Зошто газдите се стиснати?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.909
Не ми се допаѓа зборот „газда“. Не ме асоцира на сопственик на фирма туку на човек кој има фирма во која не ги третира своите вработени со почит, ги изигрува правилата во своја корист а на грбот на оние кои ги вработил.

Најдобрата школа во мојот живот беше што работев за таков „газда“ подолго време. Ни празник, ни одмор, телефонот ѕвони дење/ноќе. Одиш на работа наутро, работиш цел ден, се враќаш дома навечер те чекаат 2-3 пораки во емаил од газдата, треба да му одговориш во тоа малку слободно време што ти останало. Придонеси не, плаќање прекувремена работа научна фантастика. Платата мизерна, но недостатокот на почит уште поголем проблем.

Последниот разговор со газдата кога си дадов отказ после години малтретирање, беше добронамерен совет од моја страна, дека со ваков однос кон вработените нема да тера долго време. Ми рече нешто во смисла дека тој е газда и дека не го интересира моето мислење.

Отворив своја фирма во која ги имплементирав лекциите што ги научив од газдата. На вработените им плаќам се што им следува по закон. Им плаќам прекувремена работа повеќе од тоа што е предввидено со закон. Имаат 13-та плата после година дена во фирмата. Не ги замарам вон работно време. Кога имаат било каков проблем, работен или приватен, можат да ми се обратат за помош. Кога имаат некаква критика или совет, ги слушам. Вработив менаџер кој има право да ми каже директно ако мисли дека правам нешто погрешно, и го прави тоа.

Се намачив работејќи за „газдата“ но се исплатеше. Научив како не треба да се води фирма, како да не ги направам вработените незадоволни и како да ја задржам нивната лојалност. Со мене се веќе неколку години, до сега сум отпуштил само еден вработен. Сите други се лојални и си ја вршат работата.

Фирмата на „газдата“ сега е во помизерна состојба од таа што му ја предвидов. За се што постигнав сум му благодарен. Да не беше неговиот диктаторски однос кој ги направи сите мои колеги мизерни, немаше да знам колку е важен овој сегмент во управувањето на една компанија. Сега мора да гледа како го заминав во секој поглед и му доаѓа да си гризне од таквото.

Богат не сум, можеби еден ден ќе бидам. За сега оди добро. Ако оди добро за мене, ќе оди добро и за вработените на кои се потпирам. Мојата филозофија не е максимален профит, туку компанија со задоволни вработени на кои можам да им верувам. Како одминува времето и како проаѓаат годините, потребно ми е повеќе слободно време, повеќе одмор, грбот ми знае колку имам сработено за да стигнам каде што сум сега. Ако имаш фирма во која мора да си сеприсутен, фирма во која вработените ти бегаат па мора да ги менуваш со нови, мора цело време да решаваш проблеми... тогаш немаш фирма. Имаш работно место кое си го створил сам за себе, од каде ти доаѓа платата и каде што мораш да работиш 6 или 7 дена неделно. Ако сакаш постепено да го намалиш степенот на работа и инволвираност и да уживаш во плодовите на тоа што си го створил, треба да имаш вработени кои имаат лојалност и чувтсво на припадност, и се задоволни и почитувани, и подготвени да си го одработат својот дел без разлика дали ги надгледуваш или не те виделе месец дена.

Се што правиме е поради некакво минато искуство кое не научило некакви животни лекции. Сме оформиле некаков светоглед и од тоа зависи како ќе се однесуваме. Се учи и од добри и од лоши искуства, но лично верувам дека лошите искуства се многу важни. Остануваат со нас подолго, посилно се втиснати во нашите сеќавања, повеќе тежат. Учат како треба и како не треба.

На сите кои имате намера да отворите фирма ви посакувам да ја изградите со почит кон оние кои работат за вас, затоа што тие се луѓето кои ги остваруваат вашите соништа. На сите кои немате намера да отворите своја фирма и би работеле за други; ако не ве почитуваат не губете време. Барајте компанија кој ќе ви го цени трудот и ќе ве почитува на лично ниво. Одберете да работите за фирма која има сопственик, а не „газда“.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
523
Поени од реакции
967
Na nas od balkanot vrskata gazda rabotnik ni e najteska trauma koj i da sretnes muabetot e za rabota gazda, kolku plata i toj muabet go pravime so casovi... glaven vinovnik e sto sme programirani da bideme rabotnici za gazdi... Jas 35 sekoj pat koga imam moznost ili nekoj vid bzinis da se odi vo rizik, sekoj pat imam strav i griza kako ke bidi poarno da rabotis za gazda pomalku vrtoglavica.....
a ovie pomalite generazii imam prijateli po 22 25 godini vrtat po 5 biznisa mali kako sto se veli - Kapka od sekade po malku.....imam prijatel ima ranc so svinji kokoski seci drva, odi na strana raboti mesta kujni, ima investicionen fond... za 2 godini se iznakupi novi raboti, no sekoj pogled za biznis go iskoristil, a nie ostanatite ke ostaneme daj da radime drzavno ili kaj nekoj gazda sto e sugurno e sigurno... mladite generacii ne se kako nas kukavici...taka sme programirani a treba da se bide pretpriemac pa sto i da e, edni e"eni influenseri se naplni pari bez vrska samo ti treba samo hrabrost i pocetok....
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.128
Поени од реакции
3.694
Не ми се допаѓа зборот „газда“. Не ме асоцира на сопственик на фирма туку на човек кој има фирма во која не ги третира своите вработени со почит, ги изигрува правилата во своја корист а на грбот на оние кои ги вработил.

Најдобрата школа во мојот живот беше што работев за таков „газда“ подолго време. Ни празник, ни одмор, телефонот ѕвони дење/ноќе. Одиш на работа наутро, работиш цел ден, се враќаш дома навечер те чекаат 2-3 пораки во емаил од газдата, треба да му одговориш во тоа малку слободно време што ти останало. Придонеси не, плаќање прекувремена работа научна фантастика. Платата мизерна, но недостатокот на почит уште поголем проблем.

Последниот разговор со газдата кога си дадов отказ после години малтретирање, беше добронамерен совет од моја страна, дека со ваков однос кон вработените нема да тера долго време. Ми рече нешто во смисла дека тој е газда и дека не го интересира моето мислење.

Отворив своја фирма во која ги имплементирав лекциите што ги научив од газдата. На вработените им плаќам се што им следува по закон. Им плаќам прекувремена работа повеќе од тоа што е предввидено со закон. Имаат 13-та плата после година дена во фирмата. Не ги замарам вон работно време. Кога имаат било каков проблем, работен или приватен, можат да ми се обратат за помош. Кога имаат некаква критика или совет, ги слушам. Вработив менаџер кој има право да ми каже директно ако мисли дека правам нешто погрешно, и го прави тоа.

Се намачив работејќи за „газдата“ но се исплатеше. Научив како не треба да се води фирма, како да не ги направам вработените незадоволни и како да ја задржам нивната лојалност. Со мене се веќе неколку години, до сега сум отпуштил само еден вработен. Сите други се лојални и си ја вршат работата.

Фирмата на „газдата“ сега е во помизерна состојба од таа што му ја предвидов. За се што постигнав сум му благодарен. Да не беше неговиот диктаторски однос кој ги направи сите мои колеги мизерни, немаше да знам колку е важен овој сегмент во управувањето на една компанија. Сега мора да гледа како го заминав во секој поглед и му доаѓа да си гризне од таквото.

Богат не сум, можеби еден ден ќе бидам. За сега оди добро. Ако оди добро за мене, ќе оди добро и за вработените на кои се потпирам. Мојата филозофија не е максимален профит, туку компанија со задоволни вработени на кои можам да им верувам. Како одминува времето и како проаѓаат годините, потребно ми е повеќе слободно време, повеќе одмор, грбот ми знае колку имам сработено за да стигнам каде што сум сега. Ако имаш фирма во која мора да си сеприсутен, фирма во која вработените ти бегаат па мора да ги менуваш со нови, мора цело време да решаваш проблеми... тогаш немаш фирма. Имаш работно место кое си го створил сам за себе, од каде ти доаѓа платата и каде што мораш да работиш 6 или 7 дена неделно. Ако сакаш постепено да го намалиш степенот на работа и инволвираност и да уживаш во плодовите на тоа што си го створил, треба да имаш вработени кои имаат лојалност и чувтсво на припадност, и се задоволни и почитувани, и подготвени да си го одработат својот дел без разлика дали ги надгледуваш или не те виделе месец дена.

Се што правиме е поради некакво минато искуство кое не научило некакви животни лекции. Сме оформиле некаков светоглед и од тоа зависи како ќе се однесуваме. Се учи и од добри и од лоши искуства, но лично верувам дека лошите искуства се многу важни. Остануваат со нас подолго, посилно се втиснати во нашите сеќавања, повеќе тежат. Учат како треба и како не треба.

На сите кои имате намера да отворите фирма ви посакувам да ја изградите со почит кон оние кои работат за вас, затоа што тие се луѓето кои ги остваруваат вашите соништа. На сите кои немате намера да отворите своја фирма и би работеле за други; ако не ве почитуваат не губете време. Барајте компанија кој ќе ви го цени трудот и ќе ве почитува на лично ниво. Одберете да работите за фирма која има сопственик, а не „газда“.
Daj vraboti me kaj tebe
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.542
Поени од реакции
2.548
Гроф није био циција, зато Гроф и није био...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.664
Поени од реакции
6.143
Затоа што капиталот и трудот се две спротиставени и непомирливи страни.
Продуктивноста во теорија би требало да значи поголем дел од колачот и за работниците но обично тоа значи само поголем профит па чак и укинуање на работни места. Колку само супер профитабилни фирми отпуштаат луѓе при најголем профит во нивното постоење.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.481
Поени од реакции
58.870
И јас сакав да аплицирам по 50 ти пат,
Кога ќе отворам сладоледџилница, ти си ми прв на список. :cautious:
ама после ова, гарант ќе добијам:
-Кога ќе отворам септичка јама, ти си ми прв на список.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.810
Поени од реакции
111.394
И јас сакав да аплицирам по 50 ти пат,

ама после ова, гарант ќе добијам:
-Кога ќе отворам септичка јама, ти си ми прв на список.
Кога ќе почне да проси на улица ќе те викне и тебе, ќе ти отстапи еден семафор. Хехехехе
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.755
Поени од реакции
5.027
Сега е многу подобро од порано. Всушност е најдобро од било кога.
Работникот е решен да зема сигурен доход без ризик, газдата ризикува. Затоа газдите се побогати и помоќни. Стравот од ризик е широко распространет затоа има многу работници. Ситуацијата во иднина ќе биде уште подобра.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.599
Поени од реакции
5.401
Газдите кои не ги ценат вредните работници и на кои воопшто не им е гајле дали истите ќе ги напуштат се стиснати затоа што нивниот мозок им кажува дека ние сеуште живееме во средина на 90 те години кога Бранко и компанија ја спроведоа криминалната приватизација на државните фирми при што околу 200000 работници отидоа под завод за вработување па благодарение на таа експлоатација на вишокот работна сила за тогашни 150,200 дојч марки истите се збогатуваа преку ноќ.Сеуште не се свесни дека тркалото се сврте за 180 степени против нив бидејки нема повеќе вишок на работна сила која може да се уценува за мизерни пари и прашање е на време кога еден по еден ќе ги затвараат фирмите доколку не се освестат дека годината е 2024 та а не 1995 та.И ќораво и сакато што не можеше да најде работа отиде во странство и таму остана.Уште се засилија демек непалци ќе им работеле за минималец ако не сакаат нашите да работат не размислувајки дека Македонија на непалците не им е крајна дестинација туку само транзит за продолжување кон ЕУ па уште ајваниве ги пријавувале во полиција дека непалците им бегале:pos:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.599
Поени од реакции
5.401
Во Белград некои газди почнаа да си пукаат сами на себе и по цена да го затворат маркетот само да не го платат достојно работникот за да можат да остваруваат и понатаму висок профит.Поради недостаток на работна сила овој газда наместо да понуди повисоки плати за да најде работници тој решил да не продава повеќе сувомеснати производи во делот кај што се продаваат поради недостаток од работници што е прва фаза на процесот за затварање на маркетот:
1724512072370.png
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.290
Поени од реакции
3.944

Прегледај го приврзокот 427322
Може некој што разбира бизнис и водење на локал да ми го објасни потегот? Па три кила посебна салама да продаде ќе ја извади дневницата. Да не зборам за печеница, кулен, сланина, пршута и сите други сувомеснати.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.051
Поени од реакции
36.105
Може некој што разбира бизнис и водење на локал да ми го објасни потегот? Па три кила посебна салама да продаде ќе ја извади дневницата. Да не зборам за печеница, кулен, сланина, пршута и сите други сувомеснати.
Да се вадеше дневницата од 3кг салама, сите ќе имаа продавници ;)

Ако е саламата 200, тешко дека тој ја набавува испод 130 (најчесто повеќе од ова), што значи на 1кг во најдобар случај ќе направи 70че бруто. На брутото има оперативни трошоци (плати, сметки, кирии, маркетинг и тн), плус данок.

Во фрижидерите сигурно има други сувомеснати производи/сирења, веќе исечени, па муштериите ќе си земаат од таму.

Инаку не сум видел колку им се платите сега во Србија, но во Македонија тешко да најде некој за во деликатесот без 45к бруто плата. Пресметај колку вработени ќе му требаат за да покрива 2 смени + викенди и ќе ти стане јасно колку сувомеснато треба да помине низ раце за да ги изваде само платите и трошоците.

Маркетите се индустрија каде има голем обрт, но мал процент на профит, просечно 5-6%, ретки случаеви да отиде над 10%, а голем дел од ланците се околу 2-3%.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.674
Поени од реакции
23.286
Може некој што разбира бизнис и водење на локал да ми го објасни потегот? Па три кила посебна салама да продаде ќе ја извади дневницата. Да не зборам за печеница, кулен, сланина, пршута и сите други сувомеснати.

ova e poeftino i poprofitabilno. sabajle pred da otvorat za saat-dva eden vraboten sece drug pakuva mesto da dremat i da se plateni dvajca po12 saati.

1724513729738.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom