Зошто Економскиот факултет не е просперитетен ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Не, не мислам дека сум фатил бога за муда, не мислам дека факултетот е до тој степен тежок да никој економист/правник не би го завршил. Напротив, ако си го испотиш газот малу поише, ќе се заврши. Ама поентата е дека многумина имаат страв да стапнат, или сакаат да завршат нешо на сосема друго поле коешто реално и поише го свиѓаат (се надевам). Така, во многу технички области има, и ќе има уше многу години дефицит, шо имплицира дека секако се наоѓа двојно полесно работа, ако те бива у областа шо ја изучуваш.
Не познавам некој со купена оценка на факултетов, извини, едино сум чул гласина дека една професорка го презапишала нејзин роднина за поен ипол, дека јбг, принципиелна си е. И дека една колешка и пиша пониска оцена за 0,2 поени, дека еден симбол не и бил убо напишан. ФИНКИ професорите ти се колектива земени од електро и пмф, и стаени у зградата на ТМФ поради непостоечка зграда за ФИНКИ. Зашо би било поразлично од другиве два факултети, кога се буквално истите фаци?
Ама ете, ако дадеме дека од некои професори може да се купи оцена, тогаш од кај тоа дека на правен од НИКОЈ не може да се купи оцена? Или работава, да се изруга ФИНКИ дека има некои абдали шо успеале/ќе успеат да завршат?
Па, јасно дека има, ги има на секој факултет.

Не омаловажувам ја други факултети, нигде нагоре не се карав дека вашите факултети се нешо прелесни, можда за степен полесни би рекол, ама тоа секој својот факс си го носи у срце и го брани.

И нигде не реков дека те излажала твојава другарка, поентата беше за останатите 2 испити, во 2ра година се да не речам 4 од 5те најтешки предмети на ФИНКИ, не се ИЧ малку 2 да ти останат за август. Јас ти посочив на твоето "мојата другарка има оставено 2 испити за август, ама ништо страшно претпоставувам". Тоа е огромна глупост да го кажеш.

Ја нигде не имплицирам на твојот/вашиот факултет. Нигде ама баш нигде. И реков дека е дебатлива тежината на вашиот(НОВ) факултет, што и реално е така, посебно откако се формира финки и квотите станаа поголеми од оние на правен и на економски. Сигурно помалце ги буткаат оние што се у приватна квота(да речеме дека се 300+) отколку што е било претходно кога имало 200 електраши вкупно(а сега се 3-4 пати повеќе), бидејќи цицаат и ќе цицаат пари од нив. А и не е џабе формиран Финки, сем да се поисперат пари и вмровчињата малце да си напунат џеб, башка и буџетот нели да се напуни да има од кај административците пари да земат. Иначе кај се видело да се запишуваат у државава, 600,700 + ученици на Електро досега. Сигурно има нешто позади завесата.
Правен цело време си е константо со +/- 600 души(има тренд на паѓање ради новиот систем), и затоа не е трпел некои ептен големи промени. Јест да го сменија малце ектс системот и го вратија она комунистичкото на 3 лекции усно цел материјал(и се дешава и писмено не дека не).
А ти да се осамостоиш ко нов факултет, нов статут, нови принципи на работа, и пред се НОВА КВОТА на запишани студенти е неможеш бе другар да ми кажеш дека е се исто ко порано.
Ајде ќе видиме од првата генерација колку дипломирани ќе има па ќе праиме муабет за бројките, вака се е тресење вода 300 души биле, не биле толку, многу помалку се.
Поентата ми е, дека се гледа од авион дека критериумите на техничките факултети се далеку опаднати, пред се заради тој факт што има дефицитен кадар од таквите струки, а сегашниве средношколци не ја избегнуваат математиката, туку гледаат да има примеси на полесен факултет + поголем просперитет.
 
Па не е просперитетен затоа што денес секоја втора неписмена будала се запишува на факултет. И што мислиш кој факултет ќе го одбере за да се запише? - Економски, секако. Друго што имам забележано кај повеќето од овие што ќе се запишуваат или што веќе се запишале на економски, е тоа што мислат/си прават филмови дека ако учат таков факултет обавезно ќе бидат газди, ќе имаат свои "корпорации" и ќе прават невидена пара. Така размислуваат (повеќето од нив), за жал. Вакви филмови друже нема ни во Холивуд. ;)
--- надополнето: 5 јули 2013 во 19:00 ---
Ја видов темата онака ептен случајно, видов што се пишува тука и ме испровоциравте да пишaм.
Студирам на правен(Јустинијан), избрав струка која е пренатрупана од дипломирани - факт.

Е сега, гледам тука прилично многу се изруга економски и правен. Тоа е тоа што ме испровоцира искрено.

Ко прво, непобитен факт е дека има премногу правници и економисти, но ПРЕД СЕ заради тоа што сега се отворија факултети насекаде - Кочани,Мочани а-у, и факт што од ФОН,Европски,Американ, Факултет за бизнис и менаџмент, што ти ја знам кои уште, се натрупаа премногу (сомнително дипломирани) од оваа област. Еве расчистивме.

Второ, ја незнам како мислите вие дека овие техничките факултети се нешто WOW!!! И тие се гола вода, искрено.
Немој некој да ми каже дека финки бил некој просперитетен каде што се запишуваат повеќе студенти од правен и економски(у скопје гледано) ЗАЕДНО! Факт е дека Финки е најголема пералница на пари моментално у државава. Пуштија две реклами технички факултети просперитетни биле и одма сега секакви средношколци се запишуваат и истите тие секакви завршуваат(дали за 5-6 години небитно). И сега у ситуација кога се запишуваат 700-800-900 души на финки, ми трупаат у глава дека било ептен амбициозно, ма немоооој! И немојте муабети од типот пола од тие се отпишуваат,префрлуваат и тн, кога и на правен и на економски се истото дешава. Пример, кога јас се запишував на правен, се запишавме 600ина души(зборам за правни студии) од тие останаа 400.За економски незнам.
Бидејки не сум од скопје, 2 години седам на стан(лани со 2ца на геодезија, оваа година со 1 на градежен и еден машински).... И знам како е да се патиш 2 недели за испит да спремаш а некој да истргне 1000 денари за ГОТОВ ЕЛАБОРАТ(геодетски незнам како идат термините) и да си ќариш 8ца у индекс. И тоа 2 предмети у еден семестар, да ги поминеш со 8ка без Никаков труд, само со дадени 1000 денари од елаборат.
Машински - немојте ве молам, 51 поен за 6ка, па тоа го нема ни у београду.Плус 10-15 поени се добиваат од задачи за ДОМА, а тие нормално задачи не се решени со пот и труд, туку пак се дава 500че да се помине.Или им даваат 15 типа на задачи кои се решавани по 10 пати на вежби и на колоквиум им дадат исти задачи со сменети бројки.Имаат типциве ПОПРАВНА СЕСИЈА НА ПОПРАВНАТА(100%). И некој ќе ми каже технички факултет а-у. Па ја сега моментално математика знам повеќе отколку 30% од оние на градежен и машински. Знам какви луѓе се запишуваат на тие факултети, незнаеа дропка да множат, сега ќе ми глумат инженери. И да, џабе ќе им е таа диплома кога појма ќе немаат.
Или онојпат едно другарче на информатика смер на пмф единствен што останал, има 6 души запишани, па ви се молам, тие имаат привилегии ко поларни мечки, чувани се ко риби у аквариум, им се попушта едно друго, пошто ако ги нема тие 6(ШЕСТ) души ќе нема од кого пари да земаат.
Цимерот мој лански у средно имаше 2ки математика со препишување, еве го сега све си исчисти на градежен. Логика, anyone?
Знам точно какви мои другари се запишуваат на тие факсови и знам точно колкави се нивните математичарски,физичарски,хемичарски способности, и никако не ми влага у глава како можат тие толку лесно да си завршуваат со толкави мали предзнаења за овие области(од средно). А 100% сум сигурен дека не се оставиле 3-4 месеци од учење математика или што и да е.
Луѓе со по 2-3 успех у средно идат на машински,градежен и кога ги сретнеш на улица си шетаат без разлика дали е лето,зима,40+степени,ноќ... некој ќе ми каже тешко е, абе ајде ве молам немојте со такви изјави.
Гарантирам дека правен и економски (на УКИМ у скопје зборам) се потешки од градежен машински, па можам да кажам и финки(пошто финки не го сметам за прав ЕЛЕКТРО(ко некад што е било, кој е далеку потежок од правен и економски).Мада за со финки малце е дебатливо.

Да не се разбереме погрешно, секоја чест на исклучоците кои не се повеќе од 20-30% на тие факултети.
Препишување има сегде на секој факултет. Тука нема простор за дебата.

Иначе и кај нас на правен има предмети кои се полагаат со прашања од копирниците у мавровка, ама проблемот е што на крај 70 поени ти се од усен завршен испит очи у очи со професор на цел материјал (кој скоро никад не е под 300-350 страни).

Лошо, многу лошо е што се кљука на секој студент на правен/економски дека премногу ги имало,дека таксисти работеле,келнери,молери, и што е најтрагично тоа се збори од страна на оние на машински/градежен, ко демек они по 3 недели не спијат за да учат/задачи да решаваат. Ве молам.
Затоа гледам по улица адвокатите у слободно време молери работат и келнери се по кафичите, а не возат бмв-иња,ауди, имаат кључ од станови од 120 квадрати у елитни населби, и се газди на што све не. Just sayin.

Плус фактот што Македонија нема индустрија(сеуште) за да исхрани 500-600-700 дипломци на електро. И гледам секој стана програмер за странски фирми, се утепаа од програмирање, а не да идат за 12000 да работат ко црнци.Please.

Не дека кога се заврши правен/економски се е мед и млеко, дека секој што заврши е квалитетен и образован. Ама гарантирам дека процентот е поголем(на уким) од оној на оние технички("просперитетни") факултети.

Ти не си свесен што зборуваш. Техничките факултети гола вода? Ако се гола вода оди запиши се штом така кога знаеш дека се просперитетни. За откажување да, се откажуваат и на правен ама како што самиот кажа од 600 души, 200 се откажуваат, а 400 остануваат. А на техничките (Пр. Финки) 400 се запишуваат 40 остануваат. Па сега ти види ја разликата. На електро и градежен ист случај. На градежен оваа година се запишаа најмногу до сега, ама уште во вториот семестар пола ги немаше, а во трети семестар четвртина ќе бидат (Во превод - 30 студенти). А твојот цимер од машински ако бил на смерот менаџмент (најлесниот смер на машински, кој е сепак многу потежок од најтешкиот смер на правен и економски) тогаш заеби ти споредби. А тоа со домашните задачи што викаш носеле 15 поени, незнам колку сакаат нека носат, тие си имаат МИНИМАЛЕН процент на учество во висината на оценката и секако треба претходно да имаш преодна оценка за да можат да ти се сметаат. Ако ти немаш за 6-ка, џабе ти се поените од домашни. Пр. ако тебе за неколку бода ти фали 7-ка, ти треба да го имаш напишано поголемиот дел од нив и тоа да имаш освоено повеќе поени (на тие што си ги предал). Значи ти со тие домашни можеш да скокнеш максимум една оценка и тоа ако си на граница.

Друга работа, ти знаеш ли колку труд треба да вложиш на технички факултет за да добиеш потпис? Додека вие од правен собирате сили да ги научите комбинациите од прашањата (што секоја година ви се паѓаат истите) за една 6-ка, од технички мислат на тоа дали ги завршиле сите домашни како што треба и дали ќе имаат ако не 50 (од колоквиум), барем половина од тие поени (25 поени) за да добијат потпис. Покрај сите активности, потребна е и постојана присутност и една четвртина освоени поени од вкупните поени (што можат да се освојат од колоквиум) за да се добие потпис по предметот. А да не зборуваме за тоа колку време за учење имаат покрај сите тие обврски. Многу малку! Треба ли да напоменам и дека на некои од техничките наставата се одвива од утро до мрак?!

Ако многу многу се сомневаш, тргни од тоа од каде најмногу се запишуваат и каде најмногу дипломираат.

Само друг пат вакви шеги поврзани со техничките факултети НЕ!
 
Па не е просперитетен затоа што денес секоја втора неписмена будала се запишува на факултет. И што мислиш кој факултет ќе го одбере за да се запише? - Економски, секако. Друго што имам забележано кај повеќето од овие што ќе се запишуваат или што веќе се запишале на економски, е тоа што мислат/си прават филмови дека ако учат таков факултет обавезно ќе бидат газди, ќе имаат свои "корпорации" и ќе прават невидена пара. Така размислуваат (повеќето од нив), за жал. Вакви филмови друже нема ни во Холивуд. ;)
--- надополнето: 5 јули 2013 во 19:00 ---

Ти не си свесен што зборуваш. Техничките факултети гола вода? Ако се гола вода оди запиши се штом така кога знаеш дека се просперитетни. За откажување да, се откажуваат и на правен ама како што самиот кажа од 600 души, 200 се откажуваат, а 400 остануваат. А на техничките (Пр. Финки) 400 се запишуваат 40 остануваат. Па сега ти види ја разликата. На електро и градежен ист случај. На градежен оваа година се запишаа најмногу до сега, ама уште во вториот семестар пола ги немаше, а во трети семестар четвртина ќе бидат (Во превод - 30 студенти). А твојот цимер од машински ако бил на смерот менаџмент (најлесниот смер на машински, кој е сепак многу потежок од најтешкиот смер на правен и економски) тогаш заеби ти споредби. А тоа со домашните задачи што викаш носеле 15 поени, незнам колку сакаат нека носат, тие си имаат МИНИМАЛЕН процент на учество во висината на оценката и секако треба претходно да имаш преодна оценка за да можат да ти се сметаат. Ако ти немаш за 6-ка, џабе ти се поените од домашни. Пр. ако тебе за неколку бода ти фали 7-ка, ти треба да го имаш напишано поголемиот дел од нив и тоа да имаш освоено повеќе поени (на тие што си ги предал). Значи ти со тие домашни можеш да скокнеш максимум една оценка и тоа ако си на граница.

Друга работа, ти знаеш ли колку труд треба да вложиш на технички факултет за да добиеш потпис? Додека вие од правен собирате сили да ги научите комбинациите од прашањата (што секоја година ви се паѓаат истите) за една 6-ка, од технички мислат на тоа дали ги завршиле сите домашни како што треба и дали ќе имаат ако не 50 (од колоквиум), барем половина од тие поени (25 поени) за да добијат потпис. Покрај сите активности, потребна е и постојана присутност и една четвртина освоени поени од вкупните поени (што можат да се освојат од колоквиум) за да се добие потпис по предметот. А да не зборуваме за тоа колку време за учење имаат покрај сите тие обврски. Многу малку! Треба ли да напоменам и дека на некои од техничките наставата се одвива од утро до мрак?!

Ако многу многу се сомневаш, тргни од тоа од каде најмногу се запишуваат и каде најмногу дипломираат.

Само друг пат вакви шеги поврзани со техничките факултети НЕ!

хахахахаха....
Ајде ајде... ја барем сум запознаен малку од малку како идат работите на машински, не викам многу... А ти очигледно уопште немаш поим како стојат работите на правен... усно 3 лекции а книга под 350 страни не сме имале.
Абе дечко дечко, некој ќе го заврши факултетот за 4 години, а тие што ги однемало - заглавените ќе го завршат за 5-6-7 години, ама пак ќе го завршат, зар не ? (зборам за техничките смерови т.е области)
Ти викам дека џабе мудрувате тука дека ви е тешко, а на правен/економски е дааалеку полесно, кога не е така... Реално, владава за да привлече студенти на техничките факултети знаеш што прави ? - ГИ ПРАИ ПОЛЕСНИ.
И те молам не ми збори какви биле луѓево кои студирале со мене, кога јас бев постојано со нив и знам како ги полагаа предметите (читај - купени елаборати).
Абе ајде само 10% остануваат на финки? хм... чудна работа, незнам ја тие 10% азијци ли се или мозоци ? Не би рекол.
Педер, не викам дека не им е од утро до мрак, али тие задачи/ствари/лекции/цртежи што ги учите ви се 75% научени од самиот факт што сте посетувале настава. Оди кај нас да видиш како некој ти збори цело време за обама а треба да предава за семејно право (прост пример).
Не реков дека ви е лесно... само не ли мислите дека малце претерувате со омаловажувањето кон тие две "преплавени" струки, у смисла што се "премногу лесни". Оди кај нас на 600 страни одговарај на рандом лекција да те видам.
Не те ни знам, али не очекував до толку ароганција и непочитување у пост напишан од студент. У секој случај, поздрав и со среќа да ти е факултетот (претпоставувам на машински си )
 
Не сум запознаен со правен? Па брат ми студира на правен и куп мои познаници. Дома не се завртени, а се чистат. Кога видоа што се учам умот им се сврте. И како не рече дека ни е лесно кога рече? Ти си првиот што сум го слушнал да каже дека техничките биле гола вода. Па мене сите што ги познавам од правен и економски ми имаат кажувано што и како се учи таму. Во студентските домови нема мир од нив и од тие на педагошки, дефектологија и филозофија. Од што нема што да прават нон-стоп урлаат и си ги ладат. Не зборувам напразно и не се правам паметен ако не знам некои работи. Познавам луѓе за кои со сигурност ти тврдам дека не знаат убаво да читаат, а чистат. Е сега правен дека е потежок од економски потежок е. А што рече погоре ќе го завршат нашиве за 5-6-7 години? Епа? 99% (барем на мојот факултет) се дојдени од математичко, значи деца што му оди математиката, логичари. И сега ти заклучи дека и поркај тоа што голем дел од нив заглавуваат па и по 7 години, техничките се гола вода. Најчестата работа што ја слушам од студенти на правен и економски кога ќе им кажам дека сум на технички е дека поарно ќе си одживееле убав студентски живот и ќе си минеле полесно, отколку да биле како мене и другите студенти од технички, да учеле глупости и живци да корнеле.
И не сум на машински, на градежен сум. А знаеш што има на градежен? Материјал за бубање колку на економски факултет, куп (тешки) задачи за решавање по 90% од предметите и мнооогу цртање (работиме и со милиметри). Со побелени коси ги има уште студираат. Инаку да "гола вода" е.
 
Зашто тоа?
 
^па сите иаме по некој познаници што учат таму,што сум ги проценил колку учат и колку ми вреди нивното мислење.Може да сум грешка али според мое искуство тие што учеа од основно си продолжија на исто ниво..Па имам другари што и беа онака средни по успех во средно и основно на економски што се,само на математиката се жалат али и таа дел ја прошле со препишување..Додека на право сите ми зборат дека имало многу материјал.Исто и дека правосудниот бил апла тежок.
Сепак може има разлика од смер до смер :)
 
Па затоа што правен има повеќе материјал за бубање отколку економскиот, тоа е факт. Економски има 4 предмети во семестар, од кои два редовни и два изборни, ама изборните се лесни. Братучеди, пријатели, познаници ми имаат кажувано дека изборните не ги ни сметале за предмети. Е сега точно дека има и неколку потешки предмети како математика, ама знам дека многу лесно се справуваат со тој предмет со помош на таблиците што ги имаат. Во нив пикаат ливчиња со решени задачи и партали прават, препис невиден, башка што преписот резултира со 8ки-9ки. :cautious: И најтрагично е што не е само математика предмет по кој се препишува. Друго, имало колоквиуми на заокружување o_O Но добро такви има и на правен.
--- надополнето: 5 јули 2013 во 21:48 ---
Па затоа што правен има повеќе материјал за бубање отколку економскиот, тоа е факт. Економски има 4 предмети во семестар, од кои два редовни и два изборни, ама изборните се лесни. Братучеди, пријатели, познаници ми имаат кажувано дека изборните не ги ни сметале за предмети. Е сега точно дека има и неколку потешки предмети како математика, ама знам дека многу лесно се справуваат со тој предмет со помош на таблиците што ги имаат. Во нив пикаат ливчиња со решени задачи и партали прават, препис невиден, башка што преписот резултира со 8ки-9ки. :cautious: И најтрагично е што не е само математика предмет по кој се препишува. Друго, имало и колоквиуми на заокружување o_O Но добро такви има и на правен.
--- надополнето: 5 јули 2013 во 22:47 ---
П.с. Споредбата погоре важи за оние студенти од правен и економски што навистина учат. А нормално за тие што си се вадат со препис било кој од двата факултета ќе биде им биде лесен.
 
Не сум запознаен со правен? Па брат ми студира на правен и куп мои познаници. Дома не се завртени, а се чистат. Кога видоа што се учам умот им се сврте. И како не рече дека ни е лесно кога рече? Ти си првиот што сум го слушнал да каже дека техничките биле гола вода. Па мене сите што ги познавам од правен и економски ми имаат кажувано што и како се учи таму. Во студентските домови нема мир од нив и од тие на педагошки, дефектологија и филозофија. Од што нема што да прават нон-стоп урлаат и си ги ладат. Не зборувам напразно и не се правам паметен ако не знам некои работи. Познавам луѓе за кои со сигурност ти тврдам дека не знаат убаво да читаат, а чистат. Е сега правен дека е потежок од економски потежок е. А што рече погоре ќе го завршат нашиве за 5-6-7 години? Епа? 99% (барем на мојот факултет) се дојдени од математичко, значи деца што му оди математиката, логичари. И сега ти заклучи дека и поркај тоа што голем дел од нив заглавуваат па и по 7 години, техничките се гола вода. Најчестата работа што ја слушам од студенти на правен и економски кога ќе им кажам дека сум на технички е дека поарно ќе си одживееле убав студентски живот и ќе си минеле полесно, отколку да биле како мене и другите студенти од технички, да учеле глупости и живци да корнеле.
И не сум на машински, на градежен сум. А знаеш што има на градежен? Материјал за бубање колку на економски факултет, куп (тешки) задачи за решавање по 90% од предметите и мнооогу цртање (работиме и со милиметри). Со побелени коси ги има уште студираат. Инаку да "гола вода" е.
Ти можда си запознаен со стариот систем на полагање кој што се состои од два колоквиуми на заокружување кои те ослободуваат од полагање на испит.
Арно ама од пред 2 години е воведен нов систем со кој имаш два влезни колоквиуми кои доколку ги положиш не те ослободуваат од полагање на цел испит или со други зборови треба да ги положиш двата колоквиуми НО ТОА НЕ Е СЕ потоа одиш на усен/писмен испит кој доколку не го положиш џабе си ги поминал колоквиумите
beneamata поради ова правен е потежок од економски
и друга работа е тоа што меѓу семестри немаш ни еден ден пауза уствари грешка имаш минус 5 дена пауза(последниот РЕДОВЕН испит го полагавме во петок, во првата недела од четврт семестар :pos:)
и друга работа е распоредот на испитите кој е во најмала рака скандалозен. Во понеделник полагаш испит од 500 страни, среда испит од 400 и во сабота испит од 600 :facepalm:
и да после овие промени правен е дефинитивно во топ 3 најтешки факултети
 
За перспектива незнам али пичиња има за извоз,не ко техничариве на 100 мушки едно женче:icon_lol:
 
Ти можда си запознаен со стариот систем на полагање кој што се состои од два колоквиуми на заокружување кои те ослободуваат од полагање на испит.
Арно ама од пред 2 години е воведен нов систем со кој имаш два влезни колоквиуми кои доколку ги положиш не те ослободуваат од полагање на цел испит или со други зборови треба да ги положиш двата колоквиуми НО ТОА НЕ Е СЕ потоа одиш на усен/писмен испит кој доколку не го положиш џабе си ги поминал колоквиумите
beneamata поради ова правен е потежок од економски
и друга работа е тоа што меѓу семестри немаш ни еден ден пауза уствари грешка имаш минус 5 дена пауза(последниот РЕДОВЕН испит го полагавме во петок, во првата недела од четврт семестар :pos:)
и друга работа е распоредот на испитите кој е во најмала рака скандалозен. Во понеделник полагаш испит од 500 страни, среда испит од 400 и во сабота испит од 600 :facepalm:
и да после овие промени правен е дефинитивно во топ 3 најтешки факултети

Јас за новиот систем зборувам не за стариот. А што би рекол да имаш и бубање еден куп страни и куп (тешки) задачи за решавање и плус огромни хамери за цртање секоја недела? А? Тогаш ќе треба да протестираш :pos: Да мораш да одиш на предавања и да дремеш по цела ден таму? Да немаш слободна недела пред колоквиум? И плус испитите да ти се едно до друго исто како и на правен. И да мораш да ја запамтиш и сфатиш секоја ситница убаво (што не е возможно) оти мала работа ако заебеш нема да ти излезе задачата како што треба или пак нема да можеш да продолжиш со учење цела ден во место ќе тапкаш, м? И да, стојам на тоа дека правен не е еден од најтешките, но сепак од економски го ценам многу повеќе.
 
^па сите иаме по некој познаници што учат таму,што сум ги проценил колку учат и колку ми вреди нивното мислење.Може да сум грешка али според мое искуство тие што учеа од основно си продолжија на исто ниво..Па имам другари што и беа онака средни по успех во средно и основно на економски што се,само на математиката се жалат али и таа дел ја прошле со препишување..Додека на право сите ми зборат дека имало многу материјал.Исто и дека правосудниот бил апла тежок.
Сепак може има разлика од смер до смер :)

Па затоа што правен има повеќе материјал за бубање отколку економскиот, тоа е факт. Економски има 4 предмети во семестар, од кои два редовни и два изборни, ама изборните се лесни. Братучеди, пријатели, познаници ми имаат кажувано дека изборните не ги ни сметале за предмети. Е сега точно дека има и неколку потешки предмети како математика, ама знам дека многу лесно се справуваат со тој предмет со помош на таблиците што ги имаат. Во нив пикаат ливчиња со решени задачи и партали прават, препис невиден, башка што преписот резултира со 8ки-9ки. :cautious: И најтрагично е што не е само математика предмет по кој се препишува. Друго, имало колоквиуми на заокружување o_O Но добро такви има и на правен.

П.с. Споредбата погоре важи за оние студенти од правен и економски што навистина учат. А нормално за тие што си се вадат со препис било кој од двата факултета ќе биде им биде лесен.
Не се 2 изборни во семестар туку 1. И да не мешаме правосудни и препишувачи, јас познавам што на медицина препишуваат со бубици па утре ќе ни бидат лекари, а е еден од најтешките факултети...

Сега кога веќе збориме за тие што навистина учат, најдобро ќе може да ни каже некој што учел и правен и економски, па и тој нема да биде меродавен бидејќи зависи од личност до личност за тоа кои предмети или што може подобро да разбере. На некој му оди лесно економската логика, на некој математиката, на некој јазиците, на некој учењето на памет.

Мене ми е глупо да зборам за тоа дека правен е потежок од економски, но еве да го земем пример нивниот предмет Економика кој што го сметаат за многу тежок и имам блиски другари кои го оставаа за понатака бидејќи не можат да го положат, истиот предмет со наслов Основи на Економија на Економски се смета за еден од полесните задолжителни предмети кој што со мерак го учиш.
Од друга страна, имавме изборен Трговско право со професор од Правен и систем на колоквиум како од правен(еден точен од 5 понудени), скоро и да немаше паднати студенти, еден од најлесните предмети за мене во текот на моето студирање, и доста интересен предмет.

Ова е од моето скромно искуство и познавање на работите, за мене правото е поедноставно од економијата, се разбира зависно и кои смерови на економски и кој смер на правен. Не знам што точно се учи на правен, но за мене доста интересен материјал кој се разбира полесно од материјалот во економијата според она што сум имал можност да го прочитам.

Ти можда си запознаен со стариот систем на полагање кој што се состои од два колоквиуми на заокружување кои те ослободуваат од полагање на испит.
Арно ама од пред 2 години е воведен нов систем со кој имаш два влезни колоквиуми кои доколку ги положиш не те ослободуваат од полагање на цел испит или со други зборови треба да ги положиш двата колоквиуми НО ТОА НЕ Е СЕ потоа одиш на усен/писмен испит кој доколку не го положиш џабе си ги поминал колоквиумите
beneamata поради ова правен е потежок од економски
и друга работа е тоа што меѓу семестри немаш ни еден ден пауза уствари грешка имаш минус 5 дена пауза(последниот РЕДОВЕН испит го полагавме во петок, во првата недела од четврт семестар :pos:)
и друга работа е распоредот на испитите кој е во најмала рака скандалозен. Во понеделник полагаш испит од 500 страни, среда испит од 400 и во сабота испит од 600 :facepalm:
и да после овие промени правен е дефинитивно во топ 3 најтешки факултети
Работите драстично се сменија со новиот систем, но пак и имам другари што се на правен и не фаќаат книга или толку им фаќа црпката па се мачат да положат. Една другарка на правен ме прашуваше што значат зборовите во книгата, и после недела дена си купи лексикон :facepalm: Не се сите такви де... Само ете кога веќе генерализирате...
 
Не сум запознаен со правен? Па брат ми студира на правен и куп мои познаници. Дома не се завртени, а се чистат. Кога видоа што се учам умот им се сврте. И како не рече дека ни е лесно кога рече? Ти си првиот што сум го слушнал да каже дека техничките биле гола вода. Па мене сите што ги познавам од правен и економски ми имаат кажувано што и како се учи таму. Во студентските домови нема мир од нив и од тие на педагошки, дефектологија и филозофија. Од што нема што да прават нон-стоп урлаат и си ги ладат. Не зборувам напразно и не се правам паметен ако не знам некои работи. Познавам луѓе за кои со сигурност ти тврдам дека не знаат убаво да читаат, а чистат. Е сега правен дека е потежок од економски потежок е. А што рече погоре ќе го завршат нашиве за 5-6-7 години? Епа? 99% (барем на мојот факултет) се дојдени од математичко, значи деца што му оди математиката, логичари. И сега ти заклучи дека и поркај тоа што голем дел од нив заглавуваат па и по 7 години, техничките се гола вода. Најчестата работа што ја слушам од студенти на правен и економски кога ќе им кажам дека сум на технички е дека поарно ќе си одживееле убав студентски живот и ќе си минеле полесно, отколку да биле како мене и другите студенти од технички, да учеле глупости и живци да корнеле.
И не сум на машински, на градежен сум. А знаеш што има на градежен? Материјал за бубање колку на економски факултет, куп (тешки) задачи за решавање по 90% од предметите и мнооогу цртање (работиме и со милиметри). Со побелени коси ги има уште студираат. Инаку да "гола вода" е.

Дечко дечко дечко... Знам какви луѓе се запишаа на градежен 1 година пред мене, и моја генерација... луѓе со 2ки математика, и чистат, сега што треба да кажам ?
Ти можда си озбилен и си зацртал да завршиш за 4 год, и затоа ти е претешко пошто сакаш се на време да тераш..
И ај кажи ми на геодезија и на хидро не ли е гола вода? Биди муж и признај.

Тебе ти е поопуштено студирањето, реално. У смисла што немаш материјал од 600,700 страни кој мора да го учиш.. Си црташ, решаваш задачи, малце теорија. Тоа моеш да го праиш гледајќи фудбал, пиејќи кафе, седенка со другари, разбираш? Не ти треба тотален мир и спокој за да решаваш на пример. Додека за да учиш само теорија ти треба строга тишина и досадно станува.

Брат ти ако со лежење положил граѓанско,стварно ја одма тука го сечам на три парчиња. Дај ми ја да видам што си ти учел мене нема ама ич умот да ми се свртi, пошто бев прилично солиден математика, и не ја мрзев, имав 5ки константно. И затoа жалам искрено што отидов на правен, можев подобар избор да напраам баш заради тоа што ми идеше математика ама не е битно, си ја сакам струката. А тие што се чуделе што си учел, очигледно незнаат колку се 2x2. Fact.
А тоа што завршувате на 20ти мај, тоа е друга работа. Јас до претходната недела имав за полагање. А и има уште некои што полагаат од прва година.
Ако имате книга над 300 страни јави ми се. Ма незнам колку сака задачи нека има, колку милиметри, формули нека има, под 300 страни материјал немате. На вас факултетот ви е сведен на задачи,цртежи и незнам што.
И каква врска има психологија,фолозофски со правен/економски нигде не ги споредив и нигде не ги ни спомнав. Не врти муабет како ти тебе одговара. Зборам за правен/економски(на уким) и техничките насоки(исто на уким). Ништо друго.
И ајде објасни ми како може другарче што имаше 2ки и 3ки математика, незнаеше радиус на кружница што е, да чисти на градежен(на главната насока градежништво ли како се викаше)? Објасни ми. Толку е тешко значи?.
Има многу луѓе кои со прилично слаб просек се запишуваат(посебно на геодезија) и на крај си исчитиле доста предмети или завршиле за 5-6 години. Тоа геодезија РЕАЛНО е гола вода. Баш што ти викам, цимерите си платија цртежи(елаборати ли се викаа, не е битно) од типац за 500че од цртеж, и си имаа положено 2 предмети без молив у рука да земат. А да не зборам тоа изборните предмети кои смешки им се.
Изглеа незнаеш како е да се чита книга од 1000 страни која е толку тешка што да мавнеш некого со неа 90% го ставаш у кома.
Многу од тие што се запишуваат на правен/економски бегаат од математика, ја не бев од тие, бидејќи математиката ми беше солидна страна, туку бидејќи сакам да го учам тоа, сакам да размислувам критички(ова никој професор не го цени, и мораш сам да го развиваш) и едноставно си ја сакам струката.
--- надополнето: 6 јули 2013 во 12:51 ---
Не се 2 изборни во семестар туку 1. И да не мешаме правосудни и препишувачи, јас познавам што на медицина препишуваат со бубици па утре ќе ни бидат лекари, а е еден од најтешките факултети...

Сега кога веќе збориме за тие што навистина учат, најдобро ќе може да ни каже некој што учел и правен и економски, па и тој нема да биде меродавен бидејќи зависи од личност до личност за тоа кои предмети или што може подобро да разбере. На некој му оди лесно економската логика, на некој математиката, на некој јазиците, на некој учењето на памет.

Мене ми е глупо да зборам за тоа дека правен е потежок од економски, но еве да го земем пример нивниот предмет Економика кој што го сметаат за многу тежок и имам блиски другари кои го оставаа за понатака бидејќи не можат да го положат, истиот предмет со наслов Основи на Економија на Економски се смета за еден од полесните задолжителни предмети кој што со мерак го учиш.
Од друга страна, имавме изборен Трговско право со професор од Правен и систем на колоквиум како од правен(еден точен од 5 понудени), скоро и да немаше паднати студенти, еден од најлесните предмети за мене во текот на моето студирање, и доста интересен предмет.

Ова е од моето скромно искуство и познавање на работите, за мене правото е поедноставно од економијата, се разбира зависно и кои смерови на економски и кој смер на правен. Не знам што точно се учи на правен, но за мене доста интересен материјал кој се разбира полесно од материјалот во економијата според она што сум имал можност да го прочитам.

Работите драстично се сменија со новиот систем, но пак и имам другари што се на правен и не фаќаат книга или толку им фаќа црпката па се мачат да положат. Една другарка на правен ме прашуваше што значат зборовите во книгата, и после недела дена си купи лексикон :facepalm: Не се сите такви де... Само ете кога веќе генерализирате...

Вие можете преку колоквиум да чистите. Ние мораме на цел материјал. Ете тоа е потешкото. Кај вас е далеку по-организирано, зимаш 2 предмети на колоквиум, 2 на испит и те боли уво. Додека кај нас мораш да идеш на цел материјал, усно/писмено. Таков ни е новиот систем.
А тоа што Економика кај нас го сметаат за тежок предмет е ради книгата, која е натрупана и премногу безвезе. И никој не се запишал на правен да учи економија, сфаќаш?
А иначе ја економика го положив од прва, учев од на Таки Фити книгата, бидејќи беше каде-каде подобро објаснето и полесно објаснето. немаат положено економика, не ради тоа што е тешко, туку ради фактот што е одвратен предмет (за нас правниците).
 
Па тоа ми е поентата, за вас чим Економика е тежок, што би рекле за другите предмети. За нас Трговско право беше смешка предмет. Гледаш на каде целам? Остај ти тоа книгата ваква, книгата таква, сум ја читал, исто е, не е нуклеарна физика да не се разбира, освен тоа и прашања имате/имавте.

Пак ќе ти кажам, не зборам за новиот систем, зборам за системот до лани што ви беше до функција, да не зборам и за оној период кога имавте 1 слободна недела пред колоквиумска и уште 2 недели колоквиуми. Али ти помал си па не знаеш..
 
Дечко дечко дечко... Знам какви луѓе се запишаа на градежен 1 година пред мене, и моја генерација... луѓе со 2ки математика, и чистат, сега што треба да кажам ?
Ти можда си озбилен и си зацртал да завршиш за 4 год, и затоа ти е претешко пошто сакаш се на време да тераш..
И ај кажи ми на геодезија и на хидро не ли е гола вода? Биди муж и признај.

Тебе ти е поопуштено студирањето, реално. У смисла што немаш материјал од 600,700 страни кој мора да го учиш.. Си црташ, решаваш задачи, малце теорија. Тоа моеш да го праиш гледајќи фудбал, пиејќи кафе, седенка со другари, разбираш? Не ти треба тотален мир и спокој за да решаваш на пример. Додека за да учиш само теорија ти треба строга тишина и досадно станува.

Брат ти ако со лежење положил граѓанско,стварно ја одма тука го сечам на три парчиња. Дај ми ја да видам што си ти учел мене нема ама ич умот да ми се свртi, пошто бев прилично солиден математика, и не ја мрзев, имав 5ки константно. И затoа жалам искрено што отидов на правен, можев подобар избор да напраам баш заради тоа што ми идеше математика ама не е битно, си ја сакам струката. А тие што се чуделе што си учел, очигледно незнаат колку се 2x2. Fact.
А тоа што завршувате на 20ти мај, тоа е друга работа. Јас до претходната недела имав за полагање. А и има уште некои што полагаат од прва година.
Ако имате книга над 300 страни јави ми се. Ма незнам колку сака задачи нека има, колку милиметри, формули нека има, под 300 страни материјал немате. На вас факултетот ви е сведен на задачи,цртежи и незнам што.
И каква врска има психологија,фолозофски со правен/економски нигде не ги споредив и нигде не ги ни спомнав. Не врти муабет како ти тебе одговара. Зборам за правен/економски(на уким) и техничките насоки(исто на уким). Ништо друго.
И ајде објасни ми како може другарче што имаше 2ки и 3ки математика, незнаеше радиус на кружница што е, да чисти на градежен(на главната насока градежништво ли како се викаше)? Објасни ми. Толку е тешко значи?.
Има многу луѓе кои со прилично слаб просек се запишуваат(посебно на геодезија) и на крај си исчитиле доста предмети или завршиле за 5-6 години. Тоа геодезија РЕАЛНО е гола вода. Баш што ти викам, цимерите си платија цртежи(елаборати ли се викаа, не е битно) од типац за 500че од цртеж, и си имаа положено 2 предмети без молив у рука да земат. А да не зборам тоа изборните предмети кои смешки им се.
Изглеа незнаеш како е да се чита книга од 1000 страни која е толку тешка што да мавнеш некого со неа 90% го ставаш у кома.
Многу од тие што се запишуваат на правен/економски бегаат од математика, ја не бев од тие, бидејќи математиката ми беше солидна страна, туку бидејќи сакам да го учам тоа, сакам да размислувам критички(ова никој професор не го цени, и мораш сам да го развиваш) и едноставно си ја сакам струката.
--- надополнето: 6 јули 2013 во 12:51 ---

Вие можете преку колоквиум да чистите. Ние мораме на цел материјал. Ете тоа е потешкото. Кај вас е далеку по-организирано, зимаш 2 предмети на колоквиум, 2 на испит и те боли уво. Додека кај нас мораш да идеш на цел материјал, усно/писмено. Таков ни е новиот систем.
А тоа што Економика кај нас го сметаат за тежок предмет е ради книгата, која е натрупана и премногу безвезе. И никој не се запишал на правен да учи економија, сфаќаш?
А иначе ја економика го положив од прва, учев од на Таки Фити книгата, бидејќи беше каде-каде подобро објаснето и полесно објаснето. немаат положено економика, не ради тоа што е тешко, туку ради фактот што е одвратен предмет (за нас правниците).

Друже, јас пак ќе ти речам НЕ СИ СВЕСЕН ШТО ЗБОРУВАШ. Какво лежарно учење бре? Какво пивце, какви другари, какви пријатели? Занеш ли ти каква концентрација е потребна? За да напишам едно домашно (задачи) по главниот предмет ми биле потребни па и 15 часа. А само тоа ли е? Ами цртањето? Еден цртеж може да ти одземе и цела ден (зависи од големината на вежбата) и може да се случи да се бараат прво пресметки кои опфаќаат неколку страни (ако ги утнеш нив се грешка ќе нацрташ). А теоријата? Сме немале теорија под 300 страни? Јас само математика1 имав 400 страни теорија, ама ти не оти знаеш како е да се учи теорија математика, кај цели лекции па и докази па и формули... А 2-ката? А физика? А статика цела книга над 300 стр? Градежни конструкции 400 стр? И други предмети да не набројувам, а за овие од втора што беа поарно да не ти кажувам оти нема да ми веруваш колку теорија има за учење. И што викаш нема кај нас завршен а? Можам 2 на 2 да се земам. Немам 4 предмети у семестар туку имам 5, значи 10 во една година. И сите се изгор! Имав завршни испити и во прва и во втора (на повеќето предмети), незнам од кај ти е информацијава дека немаме, може со геодезија споредуваш што нема врска со Конструктивна насока.
Тоа што викаш имало 2-каши и 3-каши по математика кои положиле, да има и такви. Па интелигентни се бе, на времето не учеле ги мрзело. Може и изнадавале пари за приватни часови. И те што најмногу знаат одат на приватни, а не пак овие. Башка на некој не му оди бубањето повеќе му оди решавањето. Имам колеги од математичко коишто имале постојано 5-ки математика па оделе дури и по натпревари па не положиле дури и година квадрирале. Едноставно оваа математика е многу посложена од таа во средно и не можеле да се снајдат.
И погоре некаде во постовите прочитав си напишал техничките биле лесни сега оти владата пуштала реклами да се запишуваат студенти. Ако се лесни зошто градежен и електро се признати низ цел свет? (за Финки, машински и металуршки не сум сигурен ама веројатно се). Штом се признати тоа значи дека имаат многу високи критериуми како светските универзитети, оти инаку другите не те признаваат туку така без причина. Ти знаеш ли колкава е казната затвор ако се урне објект, а не дај боже да има луѓе внатре. Друга работа. Познавам многу студенти кои се отпишаа од градежен (од што им беше многу "лесно" и "лежерно") и се запишаа на правен и економски. Па еве ги таму луѓе станаа мислиш 2 години во една ќе земат. А некој да се отпишал од правен или економски од што му било многу тешко и да се запише на технички... е па немам слушнато. Ти познаваш таков?

И викаш економика ви било тешко? Па иста е како таа на економскиот, нивната може и поопширна е дека се економисти. Ако економика е тешка за вас (и покрај тоа што имате комбинации и дадени прашања)... тогаш може и го преценив правен во однос на економски...
 
Ок... очигледно нема докажување на такви ко тебе.
80% од постот ти се ствари кои уопште не сум ги ни рекол. Веќе немам намера да се карам со заслепени луѓе како тебе. Искрено не очекував толку многу ароганција и нереспектирање у еден пост, посебно не на овој подфорум :
Фурај си, мисли си што си мислиш, нема веќе да те убедувам, да се карам, и едноставно да си трошам време, пошто бесцелно е, ти си почитуваш едно, ја друго, ти имаш различно мислење и ја го почитувам, само што ти не го почитуваш. Ти посакувам среќа со факултетот и животот, терај си озбилно како што си тераш и се ќе си дојде на свое место. Поздрав.
п.с нигде не реков дека економика е тежок предмет.
нигде не реков дека се лесни тие факултети или гола вода, туку реков дека се каде-каде ОЛЕСНЕТИ у споредба со порано за да привлечат студенти.
Пак ќе речам, со среќа на секое поле, фурајте си филм, учете, трудете се и после се ќе дојде на свое место. Не те цитирам, нема да се карам безвезе, пошто има миљон други работи од тоа да се докажуваме. Fuck it, лето е и неќам да праам муабет за факултет.
Поздрав.
--- надополнето: 6 јули 2013 во 17:26 ---
Па тоа ми е поентата, за вас чим Економика е тежок, што би рекле за другите предмети. За нас Трговско право беше смешка предмет. Гледаш на каде целам? Остај ти тоа книгата ваква, книгата таква, сум ја читал, исто е, не е нуклеарна физика да не се разбира, освен тоа и прашања имате/имавте.

Пак ќе ти кажам, не зборам за новиот систем, зборам за системот до лани што ви беше до функција, да не зборам и за оној период кога имавте 1 слободна недела пред колоквиумска и уште 2 недели колоквиуми. Али ти помал си па не знаеш..

Среќа што сум по новиот систем, има 10x повеќе труд, и повеќе знаење имаш, башка учиш како да се изразуваш, и немоеш да се провлечеш со прашања, бидејќи на крај све се сведува на завршен испит на кој мораш све да знаеш за да положиш.
Факт е дека правен со новиот систем е каде-каде потежок од економски, си признаваат дечкиве по читална. Поздрав и до тебе, и ти посакувам среќа околу студии/работа.
Толку од мене на оваа тема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom