Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Потполно си во право. Медицината покрај тоа што има спасено многу луѓе исто така има и упропастено многу луѓе. И јас имам лоши искуства со медицината.Медицината е исто извор на многу голема, незамисливо голема заработка. Индустрија за пари, тамифлу, Градски Аптеки...
Дали овде во овој и ред вакви случаи медицината е хумана?
Жалам што вмешувам световно во тема за религија, но ова не е хуманост-милион евра. Дури и најбогатите кај нас нема да можат ова да го соберат.
Да беше хумана медицината немаше од брат ми да направи пола човек, немаше ради едно слепо црево 5 години да се бори против ракот, немаше да му бара 2000 евра месечно за лекови, сам да купува и да се лечи, додека медицината нема ниту еден денар дадено за хемо и зрачна терапија. Ниту за додатни средства кои мора да ги прима, а до кога ќе издржи во оваа борба... Медицината...нема хуманост ни таму, само ампицилин. Да беше хумана, ќе дадеше средства против ракот слободно да се препишуваат, а не за 2000 евра месечно. Таа е за богатите, дури ниту за нив.
Секој со своја приказна и искуство.
Она што е тука лошо е поврзувањето на медицината со капитализмот т.е. профитот. И пациентот се претвара во клиент што е логичен след на работите. Единствен спас е изземање на медицината и фармацијата од пазарните услови, бидејќи основната намена и е да лечи и помага а не да се прави профит. Иако ова спаѓа во утопија, сепак не можам да го поврзам профитот со лечењето луѓе. Иако сум атеист...
Се надевам дека брат ти ќе се опорави.