Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dreamer_32
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓето се премногу суетни и плашливи за да тргнат по она што навистина ги прави среќни.
Ова ми звучи точно, ако постои точност во рамки на ваквите теми. Ако луѓето осознаат што би ги направило среќни можеби и би станале еден ден среќни. Друг, момент е навистина да ја посакуват среќата, претпоставувам, не само декларативно.Но ние премногу се движиме во `наметнатите` детерминанти за среќата за да можеме да се сконцентрираме на нејзиното вистинско значење и содржина. А, кој би не обвинил покрај толку моќни политички кампањи и економски пропаганден материјал?
 
Обично луѓето го прават тоа што `сите го прават`, па не работат на сопствената среќа. Како што кажа wannabe happy луѓето премногу се плашат да тргнат спротивно од `сите`...
А многумина и не ни знаат каде да ја бараат среќата, чекајќи таа самата да дојдеееее...
 
Ова ми звучи точно, ако постои точност во рамки на ваквите теми. Ако луѓето осознаат што би ги направило среќни можеби и би станале еден ден среќни. Друг, момент е навистина да ја посакуват среќата, претпоставувам, не само декларативно.Но ние премногу се движиме во `наметнатите` детерминанти за среќата за да можеме да се сконцентрираме на нејзиното вистинско значење и содржина. А, кој би не обвинил покрај толку моќни политички кампањи и економски пропаганден материјал?
Делумно е разбирливо за човек кој што живее во хектички, тривијален свет да не може да ги пронајде вистинските детерминати за среќа, но, кога воопшто би ја ограничил среќата на детерминати тогаш нема никогаш да почувствува среќа, туку само задоволство кое што може да биде моментално или периодично.

Среќата е чувство, ако успехот, амбицијата, добриот живот, слободата или патувањата некој го прават да се чувствува убаво, тогаш е среќен.Индивидуален поим или општа претпоставка, апсолутно ништо од тоа не е веродостојно кога станува збор за емоција.
 
Зошто ние луѓето сме толку егоистични, себични што не се радуваме на туѓата среќа, попрво би се јадосувале на истата. Уз пат чекаме нашата од небо да ни паден, пошто нели целиот универзум се врти околу нас и светот постои заради нас, и неправедно е што не ни врне среќа секој ден
 
Zatoa sto e mnogu visoko.:)
Zatoa sto sme programirame da go sakame najdobroto,najubavoto,a obicno ima rascekor megu zelbite i moznostite.Srekata obicno ja povrzuvame so nekakvi nedostizni ili mnogu tesko dostizni ideali i site sakme da igrame sigurno,bez ili so sto pomal vlog,a da ostvarime maksimalna dobivka.
 
za sekoj individualno ali uglavnom e stravot od mozna neuspesna realizacija pa zatoa i neprobuvanjeto i beganje od samata sreka
 
Среката е тука, околку нас ! Само лугето на можат да ја видат, да ја препознааат и да ги прочитат знаците кои таа ни ги дава. Затоа тие живеат во слепило
 
...Зошто? Затоа што сите луѓе чекаат среќата да им падне од небо, наместо да се потрудат да ја пронајдат.

А, каде всушност треба да ја бараат за да ја пронајдат?


Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques


И која е таа вистинска среќа?
Зарем има и лажна среќа, па да има и вистинска среќа?
Неможе да си вистински и невистински среќен. Или си среќен или не си среќен.
Понатаму... среќата не можеме да ја дофатиме. За да би можеле да ја дофатиме таа би требало да се наоѓа некаде околу нас, расфрлана некаде низ воздухот, а кога би било така светот околу нас би бил далеку подобар и посреќен. Значи не е така, а среќата надвор од нас не ни постои.


:raz:И зошто честопати во животот се однесуваме како „пеперутки на свеќа“ трчајќи по богатство ,моќ, пари, слава.... притоа пропуштајќи безброј шанси за среќа кои можеби нема да не направат толку славни или богати ама затоа ќе ни подарат вистинска среќа и задоволство во животот?:raz:


Затоа што во таков свет живееме. Парите не само што ни се потребни туку ни се и неопходни. Затоа што со парите можеме да ги обезбедиме речиси сите нешта кои без пари не можеме ни да ги замислиме. Не, е грешка тоа што човекот тежнее кон пари, богатство, моќ и слава... грешка е предрасудата што однапред ни кажува дека човекот кој ќе го обезбеди сето тоа ќе ја изгуби среќата.

Но, што е среќата во суштина?

За мене тоа е измислен збор кој ни дава можност да ги објасниме внатрешните чувства и радости. Не постои константно среќен човек и нема ни да постои, било тој да биде со пари или без пари. Моменти на радост се во прашање. Колку повеќе ќе успееме да ги прифаќаме нештата онакви какви што се, толку позадоволни ќе бидеме.

Мирот во душата- е тоа е среќа.
 
Затоа што луѓето мислат дека ја немаат а всушност таа е присутна кај нив. Само треба да ја воочат.
 
Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?
I don't get it!:icon_eek:
Како може да им биде тешко да ја дофатат и од каде да ја дофатат бре?
Стејт оф мајнд. Исто ко тага, возбуда или што и да е, предизвикана од позитивни активности во нашите so called животи. Многу јасно и нормално дека не е перманентна умствена состојба! Си игра крижи мижи со тагата! Прво еднава брои, другата бара и vice versa!
E сега која до колку ќе изброи и колку време и треба да ја најде другава зависи од нас!
Кафе со цимет, големо сочно зелено јаболко, убаво утро, дождливо попладне, мрзлива недела, јога, делифини додека дремуцкаш на плажа, пиво на шанк рандом момак од Ирска, искачување на врв од некој рид или само некоја угорница во Велес летс сеј, положен испит, диплома, вработување, ново бепче у фамилија, абе една нова блуза од ГТЦ мајко му ме прави среќна!

Тоа што имам цел и трчкам лека полека да ја остварам ме прави среќна!

Се будам жива и здрава секое сабајле и го полнам празниот стомак со топло кафе, сосема доволно за да си се насмеам моронски, но задоволно во огледало додека пеглам шишка!
Е во меѓувреме ќе си играат емоциите миженка! Нека ги бе, млади се уште, има време ќе созреат па ќе се стабилизираат! До тогаш јас ќе имам хаотични и збунувачки моменти што не ми дава за право да се сметам за несреќна.
Раскинувања, дечковци, љубовни маки и слични бла бла ствари...неах...само навидум негативни искуства, но со и те како позитивен бенефит! Тоа малку покасно го согледуваме!
Како и да е, јас се спремам за легнување и само што ќе помислам на меките плави, смотани, термо чорапи ме обвива убаво чувство бре!
Oasis ми ја исполнуваат собава, моите се добри и налудничави како и секогаш, јас сум збунета, не знам што сакам ама знам дека сакам да пробувам и експериментирам!
Така и би...сосема доволно за душевен оргазам!
Фала многу, пријатно:salut:
 
Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата???

ПА ЕДНОСТАВЕН Е ОДГОВОРОТ

Луѓето полесно ја прифаќаат несреќата и се навикнуваат на такви работи.
 
Затоа што се преокупирани со несреќата. Ја анализираат, размислуваат на секоја можна несреќа што може да им се случи, размислуваат како да ја одбегнат, и притоа несвесно забораваат на сите убави работи кои ги опкружуваат.
 
чисто ради тоа шо има премногу несреќа и надешта за среќа се губи окупацијата со несреќа и остали проблеми ја прекрива среќата и аутоматски чоекот се откажува..
 
Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques
:raz:И зошто честопати во животот се однесуваме како „пеперутки на свеќа“ трчајќи по богатство ,моќ, пари, слава.... притоа пропуштајќи безброј шанси за среќа кои можеби нема да не направат толку славни или богати ама затоа ќе ни подарат вистинска среќа и задоволство во животот?
:raz:
Затоа што парите, богатството, моќта и славата се наметнати како општ идеал на ,,сите" луѓе, та ако не се определиш за нив, тогаш може да бидеш третиран како ,,неамбициозен и неспособен шутрак". Многумина нр можат гордо да си ја носат оваа квалификација на грб, па се претвораат во нешто кое другите се. Јас сакам да студирам новинарство. И ќе студирам. Многу ми е гајле за малиот милион долги јазици кои одеднаш така ,,добронамерно" почнаа да се ,,секираат за мене и мојата иднина" под изговор дека мојата идна професија нема да е ,,добро платена". Истите тие луѓе, се сами по себе лесно побивлива теза. Малите работи се сите мои! Никогаш нема да дозволам друг да ми го креира животот кога тоа не е во моја полза.
 
затоа што секогаш очекуваат повеќе од она што го поседуваат, не се задоволни со ,,малку'' и секогаш секој трага ај да речеме по едно совршенство кое што лутајќи по него забораваат на онаа среќа која што постои во моментот, а и оној кој што премногу обрнува внимание на она што зборуваат зад него и се замара со тие банални работи неможе да биде навистина среќен бидејќи луѓето никогаш не се радуваат на туѓа среќа него баш спротивното:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom