Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dreamer_32
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што среќата е во патувањето ( кон неа ), а не на крајот од патот....

Кул. Се согласувам дека не е на крајот на патот.
На крајот на патот е реалноста која ти се смее у фаца и ти вика цело патување ти било илузија. :smir:
 
Кул. Се согласувам дека не е на крајот на патот.
На крајот на патот е реалноста која ти се смее у фаца и ти вика цело патување ти било илузија. :smir:

Среќата е будност во сегашниов миг, да се биде сега и овде :smir:
Нејзината сила е толку голема, што дури и во пеколот да влезеш со радост и среќа, ќе го видиш само рајот :) Нормално без опијати, да не се разбереме погрешно :)
 
Oдредена количина на задоволство што во даден момент те прави во пекол да гледаш рај е ништо освен а state of mind. Пролазна илузија, би се рекло.
 
Oдредена количина на задоволство што во даден момент те прави во пекол да гледаш рај е ништо освен а state of mind. Пролазна илузија, би се рекло.

Среќата е состојба на умот. Некој може да ни подари среќни мигови, но никој на светот не може да ни подари среќна состојба на умот.:nesum:
 
Некој може да ни подари среќни мигови, но никој на светот не може да ни подари среќна состојба на умот.:nesum:

Тие среќни мигови ја креираат таа состојба на умот, кукло. Сама се збуни.
 
Тие среќни мигови ја креираат таа состојба на умот, кукло. Сама се збуни.

Ноп. Среќата е проткаена со нашиот мисловен процес, со нашите ментални претстави. Човекот е онаков какви што се неговите мисли, а она што човекот го мисли во текот на денот (свеста), го применува во текот на ноќта (потсвеста). Така да ако си легнеш среќен и ако наутро се разбудиш среќен не постои можност да бидеш несреќен. Среќните мигови како што кажав може некој да ни ги подари, но за да ја задржиш таа состојба на умот, не само да ја добиеш, пред се треба да бидеш среќен со самиот себе, да наоѓаш задоволство во се. Ако секоја работа, без разлика на нејзината тежина, ја извршуваме со љубов, секогаш ќе бидеме среќни, водени од пријатноста на сознанието дека нашата судбина не го одредува она што го работиме, туку начинот на кој го правиме тоа.
 
Среќните мигови како што кажав може некој да ни ги подари, но за да ја задржиш таа состојба на умот, не само да ја добиеш, пред се треба да бидеш среќен со самиот себе, да наоѓаш задоволство во се.

Имаш грешка во чекорите. За да бидеш сама со себе среќна и задоволството произлегуваат од претходно подарените среќни мигови. Сама од себе неможеш да бидеш среќна, мора друг да партиципира, да те усреќи, и не, неможеш да ја задржиш таа состојба на умот forever and ever ever дека како што кажав поназад, е пролазна. Освен ако некој ти поклонува такви мигови континуирано. Тогаш е бинго.

бла бла љубов, бла бла

Љубов. Хех. Подобро верувај во рак. Барем е вистинска болест. :smir:
 
Имаш грешка во чекорите. За да бидеш сама со себе среќна и задоволството произлегуваат од претходно подарените среќни мигови. Сама од себе неможеш да бидеш среќна, мора друг да партиципира, да те усреќи, и не, неможеш да ја задржиш таа состојба на умот forever and ever ever дека како што кажав поназад, е пролазна. Освен ако некој ти поклонува такви мигови континуирано. Тогаш е бинго.

Како тоа не може ? Може :pipi: Пример на нарцис ко мене доволно му е само огледалото :) Шала, понатаму да се дообјаснам ...
Види теоретски среќата претставува преовладување на пријатните над непријатните чувства и состојби и прифаќање на животот таков каков што е. Среќата подразбира живот без стрес и зависност, без големи очекувања и бројни желби, живот исполнет со ведрина и спокојство. Сите проблеми, тешкотии и непријатни состојби како болест, недостаток од нешто, моментална криза итн. се природна и нормална работа во која треба да ги бараме позитивните страни. Среќата во ниту еден случај не е определена од некој си интелектуални способности или ниво на образование, туку од претходните искуства.
Обично некој во одреден период кога копнеел по нешто, задоволен е кога ќе ја оствари својата цел .... Но ! Сите ние се стремиме да бидеме посреќни од другите, а тоа е тешко остварливо затоа што секогаш веруваме дека другите се повеќе среќни одколку што се навистина. Затоа не се споредува својата среќа и живот со туѓите, затоа што не знаеме какви патишта поминале тие низ своите животи.
Болдираното-една од најважните причини зошто повеќето не умеат да ја задржат таа состојба.
 
Тоа е се психа.Идат со негативни мисли ја неам ништо ни среќа ни ова ни она и затоа немаат.:vozbud:
 
Ние сме тешки глупаци кои сме заборавиле како топлата вода да стигне до нашите домови, то ест мудроста на нашите претци во врска со живеењето. Можеме слободно гз да си избришеме со нашиве технологии, знаења за нашиот геном, што предизвикува среќа, пички и курови на екран коа не знаеме да го живееме животот. Треба неколку лекции да повторат децава не е лошо некој пак да им ги напише
 
Можеби зборот што се бара е ведрина. Среќа (ми) асоцира на крајна цел, за која самите си поставуваме бариери.
 
Бидејки не го ценат тоа што го имат и мислат дека ке се посрекни доколку го имат и тоа но повторно нешто ке им фали(од 2 страни сонце не грее) и ке бидат несрекни сакајки да го дофатат совршенството кое не постои....
 
мисалм бидејќи премногу трчаат по среќата, колку повеќе ја бараш и копнееш по неа толку повеќе е недостижна,
 
Бидејќи премногу време се губи во фантазии за подобар нов ден и поголеми достигнувања, а помалце во гледање на убавината во малите нешта кои може да не направат среќни, а се реални но луѓето се слепи пред нив. :smir:
 
Patot kon srekata e poplocen so solzi, taga i bolka ..... edinstveno ako vitinski go doziveeme patot i konacno da progledame .... Dokolku ne e taka, ostanuvame samo slepi talkaci po svetot barajki ja pricnina za nasata izgubenost ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom