Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Daj vraboti me kaj tebeНе ми се допаѓа зборот „газда“. Не ме асоцира на сопственик на фирма туку на човек кој има фирма во која не ги третира своите вработени со почит, ги изигрува правилата во своја корист а на грбот на оние кои ги вработил.
Најдобрата школа во мојот живот беше што работев за таков „газда“ подолго време. Ни празник, ни одмор, телефонот ѕвони дење/ноќе. Одиш на работа наутро, работиш цел ден, се враќаш дома навечер те чекаат 2-3 пораки во емаил од газдата, треба да му одговориш во тоа малку слободно време што ти останало. Придонеси не, плаќање прекувремена работа научна фантастика. Платата мизерна, но недостатокот на почит уште поголем проблем.
Последниот разговор со газдата кога си дадов отказ после години малтретирање, беше добронамерен совет од моја страна, дека со ваков однос кон вработените нема да тера долго време. Ми рече нешто во смисла дека тој е газда и дека не го интересира моето мислење.
Отворив своја фирма во која ги имплементирав лекциите што ги научив од газдата. На вработените им плаќам се што им следува по закон. Им плаќам прекувремена работа повеќе од тоа што е предввидено со закон. Имаат 13-та плата после година дена во фирмата. Не ги замарам вон работно време. Кога имаат било каков проблем, работен или приватен, можат да ми се обратат за помош. Кога имаат некаква критика или совет, ги слушам. Вработив менаџер кој има право да ми каже директно ако мисли дека правам нешто погрешно, и го прави тоа.
Се намачив работејќи за „газдата“ но се исплатеше. Научив како не треба да се води фирма, како да не ги направам вработените незадоволни и како да ја задржам нивната лојалност. Со мене се веќе неколку години, до сега сум отпуштил само еден вработен. Сите други се лојални и си ја вршат работата.
Фирмата на „газдата“ сега е во помизерна состојба од таа што му ја предвидов. За се што постигнав сум му благодарен. Да не беше неговиот диктаторски однос кој ги направи сите мои колеги мизерни, немаше да знам колку е важен овој сегмент во управувањето на една компанија. Сега мора да гледа како го заминав во секој поглед и му доаѓа да си гризне од таквото.
Богат не сум, можеби еден ден ќе бидам. За сега оди добро. Ако оди добро за мене, ќе оди добро и за вработените на кои се потпирам. Мојата филозофија не е максимален профит, туку компанија со задоволни вработени на кои можам да им верувам. Како одминува времето и како проаѓаат годините, потребно ми е повеќе слободно време, повеќе одмор, грбот ми знае колку имам сработено за да стигнам каде што сум сега. Ако имаш фирма во која мора да си сеприсутен, фирма во која вработените ти бегаат па мора да ги менуваш со нови, мора цело време да решаваш проблеми... тогаш немаш фирма. Имаш работно место кое си го створил сам за себе, од каде ти доаѓа платата и каде што мораш да работиш 6 или 7 дена неделно. Ако сакаш постепено да го намалиш степенот на работа и инволвираност и да уживаш во плодовите на тоа што си го створил, треба да имаш вработени кои имаат лојалност и чувтсво на припадност, и се задоволни и почитувани, и подготвени да си го одработат својот дел без разлика дали ги надгледуваш или не те виделе месец дена.
Се што правиме е поради некакво минато искуство кое не научило некакви животни лекции. Сме оформиле некаков светоглед и од тоа зависи како ќе се однесуваме. Се учи и од добри и од лоши искуства, но лично верувам дека лошите искуства се многу важни. Остануваат со нас подолго, посилно се втиснати во нашите сеќавања, повеќе тежат. Учат како треба и како не треба.
На сите кои имате намера да отворите фирма ви посакувам да ја изградите со почит кон оние кои работат за вас, затоа што тие се луѓето кои ги остваруваат вашите соништа. На сите кои немате намера да отворите своја фирма и би работеле за други; ако не ве почитуваат не губете време. Барајте компанија кој ќе ви го цени трудот и ќе ве почитува на лично ниво. Одберете да работите за фирма која има сопственик, а не „газда“.
Кога ќе отворам сладоледџилница, ти си ми прв на список.Daj vraboti me kaj tebe
ама после ова, гарант ќе добијам:Кога ќе отворам сладоледџилница, ти си ми прв на список.![]()
Кога ќе почне да проси на улица ќе те викне и тебе, ќе ти отстапи еден семафор. ХехехехеИ јас сакав да аплицирам по 50 ти пат,
ама после ова, гарант ќе добијам:
-Кога ќе отворам септичка јама, ти си ми прв на список.
Може некој што разбира бизнис и водење на локал да ми го објасни потегот? Па три кила посебна салама да продаде ќе ја извади дневницата. Да не зборам за печеница, кулен, сланина, пршута и сите други сувомеснати.Во Белград некои газди почнаа да си пукаат сами на себе и по цена да го затворат маркетот само да не го платат достојно работникот за да можат да остваруваат и понатаму висок профит.Поради недостаток на работна сила овој газда наместо да понуди повисоки плати за да најде работници тој решил да не продава повеќе сувомеснати производи во делот кај што се продаваат поради недостаток од работници што е прва фаза на процесот за затварање на маркетот:
Прегледај го приврзокот 427322
Да се вадеше дневницата од 3кг салама, сите ќе имаа продавнициМоже некој што разбира бизнис и водење на локал да ми го објасни потегот? Па три кила посебна салама да продаде ќе ја извади дневницата. Да не зборам за печеница, кулен, сланина, пршута и сите други сувомеснати.
Може некој што разбира бизнис и водење на локал да ми го објасни потегот? Па три кила посебна салама да продаде ќе ја извади дневницата. Да не зборам за печеница, кулен, сланина, пршута и сите други сувомеснати.