Законот за забрана за возење од 23 до 05 часот.

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
Немаат никаква грешка од мвр него си нашол и ти кого да прашаш , едното ти е датумот на издавање на возачката(кога ти ја направиле) другото кога си положил

неможи да ми ја издат 23.02 а да сум положил 11 месеци покасно истата година O.o . Значи издадена 23.02.2013 a назад пишува 13.12.2013 иди како да ми дале возачка 11 месеци пред време
 
Значи ти викаш, млад дечко со брза кола пијан удрил човек, човекот починал и сега таков закон се доби.

Ај да ѓи разгледаме што е разумно од ова.
Забрането возење на автомобил под пијана состојба. - Има смисла
Забрането возење за млади лица бидејќи еден паметен удрил човек. - Нема смисла

Така да според твоја логика:
Пример: 47 годишен човек удрил пешак - ЗАБРАНА ЗА УПРАВУВАЊЕ ВОЗИЛО ЗА СИТЕ ЛИЦА ШТО СЕ ТОЧНО 47 Години
2 Пример: Човек со бела коса удрил пешак - ЗАБРАНА ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ВОЗИЛА ЗА СИТЕ ЛИЦА ШТО ИМААТ БЕЛА КОСА
3 Пример: Мало дете се лизнало на тротоар - ЗАБРАНА ЗА ОДЕЊЕ НА ТРОТОАР ЗА СИТЕ МАЛИ ДЕЦА
4 Пример: Човек возел многу брзо - ЗАБРАНА ЗА УПРАВУВАЊЕ НА МОТОРНО ВОЗИЛО ШТО ИМА ЈАК МОТОР

Ова е проблем не за тие што сакаат да возат јаки коли, туку за тие кои веќе имаат една кола што е над 75kw и неможат да ја возат поради овој ебан закон.
Инаку 70% од колите кои се произведуваат се над 75kw, под можеш да најдеш Spark, Matiz, и останати кибрит количиња.

И еве го вториот проблем. Што е проблемот со возење после 11? Мислам стварно ова е живи глупости. Демек не е прегледен патот? Па ноќно е многу пати по лесно да се вози поради помалата гужва. Сите патишта се убаво осветлени.

Инаку ние сме биле највеќе со сообраќајни незгоди? Што ако ти кажам дека од сите тие сообраќајни незгоди 80% се искусни возачи и таксисти и останати кои возеле погрешно со правилата. Не дека младите возачи ѓи прават тие сообраќајќи бидејќи незнаат да возат. Штом тие од AMSM комисијата речат дека знаеш да возиш и дека си положил градска вожна тоа значи дека ти знаеш да возиш на дожд, снег, сонце, ноќно, угорница, удлоница под сите услови и ти даваат возачка дозвола. Штом имаш возачка дозвола ти си возач толку. Така функционира во сите држави освен кај нас.

И за на крај еве како се докажува лош закон, еве ти е една проста дупка во овој закон.
*Некој положил на 20 години во 2013 година но нема кола, 2 години тој не возил никогаш кола. Во 2015 тој земал кола и прв пат ја вози со новата возачка и тој е искусен возач
*Некој друг положил на 18 години 2013 година. Секој ден возел кола на факултет и низ скопје. Во 2015 тој има 2 години искуство но има 20 години и е ВОЗАЧ ПОЧЕТНИК

Втора дупка во законот:
Тргнувам од дома во 20:30, стигнувам во град во 22:59 саат. Се забавувам и тргнувам дома во 05:01. Во зима овој период е темница така да пак исто ти се фаќа за прегледност.

Трета дупшка во законот:
Јас имам автомобил до 100kw, не е спортско возило туку е со голем дизел мотор. Авотомобилот си е нормален фамилиарен и развива нормално
Друг има автомобил од 70kw некое мало спортско количе што развива многу повеќе и е многу по опасно

Јас не смеам да возам мојата кола а другиот смее

Навечер ќе излезеш во диско или кафана и ќе се испијаниш. Преку ден треба да си некоја будала да се начукаш. Така да терминот им е добар од 23 до 05. Доста возат пијани навечер. И најмногу е заради тоа, а не заради тоа што нема видливост.
 
Па и возачи со искуство пак можат да пијат. Со закон се забранува возење под дејство на алкохол. Така да и возрасен да пие алкохол и да вози е иста опасност како тој што е возач почетник и вози пак под алкохолизирана состојба. И во двете случаеви се казнува. Неможеш да направиш закон за помлади лица да не смеат вечер да возат само бидејќи има повеќе шанси да пијат алкохол.
 
А дали има закон ако те фатат без возачка дозвола, не смееш да земеш дозвола во наредните 2 години?
 
Samo da imaat pricina + pari da zimaat.... vakov zakon moze degenerici samo da donesat.
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 02:51 ---

Mozam da vozam posle 23:00 iako nemam 2 godini iskustvo ako imam 21 godina?

2 години искуство мораш да имаш.
А до 21 година важи за тие што земале возачка на помалку од 19 години. (тие треба да почекаат нешто повеќе од 2 години) :)
 
Па и возачи со искуство пак можат да пијат. Со закон се забранува возење под дејство на алкохол. Така да и возрасен да пие алкохол и да вози е иста опасност како тој што е возач почетник и вози пак под алкохолизирана состојба. И во двете случаеви се казнува. Неможеш да направиш закон за помлади лица да не смеат вечер да возат само бидејќи има повеќе шанси да пијат алкохол.

Всушност повеќе се пие на 20/21 година него на 18 :)
 
А дали има закон ако те фатат без возачка дозвола, не смееш да земеш дозвола во наредните 2 години?

другарче го запреа пред некој ден без возачка само му опнаа казна 300 евра и тоа е тоа
 
И за на крај еве како се докажува лош закон, еве ти е една проста дупка во овој закон.
*Некој положил на 20 години во 2013 година но нема кола, 2 години тој не возил никогаш кола. Во 2015 тој земал кола и прв пат ја вози со новата возачка и тој е искусен возач
*Некој друг положил на 18 години 2013 година. Секој ден возел кола на факултет и низ скопје. Во 2015 тој има 2 години искуство но има 20 години и е ВОЗАЧ ПОЧЕТНИК

Втора дупка во законот:
Тргнувам од дома во 20:30, стигнувам во град во 22:59 саат. Се забавувам и тргнувам дома во 05:01. Во зима овој период е темница така да пак исто ти се фаќа за прегледност.

Трета дупшка во законот:
Јас имам автомобил до 100kw, не е спортско возило туку е со голем дизел мотор. Авотомобилот си е нормален фамилиарен и развива нормално
Друг има автомобил од 70kw некое мало спортско количе што развива многу повеќе и е многу по опасно

Јас не смеам да возам мојата кола а другиот смее

Ништо не си докажал (освен тоа дека не ги гледаш објективно работите). Ако се сетиш, врати се на оваа тема по десетина-дваесет години и кажи дали уште вака размислуваш.

Тоа компликациите горе што си ги конструирал зборуваат само дека законот не ги опфаќа сите можни варијанти. Да, законот треба да биде подетален, но неразумно е да очекуваш истиот да биде сеопфатен. Во превод ако сакаш да се фаќаш за ситници, истите никогаш нема да фалат во оваа држава.

На страна се друго, основата на оваа одредба од законот е следнава: Колку си покопиљ толку си позелен и склон си да правиш глупости. (како на пример да излезеш навечер со кола и потоа да пиеш алкохол).
Тоа е тоа, оваа одредба на законот си е добра.
На оваа возраст не го гледаш тоа ама тоа и не е најважно. Важното е дека, или ќе го почитуваш законот или ќе ги сносиш последиците.
 
А што праиме ако ми се јави татко ми во 00:30 часот и ми дојди во Ѓорче, јас немам пари за такси а имам нафта во колата, на татко ми не дај боже итно му е потребна мојата помош а јас сум возач почетник? А сум возач почетник ?

ГЛУП е законот, го ограничува правото на слободно движење!
 
Poarno kazi ne ja nosam :D 35 evra e

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
На страна се друго, основата на оваа одредба од законот е следнава: Колку си покопиљ толку си позелен и склон си да правиш глупости. (како на пример да излезеш навечер со кола и потоа да пиеш алкохол).
Тоа е тоа, оваа одредба на законот си е добра.

Ај те молам кажи ми колку си позелен на 18 години отколку на 20, и колку си поодговорен со пиењето на 20 него на 18? И не, не сум возач почетник :) Повеќето сообраќајни несреќи под дејство на алкохол ги прават возачи кои не се почетници.

Ај да те прашам, пошто констатирајќи по постот, веројатно си 35+. Ти повеќе пари си имал на 20 или на 18 години во џебот? Си пиел повеќе на 18 или на 20 години? А не заборавај и на надуеноста на повеќето 20 годишници дека се сега тие возрасни и дека светот е нивни па од нема проблем ако испие пола литар ракија и седне да вози, пошто нели - тој е сега возрасен маж и секако - искусен возач па „знае што прави“.
 
Сељачишта колку сакаш, и стари и млади. Нејсе, идејата со поставување на границата на 21год. е компромис. А компромис е пошто сеуште не постои валиден тест за глупавост, па од немајкаде поставуваат минимум возраст.

Секаде во светот 21год. се смета за возраст на преминување во возрасена личност.
Повеќе од јасно е дека ова не е секогаш така (всушност често не е така), но сепак тие додатни 3 години (земено од 18тата година) даваат некаква надеж дека акумулираното искуство во меѓувреме, ќе влијае на поодговорно однесување позади воланот. Знаеш, ако ништо друго на 21год. веќе си видел доста случаи каде луѓе гинат во сообраќајки, некои од нив можеби и блиски или познати.

Макар и малку да помага ова ограничување, и тоа малку е многу... кога се работи за човечки животи.
На крајот на краиштата, статистиките велат дека повеќе од солиден дел од фатените пијани возачи се на возраст под 21год. Не мора подалеку да погледам, знам по сам себе кои глупости ги правев на таа возраст, работи кои нема шанси да ги направам сега.

Мене ако ме прашуваш, јас би додал многу построги казни за возење под дејство на алкохол (и под дејство на други работи). Без разлика на возраста на возачот.
- за прво фаќање: 10г одземање на дозвола. Плус 3-6 месеци општествено корисна работа, и тоа како помошник болничар во болница -оддел за траума и итна помош (чистење и менување на постелина, такви работи)
- за второ фаќање: одеземање на дозвола и забрана за управување на било какво моторно возило. Плус година дена општествено корисна работа, ВО КАМЕНОЛОМ!

А што праиме ако ми се јави татко ми во 00:30 часот и ми дојди во Ѓорче, јас немам пари за такси а имам нафта во колата, на татко ми не дај боже итно му е потребна мојата помош а јас сум возач почетник? А сум возач почетник ?
ГЛУП е законот, го ограничува правото на слободно движење!
Има нешто глупо овде, се согласувам... ;)
Види, кога е толку итно, еве да кажеме живот е во прашање... тогаш нема мислење палиш колата и возиш. Ако те застане полицаец, ќе му објасниш и би требало да има разбирање. (а и да нема разбирање, тоа секако ќе биде најмалку од твоите грижи, пошто нели работата е живот или смрт).

Е сега ако ситуацијата не е итна од животно прашање, тогаш значи дека ситуацијата не е итна.
Чим не е итно, тогаш постојат други опции:
- такси
- ако тоа е прексапо тогаш јавен превоз
- ако и тоа е прексапо тогаш пешки
- ако е за побрзо, тогаш види пак под ставката такси
 
Исто ние возачиве почетници сме ограничени на 75kw, ме интересира колку тоа се почитува кај нас и дали при контрола цајканите удираат рецка на то, пошо многу пати ја возам на татко ми колата 81kw, која е казната ако ме фатат?
 
Да те фатат после 23 со количе испод 75 ќе те пуштат нема гајле пособено ако си повозрасен од 20, ама ако те фатат со посилна кола од 75 те кинат одма на лцие место кој сакаш имај врски ова ти го кажвам од искуство.
 
Мислам дека многу зависи ова до полицаецот, дали ке се смилува, и нормално од твоето однесување, дали ке се курчиш или ке го замолиш учтиво да те пушти.

Мене лично сега пред 2-3 месеци ми се деси прв пат да ме сопре полиција. Тазе возач сум, од летово и немам возено по автопат. Бев со моите на свадба и намерно не пиев за да возам јас на враќање. Ко за беља ме сопре полиција(некаде 1 саат беше), јас од што бев возбуден не ја ни паркирав колата како што треба, на пола лента ја оставив :pos:.
Ние мислевме дека нема ништо да каже, пошто возам со поискусен после 11, ама ете ја виде сообраќајната, киловатите(110) и вика 400 евра казна, нема врска дали со или без искусен возач, несмееш ти оваа кола да ја возиш воопшто.
И татко ми го замоли, демек не возел никад на автопат малиот, јас пиев па не сакав да возам и сл. Полицаев се глеаше дека му е жал и шо се вика со тешко срце го кажуваше, ама неколку пати повтори 400 евра казна, тоа е тоа.
Позади нас се паркираше некоја кола, и овој рече, ај идете, ми стигна инспекција на мене. Незнам што му значеше тоа, ваљда си имаат некои надредени што ги проверуваат и нив, али важно се извадивме. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom