Забраната за фотографирање за пасош со шамија била "дискриминирачка"?

Ако смеам да прашам нешто, бидејќи гледам дека темава отиде во правец кој ме интересира, иако е можеби оф топик.
Човечката фантазија знае чуда да направи. Ќе се согласиме дека на плажа, женско тело изгледа пубаво кога е бар малку припокриенко, отколку скроз голо, ачик како за на доктор. Затоа што е попредизвикувачки да се претпоставува, да се насетува, да се нагаѓа, да се фантазира. Ако ми е точна логиката, зар не е покиената коса поадрелинска, отколку откриената?

Поента e скромност. Откривањето на косата е најверојатно еднакво на шетање по гаќи на плоштад. Таа жена предизвикува и изискува сексуални мисли. Зајакот е кај неа, не во реакцијата на мажите.

Слично прашање, ама од малку поразличен агол поставив на една познаничка од С. Арабија. Мoето прашање беше, ОК, ако целата поента е да не се привлече внимание, да се биде што е можно поскромен и невпечатлив, тогаш зошто ја носиш во САД? Земја, доминантно христијанска/јудејска, истовремено секуларна (барем на хартија се' уште), сексуално отворена, башка во последно време тотално нетолерантна спрема исламскиот свет!? Со шамијата, секако дека таа во оваа земја привлекуваше многу повеќе погледи, отколку да не ја носеше. Потполно се согласи со мојот аргумент, меѓутоа аргумент не доволно јак за да таа ја заборави својата традиција (огромен дел од ова денес е повеќе традиција и чуство на припадност, следствено гордост, многу повеќе од што е само религиозно убедување) и она во кое верува. Шамијата ја носи од ко станала жена, не може баш така едноставно да ја тргне. За време гувеењето во САД, се' што може да направи е да се обиде што е можно поскромно да го задржи своето, а да не си донесе работи кои нема намера да ги привлече. Пеки! Секој со своите слободи и права, и секако, предизвици.

Темата, од општествено-политичка гледна точка за жал не е толку едноставна. Од моментот кога светот (поточно САД) се соочи со терористички секојдневија, се создаде аура која слободите и правата ги комплицира. САД, Франција, Германија, веќе дебатираа. Сепак дискутабилни се аргументите. Правење се' за да се заштитиме од превари е на место, меѓутоа колку е тоа навистина заштита а колку е ловење лисици на штета на односите кои како различни култури треба да ги одржуваме е прашање.Ако се тргне од тоа дека основата на контрола на секој судир на цивилизации е толеранција и разбирање, тогаш како вакво наметнување води кон тоа? Очигледно според некои искажани мислења овде, води многу повеќе кон нетолеранција. Од друга страна колку навистина ќе ни донесе сигурност?! Ниеден од наводните терористи не беа замотани во шамии. Ниту еден криминалец не направил превара со пасош со тоа што се замотал со шамија. Праксата покажала дека сите биле и те како „ин“ со правилата и прописите на секојдневието кое го нападнале (со уши, очи, коса, и бизнис одела на пасошите).

Ама некој мора да поставува правила за да ние сите сме убедени дека некој работи на нашата сигурност. Исто е она: на авион не смееш да носиш ноктарица за нокти, а во истиот потоа те служат со сребрени ножеви. Следствениот заклучок донесете го сами. Колку од ова е само еден обичен крик на немоќта и несигурноста во обид да се убедиме дека имаме контрола над работите?

Аргументот за одвоеноста на државата и религијата држи, но истиот се коси со повелбите за човекови права.
А дискусија мора да има колку и тоа нам лично да не ни се допаѓа. Прво, овде се заборава дека овие правила за слики се нови! Своевремено се сликале на пасоши со шамии, САД ги променија правилата (10 пати од 9/11 до сеа чиниш), и ЕУ па и МКД ги прифаќа. Станува збор за нови правила, на кои луѓето реагираат (кај нас станува уште покомплексно поради тоа што носењето шамии на поголемо ниво е исто така нов општествен тек).
А, државата со своите закони постои за сите свои граѓани. Доколку дел од нив не се согласуваат со нив, демократијата претполага дискусија а не арогатно одбивање на несогласувањата. Тоа не е демократија, а РМ последен пат ко проверив имаше демократско уредување.
Некои луѓе пораснале на начин кој кај нив, со вадењето на шамијата би предизвикал траума и чуство на деградација. Од друга страна, за некои други тоа е неразбирливо и се коси со законите. Но тоа е цената на глобализацијата и комплексноста на општествените уредувања. Успешни се оние кои низ сето тоа ќе се снајдат, на начин кој не креира омраза и нетолеранција, нешто поради кое и постои политичко-општествени уредување... Нели, од мајмуни станавме социјални суштества со таа цел... да не се испоубиеме и уништиме меѓусебно. Така што, со среќа нека им е на тие на кои им е дадена задачата, а и на сите нас, знаејќи кои први ќе се нацртаат како бранители на аргументите на двете страни и со која цел.
 
........steta e sto sekogas postojat GRANICNI GENERACII......vo procepot megu krajot na ednoto i pocetokot na drugoto......................
 
Секуларистичка држава сме. Од 2001-ва навака, на памет научивме дека верата и националноста као не требало да не делат. Што тогаш воопшто им се дава тежина и значење на "повредените емоции" на "нежните срца на верниците" преку медиумска покриеност?Во случајов, воопшто нема место за дискусии.
Кој либи да си го гледа ликот прекриен со шамија во пасош, нека оди во Иран. Таму никој нема да му ја одземе таа префернца.
Ако е поинаку, тогаш можеби и јас требаше да кревам галама затоа што кога го вадев новиот пасош ми рекоа дека треба да ги тргнам шишките за да ми се види челото. И да оформам организација која ќе се бори против дискриминирање на правото на шишките да бидат секогаш врз челото. Во името на човековте, платнените и сличи права и слободи.
И жените во Иран повеќе не сакаат да носат шамии, па почнале да наогаат дупки во законот( да ставаат сјај и кармин, трепките да ги бојат, пирсови и менѓуши да ставаат), но тамошните проповедници почнале да формираат, нови, построги закони и начела. Тукашните муслимани треба да се запрашаат зошто треба да ги убедуваат со пари и бенифиции женските да почнат да носат шамии, или присилно да ги забулат после брак. А за сликите нека тие се сликаат како сакаат, затоа што само тие ќе изгледаат болно и уназадено.
 
да бидеш муслиман е едно да почитуваш закон европски е друго
 
Па зошто во Швајцарија и во другите земји истава постапка не е дискриминаторска...Зошто и таму не се сликаат со шамии? А бе Господ да чува, почнува и воздухов за нив да е дискриминаторски?
Ги прекардашија сите работи, колку човек и да биде толерантен, навистина го ваѓаат од такт, се нешто не им чини, а ние стапот го кркаме за нив:nerv:
 
Па зошто во Швајцарија и во другите земји истава постапка не е дискриминаторска...Зошто и таму не се сликаат со шамии? А бе Господ да чува, почнува и воздухов за нив да е дискриминаторски?
Ги прекардашија сите работи, колку човек и да биде толерантен, навистина го ваѓаат од такт, се нешто не им чини, а ние стапот го кркаме за нив:nerv:
Еј Скинхед
Тебе се што не е македонско и не е христианско ти пречи...
Знаеме дека мразиш албанци,и не коментирај глупости.
т.е. исто шо пишат горе пишуваш само ке додадеш “А бе Господ да чува, почнува и воздухов за нив да е дискриминаторски?“,за да навредиш.
 
Пак ќе се навратам на темава, со поинаков пост. Имено, денеска дискутирав со моја драга пријателка, инаку муслиманка и голем верник, околу тоа што значи за нив носењето на шамија и од кои причини го прават тоа. Па, земајќи ги во предвид нејзините зборови, ќе морам да го "ублажам" мојот личен став за тоа дали треба или не да се сликаат за пасош со шамија.
За да не должам...Да, веројатно треба да им се дозволи да се фотографираат носејќи превез на главата, доколку така сакаат. Иако, не ми е мило кога се истакнуваат верски обележја на таков документ во секуларистичка држава како што е Мк, и иако посотојано ми текнува на примерот на Турција, која е муслиманска држава но, и секуларистичка, па не им се дозволува да одат на училиште, работа, ниту пак да имаат слика во патна исправа, со шамија, сепак треба да им се дозволи кај нас да го прават тоа.
Затоа што ако сакаат така да се обележат и издвојат, тогаш нивно право.А, истовремено ќе имаат и помалку причини за пеење на "дискриминаторската" песна.
 
abe samo ke kazam edno: koa u amerika ke se slikaat so samii za viza (pasos i taka moze samo da sonuvaat) togas i kaj nas ke dozvolat!!
 
...А, истовремено ќе имаат и помалку причини за пеење на "дискриминаторската" песна.
епа, да им дадеме се` па да сме "недискриминатори" но без држава, а тие да земат се` и ќе не фалат колку фин народ сме.
им даваш прст, зимаат цела рака, па и тераат даље по останатиот дел! им нема крај, кога ќе разберете?!?!
јас сепак сум на страната на законот! нема шамија ни за мене, ни за нив, ни за будист ни за НИКОЈ! без разлика на се!

како и да е, не се сите вакви! една странка на татко ми, муслиман, самиот рече дека тоа е огромна глупост! дека нема потреба да се сликаат со шамии,марами и шознам јас. верник е, ама ете... глупости биле.
ај сеа нзс?
 
Ок.. сите дадода мислење никој не даде предлог... да речиме никој од муслиманите не рече па нека се сликаат со шамии.И ако државата речи ок може со шамии се ќе биди во ред, ама има различни видови на шамии, што ако за некој во Македонија Бурката стане нешто што ако го извади ќе се осеќа дискриминиран? Јас тогаш верувам сите криминалци ќе се забулат и тоа во Авганистанската бурка, и оди фати ги. Било како да излезиш на прес и да тврдиш дека законот те дискриминира, а во цел свет "пример" за слободата и нејзините вредности никој нема дигнато глас против таквиот закон е со одредена цел различна од таа која што ја декларираш.
 
И да,не зборуваме само за албанци (преку курот веке со тоа “тие сакат права“) туку за сите муслимани,така да...од калибарот на Лејди ако не сваќате прашувајте.
 
Само би кажал дека одлуката за забрана на фотографирањето со шамија е одлична и сигурно не е донесена затоашто така на некого му текнало, туку затоа што валда полицијата имала проблем со идентификација на таквите лица.
 
епа, да им дадеме се` па да сме "недискриминатори" но без држава, а тие да земат се` и ќе не фалат колку фин народ сме.
им даваш прст, зимаат цела рака, па и тераат даље по останатиот дел! им нема крај, кога ќе разберете?!?!
јас сепак сум на страната на законот! нема шамија ни за мене, ни за нив, ни за будист ни за НИКОЈ! без разлика на се!

како и да е, не се сите вакви! една странка на татко ми, муслиман, самиот рече дека тоа е огромна глупост! дека нема потреба да се сликаат со шамии,марами и шознам јас. верник е, ама ете... глупости биле.
ај сеа нзс?
Таман работа ако за се попуштаме. Али ако се сликаат со шамија, не губиме нешто особено.Всушност, тоа е патна исправа. Ако сакаат да бидат забрадени и така да ги индетификуваат у други земји, нека повелат.
И наместо да креваме бука за ваква ситница, можеби треба да се загрижиме за денешнното отварање на институтот за духовно наследство на албанците, и отстапување на пола Куршумли Ан за таа намена, во време кога ист таков институт за македонците воопшто не ни посоти.
Се некако ми изгледа дека за банални ствари се инатиме, а за поголеми нешта мирно даваме зелено светло и уопште не се буниме.
 
Адо,зборуавме за муслиманите,не за албанците.
Има турци,македонци,албанци,босанци итн.
 
Таман работа ако за се попуштаме. Али ако се сликаат со шамија, не губиме нешто особено.Всушност, тоа е патна исправа. Ако сакаат да бидат забрадени и така да ги индетификуваат у други земји, нека повелат.
И наместо да креваме бука за ваква ситница, можеби треба да се загрижиме за денешнното отварање на институтот за духовно наследство на албанците, и отстапување на пола Куршумли Ан за таа намена, во време кога ист таков институт за македонците воопшто не ни посоти.
Се некако ми изгледа дека за банални ствари се инатиме, а за поголеми нешта мирно даваме зелено светло и уопште не се буниме.
ние самите сме криви што немаме такво институт... никој друг не ни е крив.
сепак стојам за оваа "мала" работа. а покрај оваа, не е само куршумли, туку 1001 работа наназад. ама само џабе ќе отвараме нови теми за глупости... што е напраено е напраено, нема назад. треба да гледаме да не усеруваме натаму!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom