Max Legend
The black swordsman
- Член од
- 27 септември 2010
- Мислења
- 4.339
- Поени од реакции
- 6.479
- Возраст
- 41
- Локација
- Somewhere in Midland
Нашата одисеја на светското првенство во Шпанија заврши неславно. Пред шампионатот имав надеж дека можеме колку толку да закрепнеме после фијаското што ни се случи на квалификациите за олимписките игри, но првиот меч со Чиле наговести дека нема мрдање од мртва точка.
Затоа, да не должам многу, ја презентирам алтернативната верзија на постракометните кариери на македонските ракометари.
Како по обичај, клик прво на песната. Предупредување - не ги пуштајте звучниците/слушалките до даска.
Филип Лазаров и Дејан Манасков по покана на Далај Лама заминаа во Индија. Таму останаа неколку години и преку медитација учеа како да ги совладаат своите внатрешни демони, како да се зголеми самоувереноста да имаат прецизни шутеви и да станат едно со "ракометната топка".
Осигурителните компании го воведоа "The Naumche rule" - ова правило ги осигурува голманите и гредите при секој удар од Наумче Мојсовски.
Кире Лазаров креираше апликација за мобилни телефони, лаптопи и таблети наречена "Ask Kire" (прашајте го Кире). Оваа апликација овозможува ракометните тренери за време на тајм аут да ја активираат како би побарале совет и тактика од истата. Сепак апликацијата доживеа неуспех на пазарот бидејќи ниеден тренер не ја употреби, освен Шундовски.
Златко Мојсовски, Бранко Ангеловски и Левов беа првите тест субјекти на програмата на ОН, DERPA. Програмата има за цел преку биохемиски експерименти да добива од човечки субјекти материјали кои претежно се добиваат од дрва како еден од начините да се сочува светското шумско богатство.
Стојанче Стоилов и Борко Ристовски беа грабнати од Зебулонците и одведени на нивната планета Зебулон 5. Лидерот на Зебулонците им објасни дека грабнувањето е дел од планот за популаризација на ракометот на Зебулон 5. Иако и двајцата имаа право да се вратат дома, сепак одбија бидејќи за возврат од Зебулонците добија гратис карти за настапите на Елвис Присли секој четврток во барот "Мос ајсли".
Звонко Шундовски го привлече вниманието на Стен Ли, творецот на MARVEL comics, да креира нов лик во Марвелверзумот - Captain Obvious (Капетан Очигледно). Неговите супермоќи вклучуваат - да укажува на очигледни работи секогаш кога другите MARVEL јунаци се во акција и да клава повеќе голови од Doctor Doom, Thanos, Loki и Green Goblin заедно (иако истите немаат фајде од ракомет). Captain Obvious лесно го најде своето место во Avengers тимот, а се очекува да дебитира на големото платно во 232 - то продолжение на Avengers, чие снимање е закажано во 2033 година.
После деталната заедничка истрага на сите светски безбедносни агенции кон РФМ утврдено е дека сите матни работи и скандали поврзани со стагнирањето на македонскиот ракомет не се резултат на човечко дело. Имено раководителите долго време биле домаќини на вонземски паразити кои се хранат со мозочните течности на домаќинот. Тоа хранење остава за последици домаќинот да се однесува рамнодушно кон средината ала "ме заболе тасето за ракомет". Додека агенциите стигнаа до крајот на истрагата вонземјаните умреа бидејќи останаа без храна. Истрагата за појава на вакви паразити во ФФМ и КФМ е во тек.