Зошто некои Македонци ја мразат Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Идејата која сакам да ја образложам во овој пост е дека луѓето кои се Македонци, а кои постојано ја омаловажуваат својата земја, нејзината традиција, култура, историја и иднина, сепак имаат многу силна причина да го прават тоа. И треба да не ги мразиме, туку да ги разбереме. И да им помогнеме да се излекуваат од болеста која ги прави антимакедонски Македонци.

Еве, замислете си ваква ситуација. Одите во продавница за спортска опрема и купувате нови патики. Тие се од некој бренд, чие име е запишано на производот, еве нека бидат нови „adidas“ – ки и откако ќе платите за патиките, ги облекувате веднаш, и одите на мал фудбал со нив. Горди сте со вашите нови бренд – патики, убедени сте во нивниот квалитет и безгрижно и без да се сомневате во било што, првата шанса што ја имате да ја ударите топката ја користите максимално. Топката полетува од вашата нога и вие по првиот момент на восхит за вашиот неоткриен фудбалски талент сфаќате дека некое чудно чуство одеднаш се појавило на вашето стопало. Гледате во вашите нови, бренд – патики и сфаќате дека се скинала онаа обувка со која сте го извршиле вашиот шут.

Ако не знаете во што е работата, веднаш ќе се тргнете настрана, ќе ги соблечете вашите бренд – патики и ќе ги препцуете Германците кои не знаат да направат ништо квалитетно („пичка ви материна Швапска, не знаете едни патики да направите к’о што требе, адидас бил бренд , мај ес, бренд, за ова ли дадов шесто денари...!“. Ако знаете уште и по некоја навреда на германски ќе додадете луто и „ајне шајзе“ (гомно!) и ќе ги фрлите патиките кои само што сте ги купиле, во првата канта за ѓубре.

Е, но ако знаете во што е работата, нема да ги пцуете Германците, тие вредни и паметни луѓе, во чија што земја се произведува најквалитетната спортска опрема. Бидејќи, штом со првиот удар на вашата нога со вашата нова патика ќе се скине патиката, веднаш ќе сфатите дека патиките не се оригинал adidas туку се најверојатно некој кинески фалсификат. Нормално, ако веќе сте дале 600 денари за нови adidas–ки веќе знаете дека нема шанси тоа да се оригинални германски патики од престижната марка, туку некоја кинеска имитација. Во крајна линија, ако се земе во предвид од која продавница ги купивте, нормално е дека ќе бидат „мејд ин Чајна“, оти во таа продавница никогаш и немало оригинали, па кога ќе се сетите, ни фискална сметка не ви дадоа, нели? Шверцери едни, безобразни!

Не знам дали забележавте, но во претходниот пасус се содржани петте главни карактеристики кои секогаш се показател дека стоката е фалсификат. Тие се:

* премногу ниска цена,
* низок квалитет,
* недефинирано потекло,
* сомнително продажно место и
* сомнителни методи на продавање.

Ако наидете на производи кои се декларираат себеси за бренд, ако на нив има етикети и називи од престижните светски марки, а се продаваат со услови и во услови како петте горенаведени, можете да бидете сигурни дека станува збор за фалсификат. Дека тие производи немаат врска со оригиналните производи за кои тврдат дека ги преставуваат.

И така дојдовме до луѓето кои себеси се нарекуваат Македонци, а кои ја мразат Македонија и презираат и плукаат по сe што е македонско и квалитетно. Таканаречените интелектуалци, аналитичари, експерти и коментатори кои врз себе ја носат етикетета дека се Македонци, а кои плукаат врз Македонија и за тоа им се плаќа, нема да ги обработувам овде. Овде би сакал да се осврнам на оние кои тоа го прават без пари.

Од љубов, што би се рекло.

Ќе ги препознаете по форумов, кога оставаат идиотски коментари за некои теми кои ние, патриотите, ги сметаме за сериозни. Последното дрво под кое овие кучиња мочаат се Хунзите и нивната пријателска посета во прататковината на нивните предци. И тоа, одредени форумџии најдоа за сходно да го коментираат на крајно безобразен и презрив начин. Други, тераат мајтап со целата работа, трети ја искористија приликата Никола Груевски, по кој знае кој пат да го споменат во насока дека бил фашист. Четврти тврдат дека тоа било непотребно фрлање на пари, а еден будала кој се појави со идеја да ги избркаме Хунзите, оти наводно можеле да ни го земат правото само ние да бидеме Македонци!?


Овие форумџии во континуитет мочаат во коренот на секое дрво кое ќе го насадиме во шумата на македонската гордост. Почнувајки од Љубе и Јохан, кои за нив требаше да бидат секако осудени, па преку кирилицата, која за нив е глупава и бескорисна азбука, па сe до изборите, десницата, археолошките откритија и сe што има врска со напредокот и развојот на македонизмот.

Ако овие луѓе не земаат пари за таа своја активност, зошто го прават тоа? Зарем не би требало да се гордеат и тие, како и ние со сe што е добро за Македонија, со сe што нe прави сите нас да се гордееме уште повеќе со земјата со која веќе толку многу се гордееме?

Проблемот е во тоа што тие се фалсификат – Македонци. Не се како нас, оригинални, квалитетни, што ги носиме сите карактеристики на македонскиот бренд, туку се како оние патики направени во Кина на кои е само залепено името на престижната марка, а кои немаат ни трошка од квалитетот на брендот чие име го носат.

1. Премногу ниска цена: тие луѓе, кога не се занимаваат со плукање по сe што е убаво на форумов, се занесуваат со мислите дека во животот може многу да постигнат со малку труд. Па така, ако се студенти, се занесуваат дека со ставање на амајлија околу вратот ќе положат испит за кој ништо не научиле. Ако се невработени, си замислуваат дека ако на работното интервју кажат пет – шест странски зборови и фрази, дека ќе ја добијат работата, за која ни малку не се квалификувани. Ако се вработени, си мислат дека тоа што имаат мала плата е последица на фактот што нивниот шеф е старомоден и не ги разбира модерните трендови во бизнисот, а не поради тоа што тој многу добро знае колку се тие мрзливи и неспособни. Во политиката, овие луѓе веруваат дека ако нашата земја само го смени името, веднаш ќе стане дел од НАТО и ЕУ.

2. Низок квалитет:
фалсификат – Македонците се луѓе со исклучително низок квалитет на човечкиот капитал кој го поседуваат во себе. Го завршиле факултетот со препишување, се вработиле во фирма која е во сопственост на некој нивни близок роднина, или уште почесто во државна фирма по партиски клуч, во некоја љубовна врска се која што не ја сфаќаат сериозно. Кога спортуваат, постојано се жалат на повреди, на фаули, на премногу жестока игра, на умор, замор, никогаш не се доволно концентрирани да прочитаат книга до крај, или да изгледаат филм и да го сфатат. Дури и на вицовите што ќе ги чујат се смејат вештачки, затоа што не се доволно умни да го разберат хуморот. Во политиката ако на овие луѓе им ветите дека иднината носи „крв, пот и солзи“ тие ќе ви побараат „газа, дезодоранс и салфети“ пред да ви ја дадат својата доверба.

3. Недефинирано потекло: овие луѓе ни самите не знаат од каде се и што се. Час сметаат дека се Македонци, па дека се Словени, час дека се потомци на Александар, па веднаш потоа ќе се премислат кога некој ќе им каже дека според некои грчки автори Александар имал некакви си интимни врски со мажи, па потоа ќе викнат дека тоа не е важно, па дека е важно, но и тажно... Кога пишуваат CV за некоја (хенд) „џоб апликејшн“ тие редовно нагласуваат дека течно го говорат англискиот, а и самите се свесни дека никогаш ништо паметно не кажале ниту на македонски...

4. Сомнително продажно место:
и тоа како, оти многу од невладините организации во нашава земја се преполни токму со вакви фалсификат – Македонци, кои сe нешто работат врз некои програми и активности, но од тие нивни напори ништо фајде, никаква продуктивна добивка нема никој, а најмалку Македонија. Недостатокот на интелигенција го пополнуваат со навредување на оние за кои ќе почуствуваат дека се поинтелигентни од нив, а недостатокот на култура го кријат со избегнување за одговарање на вистинските прашања. Ако ги прашате кој ја финансира нивната НВО и кој им дава плата, веднаш ќе ви одговорат дека „нашата организација е длабоко инволвирана во имплементирање на процедури и активности за подлабоко интегрирање на нашето општество во евроатланските интегративни процеси...“. И пак нема да дознаете кој им дава плата.

5. Сомнителни методи на продавање:
ако се земе во предвид во кои медиуми постојано овие фалсификат – Македонци се појавуваат во форма на експерти, на анкетирани граѓани, на цивилно општество, човек треба да се запраша – кој им дава на овие будали простор да дојдат до израз? Ако се погледнат изјавите кои ги дале случајно анкетирани минувачи по телевизиите и по весниците, човек би заклучил дека, еве на пример, нема човек во државава кој се согласува аеродромот да се вика „Александар Велики“ или дека сите луѓе во ова земја сметаат дека треба да се тргнат статуите од пред Владата, оти, што знам, не им било местото таму. Таков барем впечаток се добива од она што може да се види по медиумите. Но, јас лично сум разговарал со десетици луѓе околу тие две прашања и никој од нив (никој!) нема ништо против аеродромот да го носи токму тоа славно име и никој нема ништо против статуите да бидат токму таму каде што се сега.

Фалсификат - Македонците можат да се препознаат по горниве пет карактеристики. Ако ги имаат, тие не се вистински Македонци, како јас или вие, кои го читате ова и разбирате што сакам да кажам. Фалсификат – Македонците ја мразат Македонија од сосема иста причина поради која продавачите на фалсификат – производите ги мразат оригиналите. Затоа што ако ставите фалсификат до оригинал, веднаш можете да ја препознате разликата. Со други зборови, фалсификатот станува разоткриен кога е во присуство на оригинал.

Е затоа тие ја мразат Македонија и нејзините успеси и победи и нејзината гордост и слава. Затоа што тие не се способни самите да успеат и да победуваат и да направат некој да се гордее со нив, и никогаш не можат да дојдат до слава. Ако се опкружени со луѓе кои ќе делуваат и ќе се чуствуваат подеднакво бедно во умот и карактерот како и тие, тогаш нема од што да се срамат. Тогаш не изгледаат како фалсификати.

Затоа цело време каде и да налетате на нив, фалсификат - Македонците ќе се обидуваат да ве убедуваат дека Македонија е ништо, дека сe се тоа глупости, дека нема потреба, и дека нема врска, „дај олади дечко“, „ху гивс а шит, мислам“ и слични изјави и изрази.

Конечно, не ја мразат тие Македонија и не ги презираат тие вистинските Македонци. Тие и завидуваат на Македонија. Им завидуваат на вистинските Македонци бидејќи се свесни дека никогаш нема да бидат како нас. Не знам за вас, останати вистински Македонци, но јас не ги мразам, јас ги сожалувам фалсификатите...
.
 
Нема ништо филозофско во темата, психолошко... можеби, но добро, ти си знаеш. Си ги навел сите типови на македонци во точките, ти останаа само албанците кои најискрено според овие точки ја сакаат Македонија и се поголеми македонци од македонците. Ама ајде и тоа не ти се мешам, споредбана со Адидас бе... :pos:

А, и да... добро е да има такви, како што сакаш да ги наречеш, “фалсификати“, бидејќи без спротиставени мислења и без “фидбек“ на нашите или вашите македонски сфаќања, македонизми на македонсти, нема да знаеме/те што е вистина а што продукт на бујна фантазија и ефтина асимилација која успеала (сакаш исток сакаш север).
Сакам да кажам, колку антимакедонистите претеруваат со глупости, толку патриотите одлепуваат со квазимакедонизам и поистоветување на партија со држава.
И да боцнам ако некој чита, се претвораме во Србија пред 10 години (ко и секогаш, и тетрисот дојде во Скопје 10 години после Белград), страв ми е да не искочи Грујо па да рече “Никој не смее да ве тепа“. Македонија се сака на здрав начин. Плати данок, не пцуј, почитувај закон. За политичарите едно правило, не кради!
 
Требаше да ја акнам во политика? :raz:

Сепак не, модераторите нека ја пребацат во Општи муабети, најубаво ќе е за таму.

Македонија се сака на здрав начин. Плати данок, не пцуј, почитувај закон.
Отсега немојте да пцуете, од љубов за Македонија?
 
Прво, секоја чест за Трн... Многу добро срочено. :bravo:

Второ: Викторгг - да бараш од политичар да не краде е како да бараш од бебе да не цица. Едноставно секој политичар ќе украде, кога веќе луѓето го избрале на таа позиција; не е луд да не земе, кога му е под носот, а му се може.
Но, ако од она што ќе го украде, политичарот вложи во развојот на сопствената земја - па никој нема да се буни што крадел. Тоа веќе нема да биде крадење, туку „возврат од народот за неговата правилна насоченост кон развојот на сопствената нација“.
Со други зборови: ако го задоволиш народот, тој самиот ќе ти дозволи да земеш повеќе отколку што ти треба.




Во врска со фалсификат-Македонците... Сметам дека сепак тој термин е прилично навредлив и не треба да се користи. Сепак, се работи за Македонци, тука родени и тука растени. Но не заборавајте дека некои 50 години во СФРЈ Македонија беше последна во однос на економскиот развој и тоа планирано - сите фабрики се градеа во Словенија и Хрватска, а Македонија служеше само како „отпад“, т.е. она што нема просперитет, се градеше тука.

Грешката беше што нашите политичари (веројатно под притисок, иако тоа не е изговор) тогаш на времето се согласувале со тогашната политика, дека Македонија и Македонците не се „главен народ“. И поради политиката на „братство и единство“, го учеле така и споствениот народ. Сигурно дека биле платени за тоа.

Значи, ако веќе се обидуваме да ги разбереме тие Македонци кои зборат против својата држава, не смееме да ги осудуваме ниту да ги сожалуваме. Не се тие ништо полоши од нас, само веројатно имале полоши стартни услови.



Да повторам: ако некој ја пцуе Македонија, а е Македонец, треба да му се укаже дека не треба. Ако и понатаму продолжи, бан за него - нека бара друго државјанство. Ама секој заслужува шанса.
 
Како прво, пошто не се осеќам обврзан да ја сакам.
Каква корист имам од тоа?

Како второ, не го поседувам оноа чувство за национална припадност до оној степен како шо е кај вас, туку преумерено.
Доволно за да можам да се декларирам како припадник на една нација, и да се преставувам со тој национален идентитет.

Според концептот на размислување на Трн Во Око и сличните, патриотски настроени до највисок можен степен, секој Македонец мора да биде она шо се они?
Наведи ми аргументи зошто, која е целта од сето тоа, потребата, има ли награда од сето тоа?

Уште еднаш да напоменам.
Патриотско чувство и љубов кон државата немам.
Не сакам да бидам погрешно сфатен и да помислите дека сум некои од оние шо припаѓа на групата ваши генерализации, односно анти Македонци.
Кон средината и кон државава имам почит, и не плукам по ништо шо е македонско.
Едноставно сум неутрален.

И само да надодам ќе заборавев.
Дали вие патриотите, знаете да разграничите вера со национална припадност?
Според вас, истотака оној кој не е христијанин, не е ни Македонец

Не сум расположен за дискусии на темава моментално, пошто само шо станав од спиење, и сеуште неможам ни да гледам прописно.
Едноставно, го чекам Трн Во Око, да ми контрира со неговите патриотско-аргументирани пропаганди.
 
Ако некој не се чувствува обврзан да помогне во изградба на општество, онакво за каков сонува дека има во западните земји кон кои цели да пребегне,

Одговор:
нека бара друго државјанство

Ние ќе го направиме и без него, кратко и јасно. Зошто Фалц Македонец?

Затоа што е паразит.

Наместо да се стреми својата околина, држава, да ја направи убава за живеење, и потоа да му биде мило дека тоа е дело на него и на неговиот народ, тој подмолно бега, менува државјанство, се фали како било убаво во чужбина. Епа чужбина е, не е твое, и никогаш нема да биде, си отишол таму, на „здраво за готово“, затоа и цел живот ќе живееш паразит во општество во кое не припаѓаш.

Кратко и јасно.
 
Ќе се обидам да не цитирам никого па да реплицирам туку ќе нафрлам мисли како што ќе ми дојдат, бидејќи тогаш темата губи од филозофскиот шмек :)
Како би помогнал мојата околина, држава, да ја направам убаво место за живеење?
Со плаќање данок? Океј, плаќам. Сакаш уплатници?
Пцуење? - само кога морам, да ми простите на мојот фалсификат, паднав на тестот :salut:
Претпоставувам залудно би било да речам дека поштујем закон, паднав на втората точка.

И океј, сите тие работи горе-долу ги почитуваме, дваесетина години. И во никое поле не сме подобри од порано. Знаеш, цело време не лажат.... Издржете, ќе не биде, мед и млеко ќе тече..
И океј, ние трпиме, плаќаме данок (колку што можеме, кога немаш-немаш... само душата тогаш ми останува... пари нема),
не пцуеме (колку што можеме... се случуваат некои пиздарии за кои не можеш да издржиш и да не отераш одредена особа или околност у три лепе пизде материне),
почитуваме закон (колку што можеме... и најпатриотската земја да ја спомнеш, и таму ќе најдеме кршење на закон... можеби бидејќи понекогаш за да го наполниш стомакот мораш да прекршиш закон).

И се вртиме во круг.

поентата ми е дека не можеш во овие околности да бараш голема национална свест. Не можеш, бидејќи сметката за телефон е дојдена. Децата ме тегнат дур го постирам ова да им купам играчки или сладолед, а јас немам. Осум месеци ми касни платата а и не е сигурно дека воопшто робовладетелот ќе ми ја даде. Не е многу голема, и кога би ја земал. Жената ја избркаа од работа бидејќи фабриката во која работеше отиде под стечај.

И сакаш да сум македонец? Не можам.
Една генерација и го даде животот на оваа земја. Младоста. Не биле никогаш надвор од земјава, работеле со и без пари, се снаоѓале. Период, во кој некои особи или групи ненормално се збогатија. Преку ноќ. Тоа се оние "вистинските Македонци", оригиналните од твојот текст. Бидејќи тие токму и на тој начин се збогатија. Фаќајќи ги луѓето по патриотски основ. Нико нече да вас бије.
И самиот викаш
Им завидуваат на вистинските Македонци бидејќи се свесни дека никогаш нема да бидат како нас.
Чиста ариевска раса? Ние? Како нас нема?

Чекај, сега се збунив. Друже, да не си останал без пари ти или можеби планираш ангажман во политика па не дупиш тука?
 
Зборев на една друга тема за тоа "Holy Yea".За тоа како индивидуата има право искуствата да ги толкува на свој начин.Затоа,не би му замерил на Трнот за темава.Ама сепак би ја нарекол навредлива и дисквалификаторска,бидејќи тангира цела група на луѓе,им наметнува некаква си омраза,само за тоа што имаат здрава доза на песимизам и посилен инстинкт за преживување.Плус,тоа го прави на крајно нереален начин,лепејќи етикети и обидувајќи се тие луѓе да ги дефинира на прост начин,со квази-филозофија,во која ги споредува со фалсификат на германски патики.Задржете си го бре луѓе слепилото за во Политика.

Јас лично ќе се оградам од Фрчковски,Геровски и сличните на нив.Ќе се оградам и од некои невладини организации,како новосоздадената Транспарентност,која е направена наменски,за партиски интереси.Но,кога авторот на темата би се задржал на такви примери и би баталил општи дефиниции,па потоа да разговаравме,темата би му ја оправдал.Вака,сите оние кои не виделе аир од тоа што се Македонци и тоа не се срамат да го кажат,станаа препишувачи,мрчатори,мрзи,предавници и факсификати.
Ќе се обидам да сумирам...

Премногу ниска цена-Јас плукам по се што за мене не е убаво и е недолично на форумов,а за мене тоа е оваа тема.Ако за тебе не е оправдано да се плука на фактот дека денес ние и Грците сме подеднакво Македонци,оти гените се измешале и нас ни остана да браниме некои десет букви кои,наводно,се свети,за мене е сосема логично.Нема вистински Македонци,нема вистински Грци.Ние сме манџа од Антички Македонци,Римјани,Илири,Грци,Словени,Турци,Татари...
Грците се манџа од Стари Хелини,Антички Македонци,Маџири,Римјани...
Затоа нема никаква цена на нашиот идентитет.Ние сме истото нешто што се и Грците.А Грците се идиоти(или патриоти се пишуваше?),а ние треба да бидеме попаметни.
Инаку,баш спротивно гледаат оние кои се песимисти.Знаат дека мора повеќе да се потрудат за да стигнат некаде,оти државата им е кретенска и без максимален успех на факултет,нема да можат да се вработат.Знаат дека мора да се потковаат себеси,бидејќи во нивната мала измачена држава народот е олош и од сите страни демнат ножеви кои целат кон твојот грб.Овие луѓе гледаат да преживеат.Гледаат за себе и за иднината на нивната фамилија,и не се занимаваат со локалпатриотизми кои нема да им стават леб на маса.

Низок квалитет-Ако гледаме според напишаното,јас би рекол дека сите Македонци се со низок квалитет,а исклучоците се премалку за спомнување(Паско Кузман не ја продава маската,па триста грци ако треба нека му го бапнат:)).Историски гледано...Умрел Аце,генералите ја расцепиле државата за нивни лични интереси.Дошло Турчето,ајмо сви на Ислам,боље е.Еден куп Торбеши имаме денес.Не призна Американчето,заеби највисоки државни интереси,заеби референдум.Влезе ДУИ у влада која до вчера ги сметаше за терористи,никому ништо,ај може со овие побрзо ќе одат работите.
Сумирано,мнозинството е тоа кое гледа да го претрка Сонцето и брзо да се решат проблемите,вака или онака.Мнозинството е неконтемплативно,мнозинството е несвесно.Оние големи патриоти не ги интересира дека ако Албанците не ни направат нешто со државата,Евреите ќе ни направат.Секое црно сценарио за нивната држава од друг Македонец го сметаат за предавство,а него за продадена душа.А кога ќе дојде апокалипсата,одат во резервисти,пукаат од минофрлачи,крадат од Албански домови телевизори и плејстејшани,за на крај политичарите да им го спопикаат и да си потпишат капитулација.После тоа собираат потписи за пензија и одговараат по судови за неправди против човештвото.Не се игра така оваа игра.

Недефинирано потекло-Напишав за ова погоре,ама пак ќе кажам.Оние кои мислат дека се Македонци,се лажат.Оние кои мислат дека се Грци,исто така се лажат.Оние кои тоа се трудат да му го наметнат на светот,се игнорамуси кои со својот фиктивен идентитет бараат кредибилитет или евентуален профит.Лажна и погрешна теза е таа дека национализмот и патриотизмот се мерка за вредност.

Сомнително продажно место-Најсомнителното продажно место е токму тезгата на патриотите.Невладините организации нашле начин за да преживеат.Нема плод од нивното постоење,но тие вака или онака прават нешто добро со самото тоа што хранат сопствени деца(јебига,некако ултимативни ми се децата:))
Од патриотизмот,пак,нема никаков плод.Од националната свест исто така.Можеби постои потреба од некоја таква определба која ја наметнал денешниов свет,но после определбата,чисто за распознавање,нема причина да се бафтаме со знамиња и да се чукаме во гради за тоа што сме.
А што сме?Што сме,всушност ние?Народ кој имал империја,а таа се распаднала веднаш откога умрел оној кој ја создал.Народ кој Турците го окупирале,додека неговите главатари,СРБИ,се пијанчеле со својата војска на некоја полјанка.Народ кој 500 години јадел камшик и додека туркот му ги ебел жените се организирал во чети од по двеста души на чело со Дедо Иљо Малешевски и правел бунтови кои траеле три до четири часа.А,да,имало и еден бунт кој траел десет дена.После тоа,кога и тој бунт бил задушен,водачот на тоа востание побегнал во Бугарија за да си го спаси свиленото газе,додека неговите другари умирале на Мечкин Камен и низ Крушево(Питу Гули е за мене вистински Македонец).Не знаеле бре ни едно црешово топче да направат.Потоа,истите тие Македонци свесно си се убивале меѓу себе за Грчко-Бугарско-Српски интереси.Во Југославија Македонецот најлесно бил излажан дека оваа Федерација е the most wonderful thing.Само Македонецот,покрај Србинот клечеше пред икона и се молеше Југославија да го преживее распадот,додека нивните браќа и сестри скапуваа на Голи Оток.
И денес,види мајката,се изнародија чукачи во гради и патриоти.Од каде бре?Ете ви...сомнително продажно место....

Сомнителни методи на продавање-Слобода на говор јебига.Колку што мене ме нервира тоа дека ќе градат црква среде плоштад у Скопје и колку што сметам дека тоа е дебилно,толку и вас може да ве нервира што други луѓе размислуваат поинаку.


Talking about the fact that others are eating shit is equal to you eating shit yourself.
 
Raziel, mi procita misli, i iskuca...
Jas bi formiral poinaku, ili bi deformiral... vo sekoj slucaj, mislenjeto na momceto nad mene, e moe mislenje, slatko, ubavo izreceno, i da... furaj, ebi mu mater, zaebaaj se so patrioti...
Toa shto nekoj e Makedonec, avtomatski go prai prestizen gragjanin na ovaa topkina zemja, i covek so blue krv, i ne znam, zacementiran vo antikata:), dodeka nekoj pronaogjal zeleznici, izmisluval avioni, drzel koncerti na 6 godishna vozrast, ebel dvorski momici... ovdeka cetite po 7 dushi, izmisluvale alternativa na celicen top... eee....

Abe kraj kraeva, ne e za korista od Makedonizmot, nego zoshto voopshto ovakvi idealiziranja, koa site sme ljugje, jebiga...

Ova ovaka go dozivuvam, izgleda radi toa shto ziveam seushte vo nekoja forma na nekoj duh, Marksisticki, vo nekoja sfera na nabljuduvanje-izvrshuvanje...
 
Отсега немојте да пцуете, од љубов за Македонија?

Мислев дека по толку пишување ќе можеш да сфатиш што значи тоа. :jaj:
Raziel напиша:
Нема вистински Македонци,нема вистински Грци.Ние сме манџа од Антички Македонци,Римјани,Илири,Грци,Словени,Турци,Татари. ..
Irrelevant. Вистината е онаква каква што ти ќе ја прикажеш пред простата маса. Ти тоа одлично го знаеш. Поентата ми е, кога си швајцарец лесно е да ја бркаш вистината, а кога четворица bullies ти застануваат да ти врзуваат шамари не си многу заинтересиран да докажеш дека си во право, туку да си го зачуваш гзот и по можност образот, with all needs necessary.
Raziel напиша:
После тоа,кога и тој бунт бил задушен,водачот на тоа востание побегнал во Бугарија за да си го спаси свиленото газе,додека неговите другари умирале на Мечкин Камен и низ Крушево(Питу Гули е за мене вистински Македонец)
Чекај сега, нели немаше вистински македонци. Ајде, да не бидам злобен, зошто е вистински македонец Питу Гули, затоа што загинал? :toe: И нели беше важно единствено да си ги спасиш децата од глад, нели патриотизмот и љубовта кон Македонија немаат смисла? Според твојот муабет од заградава, за да бидеме вистински македонци треба да умреме, метафорично секако, да се окозиме од работа, да рмбаме и да копаме. Да, тоа е модерен македонец сакале ние или не... но немој да ми продаваш глобализам со реченици тој и тој е за тебе вистински македонец.

Патриотизмот и идентификувањето со нација не се лоши, плукањето по своето минато и своите корени од друга страна... Е.
 
Темава не е за Албанци кои ја мразат Македонија пошто тоа го знаеме, туку за Македонци по род чии што мислења ете секогаш некако се совпаѓаат со мислењата на непријателите на овој народ.
 
Темава не е за Албанци кои ја мразат Македонија пошто тоа го знаеме, туку за Македонци по род чии што мислења ете секош некако се совпаѓаат со мислењата на непријателите на овој народ.

E od kaj go znaesh. Eve ja sum albanec i jas ja sakam Makedonija.
Ja sakam poveke od komshijata moj, shto nosi maici SSSS (Samo sloga Srbija spava), place na EX JU pesni, vika po celi noki pijan "NI GO FATIJA KARADZIC", od druga strana ja pee i Abre Makedonce, ali loshata verzija, kade Albancite sakale da menjavat ime na MAKEDONIJA... Haos... be...
 
Irrelevant. Вистината е онаква каква што ти ќе ја прикажеш пред простата маса. Ти тоа одлично го знаеш. Поентата ми е, кога си швајцарец лесно е да ја бркаш вистината, а кога четворица bullies ти застануваат да ти врзуваат шамари не си многу заинтересиран да докажеш дека си во право, туку да си го зачуваш гзот и по можност образот, with all needs necessary.

Вистината и достоинството ги фузираш,правиш грешка,која секако,ти се простува.
За да сфатиш дека навистина Македонскиот(условно речено)народ е фузија од еден тон спрематозоиди,не ти треба многу.Само како количник најди го тоа колку време Македонија била слободна и независна држава.Ќе бидеш во минус.Потоа замисли си ги во главата зборовите Асимилација,Тортура,Потурчување,Србизација и ќе видиш која е вистината.
Достоинството не се мери со тоа.За жал,ние имаме афектна состојба во која трипираме за тоа дека некој мислел оти не сме Македонци.Па ако си македонец,нема да ти биде гајле што другите мислат и нема да враќаш на туѓа глупост со иста доза на глупост.Ќе ги дадеш доказите дека си тоа што си и крај.За жал,тие имаат исто толку докази колку што имаме ние.И Бугарите и Грците.Епа јебига.Нека си бидеме тоа што сме и да баталиме дефинициона припадност.Се надевам дека со време тоа ќе го сфатат и другите,колку утопистичлки и да звучи.
Ако некој нешто и наметнал на простата маса,таа проста маса нема никакво право тој елемент кој недостасува кај другите да го смета за дефиниционен поим дека тие се предавници,мрзливи,препишувачи и сеопшто лошковци.

Чекај сега, нели немаше вистински македонци. Ајде, да не бидам злобен, зошто е вистински македонец Питу Гули, затоа што загинал? :toe: И нели беше важно единствено да си ги спасиш децата од глад, нели патриотизмот и љубовта кон Македонија немаат смисла? Според твојот муабет од заградава, за да бидеме вистински македонци треба да умреме, метафорично секако, да се окозиме од работа, да рмбаме и да копаме. Да, тоа е модерен македонец сакале ние или не... но немој да ми продаваш глобализам со реченици тој и тој е за тебе вистински македонец.

Патриотизмот и идентификувањето со нација не се лоши, плукањето по своето минато и своите корени од друга страна... Е.

Тоа за Питу Гули беше кажано во духот на темата,како што авторот ја поставил,и според неговите кажувања се трудев да доловам што би бил Македонец ако би бил онаков каков што Трнот вели дека треба да биде.Ако се потруди да прочитеш што во целост беше кажано,а не да одиш директно во барање криви запирки,ќе видеше дека Питу Гули беше само доказ за тоа како завршуваат тие мега-патриоти.Потоа,како последичност ги спомнав борците од 2001,па можеби требаше да ти текне дека според мене,вистинските македонци на Трнот завршуваат трагично.Ако не умрат,тогаш питаат за детето да им оди на бесплатен преглед и да има бесплатни книги.

Понатаму,ако се плука неаргументирано,тоа е лошо.Што од тој мој пост беше неаргументирано?Објсни,дај контра-пример,па биди во право.А не како некој слеп зајак да се идентификуваш со оние кои викаат "псссст" ако некој им каже дека Македонија никогаш не била здрава,нормална и самостојна држава.Ама битно е да се ќути,да не чуе некој странец па да не' каже на Баросо.Ќутете бре,земјата ви е прекрасна,транзицијата е случајност,нашата слабо образована младина и заслепена постара генерација не се фактор за нашиот револт,колку малку и да сме.Ние сме само лоши луѓе кои неаргументирано плукаат по својата земја.Својата мала,вечно поробена и за светот непозната земја.
 
Вистината и достоинството ги фузираш,правиш грешка,која секако,ти се простува.
За да сфатиш дека навистина Македонскиот(условно речено)народ е фузија од еден тон спрематозоиди,не ти треба многу.Само како количник најди го тоа колку време Македонија била слободна и независна држава.Ќе бидеш во минус.Потоа замисли си ги во главата зборовите Асимилација,Тортура,Потурчување,Србизација и ќе видиш која е вистината.
Не правам грешка, бидејќи таквото размислување на Македонија и македонците во моментов им е насушно, но и јас ќе ти простам тебе што мислиш дека твоето е исправно, навикнат си. :wink:

Туку, македонскиот народ е јасно дека не е ариевска раса па макар колку сакаат некои тоа да го наметнуваат. Но и тоа е ирелевантно, ти реков и погоре, џабе се повторувам.
Raziel напиша:
Тоа за Питу Гули беше кажано во духот на темата,како што авторот ја поставил,и според неговите кажувања се трудев да доловам што би бил Македонец ако би бил онаков каков што Трнот вели дека треба да биде.Ако се потруди да прочитеш што во целост беше кажано,а не да одиш директно во барање криви запирки,ќе видеше дека Питу Гули беше само доказ за тоа како завршуваат тие мега-патриоти.Потоа,како последичност ги спомнав борците од 2001,па можеби требаше да ти текне дека според мене,вистинските македонци на Трнот завршуваат трагично.Ако не умрат,тогаш питаат за детето да им оди на бесплатен преглед и да има бесплатни книги.
Мојот одговор ти го опфати целиот пост, невксуно кажано ти е ова.
Raziel напиша:
Понатаму,ако се плука неаргументирано,тоа е лошо.Што од тој мој пост беше неаргументирано?Објсни,дај контра-пример,па биди во право.А не како некој слеп зајак да се идентификуваш со оние кои викаат "псссст" ако некој им каже дека Македонија никогаш не била здрава,нормална и самостојна држава.Ама битно е да се ќути,да не чуе некој странец па да не' каже на Баросо.Ќутете бре,земјата ви е прекрасна,транзицијата е случајност,нашата слабо образована младина и заслепена постара генерација не се фактор за нашиот револт,колку малку и да сме.Ние сме само лоши луѓе кои неаргументирано плукаат по својата земја.Својата мала,вечно поробена и за светот непозната земја.

Пак мислиш дека му објаснуваш нешто на некој рандом член. Мене ми бараш објаснување и контра пример? Па јасно ти кажав се`, зар сакаш да ти цртам, или по џандарската филозофија, прашај 10 пати на крај ќе се сплетка и ќе признае.
Не се работи за политика, се работи за твојот однос кон своите претци. Знаеш, нашето минато е полно со порази, предавници и патетични поробувања. Но тоа е се` што имаме. Впрочем и една Германија која сакаше да го освои светот го има Хитлер кој се самоуби, па пак се горди на своето потекло. Имаат 3 милиони Турци во државата и се далеку од ариевци но си пеат дека се посебни, не се навраќаат на фирерот да викаат “Германија има само порази...“.
Ти сакаш да ја гледаш историјата како црна дамка, сакаш да плукнеш по топчето бидејќи тоа го правиш, тоа е твојот фах. Прави го, но немој да ми замеруваш кога ти велам дека е лошо. Немој да ми се правдаш дека си бил аргументиран. Во љубовта (кон девојката, татковината, родителите) нема многу многу правила. Или сакаш или не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom