Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Дали навистина умниците ги искривуваат другите заби ?
Не ме болат, но страв ми е дека ќе ми се искриват другите заби, а многу убави заби имам.
 
Фала се надевам дека нема да имам потреба за тоа,иначе колку чини фиксна и можам ли кога сакам да отидам да ми ја скинат,а не ми е по кеф :D
Иако веќе кажаа ама еве и јас да се согласам/потврдам со останатите, на мобилна не рачунај, не само ради возраста туку и воопшто, нема таа толку голем ефект, и деца што на времето носеле прво мобилна најчесто после морале и фиксна да носат (сеа не можам да зборам за тебе конкретно каков е проблемот и колку е мала корекцијата, ама муабетот ми е дека многу не помага таа).

Иначе за вадење протеза ако се откажеш не знам, сигурно нема да ти забранат ама не сум чул човек да направи такво нешто, и да плати 300 евра за (една) протеза (толку се отприлика цените) и после да ја извади оти нејќе да ја носи. Како што веќе ти кажаа, брзо ќе навикнеш така да не и се секирај, а и брзо ќе ти пројде времето.

Меѓу другото би ти препорачал да одиш кај некој што е конкретно специјализиран за протези (односно ортодонт) а не кај општ заболекар што воедно прави и протези. Теоретски можам и мојот ортодонт да ти го препорачам ако конкретно сакаш препорака за некој добар (али по приватна порака би го направил ова, да не испадне сеа дека тука правам реклама на форумов оти не ми е тоа поентата, туку чисто оти стварно сум многу задоволен од нејзината работа и ангажман и се, а и јас по препорака кај нејзе отидов).
 
Пиши во инбокс слободно.

Иначе приватно оперирање на умници без термин мене ми бараа 5500 денари,а имав врска па за 2000 го извадив едниот и уште 2000 другиот.
 
Има ли ортодонт на Клиника и која смена е ?

Има ортодонција на клиника.
Во две смени работат, но подобро ти е во прва смена да отидеш (од понеделник до петок)
 
Има ортодонција на клиника.
Во две смени работат, но подобро ти е во прва смена да отидеш (од понеделник до петок)
Фала Дани за инфото
Ама зашто е подобро да одам кога се прва ?
 
Не можам комплетно да ја затворам устата заболекарот ми рече дека требело да се сечи некоја коска.Има ли некој правено ваква операција?
 
Не можам комплетно да ја затворам устата заболекарот ми рече дека требело да се сечи некоја коска.Има ли некој правено ваква операција?
Немам правено ама ништо страшно не е, освен непријатно. Не паничи, не можат да те заебат :) На максилофацијална те пратија?
 
Немам правено ама ништо страшно не е, освен непријатно. Не паничи, не можат да те заебат :) На максилофацијална те пратија?
Не кажа конкретно дали е максилофацијална меѓутоа која ќе е сигурно е таа не ми текнува на некоја друга.А за тоа дали ќе ме заебат или не шо знам малку сум скептичен сепак коска се крши.И рече дека била многу скапа, еве гледам некаде по 40.000 евра кај нас како се движат цените? Ништо не можам да најдам на интернет.
 
40 000 евра? WTF?

Не се секирај, за тебе изгледа тоа страшно, фактот што ќе мора да ти скршат коска, кај нив тоа е секојдневие. Ќе ја скршат коската да, ама потоа ќе ја состават да си легне на лежиштето како што треба. Да отидеш еден ден на таа клиника да видиш од сообраќајки какви ги носат некои луѓе пола вилица што им фали па ги оправаат како ништо да не се десило :)
 
Дај боже така да е.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom