Знаење или игнорантност?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Дали сте го гледале Матрикс?
Повеќето од вас знаат за што станува збор .
Ја знаете сцената кога на главниот карактер му доаѓа морфеус и му раскажува дека ова не е реално туку виртуелна реалност и му дава избор едноставен : црвено апче и да се ја дознае вистината и реланиот свет или сино апче и ќе заборави што научил за матриксот и ќе продолжи да коегзистира во овој свет која за него ќе биде реален .
Ова влече свои последици црвено апче- будење во не толку пријатна реалност но со знаење и сознание
сино апче - продолжување да живееш во нереален свет како во меурче во сапуница удобно во незнаење

Слична тематика има и во библијата адам и ева биле прогонети од рајот поради тоа што вкусиле плод од дрвото на знаењето (како симболика колку знае да биде скапо платено знаењето)

Прашањето е просто; знаење (кое носи главоболки) или игноратност(и неговата удобност)?
Што би одбрале?
 
Без главоболки како ќе знаеме дека имаме нешто во главата кое се нарекува памет.:toe:

а ти конкретно што би одбрала?
 
Опасно филозофска тема, штета што нема достојни опоненти да се препукуваме, па на кратко ќе кажам свој став.

Ниедно. Игнорарнтноста че ме доведе во совршена блажена состојба каде се` треба да тече мазно, но од друга страна се гледам себе си како вечен трагач по совршеното и идеалното, а само вистината може да биде тоа. Така, не би сакал да бирам. Но се надевам некој ќе ме испровоцира, имам доволно контра аргументи за двете...
:zlo:
 
Ах, темава не би ја одговорил ниту на еден ниту на друг начин. И знаењето и игнорантноста си имаат свои предности и свои негативности.
Да започнам со знаењето.

Можеби до некаде и повеќе би ми одговарало, затоа што на овој начин, надвор од тој меур, би можел себеси да се изградам како посебна личност која ќе брани едно свои ставови. Ставови кои ќе бидат дел од еден реален свет, во кој ништо нема да се сведува на туѓите планови и исчекувања, туку воглавно сè ќе биде дел од мојата замисла за светот и неговата функција.
Негативноста за овој начин на живот тоа што се наидува на еден отпор од околината, како во целина, така и на отпор од поединци. Овој отпор понекогаш знае да биде и фатален и да нè остави на дното без притоа да најдеме некој пат за нагоре. Но нели, упорните успеваат да се издигнат и од под површината.

Во однос на игнорантноста... Убавото е што човекот како поединец станува дел од еден однапред испланиран механизам. Токму тоа е она што го олеснува животот. Сè е онапред испланирано и сè е точно предвидено. Да се биде дел од еден ваков механизам значи да се заборави на она што можеби некогаш било наша слика за градење на личноста. Со еден збор, животот за нас е само игра во која ние сме марионетки контролирани од други. Луѓе кои пронашле начин како за своја цел да ги манипулираат другите - оние кои не се свесни што е навистина поентата на реалниот свет.
Негативното: И покрај тоа што ние не сме свесни за постапките, туку едноставно живееме махинално, сепак одговараме за нив и ги сносиме последиците. А кога сме нечија марионета никој нема да внимава дали ние ќе бидеме повредени или не. Секогаш доѓата личната корист пред сè.

Попросто кажано, да го вкусиш знаењето е да бидеш од оние кои ги контрлоираат игнорантните. А да останеш игнорантен е своеволно да се приложиш како нечија марионета.
 
People fear thought as they fear nothing else on earth, more than ruin, more even than death. Many people would sooner die than think. In fact, they do so.

Црвеното апче во секој случај.Без разлика на главоболките кои ги носи.Точно е дека е поудобно и посигурно да се избере синото апче и дека тоа е најпопуларен избор...само би било многу досадно...
А и игнорантоста никако не гарантира дека некој би поминал поудобно иако на прв поглед така изгледа.Освен на емоционален план каде некој би бил помирен и самозадоволен со својата лоботомија.
Во денешно време целиот систем инсистира на игнорантност бидејќи најмалку што му треба се луѓе кои мислат со своја глава и знаат да направат разлика.Таков вид луѓе не се потребни за да функционира системот.Потребни се послушни работници,потрошувачи, овци кои веруваат што и како ќе им се каже и кои од раѓање до смрт ги повторуваат мантрите на игнорантноста.
Со еден збор системот штанца онакви умови и карактери кои најдобро се вклопуваат во матрицата.

"On some positions, Cowardice asks the question, "Is it safe?" Expediency asks the question, "Is it politic?" And Vanity comes along and asks the question, "Is it popular?" But Conscience asks the question "Is it right?" And there comes a time when one must take a position that is neither safe, nor politic, nor popular, but he must do it because Conscience tells him it is right."
 
Само половично знаење може да ти создаде главоболки.Вистинското гледање на светот не создава главоболки и страдање туку баш среќа.

Иначе убаво е и да си глупав тоа без дискусија.

Јас се решив за апчето(каменот) на мудроста.
 
Игнорантност и би уживал во тоа:toe:

Иначе мал предлог, може да се стави анкета за некој што не би сакал да философира, само да гласа.:salut:
 
Игнорантност и би уживал во тоа:toe:

Иначе мал предлог, може да се стави анкета за некој што не би сакал да философира, само да гласа.:salut:
Ако мислиш дека ќе уживаш во игноратноста...think twice...
 
Ако мислиш дека ќе уживаш во игноратноста...think twice...
Јебига додека не пробам нема ни да знам. Али во овој случај поинтересно ми изгледа.:toe:
Иначе кога ќе размислам поубаво и нашево општество или поточно тоа што ме опкружува ми наметнува да ја одберам игнорантноста.Не дека сум се определил за глупавоста и незнаењето...Уствари би можел да го одберам и знаењето али не би можел правилно да го искористам:toe:
 
Опасно филозофска тема, штета што нема достојни опоненти да се препукуваме, па на кратко ќе кажам свој став.

Ниедно. Игнорарнтноста че ме доведе во совршена блажена состојба каде се` треба да тече мазно, но од друга страна се гледам себе си како вечен трагач по совршеното и идеалното, а само вистината може да биде тоа. Така, не би сакал да бирам. Но се надевам некој ќе ме испровоцира, имам доволно контра аргументи за двете...
:zlo:
Ај да те испровоцирам...зошто мислиш дека со игнорантност ќе дојдеш до совршена-блажена состојба и се ќе тече мазно? Јас мислам дека е обратно...
 
Ај да те испровоцирам...зошто мислиш дека со игнорантност ќе дојдеш до совршена-блажена состојба и се ќе тече мазно? Јас мислам дека е обратно...
Еве ќе образложам зошто одбрав тоа и како го разбрав. Ако го одберам знаењето, проблемите ми се загарантирани. Ако ја одберам игнорантноста има шанси да уживам во таа совршена-блажена состојба. Од друга страна, има шанси да живеам и со проблеми, дури поголеми и од оние првите-од знаењето. Го одбрав првото, ваљда, зошто досега ме следела среќата. Исто така, игнорантност не значи и незнаење. Во секој момент можеш да се преобратиш, ама мислам дека темата е за конечен избора па така да... Не сум сосема определен по оваа тема, али повеќе тежнеам кон игнорантноста баш заради овие причини:toe:

Едит: Знам дека беше наменето за Виктор, ама и мене ме натера да размислувам па затоа ти реплицирав.:smir:
 
И ако ја одбереш игнорантноста проблемите ти се загарантирани.Единствено би бил лишен од алтернатива тоа е се.
Во војните гинат игнорантни,ги убива струја дома,умираат од болештини,веруваат во 72 девици по смртта,свети крави,си ја маваат главата од ѕид дека изгубил Арсенал,дека даноците не се арамилак...
Ако не си свесен за проблемите не значи дека не постојат.Како слонот во дневната соба кој никој не го гледа...
 
Можеби е се како што наброја, но зошто би бил лишен од алтернатива? Ако нешто игнорираш не значи дека незнаеш ништо за истото. Може на сред војна да ти скурчи да излезеш и да се бориш. А другово што го наброја не е како резултат на игнорантност, туку на глупавост и незнаење.
 
Би бил лишен затоа што игноратноста подразбира незнаење а ако не знаеш дека има и друг начин нема да имаш алтернатива.
Точно е дека ако нешто игнорираш не значи дека не знаеш,само до која мера зависи.
Ако на сред војна излезеш ќе бидеш стрелан како дезертер.Значи подобро е воопшто да не одиш во војна.

Ignorance is the state in which one lacks knowledge, is unaware of something or chooses to subjectively ignore information.

Ако мислиш на болдираново...тоа е друго. Никој од нас не може да знае се и да се замара со се и сешто,со работи кои воопшто не не засегаат или интересираат.На пример кој победил во реалното шоу на ТВ или шо му рекол Петре на Ставре пред зграда...
 
Опасно филозофска тема, штета што нема достојни опоненти да се препукуваме, па на кратко ќе кажам свој став.

Ниедно. Игнорарнтноста че ме доведе во совршена блажена состојба каде се` треба да тече мазно, но од друга страна се гледам себе си како вечен трагач по совршеното и идеалното, а само вистината може да биде тоа. Така, не би сакал да бирам. Но се надевам некој ќе ме испровоцира, имам доволно контра аргументи за двете...
:zlo:
:nenene: Вистината никогаш не можи да те однеси до совршенството и идеалното, баш напротив, ќе ти покаже само колку многу си далеку.
Така да, ако бараш совршенство и идеално поблиску би бил доколку би одбрал сино апче :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom