Зошто младите молчат?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Повод за темава ми беше вечерашнава емисија Чуму, па искрено ме интересира мислењето на широката КАЈГАНО-ФОРУМЏИСКА популација.

Во време кога политичарите многу малку размислуваат за младите, кога скоро ништо не се прави за нив.И кога инстутцијата која постои за да прави нешто за младите (мислам на Агенцијата за млади и спорт) ништо не презема....Што мислите зошто мислите зошто молчат младите?

И што треба да се преземе да се смени ова ситуација?

Имајќи ги на ум протестите на студентите кои се случија пред кратко време во франција.
 
За што молчат младите?
 
Затоа што ништо не се презема за нив...јас мислам дека доволно кажав во постот
 
Затоа што ништо не добиваат од власта во државава,а сите ќутат,не се бунат и ништо не превземаат во врска со тоа!
 
Dzabe i da se bunime,tepame strajkuvame i taka i taka oni si teraat nivnoto mislite gajle im e sto mislat mladite?
 
BusHav напиша:
Затоа што ништо не добиваат од власта во државава,а сите ќутат,не се бунат и ништо не превземаат во врска со тоа!

Е тоа де.. прашањето е зошто ќутат (=
Ќе да е дел од тоа какви сме како народ.. летаргија/апатија е дел од секојдневниот живот на Македонецот.

* "Ќути си, не се буни, може да биде и полошо."
И секогаш доаѓа тоа полошо, и пак се враќаме на истото. Go figure..
 
Да да,ама еве ви еден виц-што уствари е и жива вистина

На конгрес идат македонец,хрват и словенец.
Седнуваат сите на столчињата,ама приметува секој од нив дека има една шајка на столчето.Станува прв словенецот:
-Па добро бе,на што личи ова?!Како така ме викате на конгрес,а тука шајки во столчињата........
Потоа хрватот,се мислел,се мислел и на крај рекол:
-Ако може нешто да прашам,Што е финтата со шајкава на столчето,па може и панталоните ќе си ги искинам.
На крај македонецот,му посметала шајката ама само си помислил-Ај бе не кажувам,може така и треба да биде тоа!
 
mRnO напиша:
Dzabe i da se bunime,tepame strajkuvame i taka i taka oni si teraat nivnoto mislite gajle im e sto mislat mladite?

Муабетов у стилот јајцето-кокошката е отприлика најточен одговор на поставеното прашање, и воедно погрешен. Али јебига, наш менталитет, одувек сме биле пасивни, и баш онака - абе шо ќе се бунам џабе е... Прашањето е, дали не се буниме зашто е џабе и они ќе си тераат по нивно како и да е (типично македонско размислување), или тоа што им е гајле и што си тераат по нивно е резултат на тоа што не се буниме (доволно)? Ја мислам второто.
 
Не се запоставени само младите, туку целата држава, и на сите тоа им смета, и сите само коментираат, а никој ништо конкретно не презема. Заспан народ.
 
Зошто ли молчат ?

Па верувам дека кај нас зад секоја реакција стои политичка заднина, сите конци ги влечат политичките партии и слично. Веројатно до сега не се сетиле да организираат нешто вакво. А уствари кога ќе ми текне подобро, па сите ние ги паметиме протестите кога требаше да се отвара универзитетот во Мала Речица, огромен број на млади луѓе се бунтуваа пред Собрание, министерство за образование . . .

А што мислите дека треба да се стори ? Па кога во државава не функционира ама баш ништо што може да очекуваме . . . а дефинитивно самите сме криви за цела ситуација.
 
младите се пасивни бидејќи се плашат во случај да се бунат ако на пример учат може да се соочат со конфликти со нивните професори. Или пак можеби им е страв од државата. Тоа е главната причина зошто младите се молчат.
 
не се бунат затоа што никој нема право на свое мислење и изразување на својот личен став. народот се подели партиски и тргна наопаку а политичарите јадат заедно со нивните најголеми противници и не се замараат како лугето што се замараат за политика. Оваа политика измеша се у Македонја. гледајќи со наши очи што се се случува овде ни е страв да кажеме нешто затоа што не сме никој и ништо и од тоа може само да изгубиме. Некои работи не се решаваат само со збор, туку едноставно уживај сам за себе и повредувај за да не бидеш повреден.
 
Злобата на партиите да не им избегаат парите што можат да ги украдат, ги принудува да ја уништат секоја студентска побуна со тоа што ќе ја оцени како политички потег на противничката партија, несфаќајќи дека со тоа ги одвраќаат младите од студирање и влошување на условите на студентите што пак придонесува до лошо образована младина која пак теба да биде движечката сила на државата, што пак значи опад на економијата , што пак дефакто значи сечењето на гранката на која што седи владата.
Наравоучение : власта ни е кратковида и дефинитивно тешко глупа, важи за сите што дошле на власт до сега.
 
Се молчи уше овие 4 години после младите ке завладеат со светот:bip:
 
Кој молчи?
Редовно им пцујам се живо на властите, таму кај што работите се срање (а речиси се е срање), но пред друштвото. Кажи ми ти, како поинаку треба да постапам за некој да го чуе мојот глас? Да одам и да се дерам пред Собрание?

Да, така ќе ме чујат, ама освен вожња до полициска (Беко) и можеби едно ќотече, што друго ќе добијам?

Не е во младите, не е ни до старите. До оние главучи на власт е. Ако не си на власт, ќе го пиеш. Затоа city, не се фокусирај на младите кои се апсолутно беспомошни во оваа ситуација - туку фокусирај се на власта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom