Michealangelo
•TMNT•
- Член од
- 26 август 2009
- Мислења
- 112
- Поени од реакции
- 17
Јас немам емоции, т.е. ние желките немаме емоции 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ти како една од мутираните желки имаш неверојатноа сила и брзина. Тоа ти доаѓа од покаченото ниво на адреналинот. Тоа покачено ниво на адреналин создава возбуда која те тера да бидеш хиперактивен.Јас немам емоции, т.е. ние желките немаме емоции![]()
Замислете едно утро да се разбудите без емоции,едноставно да ги немате.Да не чувствувате ништо....ни бес,ни љубов,ни тага,ни среќа....
Дали таков човек би бил способен да преживее?
Има ли таквиот живот смисол?
Колку и како би се променил начинот на размислување?
е како немаш...Јас немам емоции, т.е. ние желките немаме емоции![]()
Постои еден филм таков, земаат серум за да не чувствуваат, т.е да немаат емоции. Филмот се вика “Рамнотежа“ - “Equilibrium“.
Језда е тешка пуцачина, ама може да биде поучен.
Доколку немаме емоции ке бидеме како роботи, значи ке се водиме по законите на живот, поради тоа што нема да размислуваме за последици, ќе немаме страв од ништо, тој свет ке функционира кратко, се додека не се сруши на крај. Бидејќи се ќе се случува механички, нема да има тага, љубов, среќа, жал, ништо. Буквално ке бидеме ко машини. Размислувањето ке се сведе на минимално ниво, т.е на само тоа што е потребно за да се исполнат условите што некој ги диктира. Пријателство, нема да постои, другарство, во никој случај, жена, само на хартија. Нема да се слават родендени, нема да постои религија (што би ми одговарало), нема да има журки, нема да има забава. Поради тоа што нема да не исполнува тоа.
Па, денес сме бомбардирани со милиони информации секој момент.голем број на емоции како и да ги немаме. Постепено намерно или не, на многу емотивни реакции делуваме без реакции или не делуваме воопшто, така што оддаваме впечаток дека многу емоции како и да не знаеме веќе како да ги доживееме па регираме со нереагирање. Случајно или не среќата, љубовта, и др. чуства се толку отуѓени од нас, така што кон нив не покажуваме никаква емоција. Не реагираме, ниту пак се обидуваме да сфатиме зошто и што е причината за нашата нереакција. Веројатно губењето на нашиот идентитет во оваа сурова глобализација и брз тек на животот на човештвото, не прави ладнокрвни- топлокрвни суштества
Еmoциите се човековата слаба точка. Колку би биле понапредни без нив.
Објективност, смиреност, без страв и тако даље. Роботизацијата владее.
Замисли ситуација каде треба да убиеш човек-и ти го правиш тоа без око да ти трепне, без да судиш дали е правилно или не, без да почувствуваш грижа на совест или каење...
Неќум![]()
Тогаш ќе знам дека сум мртов.Замислете едно утро да се разбудите без емоции,едноставно да ги немате. Да не чувствувате ништо....ни бес,ни љубов,ни тага,ни среќа....
Баш поради тоа што би станале како роботи би сакала да имам некое копче да се исклучам во моментов. Чкрап и толкуНити ќе се замарам дали на некој сум му крива за нешто, нити дали некој страда, нити зашто сум постапила така и повредила.. Ништо ништо. Прекрасно роботче би била
![]()
Па, денес сме бомбардирани со милиони информации секој момент.
Примаме секакви дразби и полека но сигурно почнуваме да ги игнорираме и да стануваме индеферентни на се.
Замисли пак, да реагираме преемоционало на се што ќе видиме, почувствуваме, доживееме, слушнеме итн. Ќе се исцрпиме емоционално.
И да, во последно време луѓето се склони на прикажување на апатија или непокажување на никакви емоции. Лошото е што со тек на времето вистинскиот интензитет на емоциите ќе се изгуби и ќе биде лошо.
Што се однесува до болдираното- тоа се нарекува емоционален шок. Кога ќе се случи некој настан не покажуваме никаква емоција, потоа според експресијата на лицето не можеме да заклучиме за која емоција станува збор, а подоцна веќе почнуваме да покажуваме емоција проследена со соодветна експресија на лицето.
Он: Се ијам разбудено и сум била апсолутно индеферентна на се, баш „ни на мртво плаче, ни на живо се смее“.
Дури ни болка не чувствував. Краткотрајно емоционално слепило.
Не би сакала пак да го доживеам тоа зашо е многу лошо, гледаш дека сите реагираат на надворешни дразби, а ти као теле нишо не осеќаш.
Ама за среќа краткотрајно беше.
Не можам да замислам цело човештво така да се однесува, баш како на филмот “Equilibrium“, на крајот сепак се доаѓа до заклучот дека човект има потреба од емоционалност инаку е машина.
Замисли..
ќе одлепиш, од омразата ќе станеш судија, па би го убила убиецот.
Ќе го убиеш со уживање...а киборзите незнаат да уживаат...