Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми е Клуни идеален за вестерн јунак, да беше активен во ерата на вестерните ќе го надминеше легендарниот Џон Вејн.
Како актер не е лош, ама што знам не ми е карактер кој може да го носи цел филм на свој грб.
 
Онака.
Ништо посебно, ама не е ни лош.
Во Descendats ми беше добар, да не беше црно-белиот филм по кој се запали цел Холивуд најверојатно оскарот ќе отидеше кај него.
Има неколку добри филмчиња со него, ама ништо спектакуларно досега не сум гледал.
 
Црно-белиот филм беше подобар а актерот навистина имаше што да одработи. Да добиеше Клуни Оскар тоа ќе беше еден од најслабите Оскари, не затоа што тој е лош туку затоа што неговата улога беше лесна, нешто надпросечна во сосема просечна драма.

Иначе добар актер, никогаш не ми создавал одбивност, повеќето филмови му се добри.
 
Ајде малку да ја смениме практиката и да ставиме актер во подем, човек кој за две-три години направи невиден бум во филмскиот свет и тоа прилично доцна, на свои 33 години (сега веќе има 36).

Бенедикт Кумбербат

cumberbatch-blog480.jpg

За повеќето Бенедикт се поистоветува со серијата Шерлок на ББЦ, но човекот е многу повеќе од тоа. Додека не беше емитувана Шерлок, Бенедикт веќе имаше снимено серии и филмови, но беше познат само во родната Британија.

Прв доказ за неговиот талент беше ТВ филмот Hawking во кој го одигра Стивен Хокинг. Сериозно добро одиграна улога и воедно филм кој мора да го погледнете.

Потоа следеа филмови како Amazing Grace и The Other Boleyn Girl, за подоцна да дојде улогата на Шерлок и да добие невидено внимание сосем заслужено. После таа серија, Стивен Спилберг го побара за во War Horse, а доби и улоги во The Hobbit и Star Trek.

Од Кумбербат се очекува многу, а тој досега добива одлични критики за одиграното во театар и на филм.

Па, колку сте запознати со него, како ви се допаѓа неговата игра и што од него ви е омилено за гледање?
 
Зарем некој го приметил во The Other Boleyn Girl, покрај Johansson, Portman и Bana? Тек сега дознавам дека глумел, тогаш ми бил непознат изгледа.
Во Шерлок е одличен, тек сега кога добива шанси, треба да се докаже во филмови. Мислам дека ќе го биде. :)
 
Не знам зошто Кумбербат, кога е нешто како Камбербач - малку блесаво име, но тоа е тоа.
Инаку он топик - како глумец е одличен. Особено ми се допаѓа во Шерлок, скоро беспрекорен е во Хокинг, многу ми беше смешен во Starter for 10 и едвај чекам да го гледам во Хобитот и во Star Trek.
 
Го имам гледано само во Шерлок, одличен глумец е. Ме нервира само што слично како и Хју Лори изгледа како стално да му течи носот.
 
Релативно малку сум гледал нешто со Бенедикт К. Но, во Шерлок беше просто брилјантен, речиси совршен Холмс. И веќе мислам дека имам пишано, темата за Шерлок досега е просто стопати преџвакана и е прилично тешко да на се направи нешто што ќе биде доволно добро. Што ептен му оди во прилог на Бенедикт. Многу добар глумец. Земете го за пример новиот, амерички Шерлок. Моментално се врти на АХN. Ни секси варијантата на д-р Вотсон не ми е мотив да го изгледам цел.
 
Го имам гледано само во Шерлок и во Хокинг и двете улоги одлично му одговараат. Најдобар Шерлок до сега. (y)
 
кој шмек има човеков ;)
има таква физиономија на лицето кој незнаеш дали е злобен или е добар, самите фацијални изрази преставуваат мистерија и те тераат да мислиш, го гледав во шерлок досега 5 епизоди со се тој пилотот кој не е емитуван, најдобриот шерлок досега подобар и од роберт дауни, секоја чест за дечково , заедно со том харди,Џозеф Гордон Лујит и Мајкл Фасбендер се иднината на филмската индустрија.
иначе многу ми наликува на алан рикман само помлад :)
 
Јасно ми е дека уште го перцепирате како Шерлок, ама едноставно морате да го видите и надвор од таа рамка. Предобар е најсериозно.
Значи мои предлози од негови филмови што мора да ги видите, чисто да се уверите колку слоевит актер е:

1. Stuart: A Life Backwards
2. Hawking
 
Многу му лежат улоги на негативец. За мене е следниот Реј Лиота!

Слоевит е до даска <3 :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom