За кого? За ракометарите! The alternative cut.

  • Креатор на темата Креатор на темата Max Legend
  • Време на започнување Време на започнување

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Возраст
41
Локација
Somewhere in Midland
Нашата одисеја на светското првенство во Шпанија заврши неславно. Пред шампионатот имав надеж дека можеме колку толку да закрепнеме после фијаското што ни се случи на квалификациите за олимписките игри, но првиот меч со Чиле наговести дека нема мрдање од мртва точка.

Затоа, да не должам многу, ја презентирам алтернативната верзија на постракометните кариери на македонските ракометари.

Како по обичај, клик прво на песната. Предупредување - не ги пуштајте звучниците/слушалките до даска.

Филип Лазаров и Дејан Манасков по покана на Далај Лама заминаа во Индија. Таму останаа неколку години и преку медитација учеа како да ги совладаат своите внатрешни демони, како да се зголеми самоувереноста да имаат прецизни шутеви и да станат едно со "ракометната топка".

Осигурителните компании го воведоа "The Naumche rule" - ова правило ги осигурува голманите и гредите при секој удар од Наумче Мојсовски.

Кире Лазаров креираше апликација за мобилни телефони, лаптопи и таблети наречена "Ask Kire" (прашајте го Кире). Оваа апликација овозможува ракометните тренери за време на тајм аут да ја активираат како би побарале совет и тактика од истата. Сепак апликацијата доживеа неуспех на пазарот бидејќи ниеден тренер не ја употреби, освен Шундовски.

Златко Мојсовски, Бранко Ангеловски и Левов беа првите тест субјекти на програмата на ОН, DERPA. Програмата има за цел преку биохемиски експерименти да добива од човечки субјекти материјали кои претежно се добиваат од дрва како еден од начините да се сочува светското шумско богатство.

Стојанче Стоилов и Борко Ристовски беа грабнати од Зебулонците и одведени на нивната планета Зебулон 5. Лидерот на Зебулонците им објасни дека грабнувањето е дел од планот за популаризација на ракометот на Зебулон 5. Иако и двајцата имаа право да се вратат дома, сепак одбија бидејќи за возврат од Зебулонците добија гратис карти за настапите на Елвис Присли секој четврток во барот "Мос ајсли".

Звонко Шундовски го привлече вниманието на Стен Ли, творецот на MARVEL comics, да креира нов лик во Марвелверзумот - Captain Obvious (Капетан Очигледно). Неговите супермоќи вклучуваат - да укажува на очигледни работи секогаш кога другите MARVEL јунаци се во акција и да клава повеќе голови од Doctor Doom, Thanos, Loki и Green Goblin заедно (иако истите немаат фајде од ракомет). Captain Obvious лесно го најде своето место во Avengers тимот, а се очекува да дебитира на големото платно во 232 - то продолжение на Avengers, чие снимање е закажано во 2033 година.

После деталната заедничка истрага на сите светски безбедносни агенции кон РФМ утврдено е дека сите матни работи и скандали поврзани со стагнирањето на македонскиот ракомет не се резултат на човечко дело. Имено раководителите долго време биле домаќини на вонземски паразити кои се хранат со мозочните течности на домаќинот. Тоа хранење остава за последици домаќинот да се однесува рамнодушно кон средината ала "ме заболе тасето за ракомет". Додека агенциите стигнаа до крајот на истрагата вонземјаните умреа бидејќи останаа без храна. Истрагата за појава на вакви паразити во ФФМ и КФМ е во тек.
 
01-how-about-no-bear.jpg
 
Албанците застанаа позади вонземјаните,бидејќи вонземјаните имале чукун-дедовци Албанци.Се поднесе барање за амнестија на вонземјаните,а врховниот суд сеуште го разгледува случајот.

Доколку судот ја одбие амнестијата,албанците едно гласно ќе поднесат жалба и повторно разгледување на случајот.

Доколку се одбие жалбата тие се закануваат со протести низ цела Западна Македонија и најголемите протести некогаш видени низ Скопје.

Премиерот Груевски сеуште не зазема став по ова прашање,но вети на јавноста и новинарите дека ќе се произнесе на утрешната пресконференција закажана во хотелот Континентал во 15.00 часот.

Трајко Вељановски ги распушти пратениците заради вонредната состојба во земјата,исто така и тој ќе биде дел од утрешниот прес во хотелот.

Може вонземјаните да се забележат на територијата на Албанија.Повеќе инфорамции на следното видео.

Владата на република македонија купи 300 овци и ги вработи ракометарите дел како овчари дел како овчарски кучиња, по долго размислување и дебатирање во парламентот решено е овците да се заменат со фотографија од 300 овци бидејќи во случај да бидат изгубени овците ( како по обичај и правило ) многу е полесно да се замени фотографијата отколку да се купуваат 300 живи овци.
 
Откако ракометарите ги изгубија овците, Премиерот се сретна со својот турски колега, да разговараат што ангарија да им дадат на ракометарите бидејќи направиле голем зулум.
После долгата дискусија и целосното исцрпување на аргументите, двајцата премиери решија ракометарите да ги пратат ортоми да сучат во Анадолија
 
ортоми ортомиииииииииии , па и тие ќе ги изгубат :pos:
 
Нашиве уште не се спакувале за дома а веќе им стигнала понуда од режисерот на серијалот Лост за снимање на нова сезона. Нашиве најверојатно прифатиле пошто се работело за добра сума.
Режисерот веќе го имал и сценариото за првите две епизоди.
Во првата епизода нашиве се толку збунети што се јавуваат две струи, едната предводена од Шундо кој се залага за клавање на голови а другата страна ја застапуваат Мојсо и Кирил кои ги убедуваат другиве да не клаваат голови туку да гаѓаат статива оти така требало.
Втората епизода е уште подраматична каде што доаѓа некој човек кој се претставува како висок функционер на светска ракометна федерација им им кажува на нашиве дека првите осум минути не смее да се клаи гол според новите правила.
На крај на епизодава се испоставува дека човекот кој им го кажал тоа бил пратен од другите и немал врска со светска ракометна федерација.
Друго не се открива за содржината, инаку серијалот ќе траел пет епизоди оти нашиве ќе биле толку многу изгубени што немало потреба од повеќе.
 
Брадосан Кире: We have to go back. За Македонија!
 
„Во Шпанија игравме помодерно отколку во Србија, но резултатски минавме полошо. Треба да се направат анализи, да се прифати доброто, а да се отстрани лошото. Целта е јасна, да го задржиме континуитетот и да се обидеме да стигнеме до место на ЛОИ во Рио. Јас воопшто не се сомневам дека имаме квалитет за такво нешто. Најлошо е да се направи лоша атмосфера и да се растуриме, да се критикуваме едни со други, но нема да дозволиме такво нешто“, заврши Лазаров.

:facepalm: офф лелеее политичарот Лазаров....
 
а што требаше да рече,мојсо дрво едно пичка ти матер ти си крив?
 
а што требаше да рече,мојсо дрво едно пичка ти матер ти си крив?

Како шо се прави во нормални држави се трга од неспособниот тренер. Од него самиот како капитен, па преку земените за прошетки на трибините Златко и Ојлески, па преку несигурните и небитните бекови Филип.Лазаров, Левов и Бранче, носење на трупој како Ванчо што додека се сврти да прими топка земјата 5 пати се врти околу сонцето! Има многу што тоа да се менува во репрезентацијата!
 
дај жити мене прекинете да плукате по луѓево, дадоа се од себе и успеаја да излезат од групата.
Ако некој од вас се чувствува поспособен слободно нека се пријави и нека направи нешто повеќе од мрчење на тастатура
 
Е па не ни играат нас браќата во репрезентација нити имаме славни татковци
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom