Toecutter
Biafran Baby
Еве малку и од Дејвид Ајк на темава...:smir::smir::smir:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А ти си мислиш дека во незнаењето ке живееш така срекно и убаво?Знаете, треба точно да се дефинира тоа знаење кое сакате да го имате и да го насочите љубопитството.
Љубопитни сте и сакате да знаете како изгледа биопсија? Хемотерапија? Абортус? Убиство и после затвор?
Убава е желбата за знаење, само многу бе розево гледате на учењето.
Фино е што сфаќате многу ствари, али што кога ќе ви стане премногу? Нели ќе посакате да си се вратите назад во убавото незнаење? :smir:
Искрено незаменливо е чуството на немир и копнежот по уште знаење, исто и краткото задоволство кое го добиваш со тоа што гледаш дека не си овца, не си дел од стадото, туку си надвор од тој круг. Дека си на некој начин посебен. И едноставно кај некои љубопитноста е поголема од потребата да имаш мир и да пловиш по навидум мирно море .
Јбг некои тоа го сакаат хард кор а јас сум еден од нив.
И онака нема враќање кога ќе го вкусиш јаболкото на знаењето.
Патем да не споменувам социолошки студии кои велат дека децата на бездомниците веруваат у некави бајки истото и нините родители, а никој не става акцент на образованието туку полагаат надежи во некави соништа.
Владите треба да стават акцент на образованието, една крава не ни знае што е образование така да тие што знаат и можат треба да ги образуваат останатите. Зашто тоа тие не го прават е веќе тема за друга дискусија :smir:.
Владите тоа го прават, во цел свет далеку најголемиот дел од образованието е државна контрола.
Резултатите се тие што се.
Образованието има за цел да створи онакви карактерни структури кај поединец или група какви што се потребни од системот.Значи послушни работници и потрошувачи.
Владите тоа го прават, во цел свет далеку најголемиот дел од образованието е државна контрола.
Резултатите се тие што се.
Образованието има за цел да створи онакви карактерни структури кај поединец или група какви што се потребни од системот.Значи послушни работници и потрошувачи.
Па ти си писмен благодарение на тоа школство и пишуваш на форумов така да не е во целост губење време и енергија.Не сакам ни да се присетувам на моето школство, чисто губење време и енергија.
Па ти си писмен благодарение на тоа школство и пишуваш на форумов така да не е во целост губење време и енергија.
Е сега за образовниот систем настрана од сите подземни сценарија за контрола на народните маси преку тоа образование, тоа нас ни е потребно не описменува, не збогатува со знаење, не учи како да учиме (тоа би требало и во основа да биде).....
Кога тргнав во прво одделение веќе знаев и да читам и да пишувам така да твојот пример за мене не важи :smir:.
Во мојот случај беше чисто губење време и енергија што не мора да важи и за тебе. Зависи и кои знаење ги добиваш од дома, јас добив многу од моите така да да имав избор немаше ни еден ден да губам во државно школо.
Школството (посебно основното) е направено за просекот да остане просек и ако не си таков или треба да губиш време и да се досадуваш или твоите да имаат доста пари и време сами да те образуваат бидејќи општеството таквите деца не ги рецка ни 5 %.
У краен случај не џабе рекле глуп народ силна држава, само што кај нас ни тоа не важи!
Не сакам ни да се присетувам на моето школство, чисто губење време и енергија.
Silen, не знам колку години имаш, но школството заклучно со мојата генерација беше одлично.
Јас кирилица знаев да читам и да пишувам кога имав 3 години, латиница на 4 научив. Ме научи баба ми.
Не гледам дека школскиот систем мене ме затупе. Образованието ми нудеше просечен доток на информации, она што дополнително ме интересираше можев да го научам ако сакам. Часовите и материјалот се приспособени за просечни деца. За натпросечните имаше дополнителни активности, стимулации од професорите, математископи, проекти, натпревари, секој можеше да се дообразува ако сака да го направи тоа. Време да, треба, но пари? Денес барем има интернет со бесплатни материјали од најелитните факултети и научници.
Часовите и материјалот се приспособени за просечни деца.
Истото мислење го имам и јас и моето `школување` го гледам како тотално бескорисно поминато време кое можело многу подобро да се искористи.
Извини ама не знам од каде да почнам...во што тоа било одлично образованието во твојата генерација? Ај кажи резултатите од тоа школство? На пример,влегуваш во автобус и таму врие од критички мислители,самосвесни индивидуи,креативно активна раја...аман немој...
Оффф...
Часовите и материјалот се приспособени за да наставниците и професорите имаат ВРАБОТУВАЊЕ.
Ако мислиш дека при организацијата на образованието се земаат потребите на децата во предвид тогаш си во голема заблуда.
1.Критичките мислители, самосвесните индивидиуи и креативно активната раја не се раѓаат од образованието, туку сами по себе и каков и да е образовниот процес процентот на таквите ќе биде ист.
2.Исто како што ќе биде идентичен и процентот на идиоти кои колку и да ги учиш дека треба да кажат добар ден, пак нема да кажуваат.
3.Часовите и материјалот порано беа приспособени на учениците. Барем книгите по кои јас учев.
4.А тие наставници и професори кои го предаваат тоа "само за вработување" ми ја дадоа основата за знаењето кое го имам денес, знаење кое јас сама го проширив до каде што сама сакав.
5.Доста више со побуни против системот, патетично е. Колку и да сте интелигентни, школо не е губење време.
4.Да,образовниот кадар е таму за плата,позиција и напредување во тој систем.Потребите на децата се 1765 место.Освен ако некој ги прашал децата какво образование сакаат (ако воопшто сакаат)...