Законот за забрана за возење од 23 до 05 часот.

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
За кубикажа подржувам али после 23 е мнооогу глупа работа. Зошто?

Едноставно е ако целта е пиењето, си има закон за пиење или па на крај краева крени ги казните за тоа па и ако треба одземај возачки за најмала ситница.

Неможи сега јас на 24 години кога си бегам во 00:00 од работа со колата да ме застани полицаец и да ме казни, ма немој да не треба пешки 30км да го одам.

Се на се законот е преглуп за нигде, нема никаква врска, возам веќе години иако сум почетник јбг не сум светец али колата ја земам од кога имав 18 години и почнував автошкола можам да кажам дека го усовршив возењето до ова ниво збораме за ширина должина на кола и осет за истите благодарение на ноќното возење и помалиот собраќај
 
Не се разбравме, не прашав за после 23 часот, него општо преку ден да ме фатат со појака кола од дозволеното? Дали удираат многу рецка или не. Пошо од татко ми колата е 81kw а здравје планирам и јас да земам нешто друго па не ми се исплаќат да земам какво било, пошо знајте кај нас се купвит кола еднаш на 10 години, ретко кој е моќен да купвит една додека е почетник, после друга итн..

Иначе ни едниов ни другиов закон не ги подржвам. Јас можам да положам на 18 и после то 10 години да не фатам кола и кога ќе почнам да возам на 28 години пак сум почетник. Сеа ќе речите не размислуваш исто на 18 и 28, точно е да но се тоа е до карактерот на човекот, ако си таков таков си и немат чаре.
 
Ме интересира ова со кубициве, на регистрација колата кога е да се смени моторот до 1.4 или колку и да е дозволено, па после на пример да се вгради стариот мотор - можно ли е? Чисто љубопитен сум. :)
 
Ме интересира ова со кубициве, на регистрација колата кога е да се смени моторот до 1.4 или колку и да е дозволено, па после на пример да се вгради стариот мотор - можно ли е? Чисто љубопитен сум. :)
Moжеш, али ако те фатат и те однесат на технички или ти проверат број на шасија од мотор одма ке дознаат колкава кубикажа е, па после тешко тебе.. знам слична фора праат луѓево со затемнувањата на стакла, дозволено е со атест 30% ги прават 30% идат зимаат атест и после ги одлепуваат си лепат 80%+
 
Ме интересира ова со кубициве, на регистрација колата кога е да се смени моторот до 1.4 или колку и да е дозволено, па после на пример да се вгради стариот мотор - можно ли е? Чисто љубопитен сум. :)

Може да го смениш дека сега моторот се смета како потрошен материјал ама цело време да ти е новиот, а не само за регистрација. Е сега не знам каква е процедурата со стариот ама 100% нема да ти дозволат да си ги менуваш кога сакаш.
 
Ете, и мене ме сопраа... накај 23:30... све беше океј со возење и сообраќајни. Арно ама си најде маана, дали сум знаел дека не смеам да возам после 11 и дека казната е 400 евра.

... му реков знам, али еве си идам накај дома. И ми опрости, ми рече тоа да ми биде последен пат.
 
Знае некој метод како да возам после 11 и да не ме фатат?
Мислам да си ја регистрирам колата во Бугарија ама долг процес е. Исто така 115коња е колата BMW на мое име регистрирана.
 
Знае некој метод како да возам после 11 и да не ме фатат?
Мислам да си ја регистрирам колата во Бугарија ама долг процес е. Исто така 115коња е колата BMW на мое име регистрирана.
На каков метод мислиш? :)
Како прво, уште од старт ќе те казнат пошто коњажата ти ја преминува доЗволената за почетник, било ден или ноќ. 400 евра мислам дека е казна за ова, али не сум сигурен.
 
Знае некој метод како да возам после 11 и да не ме фатат?
Мислам да си ја регистрирам колата во Бугарија ама долг процес е. Исто така 115коња е колата BMW на мое име регистрирана.
Да не возиш после 11. Не играј, празна е државната каса, нема пардон.
 
Абе знам, ја си имав положено на 16 години во Америка кога бев кај братучеди ама коа се вратив на 17 год ја оставив таму дозволата и на 18 години си преполагав тука пак.
Е сега таа мие поништена и за да земам нова од Америка треба лично да идам а многу ми е скапо, за да докажам дека имам 2 год искуство. Според новиот закон не треба 21 год туку само 2 год искуство од било која држава
Па реков да не има друг начин, со потврда некоја од Американското DMV или да ја регистрирам во друга држава пример Бугарија..
До сега 2 пати ме има сопрено, првиот пат кога ме сопре му зборував Англиски и бидејќи имам Американско име не ме праша ништо и ме пушти, вториот пат му се преправав малце напивнат за да се фокусира повеќе на алкохол тест иако имав 0.00 за да не види за колата.

Сега незнам што да правам поминувам по 100-150км на ден низ Скопје. Шансите ми се големи :S
 
Положив пред две години на седми септември(20 години имам),дали можам да возам сега после 11 или треба да имам 21 година?
 
Положив пред две години на седми септември(20 години имам),дали можам да возам сега после 11 или треба да имам 21 година?
21 треба :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom