Знаење или игнорантност?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Би бил лишен затоа што игноратноста подразбира незнаење а ако не знаеш дека има и друг начин нема да имаш алтернатива.
Точно е дека ако нешто игнорираш не значи дека не знаеш,само до која мера зависи.
Ако на сред војна излезеш ќе бидеш стрелан како дезертер.Значи подобро е воопшто да не одиш во војна.

Ignorance is the state in which one lacks knowledge, is unaware of something or chooses to subjectively ignore information.

Ако мислиш на болдираново...тоа е друго. Никој од нас не може да знае се и да се замара со се и сешто,со работи кои воопшто не не засегаат или интересираат.На пример кој победил во реалното шоу на ТВ или шо му рекол Петре на Ставре пред зграда...
Баш на болдираното мислев, мило ми е што се разбравме. Инаку не сум и ни малку не би сакал да бидам како оние случаи што ги наброја во минатиот пост.:toe:
 
Ах, темава не би ја одговорил ниту на еден ниту на друг начин. И знаењето и игнорантноста си имаат свои предности и свои негативности.
Да започнам со знаењето.

Можеби до некаде и повеќе би ми одговарало, затоа што на овој начин, надвор од тој меур, би можел себеси да се изградам како посебна личност која ќе брани едно свои ставови. Ставови кои ќе бидат дел од еден реален свет, во кој ништо нема да се сведува на туѓите планови и исчекувања, туку воглавно сè ќе биде дел од мојата замисла за светот и неговата функција.
Негативноста за овој начин на живот тоа што се наидува на еден отпор од околината, како во целина, така и на отпор од поединци. Овој отпор понекогаш знае да биде и фатален и да нè остави на дното без притоа да најдеме некој пат за нагоре. Но нели, упорните успеваат да се издигнат и од под површината.

Во однос на игнорантноста... Убавото е што човекот како поединец станува дел од еден однапред испланиран механизам. Токму тоа е она што го олеснува животот. Сè е онапред испланирано и сè е точно предвидено. Да се биде дел од еден ваков механизам значи да се заборави на она што можеби некогаш било наша слика за градење на личноста. Со еден збор, животот за нас е само игра во која ние сме марионетки контролирани од други. Луѓе кои пронашле начин како за своја цел да ги манипулираат другите - оние кои не се свесни што е навистина поентата на реалниот свет.
Негативното: И покрај тоа што ние не сме свесни за постапките, туку едноставно живееме махинално, сепак одговараме за нив и ги сносиме последиците. А кога сме нечија марионета никој нема да внимава дали ние ќе бидеме повредени или не. Секогаш доѓата личната корист пред сè.

Попросто кажано, да го вкусиш знаењето е да бидеш од оние кои ги контрлоираат игнорантните. А да останеш игнорантен е своеволно да се приложиш како нечија марионета.




има и полошо,имено кога веќе имаме игнорантност сме далеку посклони кон инстинктивни задоволства и општо кон секакви па дури и материјални-кои реално и не постојат(во случајов барем)оттука имаш и слкабост и склонос...едноставно знаат што сакаш можеш да бидеш несвеснои контролиран

да земеме дека постојат тие материјални задоволства,ако вие уживате додека јадете фастфуд наместо додека читате достоевски или пак некоја друга книга...тогаш тешко

:nenene: Вистината никогаш не можи да те однеси до совршенството и идеалното, баш напротив, ќе ти покаже само колку многу си далеку.
Така да, ако бараш совршенство и идеално поблиску би бил доколку би одбрал сино апче :smir:

:ne::ne:

кажавме игнорантноста е живеење во виртуелен свет.

а кога под предпоставка да го имаш знаењето тогаш тука влегуваат и етички-моралните принципи,и здравата логика.

Со знаењето сме поблиску до совршенството-пази парадокс и совршенството е навистина релативно,значи ако збориме за знаење веќе мислам за еден вид на стандардизација на знаењата секој човек знае и тоа знаење го користи за продуктивни,мирољубиви и алтруистички цели.

така да да ја отфрлиме совршеноста како релативна,би рекол знаењето влијае позитивно врз општеството а игнорантноста е само како добар филм....кога ќе заврши филмот го гасите PC-то и се враќате во реалноста ВИЕ мора да ЗНАЕТЕ тоа е особина на човекот,тоа е програм генетски,привилегија е свеста исто и преемптивноста-ние сме програмирани да учиме и да придонесуваме.

игнорантност наједноставно е регрес:toe:

ЕДИТ.гладиус знаењето не го земам како фактор или предност која треба да ја(зло)употребиме за доминација или стварање на наши замисли(ова за болдот).
 
Опасно филозофска тема, штета што нема достојни опоненти да се препукуваме, па на кратко ќе кажам свој став.

Ниедно. Игнорарнтноста че ме доведе во совршена блажена состојба каде се` треба да тече мазно, но од друга страна се гледам себе си како вечен трагач по совршеното и идеалното, а само вистината може да биде тоа. Така, не би сакал да бирам. Но се надевам некој ќе ме испровоцира, имам доволно контра аргументи за двете...
:zlo:
Ова не е провокација, чисто ме интересира како ке избереш да не избереш!Значи сина или црвена пилула, што е измеѓу?(и не мислам буквално како во филмот:pipi:)
Јас лично би одела со црвената.Колку и да е мизерна вистината сепак не може да биде помизерна од живеењето во заблуда.
 
Лично би избрал знаење. Не е битно какви последици ќе повлече сето тоа, но знаењето е пред се. Кога ќе размислам подобро, зошто сме дојдени на овој свет?
Сигурно не сме дојдени за да живееме во незнаење и темнина, туку да осознаваме нови работи кои нема да ни помогнат само нас, туку ќе помогнат и за општеството.
Незнаењето носи и некои позитивности, но знаењето е далеку попозитивно.
Знаењето ќе ни донесе главоболки и неретко и исмејување, но ако успееме да стигнеме далеку и да умреме млади барем ќе си обезбедиме место меѓу бесмртните со тоа ќе останеме вечно запамтени на овој свет.
 
Знаењето е сила знаењето е моќ :icon_lol:, и без апчиња ќе ве молам... Мислам на оние апчиња што им ги даваат на учениците во Америка за концентрација, а кои во основа се легална дрога.
Значи одбирам знаење....
 
Од се' она што досега го имам поминато, сфаќам дека сознанието, свесноста за реалноста не е пријатна. Не видов многу фајде од тоа што знам толку многу работи, од тоа што успевам да стигнам до некоја вистина, што успевам да научам работи кои другите не ги научиле. Да, свесна сум за работите, да, не чинат работите и што добивам со тоа? Мизерија, фрустрации, нервоза, болка, лутина, бес... Ништо добро во превод. Понекогаш свесно замижувам на едно око и да ја игнорирам реалноста. Кога би можела да бирам, би избрала да си ја задржам интелигенцијата, но би избрала и да живеам во удобноста на незнаењето многу од работите кои ги искусив и ги сфатив. Знаењето е сила и моќ од една страна, но и проклетство од друга. Понекогаш е тешко да се најде балансот меѓу едното и другото. Така што, да резимирам, би ја избрала удобноста на игнорантноста (ако е тоа воопшто македонски збор?) иако сега ми е веќе прекасно да бирам, па си живеам во суровата реалност :)
 
Знаењето е сила знаењето е моќ :icon_lol:, и без апчиња ќе ве молам... Мислам на оние апчиња што им ги даваат на учениците во Америка за концентрација, а кои во основа се легална дрога.
Значи одбирам знаење....

одбираш.....не велам не!!!

само да знаеш лекот се вика Риталин(Methylphenidate) и им се дава на деца кои имаад ADD или недостаток на концентрација и внимание.
а да знаеш уште повеќе...ако за тебе риталинот е дрога тогаш....ЛОЛ

човече цела медицина се наркомани.:nenene::nenene:
 
само да знаеш лекот се вика Риталин(Methylphenidate) и им се дава на деца кои имаад ADD или недостаток на концентрација и внимание.
а да знаеш уште повеќе...ако за тебе риталинот е дрога тогаш....ЛОЛ
И јас како тинејџер имав недостаток на концентрација и внимание, ама тоа не беше карактеристика дека сум болен нешто па да пијам апчиња. Туку до мене седеше едно многу убаво девојче и мене поинтересно ми беше да и ги ѕиркам градите и вагината одвреме навреме, а за време на паузите помеѓу ѕиркање внимавав да не ме забележи иако денес сум сигурен дека забележуваше. И замисли сега мене да ми препиши мене некој лек кој се вика Риталин, по природен пат и без да ме труе некој со хемија изучив училиште :toe:.
 
Знаење.
Колку и да има лоши последици, подобро да живеам со тоа, него во имагинарен свет со преврска на очи.
 
Опасно филозофска тема, штета што нема достојни опоненти да се препукуваме, па на кратко ќе кажам свој став.

Ниедно. Игнорарнтноста че ме доведе во совршена блажена состојба каде се` треба да тече мазно, но од друга страна се гледам себе си како вечен трагач по совршеното и идеалното, а само вистината може да биде тоа. Така, не би сакал да бирам. Но се надевам некој ќе ме испровоцира, имам доволно контра аргументи за двете...
:zlo:
Тој/таа што ја избрал игнорантноста и живее во совршена блажена состојба е многу среќен човек а такви се ретки. Од друга страна викаш дека игнорантноста ќе те доведе до совршена состојба а само вистината е совршена и идеална. Малку си контрадикторен.:smir:

Јас би сакала да живеам во знаење но до одреден степен, да не ми го наруши мирот и спокојството. Значи за некои работи добро е да бидеш игнорантен што не значи дека е исто со глуп.:pipi:
 
Опасно филозофска тема, штета што нема достојни опоненти да се препукуваме, па на кратко ќе кажам свој став.

Ниедно. Игнорарнтноста че ме доведе во совршена блажена состојба каде се` треба да тече мазно, но од друга страна се гледам себе си како вечен трагач по совршеното и идеалното, а само вистината може да биде тоа. Така, не би сакал да бирам. Но се надевам некој ќе ме испровоцира, имам доволно контра аргументи за двете...
:zlo:

Не е битно да се има контра аргументи за двете... Битно е да се заземи одреден став, нормално дека сите (кој повеќе, кој помалку) ги знаеме предностите и слабостите на знаењето и игнорантноста...

Јас сепак сум за знаење, ќе имам на што да сум горд... Едноставно да научиш да знаеш, а сепак да немаш главоболки е особина која ја имаат малку луѓе. Да се остане трезен иако си свесен дека цел свет (вклучувајќи те и тебе) е пијан и уште потрагично, не е свесен за ситуацијата.

Знаење, дефинитивно.

Викторе, еве ти провокација за дебата, иако можеби ќе ме наречиш недостоен опонент. ;)
 
Знаење викате, а? :raz: Оние чисти, сирови и сурови факти?
Кога последен пат сте добиле шамар од нив?
Останавте на нозе? Паднавте? Уживавте во садо-мазо играта на знаењето со вас?
Или посакавте никогаш да не ги дознаевте? :smir:
 
Мислам дека повеќе би избрала знаење, барем во поголем дел од полињата во мојот живот, подобро да бидам што подобро информирана и да знам за нештата како би можела подобро да реагирам во било какви ситуации, без разлика на тоа што се работи. Игнорантноста од друга страна, некогаш навистина ги олеснува работите, создава помалку главоболки и тупење, но... сепак... ако не ги знаеме работите, не значи дека тие де факто не постојат - напротив, постојат и се многу реални - така што гласам за знаење. Знаењето го зацврстува човекот, го прави независен и самостоен и многу помали се шансите да биде манипулиран.
 
Знаење викате, а? :raz: Оние чисти, сирови и сурови факти?
Кога последен пат сте добиле шамар од нив?
Останавте на нозе? Паднавте? Уживавте во садо-мазо играта на знаењето со вас?
Или посакавте никогаш да не ги дознаевте? :smir:

Нојот цело време ја става главата во песок па сега дали е посреќен или не...
Нема садо-мазо...
Прашај некој рудар колку е среќен па ќе видиме...
Пука од среќа во блажената совршеност на игноранцијата...
 
Нојот цело време ја става главата во песок па сега дали е посреќен или не...
Нема садо-мазо...
Прашај некој рудар колку е среќен па ќе видиме...
Пука од среќа во блажената совршеност на игноранцијата...

Не зборев за рударска игнорантност, ама ај, кој разбрал-разбрал :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom