Зошто не тераат да учиме предмети што не ни се потребни за понатаму?

  • Креатор на темата Креатор на темата E*V*I*L~G*I*R*L
  • Време на започнување Време на започнување
А јас пак сега се прашувам како ти од математичкото подрачје не знаеш дека грото од твоите колеги биле математичари, и обратно?

Сега знам дека ништо не знам, Рене Декарт and stuff?
И која беше поентата на постов твој?

Инаку, сметам дека секој го учи она кое го одбрал. Никој не е крив за нашите грешни избори.
 
се нервирам пошто сме zagлавени во овај ограничен образовен систем!
факкк... толку непотребни работи
треба да има изборни предмети уште од прва година!
кој к** учам јас ликовно музичко... ми го газат само просекот!
треба тие барем да се изборни! ... не сме на норма 14 предмети да учиме!
па колку непотребни работи има во учебниците... уффф... нејкам ни да помислам колку време имам потрошено на учење на глупости... :tapp:
то е... мораме..
 
И која беше поентата на постов твој?

Инаку, сметам дека секој го учи она кое го одбрал. Никој не е крив за нашите грешни избори.

добро,шом така викаш...зашо кај нас нема средно воено училиште???ете ја сакам тоа,али пошто нема морав гимназија, немаме пилотско училиште, и да не набројувам.....
 
добро,шом така викаш...зашо кај нас нема средно воено училиште???ете ја сакам тоа,али пошто нема морав гимназија, немаме пилотско училиште, и да не набројувам.....
Хмммм...Па токму и за тоа е гимназијата. За сите оние за кои или не знаат или немаат каде... Знаеш, гимназијата го дава најопширното знаење од сите области,за ти потоа многу лесно да се одредиш што сакаш да студираш.

сеа сум 1ва средно, Карев, факултет сакам војно школо/академија.....или на ПМФ,некој информатичо/математички отсек...
Туку викаш или ПМФ...Па ете гледаш дека имаш избор...
 
Стварно тоа ме нервира највеќе.Треба да се има изборни предмети.Што вака за кој ... учам хемија.Барем ако за нешто сум сигурен ова сум дека нема да ми треба во животот.Треба да се има изборни како во поголемите земји.
 
Епа вака јас учам во Борис економсково и има неколку предмети што не ни се потреби а ги учиме на пример Статистика учиме аритметичка средина и сл глупости сега за се си има програми на компјутер нема што да се се пресметува по 2 саати ! Учиме од скрипти оваа година немам учебник со корица испечатен се убаво се ни се скрипти или помагала направени од самите професори стварно е срамота и за потсмев нашево образование а сакаме да влеземе во Европа нато и слично не удирам политички ама тоа е реалната слика на македоснкото образование!
 
.

А предмети кои стварно ни требаат за општа култура, ги кажав погоре, ке ги кажам и сега:Македонски, Англиски, втор странски, Национална Историја, Информатика, Спорт, Ликовно, Музичко и Биологија на човек.

Да,ама опши работи,како правци во уметноста, кратки биографии на познатите писатели ( кратки,не шо јадел и шо пиел ), најпознати дела итн. Немат јас во муабет да се најдам шо биле ликовни елементи,фразни линии или не знам шо.
 
И која беше поентата на постов твој?

Инаку, сметам дека секој го учи она кое го одбрал. Никој не е крив за нашите грешни избори.

Оукеј, не дека очекував да ја сфатиш поентата. Ајде уште еднаш (пред да пробам да ти ја нацртам):

Многу од генијалните математичари биле и генијални филозофи, и обратно. Самата математика е еден вид филозофија или полемика, наречи ја како сакаш.

А колкав дел од општата култура припаѓа на познавање на филозофите (барем оние елементарните) е сосема друг муабет.
 
Епа вака јас учам во Борис економсково и има неколку предмети што не ни се потреби а ги учиме на пример Статистика учиме аритметичка средина и сл глупости сега за се си има програми на компјутер нема што да се се пресметува по 2 саати ! Учиме од скрипти оваа година немам учебник со корица испечатен се убаво се ни се скрипти или помагала направени од самите професори стварно е срамота и за потсмев нашево образование а сакаме да влеземе во Европа нато и слично не удирам политички ама тоа е реалната слика на македоснкото образование!

Да дефинитивно, на иден економиста не му треба статистика што ќе му е, пффф глупости. Незнам зашто воопшто и имате предмети, се глупости бе.
Чим имате компјутери нека ви даат да играте кантер, и сите среќни и задоволни.
Второто болдирано: што е важно ,жити се, дали учебникот има корица или не. Што, да не ти помага таа корица побрзо и подобро да научиш?
Големо чудо, учебникот не бил во боја со слиќички. Деца, седнете бре учете, ќе ви треба се тоа во иднина верујте.
 
Оукеј, не дека очекував да ја сфатиш поентата. Ајде уште еднаш (пред да пробам да ти ја нацртам):

Многу од генијалните математичари биле и генијални филозофи, и обратно. Самата математика е еден вид филозофија или полемика, наречи ја како сакаш.

А колкав дел од општата култура припаѓа на познавање на филозофите (барем оние елементарните) е сосема друг муабет.
Те молам просветли ме и нацртај ми. Не секогаш некој може да ти ја сфати мислата ако ја кажуваш на начин разбирлив само за тебе... Но ајде тоа е друга тема.
Без разлика што многу математичари биле филозофи и обратно, ако јас сакам математика ќе си се определам на математика, и тука филозофијата нема потреба да игра никаква улога. А и како што веќе кажав, филозофијата не е нешто кое се учи. Или си или не си филозоф... Ваљда ти малце потешко ми го сфати најпривот пост ама ајде (се извинувам што не знам да цртам:smir:)
Се’ што е околу нас е филозофија, но тоа не значи дека јас треба да го учам тоа. Едноставно како што некој не сака да учи математика(што е многу покорисно од филозофија), јас не сакам да учам филозофија затоа што тогаш би требало да заборавам на моите интереси и норми за животот и да ги прифатам туѓите...
 
Да дефинитивно, на иден економиста не му треба статистика што ќе му е, пффф глупости. Незнам зашто воопшто и имате предмети, се глупости бе.
Чим имате компјутери нека ви даат да играте кантер, и сите среќни и задоволни.
Второто болдирано: што е важно ,жити се, дали учебникот има корица или не. Што, да не ти помага таа корица побрзо и подобро да научиш?
Големо чудо, учебникот не бил во боја со слиќички. Деца, седнете бре учете, ќе ви треба се тоа во иднина верујте.

На иден економист може ќе му треба но на некој кој ќе оди на шумарски, земјоделски факултет не му треба воопшо исто и за право и за други факултети. За тоа во странство има изборни предмети и наместо да се учат 500 предмети се учат пет по желба и определба на студентот.
 
Епа што бара тој кој планира шумарски, земјоделски и слично во средно економско каде статистиката е задолжителен предмет?
Сепак се’ се врти околу погрешниот избор на детето. А во странство образовниот систем не е и најмалку сличен со нашиот. Колку што ни треба нас усовршување, толку им треба и нив. Не за џабе од кај нас излегуваат најголемите мозоци од секоја област.
 
Иначе камо среќа на музичко да ги учеа работи поврзани со тоа како да пеат :) Доста непотребни работи има и таму. Далеку е од совршено како што мислиш.

Апсолутно си во право!И средно музичко и средно фискултурно се направени гимназии.Учат многу работи како ние гимназијалците, впрочем разликите се многу мали.
И за крај да не испадне дека зборам на памет, моја блиска роднина работи во едно од погоре именуваното училиште и сум апсолутно запознаен со работите:smir:
Така да наместо да се обрне внимание на нивниот талент и надоградба тие неможат година да поминат ради кец математика.Мој другар од музичко го пердаши клавирот ненормално добро, арно ама математика лани нејкеше да го пушти да помине година.Страшно!
 
Мрзливец според мене. Секој може да научи за 2. Навистина, не знам што е толку тешко да се научи за 2. За други оценки би разбрала, ама да отидеш на полагање...:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom