Зошто Економскиот факултет не е просперитетен ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е интересна тема што го мачи секој млад човек не само економскиот никој не е просперитетен... Некој ке праша зашто,а одговорот е едноставен СЕ Е ПРЉАВО И СМРДИ ДИРЕКНО ОД ВРВОТ,ТРУЛО ОПШТЕСТВО ИЗЕДЕНО ОД ЦРВОТ.
Убаво им викаат запишувајте се на технички факултети можеби некогаш ке ви се најде:) а овааа децата слушнале дека ке седат у канцеларија и се лажат па сега од како оваа власт пушти кампања и 94,9% се запишуваат на факултет незнам што ке не чека во иднина кога во секое мало гратче што едвај има по 2 до 3 компаниии ке дојадт 20 економисти,50 правници и преку 100 филозофи:tapp:.
Така да економскиот може да се каже дека спаѓа во групата на средно жалосно потрошено време има и полоши тешете се со:Педагошки,одбрана,филозофија,социјологија итн итн.
Во право си, а во право е и Џака Накот за стиховите ;) respect
 
Кои црни магистри гледам фирмата на братучед ми вработуваат човек преку оглас, тоа CVата ко деца со посебни потреби да ги правеле. Магистри со правописни грешки, несредени цв-а , фалат информации итн. Полни сме со проста раја.

Демек ти екстра паметен... Тој што се трудел било на економски, било на правен ќе си го добие заслуженото. Системот сам ги рециклира фри рајдерите.
 
Демек ти екстра паметен... Тој што се трудел било на економски, било на правен ќе си го добие заслуженото. Системот сам ги рециклира фри рајдерите.
Што збориш бе човек, зар треба докторат да имаш за да знаеш CV да напишеш? Колку треба да си глуп да не знаеш тоа да го направиш? Прва средно деца го прават тоа по македонски.

Затоа ќе чмаат невработени а ќе кукаат како завршиле 10,00.
 
На темата за најпросперитетен факултет, читам дека викате најмногу просперитет се има со технички факултет, зошто ?!
Економскиот и правниот факултет се сметаат за едни од нај-НЕ-просперитетни во Македонија. Поради која причина е ова ? Можеби пренатрупаноста од економисти и правници или има влијание и на други фактори ?! Што мислите вие ? Фала :)


Префрли се на смер сметководство заврши ACCA или CPA и немаш гајле.
 
Клишето-“Абе нас не ебе системот“.

Пренатрупаноста е најголемиот проблем. Не знам и јас со кој памет се запишав на правен, еве здравје боже ке дипломирам до Јуни и ке бројам дома парчиња паркет или плочки во кујна после. Се сеќавам уште средно кога се запишав следев по колку студенти примаат секоја година на правен, само на правни студии 300 во државна и 300 со кофинансирање, 7 години поминаа 4200 студенти се тоа, 70% од нив да се завршени пак е многу, плус да не ги сметаме тие од '70 и 80' генерацијата и тие што завршуваат по приватните факултети. И што е најстрашно, никако да го стават на мирување, што е многу-многу е.

И економски не е нешто поарен. Таму пак има повеќе смерови и повеќе студенти се запишуваат. :facepalm:

Бар економистите имаат многу повеќе места за работа во секакви компании големи/мали, манаџери, сметководители, комерцијалисти, во банки, трговија, маркетинг итн а за правниците стварно ќе биде ептен тешко. Секој со среќата ама освен судија (за кое треба апла дебели врски) нотар или адвокат (потребни многу пари за дозволи, објекти итн) не гледам којзнае какви опции со правни студии можеби и грешам не сум запознаен многу. Политички науки исто така не гледам некаков потенцијал единствено овие со новинарска насока може да најдат некоја работа, инаку дефинитивно треба да се стават во мирување.
 
Што збориш бе човек, зар треба докторат да имаш за да знаеш CV да напишеш? Колку треба да си глуп да не знаеш тоа да го направиш? Прва средно деца го прават тоа по македонски.

Затоа ќе чмаат невработени а ќе кукаат како завршиле 10,00.[/qс
Што збориш бе човек, зар треба докторат да имаш за да знаеш CV да напишеш? Колку треба да си глуп да не знаеш тоа да го направиш? Прва средно деца го прават тоа по македонски.

Затоа ќе чмаат невработени а ќе кукаат како завршиле 10,00.
Тоа на секој може да се случи и мислам дека не треба да е мерило на знаење...а демек ако сите знаат да направат cv. ке има работа за сите нема врска
 
На неписмен може да му се случи, на некој што се декларира како факултетски образован и магистер по економски науки не. Чим не знае такво нешто да состави, писмената комуникација со странки ќе му биде циркус Медрано.

вакви оправдања само во на мама тато фирмата, во странски не.
 
Тоа на секој може да се случи и мислам дека не треба да е мерило на знаење...а демек ако сите знаат да направат cv. ке има работа за сите нема врска

Не е вистинско мерило на знаење, ама ако некој не знае CV да ми напише и да ми прати како што треба, нема шанси да го викнам на интервју. Тоа ти е common sense, нешто што во денешницава се смета како супер моќ ако го поседуваш.
Не дека многу CV-ата ќе ти сменат нешто во државава ако немаш човек што ќе те пикне некаде, ама барем кога веќе се декларираш како човек со факултет, напиши едно асално CV.
 
Ние не сме болоњски систем. Ние сме штанц-систем кој ќе се запише ќе заврши, дали со пари дали со врски.
Така да не е само економскиот факултет непросперитетен, системот ни е утнат.
 
Што збориш бе човек, зар треба докторат да имаш за да знаеш CV да напишеш? Колку треба да си глуп да не знаеш тоа да го направиш? Прва средно деца го прават тоа по македонски.

Затоа ќе чмаат невработени а ќе кукаат како завршиле 10,00.

Ама не е муабетот тоа. Муабетот е за оние способните кои седат дома. Океј, 10% од магистрите не знаат CV да напишат, ама останатите кои знаат и седат дома?
--- надополнето: 10 март 2013 во 16:28 ---
Демек ти екстра паметен... Тој што се трудел било на економски, било на правен ќе си го добие заслуженото. Системот сам ги рециклира фри рајдерите.

Да бе. Ова може да е поука од некоја народна приказна. Во реалноста не е така.
 
А да не збориме колку мислат одма после факултет да бидат директори. Дипломата не значи ништо ако немаш искуство. Се почнува од најдоле па потоа се пробиваш нагоре, ако те бива за тоа. Ако не, ќе си останеш доле, со диплома, за џабе.
 
Оваа поделба на просперитетен и не просперитетен факултет ја има само кај нас.
Јас милслам дека економијата како наука е интересна и има иднина во неа сако кај нас не е то што треба да е. Според мене треба да има кадровски промени и се би било топ.
 
Ако почнеме да гледаме на тој начин нема да ни се најде крајот.
Тогаш ниту еден факултет кај нас не е просперитетен, затоа е најпаметно да се студира надвор од државата нормално ако се имаат средства и можности.

Еве пример:

Братучед ми заврши ПМФ ( што јас го сметам за Godlike факултет со просек 9,8 ), и за тоа му подавам рака.
Е просперитетен факултетот и после се вработи во една од најреномираните Германски копмании, но не во тој оддел за кој што он беше кваливикуван.

Јас се запишав на Економски, сега сум прва година, не е лесен факултетот, но не може да се каже дека не е просперитетен.
Не го завршува секој факултетот, знам и такви што се откажале, а тие што го завршиле после секој со својата среќа.

А кај нас за тие што кажаа дека ако немаш човек да те пикне некаде се согласувам донекаде.

Кај нас ситуацијата е следна:

Тато директор - Синчето ќе заврши факултет ( Фон - каде што ќе го молат да се појави на полагање, само за да го видат како изгледа ) и после ќе си стане директорче.

Или па уште поубаво, откажете се од факултетот, станете терористи, па за некоја година ќе ве постават и за министри.
 
Еве едно лично искуство од мене:

Се распиша конкурс за пракса од една реномирана ревизорска компанија. И сега, фино лепо, се пријавивме неколку души, сите со колку-толку добро CV (не зборам за техничкиот изглед ко погоре што се дискутираше, туку за ставките внатре), потполнивме апликација, за која ни требаа повеќе од 3 саати, и чекавме.
Значи, аплициравме за 6 месечна пракса во ревизорска фирма, каде што работниот ден во тие месеци трае 14+ саати.
Ни се јавија на сите. Да ни кажат „повеќе среќа наредниот пат“.
Примија само еден наш колега. Постар една година од мене. Со уште минимум 10ина испити до дипломирање. Ама тој колега, дента кога почна на факултет да се зборува за огласот, се јави на мајка му „да му го среди CV-ти и да му напише мотивационо писмо, и да ја потсети тетката да не го заборави“.

Се работеше за пракса со можност за вработување. Т.е, секако ќе те вработат кога веќе толку време ќе те обучуваат, барем 6 месеци да не те плаќаат. Мислам дека е enough said, кога за пракса ти требаат врски, во оваа наша држава, колку сакаш биди капацитетен кадар, на кој сакаш факултет заврши, ништо не правиш.
 
Мислам дека е enough said, кога за пракса ти требаат врски, во оваа наша држава, колку сакаш биди капацитетен кадар, на кој сакаш факултет заврши, ништо не правиш.

Да имаше информатика завршено немаше овој муабет да го правиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom