За христијаните СПЕЦИЈАЛНО

  • Креатор на темата Креатор на темата Blackout
  • Време на започнување Време на започнување
Медицината е исто извор на многу голема, незамисливо голема заработка. Индустрија за пари, тамифлу, Градски Аптеки...
Дали овде во овој и ред вакви случаи медицината е хумана?
Жалам што вмешувам световно во тема за религија, но ова не е хуманост-милион евра. Дури и најбогатите кај нас нема да можат ова да го соберат.
Да беше хумана медицината немаше од брат ми да направи пола човек, немаше ради едно слепо црево 5 години да се бори против ракот, немаше да му бара 2000 евра месечно за лекови, сам да купува и да се лечи, додека медицината нема ниту еден денар дадено за хемо и зрачна терапија. Ниту за додатни средства кои мора да ги прима, а до кога ќе издржи во оваа борба... Медицината...нема хуманост ни таму, само ампицилин. Да беше хумана, ќе дадеше средства против ракот слободно да се препишуваат, а не за 2000 евра месечно. Таа е за богатите, дури ниту за нив.

Секој со своја приказна и искуство.

Потполно си во право. Медицината покрај тоа што има спасено многу луѓе исто така има и упропастено многу луѓе. И јас имам лоши искуства со медицината.
Она што е тука лошо е поврзувањето на медицината со капитализмот т.е. профитот. И пациентот се претвара во клиент што е логичен след на работите. Единствен спас е изземање на медицината и фармацијата од пазарните услови, бидејќи основната намена и е да лечи и помага а не да се прави профит. Иако ова спаѓа во утопија, сепак не можам да го поврзам профитот со лечењето луѓе. Иако сум атеист...
Се надевам дека брат ти ќе се опорави.
 
Се надевам дека брат ти ќе се опорави.
Фала :smir:

Она што е тука лошо е поврзувањето на медицината со капитализмот т.е. профитот. И пациентот се претвара во клиент што е логичен след на работите.
Секоја злоупотреба на медицина, религија, филозофија, генетика, наука...доведува до разочарување и бес на народот. Соодветно практикување на било кое од овие напротив, не пречи никому, е полезно и што е најбитно, не убива. Како за било кое поле од науката, било кој правец од филозфијата, така и за религијата-практикувај си религија, но не наметнувај никому на сила.
 
Се е точно, освен религијата и филозофијата. Тие две се нематеријални вредности по декларација. Кај останатите злоупотребата е видлива,мерлива и казнива (ако нема корупција)...
Е сега религијата не ја злоупотребуваат туку различно ја толкуваат. И колку што има цркви,секти и култови толку има и толкувања. А секоја религија сака да прибере што повеќе верници.
Према тоа судирите на верска основа нема никаков начин да се спречат. Бидејќи сите религии тврдат дека се единствено вистинити и дека спасението доаѓа од кај нив. Следствено, сите други грешат.
Единствено старите паганските религии биле нешто поразлични во тој поглед и биле многу потолерантни, иако има и такви како Хидуизмот кои се исти со монотеистичките во поглед на вистината.

А ако црквата со луѓе кои целиот живот го поминуваат во изучување на светите списи и теологија прави злопотреби што остана за обичните верници, на кого да се угледаат?
 
Се е точно, освен религијата и филозофијата. Тие две се нематеријални вредности по декларација. Кај останатите злоупотребата е видлива,мерлива и казнива (ако нема корупција)...
Е сега религијата не ја злоупотребуваат туку различно ја толкуваат.

Хммм, очигледно во различни светови сме живееле :toe:. Велиш религијата не се злоупотребува а од друга страна поповите возат бесни коли и често имаат вишок килограми. Освен тоа се политички активни (иако не јавно) и имаат огромен имот.

Тоа се многу конкретни материјални вредности. Нема воошто ни да спомнам за некои афери кои што повремено (додека не се заташкаат) се појавуваат во јавноста секаде каде има развиено религијско учење.
 
Тешко дека сме живееле во различни светови.
Религијата не може да се злоупотреби, доволно е само да се употреби.
И ја употребуваат за конкретни материјални вредности. А самата по себе не е материјална туку е учење,теорија,догма,проповед...

Исто како некоја програма од компјутерот. Можеш да ја употребиш и да заработиш нешто ако си во таа струка на пример. А програмата не е материјална туку е обичен бинарен код. Доволно е да ја употребиш. Така и религијата. Нејзината употребна вредност е материјална.
 
Хммм, очигледно во различни светови сме живееле :toe:. Велиш религијата не се злоупотребува а од друга страна поповите возат бесни коли и често имаат вишок килограми. Освен тоа се политички активни (иако не јавно) и имаат огромен имот.

Тоа се многу конкретни материјални вредности. Нема воошто ни да спомнам за некои афери кои што повремено (додека не се заташкаат) се појавуваат во јавноста секаде каде има развиено религијско учење.

Прочитај уште еднаш батка и ќе видиш што сакал да каже писателот. Значи Toecutter се обидуваше да ти каже дека кај сите други гранки е казнива орупцијата и организираниот криминал додека кај РЕЛИГИЈАТА И ФИЛОЗОФИЈАТА истото поминува неказнето:nenene:
 
Да ти кажам и јас заборавив од специјално за христијаните дојде доп проблеми за корупцијата во медицината:pishtoldz
 
Па јас ја однесов темата кај што не треба и се надевам ќе ме извините за ова, не беше воопшто со некоја посебна зла намера.
 
Не бе нема веза ја само давам коментари не ми замерувај ти мене, УСТАТ МИ ЗБОРУВА МАЛКУ ПОВЕЌЕ ОДКОЛКУ ШТО ТРЕБА.Ти барем ја шириш поентава во интересна и нормална насока,за разлика од догматскиве робчиња.:helou:
 
Па јас ја однесов темата кај што не треба и се надевам ќе ме извините за ова, не беше воопшто со некоја посебна зла намера.

битно е да праиме муабет да размислуваме исл. активности:helou:
 
битно е да праиме муабет да размислуваме исл. активности

Муабет праите, размислување јок. Барем ти како автор на темата требаше да се изјасниш. Еден период од историјата на католицизмот им го накалемуваш на сите што го почитуваат христијанството, и таа лажна конструкција ти е основа на која си градиш илузија за неакква си твоја сопствена морална супериорност.

Ако навистина сакаш дискусија по темата, изјасни се каде стоиш, барем во однос на очигледните аргументи кои луѓето ти ги приложија.
 
Па сега не знам ти како си сватил ама јас не се обидувам да накалемам ништо никому.Темата се вика за христијаните бидејки сакав да чујам мислења на христијаните зошто супериорниот Господ дозволил да постои тој период и без тие глупости за поголемата слика, па не можеме да го разбереме па он има план за се и секој.........
Јас не го накалемувам тоа, тоа постои и јас не барам тука некој да ми се извини мене за тој период. реално е дека тоа е најлошиот период на човештвото и реално е дека вината за тоа ја сноси црквата (католичка или православна сепак е христијанска.)
а што се однесува за мојата ,,морална супериорност,, јас за неа не му одговарам на исус, на богородица или незнам ти на кој туку на законот и општеството
Не знам конкретно на кои аргументи мислиш да се изјаснам но ако можеш посочи и ќе се обидам да се изјаснам колку што можам подобро и појасно
 
Муабет праите, размислување јок. Барем ти како автор на темата требаше да се изјасниш. Еден период од историјата на католицизмот им го накалемуваш на сите што го почитуваат христијанството, и таа лажна конструкција ти е основа на која си градиш илузија за неакква си твоја сопствена морална супериорност.

Ако навистина сакаш дискусија по темата, изјасни се каде стоиш, барем во однос на очигледните аргументи кои луѓето ти ги приложија.

Батка тебе не знам што не ти е јасно. Подобра поента на темава и стоење не може да биде објаснето од Blackout, она кажа што мислеше за оваа тема.

А АКО ТЕБЕ НЕ ТИ СЕ ДОПАЃА ТО НЕМОЈ ДА ГО НАРЕКУВАШ НЕИЗЈАСНУВАЊЕ ПО ТЕМА И НЕПОСТАВЕНОСТ НА ИСТАТА.:vozbud:

Очигледно е дека на некого на форумов кога нешто не му се допаѓа а нема аргументи да го брани својот став освен магла и прашина тргнува да бара негативности во формата или содржината на текстот. :toe:

Заклучок: Ако немаш нешто конкретно да кажеш најди некоја друга тема на форумов и занимавај се:uvo:
 
Ако немаш нешто конкретно да кажеш

Ајде да повторам уште еднаш. Поконкретно прашање од ова нема.

Дали темата ви е

А) осуда на инквизицијата во средновековната католичка црква
Б) правење на удрен дека не ни е позната историјата

Ако одговорот е А), тогаш, штом е темата јасна, и дискусијата ќе си има јасен тек.

Ако пак одговорот е под Б), тогаш се можни сите останати криви дрини:

- христијаните ја измислиле инквизицијата (лага)
- црквата ги угнетува луѓето (лага)
- итн,

се со цел за даможе некој самозадоволно да си рече: “јас не верувам во Бога, значи попаметен и почист сум од овие слепци“. Со други зборови, продаваш магла и бегаш од историските факти заради лечење свои комплекси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom