- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 3.157
- Поени од реакции
- 129
Значи, тргнуваш од тоа дека државата мора да води политика полезна за нејзините граѓани, за да кај истите се јави чувство на патриотизам. Поинаку, ја поистоветуваш татковината со власта и нејзините акции.
Државата е должна да се грижи за благосостојбата на своите граѓани инаку престанува да биде своја држава и станува туѓа. Таква држава при прва прилика бива или окупирана или сама од себе се распаѓа. Ние ги преживуваме некои од фазите како последица на состојбата која ја опишав.
Никаде не кажав дека патриотизмот е правопропорционален со благосостојбата но дека постои меѓусебна зависност тоа е факт. Ако народот е сиромашен му треба барем надеж дека ќе биде подобро а ако и таква надеж нема тој народ со тек на време ќе стане стока и ќе почне да вегетира. И оваа фаза веќе длабоко сме ја фатиле.
Не само што е непродуктивно туку е и жалосно ама е вистина.Според мене, тоа е малку непродуктивно.
Таман работа ако само во убави времиња се сака земјата. Тогаш, ниту од турско ќе се ослободевме, ниту независна држава ќе формиравме, ниту ништо.
Туку, на секоја пречка, обесхрабрени, ќе креневме раце и ќе фатевме магла у "бели свет" каде ќе ни биде "пофино". И ќе не снемаше еден по еден.
Ада, ние не се ослободивме од турско туку не „ослободија„.
Ние не формиравме независна држава туку бевме принудени да направиме привремена квази-држава бидејќи Југославија се распадна. Нашето незнаење како се води држава не донесе до ова дереџе да дискутираме по оваа тема а не за некои работи кои можеби би ни направиле на сите повеќе ќеиф ама тоа е, сите сме во иста каша.
Како и во повеќето нешта во животот, така и кога се работи за патриотизмот, истиот најдобро се гледа во тешки времиња. Ако истраеш кога не е се мазно, тогаш си покажал дека ја сакаш земјата искрено.
Тука се согласувам потполно, на тешко се гледаат јунаците и пријателите и се двојат патриотите од предавниците.
А, она со држава и татковина. Го забележав сличното и кај други членови. Зошто ги мешате тие две нешта?
Кога велам љубов кон земјата, не мислам на одредена политичка дружина и искасапени државни граници.
Не, мојата Македонија е онаа на Александар, на Гоце, на Мисирков...онаа која го има Пирин и Егеј. Онаа која жнее успеси, или пати од порази. Но, не во одредена временска рамка и не персонифицирана во двајца или тројца кои се последнава деценија на власт, туку во земја која постои со милениуми низ кои дала безброј херои, лавови.
И само кога се има тоа во предвид може да ја почувствуваш магијата на патриотизмот. Без тоа, гледајќи ја земјата во сегашната констелација, остануваш единствено индиферентен/огорчен.
Многу убаво те разбирам но не ја имаат сите твојата психичка конституција па да можат да се соживеат и да бидат среќни од еден мит зашто таа Македонија што ти ја спомна веќе ја нема. Тебе тоа ти е доволно и ти дава сила но на многу не им е. Секој различно реагира на тешки услови и некои се кршат побргу а некои побавно но верувај и твојот патриотизам има граници. За среќа не си ги достигнала
Освен тоа земјата не се само полињата и реките туку и луѓето и власта и спомените и доживувањата кои ги имаме. Сите тие заедно прават една целина инаку можеме и Сахара да ја сметаме за татковина.
Земјата како земја е прекрасна ама има и едни двеножни суштества кои малку ја заматуваат работата и нашите чувства се честопати производ од нашите доживувања, искуства и воспитување.
Познавам еден дечко кои не може да ја смисли Македонија само затоа што како дете многу го малтретирале во школо бидејќи има говорна мана. Како сега од него да направиш патриот? Глуп пример ама таков е животот.
И темиве како оваа не служат за силење кој е патриот, а кој не, туку за повик да се разбуди Македонецот, а и да се види кој што и мисли на татковината.
Се согласувам потполно.