OBDN
Ходајучи Вујаклија
- Член од
- 25 јули 2005
- Мислења
- 1.456
- Поени од реакции
- 32
Ако смеам да прашам нешто, бидејќи гледам дека темава отиде во правец кој ме интересира, иако е можеби оф топик.
Човечката фантазија знае чуда да направи. Ќе се согласиме дека на плажа, женско тело изгледа пубаво кога е бар малку припокриенко, отколку скроз голо, ачик како за на доктор. Затоа што е попредизвикувачки да се претпоставува, да се насетува, да се нагаѓа, да се фантазира. Ако ми е точна логиката, зар не е покиената коса поадрелинска, отколку откриената?
Поента e скромност. Откривањето на косата е најверојатно еднакво на шетање по гаќи на плоштад. Таа жена предизвикува и изискува сексуални мисли. Зајакот е кај неа, не во реакцијата на мажите.
Слично прашање, ама од малку поразличен агол поставив на една познаничка од С. Арабија. Мoето прашање беше, ОК, ако целата поента е да не се привлече внимание, да се биде што е можно поскромен и невпечатлив, тогаш зошто ја носиш во САД? Земја, доминантно христијанска/јудејска, истовремено секуларна (барем на хартија се' уште), сексуално отворена, башка во последно време тотално нетолерантна спрема исламскиот свет!? Со шамијата, секако дека таа во оваа земја привлекуваше многу повеќе погледи, отколку да не ја носеше. Потполно се согласи со мојот аргумент, меѓутоа аргумент не доволно јак за да таа ја заборави својата традиција (огромен дел од ова денес е повеќе традиција и чуство на припадност, следствено гордост, многу повеќе од што е само религиозно убедување) и она во кое верува. Шамијата ја носи од ко станала жена, не може баш така едноставно да ја тргне. За време гувеењето во САД, се' што може да направи е да се обиде што е можно поскромно да го задржи своето, а да не си донесе работи кои нема намера да ги привлече. Пеки! Секој со своите слободи и права, и секако, предизвици.
Темата, од општествено-политичка гледна точка за жал не е толку едноставна. Од моментот кога светот (поточно САД) се соочи со терористички секојдневија, се создаде аура која слободите и правата ги комплицира. САД, Франција, Германија, веќе дебатираа. Сепак дискутабилни се аргументите. Правење се' за да се заштитиме од превари е на место, меѓутоа колку е тоа навистина заштита а колку е ловење лисици на штета на односите кои како различни култури треба да ги одржуваме е прашање.Ако се тргне од тоа дека основата на контрола на секој судир на цивилизации е толеранција и разбирање, тогаш како вакво наметнување води кон тоа? Очигледно според некои искажани мислења овде, води многу повеќе кон нетолеранција. Од друга страна колку навистина ќе ни донесе сигурност?! Ниеден од наводните терористи не беа замотани во шамии. Ниту еден криминалец не направил превара со пасош со тоа што се замотал со шамија. Праксата покажала дека сите биле и те како „ин“ со правилата и прописите на секојдневието кое го нападнале (со уши, очи, коса, и бизнис одела на пасошите).
Ама некој мора да поставува правила за да ние сите сме убедени дека некој работи на нашата сигурност. Исто е она: на авион не смееш да носиш ноктарица за нокти, а во истиот потоа те служат со сребрени ножеви. Следствениот заклучок донесете го сами. Колку од ова е само еден обичен крик на немоќта и несигурноста во обид да се убедиме дека имаме контрола над работите?
Аргументот за одвоеноста на државата и религијата држи, но истиот се коси со повелбите за човекови права.
А дискусија мора да има колку и тоа нам лично да не ни се допаѓа. Прво, овде се заборава дека овие правила за слики се нови! Своевремено се сликале на пасоши со шамии, САД ги променија правилата (10 пати од 9/11 до сеа чиниш), и ЕУ па и МКД ги прифаќа. Станува збор за нови правила, на кои луѓето реагираат (кај нас станува уште покомплексно поради тоа што носењето шамии на поголемо ниво е исто така нов општествен тек).
А, државата со своите закони постои за сите свои граѓани. Доколку дел од нив не се согласуваат со нив, демократијата претполага дискусија а не арогатно одбивање на несогласувањата. Тоа не е демократија, а РМ последен пат ко проверив имаше демократско уредување.
Некои луѓе пораснале на начин кој кај нив, со вадењето на шамијата би предизвикал траума и чуство на деградација. Од друга страна, за некои други тоа е неразбирливо и се коси со законите. Но тоа е цената на глобализацијата и комплексноста на општествените уредувања. Успешни се оние кои низ сето тоа ќе се снајдат, на начин кој не креира омраза и нетолеранција, нешто поради кое и постои политичко-општествени уредување... Нели, од мајмуни станавме социјални суштества со таа цел... да не се испоубиеме и уништиме меѓусебно. Така што, со среќа нека им е на тие на кои им е дадена задачата, а и на сите нас, знаејќи кои први ќе се нацртаат како бранители на аргументите на двете страни и со која цел.