Оската.
Онаа оска која во културно уметничка смисла, стрелаше комуњари на градски...
Но сега идејата е запакувана во целофан и е претставена на далеку пософистициран начин.
И повторно, како и во случајот на 2012., од дрвото не ја гледаш шумата. Се фаќаш за баналности, правејќи се слеп за суштината.
Иницијалниот текст културно и одржано, преку дополнителна употреба на метафора како стилско средство, се обидува да даде анализа за психиолошко/социолошките основи на девијацијата наречена индиферентност/анимозитет кон родната грутка Македонија.
Има дури и уметничка тежина, како што имаше и 2012.
Но, веројатно препознавањето во групата на оние кои ја мразат Македонија ти го ствара отпорот кон темава.
Да дефинираме кој е македонец.
Јас роден во Македонија, во Скопје, со генерации наназад, не се сметам за македонец (или па не ме сметаат за македонец).
Дали муслиманите се македонци? Дали македонец е само тој што е христијанин? Дека знам и такви кои што се христијани албанци, ама за некое чудо нив пак, ги сметаат за македонци.
Дилема? Кој е македонец уствари?
Македонец. Националност. Македонија. Држава. Јас осеќам една разлика.
Со години наназад читам по форумов како голем број македонци сакаат македонија да иде напред, да биде ваква, да биде таква, да има ова, да има она...а сепак, со години наназад, гледам како истите партии прават рокади на власт. Садо-мазохизам? God knows.
Да ја сакам државата, значи да ја сакам политиката која што ја води државата напред (или назад??!!?). Не ја сакам политиката, ерго, не можам да ја сакам државата. Би бил хипокрит. Би бил лажго да кажам дека ја сакам државата, а не ја подржувам политиката која што се води. Јебига, не можам да подржам некој да иде на одмор, а цел свет да не дупчи.
Не се сакаме себеси. Очекуваме други да не сакаат? Садо-мазохизам (again??!?!?!).
Што е причина за темава? Полека прифаќање на фактот дека сами сме слаби? Дека ни требаат сојузници? Дека сепак не сме толку special? Универзумот не се врти околу македонците, тоа ми беше јасно одамна. Зарем требаше некој да доживее epiphany за да сфати?
За да ја сакаме државата, таа држава треба да биде слика на народот (што уствари и е, само не признаваме). Државата (политиката) досега го подели народот по етникум, по вера, по партиска припадност, наместо да го обедини. Државата (политика) досега подржуваше југоносталгична политика, палеше амерички знамиња за доброто на нашите соседи, па после се пишманеше. Признавање Тајван, па после се пишманеше. Го лажеше народот. Државата ме лажеше мене. Државата и ден денеска ме лаже мене. Ме краде.
Што има тука за сакање?
Мооето крвно потекло не е чисто Македонско. Поголемиот дел од роднините не ми се по род Македонци. Но, јас сум. Родена тука, израсната тука, живеам тука..И тоа е доволно. Свесно одбрав дека сум дел од овој народ и дека се поистоветувам со него. И чувството на љубов ми вели ти си само Македонка.
Кога си ја сакаш земјата во која живееш, не се прашуваш што си. Знаеш. А, ако имаш сомнеж, веројатно треба убаво да си го преиспиташ националниот идентитет.
За вториот дел од постот...Политика, држава...Општествени системи создадени и раководени од луѓе, чиј мотив е најчесто желбата за моќ. Нема тука многу место за благородни емоции.
Но во патриотизмот, во идејата за твој народ и твоја земја, има такви чувства. И истите не зависат од неколку главоњи кои силом прилике добиле моќ.
Македонија не е Груевски или Црвенковски. Македонија не завршува кај Гевгелија.
Таман работа ако си ја сакам/мразам земјата поради оние кои во дадениот период имаат власт. Затоа не ја поистоветувај политиката и државата со поимот татковина. Има суштинска разлика во истите.
Е сега проблемот на немањето прогрес...Проблемот, делумно, е во ставот дека Македонија е исто што политичката партија која е моментално на власт. Па, личниот анимозитет кон таа партија се рефлектира и врз поимањето на родната земја, што води до дистанцирање од истата,
Другиот дел, оној по погубниот, е во тоа што постојат многу луѓе кои немаат развиено чувство на припадност кон својата земја. Па, кога истите, за жал, ќе добијат власт, влечат чекори кои се против државата и доброто на народот. И тоа е еден зачаран круг.
И само будењето на љубовта кон татковината може да го прекине истиот.
Затоа што, кога ќе осеќаш љубов кон својата земја, истата нема да ти дозволи да правиш било што кое оди против интересот на нејзиниот народ.
Така да, добиваме равенство - мнозинство кое си ја сака Македонија = политичари кои си ја сакаат Македонија = влечење потези за доброто на Македонија и Македонците = сеопшт прогрес.
И никако поинаку. Фали ли првиот дел, ништо од напредокот. Оттаму и неопходноста за освестување на патриотизмот кај секој поединец.