Сите заборавате една прилично суштинска работа.
Освен неколку предмети, Економски факултет го завршувате со заокружување.
Да, да. Секој ебан предмет е на заокружување, а и тоа прашањата без некаква смисла и цел. Извадени од фуснотите во appendix. Набројуванки х1000, ловење на граматички и правописни грешки, бодување од ракав, итн.
Прво, ова овозможува положување на предметите со масовно препишување. Сврти се само и кажи му на некој АБДАГАДБАВ и пола тест препишан.
Настрана препишувањето, факултетот се завршува без да научи студентот да се изразува. Од пренатрупаност нема можност да се развиваат и стимулираат дискусии на предавање. На испити, една сложена реченица не се составува во 4 години. И после 4 години максисмално затупување, што очекувате?
Пробајте на некој од техничките факултети да им објасните положување на предмет со заокружување. Писмено, усмено, решавање задачи, конкретни семинарски за кои мора душата да ти излезе. После 4 години едноставно се стекнува искуството нешто да се сработи, состави и реши проблемот.