Закопани работи

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување
Тетин ми сонувал дека кај него во двор има закопано злато. и он ништо, не копал. ама после еден месец испаднало дека мора да ископа дупка зашто градеа куќа, па требало да гасат вар или нешто слично. и он место да копа дупка кајшто ќе биде најзгодно за работа, он копал на местово од сонот. И......... не нашол ништо :baeh::baeh::baeh:
 
Jas nemam gz za to da go napram soznajs i da nekoj saka da mu mesti rabota sepak ne ne jezivo e
 
Не ми се случило нешто слично нити пак сум слушнал за некоја таква случка, ама мислам дека да ми се деси некогаш на некое место да мислам дека има некое богатство или сл. би се посоветувал со некој постар или некој поп нешто не знам стварно, ама да копам така на "суво" нема шанси.:toe:
 
Јас сум слушнал дека турците кога ги напуштале овие простори, не можејќи да го носат со себе го закопувале поголемиот дел од златото,затоа што иделе со коњи и магариња, не иделе со авион...а најголем дел е закопан по трасата на патот VIA IGNATIA кој поминува долж Македонија,а најоглемиот дел е зкопан во Пелагонија, т.е мариовските села...
 
Eden komsija pri oranje na nivata so raloto zakacil eden kup (golema vazna). Ne go izvadil odam tuku pocekal do vecerta. Otisol vecerta go izvadil bidejki pomislil deka se zlatni pari koga go otvoril vo nego imalo vino , ostaveno od tursko vreme .
Sluckata e pred 5 godini.:helou:
 
Многумина си ја пробуваат среќата кај моето лозје. Имено лозјето е во центар на едно иселено Македонско-Турско село. Се убаво што си копат луѓето по злато али има еден проблем. Местото е поранешно складилиште за Муниција од балканските војни и Бугарско складилиште од 1вата светска војна. Има Гранати-ланати, куршуми и ред други подароци. Имаме пронајдено цели бункери со муниција кои беа уништени соодветно. Има и ров на северната страна и секогаш кога се ора се наоѓаат испукани куршуми (а не се ретки и тие Гооооооолемите на 3ката и тоа ПОЛНИ).
Имавме фамилјарна колекција на овие куршуми но братучет ми им е“а мајката и сега немам појма кај се.

Инаку во Валандово има еден Јавор сред центар во кој цело време имаше сокриено злато. Наследникот на тој што го ставил златото таму од Турција си дојде и си го зема. Сеа замисли народот цело време таму минувал, седел, се смеел, пиел но никој не помисли да ѕирне да види што има. :helou:
 
не знам колку е вистина тоа со соновите за злато, само знам дека еден старец од мојот крај сонувал некои светци повеке пати. Отишле да копат на тоа место неговите внуци и најдели икони од 5 век (+ - некој век) и ги продадели за ефтини пари па и ден денес кукат за тоа :tapp:
 
А што викате за вестиве у последниве денови,за фигуриве фатени на граница при обид за шверц?
Наводно најголеми нарачатели на оваа роба биле грци и срби кои наводно потоа ги препродавале за многу поголеми цени.:raz:
U Srbiju nista od vase arheologije ne stize, mislim da bih znao. :)
 
Јас пак ич не верувам во овие работи, ама нема врска...

Дедо му на брачед ми сонвал дека има закопано злато во дворот, ама дека то злато требало таму да остани и ако некој го откопал ќе умрел. И не дека бил лаком, туку го интересирало дали стварно има злато и откопал, го нашол златото. Починал по 2-3. Е сега не знам шо напрајле со златото...
Сега брачед ми ја реновират цела куќа и сакаја да доградат една соба, ама се плашеле да не го откопат и да не им се случи и нив исто...
 
Прекрасна тема....

Една случка што ми има раскажувано татко ми..
Биле 4 златари имале мапа со скриено богатство наводно ризница,И некој од златарите случајно го нашол тоа место и ги повикал другите златари , копале на местото и нашле бетонска плоча под таа плоча требало да биде златото и решиле да се одмораат на 2 метри од плочата и кога станале да докопаат што ќе видат плочата никаде ја нема и од тој ден до ден денешен никој не се вратил на местото.
 
Вака сега,мој пра пра дедо бил Србски, четнички војвода за време на балканските војни,под негова надлежност,биле поречијата и кичевско,од одредени арнаутски села,има собрано данок за оставање на жива глава,тоест за возрасен маж 2 табакери злато, за жени и деца по една табакера а за старци по пола табакера злато,ако сакале да спасат жива глава,е сега тој тоа го имал правено по многу села и имал насобрано достантно големо количество на злато, арно ама кога се привршувала војната,тој го им закопано златото,и за тоа знае цел М.Брод бидејки бил стацјониран таму решил и да го закопа таму додека не,се смират работите арно ама,на враќање грчки војници го имаат утепано во прилеп.бидејки патот преку Кичево и тетово сеуште го држеле качаците го одбрал оној преку прилеп како по безбедна варијанта,кога умирал на бабами како мало девојче и кажал,каде е закопано богаството но и го кажал само местото,како топоним,иначе цел македонски брод знае за Микајле војводата и неговото Азно па ако има некој кој добро до знае М.Брод да помогне , а со помагање подразбирам знаење на старите топоними има процент
 
Сега кога беше на татко ми гостин еден во неделата седев јас у дневната и баш фатија муабет на темава безвезе и он вика дека ќе идел во Струга во едно село имало на некоја карпа се гледало местото каде имало злато,па ќе видиме што ќе направи.:tv:
 
Ауу сите страни сум ги прочитал, петка за темава штета што немам што да напишам :vozbud:
 
A sto imam pa ja da kopam pa da me fati nekoja belja.Fino lepo ke si igram loto pa ako imam sreka ke mi padne nesto a ne vaka da se baftam so prokolnati raboti.
 
Ми кажувале мене, дека во Струшко, не сум сигурен кај која планина сеа беше. Во римско време, после походи, или не ти знам шо, римјаните се враќале по нашиве патишта. Кога биле баш во тие планини во струшко, ги фатила страшна зима, и сите се скриле во две пештери заедно со цело богатство шо го ограбиле при освојување. Арно ама, никој не ја преживеал зимата. И сега се вели дека има многу вампири, зомби, дракули или не ти знам шо, тоа биле римјаните, шетале по планината и го чувале златото. Знам дека многу луѓе го барале, ама јок.


И во Струмичко, во Беласица имало многу злато. За да се дојде до него требало да се следат знаци шо се глеале во точно определен дел од денот, на точно определено место, под некој агол низ планината.
Така барем ми кажувале на мене...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom