Заврши летниот распуст!

  • Креатор на темата Креатор на темата moskva_bojan
  • Време на започнување Време на започнување
Брзо бааги помина,веројатно оти дома не се свртив освен августот.
Од една страна ми е криво и ми е мака пак да се влечкам на сколија,па обврски пак,па се...инаку за останатиот дел не,секогаш забавниот дел бил фаца. :pipi:

Селанофилите рок!! :pipi: :vozbud:

Се согласувам, особено за болдираното...Какви мајтапи паѓаат со нив... не знам ... да се трескам од клупа од смеа ... И не само со нив, воопшто, луд клас сме, само глупости и белји .. За то ми се оди на школо, инаку, распустот можи да потрае БАРЕМ уште 2 недели ... Лудница беше, најдобро лето EVER!
 
Ехх, многу брзо помина распустов дефинитивно... Од една страна ми е забавно идењето у школо пошто не с еубивам од учење, само станувањето рано ме убива. Од друга страна ми е шубе пошто имам матура пред мене... Тапа... У секој случај убаво лето си имав:)
 
Оооо да ти се сневиди како вчера да беше кога се расправав со физика 5 да ми стави....
Ај барем ќе се смеам по цел ден ако ништо друго:vozbud:
 
Ееее заврши за жал :( .Најубав распуст до сега !!! Ама сеа шо мора мора...школо...а и кога ќе рамислам подобро..и во школо е интересно..сепак , средно , најубави години..:)
 
Еј што убаво така...кога доаѓа септември добивам желба да се вратам во средно, убави беа тие денови.
А сега кога доаѓа септември јас скренувам од учење, ме полуде факултетов.
Уживајте во овие денови откако ќе завршите ништо нема да биде исто.:smir:
same here..иако ова ќе е прв пат јас на 1ви септември да не седнам во школска клупа..
бев пред некој ден до гимназијата,се видов со некои професорки,дефинитивно ќе ми недостигаат..ќе ги посетувам барем првиот месец додека уште сум во градов..
леле кога ќе ми текне дека никогаш нема да стапнам во тоа школо на ист начин како до пред неколку месеци..косата ми се ежи! лета времево,сакам да се врати средно!!!!!!
 
јас па одвај чекам, да почнам со училиште немојте да ме напаѓате си имам свои причини, не дека многу сакам да учам, ама во секој случај одвај чекам да дојде првиот училишен ден
 
Definitivno si pominav mnogu ubavo raspustot go iskoristiv racionalno iako mi pomina mnogu brzo sepak beese super!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Ех, да сум на ваше место. Уживајте додека можете, после ќе го барате школото, другарите, професорите! Смешки, зафрканции, лудории, абе милина, уживанција.


И што ако сум слободен до Октомври? Ми се оди во гимназија да се видам со старото друштво, да си ја видам најубавата класна:pipi:, мојата училница...


Само уште месец дена и преминувам на ''темната страна''(ФАКУЛТЕТ). Ексик!!!
А уствари кој го измисли факултетот?!?!?!:nerv:
 
еее ако де заврши...што е добро завршува брзо..
распустов си го поминав одлично, зафрканции со другарите, плажа, кампување...ехее

инаку ич не ми е криво што почнуваме нашкола...и учебната година ке летне безо, со зафрканции смеење...

ајдееееее многу се излигавив у пм...
поздрав
 
Колку само сакам да ми се вратат средношколсите денови, би сакала да имам бар уште четири 1 Септември, да се видам после долго време со сите, да ги изнагушкам..... Ме фаќа носталгија

Инаку, школскава година нека ви биде лесна на сите, а јас си имам уште еден месец.
Далеку е Октомври.
 
ај бе јако е у школо ќе паѓат дупедлаци
стварно е јако ама да нема писмени и испрашувања и неоправдани и некои професори ептен ќе е на ред
 
јас па одвај чекам, да почнам со училиште немојте да ме напаѓате си имам свои причини, не дека многу сакам да учам, ама во секој случај одвај чекам да дојде првиот училишен ден
прваче ќе бидеш :pos:
 
Ич не сум растревожена поради фактот "Крај на Летен Распуст". Баш ми е сеедно. Имав феноменално летце, ама по малу ме копка школото :) Едина ствар поради која би жалела е спиењето :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom