Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?
I don't get it!:icon_eek:
Како може да им биде тешко да ја дофатат и од каде да ја дофатат бре?
Стејт оф мајнд. Исто ко тага, возбуда или што и да е, предизвикана од позитивни активности во нашите so called животи. Многу јасно и нормално дека не е перманентна умствена состојба! Си игра крижи мижи со тагата! Прво еднава брои, другата бара и vice versa!
E сега која до колку ќе изброи и колку време и треба да ја најде другава зависи од нас!
Кафе со цимет, големо сочно зелено јаболко, убаво утро, дождливо попладне, мрзлива недела, јога, делифини додека дремуцкаш на плажа, пиво на шанк рандом момак од Ирска, искачување на врв од некој рид или само некоја угорница во Велес летс сеј, положен испит, диплома, вработување, ново бепче у фамилија, абе една нова блуза од ГТЦ мајко му ме прави среќна!
Тоа што имам цел и трчкам лека полека да ја остварам ме прави среќна!
Се будам жива и здрава секое сабајле и го полнам празниот стомак со топло кафе, сосема доволно за да си се насмеам моронски, но задоволно во огледало додека пеглам шишка!
Е во меѓувреме ќе си играат емоциите миженка! Нека ги бе, млади се уште, има време ќе созреат па ќе се стабилизираат! До тогаш јас ќе имам хаотични и збунувачки моменти што не ми дава за право да се сметам за несреќна.
Раскинувања, дечковци, љубовни маки и слични бла бла ствари...неах...само навидум негативни искуства, но со и те како позитивен бенефит! Тоа малку покасно го согледуваме!
Како и да е, јас се спремам за легнување и само што ќе помислам на меките плави, смотани, термо чорапи ме обвива убаво чувство бре!
Oasis ми ја исполнуваат собава, моите се добри и налудничави како и секогаш, јас сум збунета, не знам што сакам ама знам дека сакам да пробувам и експериментирам!
Така и би...сосема доволно за душевен оргазам!
Фала многу, пријатно:salut: