин на темава. Туку би дал сесрдна поддршка.

За она кое ти било нанесено како неправда во животот, заради тоа што си Албанец, не треба да им го препишуваш на Македонците кои вистински си ја сакаат земјата.

Ќе те цитирам:
Не ми враќај со примери каде албанците правеле ова, правеле она. ЈАС НЕ ПРАВЕВ.

Од вашите Албански реакции по темава, добивам впечаток дека вам ви смета постоењето на вистинките Македонци, така да фаворизирате некои послаби карактерни типови кои нам ни нанесуваат повеќе штета со нивните (не)дела. За сметка на тоа вашата позиција како Албанци јакне во однос на нас.
 
hmmm........................................., sekogas koga amplitudata na REAKCIJATA e neprimerna na ociglednata pricina....vednas pocni da ja baras VISTINSKATA......... pricina.....:)makedoncencencinja moi...:)
 
За она кое ти било нанесено како неправда во животот, заради тоа што си Албанец, не треба да им го препишуваш на Македонците кои вистински си ја сакаат земјата.

Од вашите Албански реакции по темава, добивам впечаток дека вам ви смета постоењето на вистинките Македонци, така да фаворизирате некои послаби карактерни типови кои нам ни нанесуваат повеќе штета со нивните (не)дела. За сметка на тоа вашата позиција како Албанци јакне во однос на нас.

Прво, да ме знаеш барем малку, во неколку наврати сум споменал. Системот не подели. Ти не си крив, ниту Виктор, ниту Серпико. Со последните двајца супер ми е. Си се дружиме, се заебаваме, се пцуеме, се сакаме. Системот не успеа да не подели. Но во глобала, успеа. Тргни од себе, ќе сретнеш некој албанец на улица, без да го знаеш претходно. Кое е твоето мислење за него. Најверојатно тоа што голем број го имаат. Стереотипот. Типов курот го боли за државата. Најверојатно си во право. Но...не мора да значи.

Од нашите албански мислења, можеш само да добиеш совет, а и искреност (со оглед на тоа дека само јас и Принц сме пишувале досега). Нас не иритира тоа што некој кој што не е македонец, а се смета дека е, добива аплаузи за идеи за подобра Македонија, а мојот пост од голем број форумџии се чита низ призма само дека е напишан од албанец, истото така кој што не е етнички Македонец.

Болна реалност. Сите сме до гуша. Сите сакаме подобро утро. Дај по 2000 евра плата, ќе видиш дали некој ќе мисли за Голема Албанија, за Голема Македонија, за војни, за конфликти, за политика. Дефинитивно не 15 годишњаци кои во 2001ва имале не повеќе од 8 години. Системот не заеба. Не те обвинувам тебе. Само исто така не сакам ТИ да ме осудиш. Ни мене, ни мојот народ. Осуди го системот, ќе ти се придружам. Сакаш напред? Ете ти пример.

Или сме заедно, или сме против. Златна средина нема. Или ќе се бориме за здрава Македонија, или ќе се лажеме дека има соживот. Третирај ме како дел од оваа држава. Тоа и сум. (ова симболично, генерализирам дека голем број сеуште не ги третираат етникумите како такво, имаш доволно докази на форумов).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom