Зошто Економскиот факултет не е просперитетен ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Две причини поради кои мислите дека не е просперитетен.
Првата е државата и газдите на приватните фирми.
Државата вработува партиски тоа се знае, а некои од приватните фирми своите најблиски роднини и пријатели.

Во една приватна фирма бараа Економист и од 150 пријавени со диплома ја избрале ќерката на поранешниот градоначалник која е со средно обрзование. Ова е една од причините поради која многу економисти седат дома.

Друга причина е тоа што 80% од економистите не знаат странски јазик и факултетот го завршиле онака колку да се каже дека имаат диплома. Е како да просперираат? Кој газда сака работник кој не знае како да му ја води фирмата? Не знаат да работат во офис, не знаат 2+2,.. итн
Само на 20% им е заслужена дипломата, а тие веќе ја напуштиле државата. ;)

Остајте Економски и Информатика не просперитетен.
Кај нас на УГД од 400 студенти, 350 или седат дома или работат како келнери, продавачи..., затоа што не знаат програмски јазик, а некои ни што е тоа скриншот и семинарските им се како да ги пишувало дете од 3 год. :tapp:
 
Да имаше информатика завршено немаше овој муабет да го правиш.

Да имав информатика завршено, по експресна постапка сега ќе бев ИТ менаџер во Т-хоум.
 
Причината што економски ( а и сите факултети) не се просперитетни е тоа што сите кога ќе завршат очекуваат работа дали во приватна дали во државна фирма,каде ќе земаат 400+ евра плата,ќе си ја накриват капата и чао.

Па нема толку работни места во цела Македонија колку што има дипломирани.Ако не најдет,седет дома и очекуваат чуда да се десет.Епа го нема тоа време повеќе.Сеа се бара целосно ангажирање,доживотно учење.

Имајте на ум,се започнува од идеата,таа е најскапа.
 
Да имав информатика завршено, по експресна постапка сега ќе бев ИТ менаџер во Т-хоум.

Епа ако нејќеш ИТ менаџер во Т-хоум тогаш можеш да работиш како таксист со диплома од економски.
 
мислам дека проблемот започнува уште во основно,средно..Оние кој не им идат природните науки или не учат се свртуваат кон овие факултети кој се реално полесни за да се завршат,и се праи навала на факултетот.Ти и стварно да си ептен добар у тоа дипломата ти се рамни со све ќоро и сакато што отишло таму.
 
Значи, најдобро занает да си научам ! :D
 
Една и единствена е причината, опулете се подалеку од носо. Зошто би било непросперитетно да се прат самари? Никој не користи магариња. Зошто би било непросперитетно да се прат ѕвонци? Немаме офци/крави/кози.

Логично на тоа: немаме економија бре луѓе. Како сакате да има економија ко немаме производство?

Значи, најдобро занает да си научам ! :D
Занаетот никогаш нема да те остави без леб.

Да имав информатика завршено, по експресна постапка сега ќе бев ИТ менаџер во Т-хоум.
Со оглед дека само црепови работат на високи места во Т-шит, не би се изненадил и со билошо (шо нема допирна точка со комуникации) да турат менаџер, директор, шеф, раководител на смена.
 
Епа ако нејќеш ИТ менаџер во Т-хоум тогаш можеш да работиш како таксист со диплома од економски.

Има братко и со технички факултети кај нас невработени.
 
Moре како тргнало и писмено и неписмено да се запишува на факултет , ништо чудно невработеноста да рипне до 50%. Денес се учи или Економски или Правен ( како што кажува темата ) а утре сите тие што ќе работат ? Положени испити све со 6-ка колку да се рече дека положил/а , а утре ќе работи у кафана , чисто да знае да преброи пари или да се разбере со пијаните муштерии по судски пат.
 
Ако почнеме да гледаме на тој начин нема да ни се најде крајот.
Тогаш ниту еден факултет кај нас не е просперитетен, затоа е најпаметно да се студира надвор од државата нормално ако се имаат средства и можности.

Еве пример:

Братучед ми заврши ПМФ ( што јас го сметам за Godlike факултет со просек 9,8 ), и за тоа му подавам рака.
Е просперитетен факултетот и после се вработи во една од најреномираните Германски копмании, но не во тој оддел за кој што он беше кваливикуван.

Јас се запишав на Економски, сега сум прва година, не е лесен факултетот, но не може да се каже дека не е просперитетен.
Не го завршува секој факултетот, знам и такви што се откажале, а тие што го завршиле после секој со својата среќа.

А кај нас за тие што кажаа дека ако немаш човек да те пикне некаде се согласувам донекаде.

Кај нас ситуацијата е следна:

Тато директор - Синчето ќе заврши факултет ( Фон - каде што ќе го молат да се појави на полагање, само за да го видат како изгледа ) и после ќе си стане директорче.

Или па уште поубаво, откажете се од факултетот, станете терористи, па за некоја година ќе ве постават и за министри.
Другар секој со својата срека не викам не,ама штом си уште прва година ... на друг начин гледаш на работите,еве лично за мене ке ти кажам
прва година:си мислиш има време се ке се среди ке дојдат подобри времиња
втора година:влагаш у шема учиш се змараш
трета : филмот те пука највеке демек готово све си решил,учиш некој стручни предмети и мислиш дека си експерт
четврта :свакаш колку е сатот кога и професорите ти викаат дека тука поради моменталната состојба тоа го немаме за обработка
 
мислам дека проблемот започнува уште во основно,средно..Оние кој не им идат природните науки или не учат се свртуваат кон овие факултети кој се реално полесни за да се завршат,и се праи навала на факултетот.Ти и стварно да си ептен добар у тоа дипломата ти се рамни со све ќоро и сакато што отишло таму.

Реално полесни жими мајка, зборам за економски до пред 4 до 5 години, на св.кирил и методиј.

Факултетот не е просперитетен поради премногу студенти, вработување со врски, отварање приватни факултети само од опшествени науки итн итн.
 
Причината што економски ( а и сите факултети) не се просперитетни е тоа што сите кога ќе завршат очекуваат работа дали во приватна дали во државна фирма,каде ќе земаат 400+ евра плата,ќе си ја накриват капата и чао.

Па нема толку работни места во цела Македонија колку што има дипломирани.Ако не најдет,седет дома и очекуваат чуда да се десет.Епа го нема тоа време повеќе.Сеа се бара целосно ангажирање,доживотно учење.

Имајте на ум,се започнува од идеата,таа е најскапа.[
Причината што економски ( а и сите факултети) не се просперитетни е тоа што сите кога ќе завршат очекуваат работа дали во приватна дали во државна фирма,каде ќе земаат 400+ евра плата,ќе си ја накриват капата и чао.

Па нема толку работни места во цела Македонија колку што има дипломирани.Ако не најдет,седет дома и очекуваат чуда да се десет.Епа го нема тоа време повеќе.Сеа се бара целосно ангажирање,доживотно учење.

Имајте на ум,се започнува од идеата,таа е најскапа.
Епа зашто да не земе плата 400евра, имам наогано огласи во кој се бара,познавање на 2 странски јазика,програми за работење,ауто кад и архи кад,предходно искуство просек9, не постар од 30 години плата 2оо евра. Со тие пари ке неможе да си купи месечна у јсп. и храна и сметки и ај сега кажи како да се ангажираме целосно
 
Како средношколец што планираше да се запише на економски, you made me thinк.
 
Како средношколец што планираше да се запише на економски, you made me thinк.
Па како да имаш голем избор кај да се запишеш па да му ја мислиш многу. Освен ПМФ/Електро, кај сите останатите факултети треба да стават знак над влезот "Среќно".
 
Причината што економски ( а и сите факултети) не се просперитетни е тоа што сите кога ќе завршат очекуваат работа дали во приватна дали во државна фирма,каде ќе земаат 400+ евра плата,ќе си ја накриват капата и чао.

Па нема толку работни места во цела Македонија колку што има дипломирани.Ако не најдет,седет дома и очекуваат чуда да се десет.Епа го нема тоа време повеќе.Сеа се бара целосно ангажирање,доживотно учење.

Имајте на ум,се започнува од идеата,таа е најскапа.
Со ова ме потсети на едно девојче заврши Германски и ја примиле на работа во фирма како преведувач ама она барала плата од 25.000 :pos: они и понудиле 15.000 преку сила највеќе до 18.000 и одбила, е сега нека седи дома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom