Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку две занимливости за Тарантино. Прва работа, човекот е суперинтелигентен и го има едно од највисоките IQ-а во Холивуд кое изнесува 160.
Втора работа, Роберт Родригез му е еден од најдобрите пријатели и двајцата имаат еден неформален договор направен на зезање, едниот на другиот да му режира барем една минута од филмот и за тоа да добие еден долар хонорар.

Патем, блиц прашање, што мислите за фактот што прва асоцијација за него е насилството во неговите филмови? Држи вода?
 
Патем, блиц прашање, што мислите за фактот што прва асоцијација за него е насилството во неговите филмови? Држи вода?

Meне прва асоцијација кога некој ќе го спомне Тарантино е психо фацата у From Dusk Till Dawn. Со стопалото на Селма Хаек у уста.
Втора, Kill Bill од тв како копиљ, и трето Pulp Fiction.

Значи, како сакаш вртај, асоцира на насилство пошо сите филмови му се преку стандард насилни. :)
 
Патем, блиц прашање, што мислите за фактот што прва асоцијација за него е насилството во неговите филмови? Држи вода?

Кај мене не, прва асоцијација ми е Pulp Fiction, еден од двата филма (другиот е Амадеус) кои ме оставиле со подзината уста, барем пола ден бев под впечаток од филмот. И денес сметам дека Pulp Fiction e нешто ненормално добро иако лудо и увртено и полн со насилство.

Реален е до коска плус одлично сценарио и глума, може затоа и толку ме погоди.

Тарантино ме потсеќа на луд чоек кој си ја скротил лудоста и ја претворил во креативна професија, со други зборови ЦАР.
 
Meне прва асоцијација кога некој ќе го спомне Тарантино е психо фацата у From Dusk Till Dawn. Со стопалото на Селма Хаек у уста.
Втора, Kill Bill од тв како копиљ, и трето Pulp Fiction.

Значи, како сакаш вртај, асоцира на насилство пошо сите филмови му се преку стандард насилни. :)
Во Копилињата им го сечеа скалпот на нацистите. Прилично сурово. Мислам дека нема филм што го има режирано, а во кој нема прекумерно насилство.
 
Јас немам конкретен одговор на прашањето на РокенРола, донекаде и држи вода таа теорија од причина што повеќето филмови, или оние најуспешните му се крими. Плус во Kill Bill, Reservoir Dogs и I.Basterds има бајаги насилство.
Квентин ми е меѓу омилените, обожавам филмови каде што дејството се испреплетува, или повеќе приказни се прикажуваат паралелно за на крај да се добие една царска целина. Уз Гај Ричи владеат...

Кога сме кај Гај Ричи... Кога Гај Ричи ја ожени Мадона, Квентин изјавил: Сега јас треба да го омажам Елвис Присли :ROFLMAO:

Една од најомилените сцени во филм кој го има режирано Квентин, уз Stuck in the Middle With You, којзнае колку пати ја имам премотано сценава:


Класика...
 
Квентин Тарантино + Роберт Родригез е добитната комбинација :)
 
Квентин Тарантино, Квентин Тарантино...
Квентин Тарантино е во моите 5 омилени режисери. Не знам кои се останатите четворица.

Некогаш ги ставам неговите филмови и оние на Родригез на купче, како да ги правеле заедно. Разлики има, но овие двајца очигледно си разменувале многу идеи. Една заедничка работа им е насилството. Ќе речете, филмовите на Тарантино и Родригез се премногу насилни. Во право сте и не сте во право. Има илјадници други филмови кои се насилни, на сите можни начини. Но насилството во филмовите на овие двајца има печат. Знаеш дека филмот го направил некој од нив, препознатливо е. Го очекуваш, и ако го нема, нешто ќе фали. Втора заедничка работа често пати им се почетните сцени. Често пати филмовите почнуваат со долг муабет, како во Reservoir Dogs, Pulp Fiction и Inglorious Bastards. Не знам како го прави тоа, ама почетните сцени во филмовите на Тарантино имаат моќ да те натераат максимално да се посветиш на филмот, без разлика што често зборуваат најобични глупости. Исто, не знам од каде му се јавува потребата да илустрира обични ликови кои дрндаат обични рандом глупости, но прв пат кога го видов Тарантино на филм, како актер, тој беше лик кој дрндаше глупости. Ова во еден мал, можеби независен филм со наслов Sleep With Me кој на времето играше на МТВ секоја втора недела, Тарантино нешто збореше како Top Gun бил геј филм :)

И кога пишува сценарио остава свој печат. Пример за ова е култната сцена во True Romance. Кога го гледав филмот не знаев кој е режисер, но кога ја изгледав сцената се сеќавам дека прво што помислив е дека филмот е на Тарантино. Тој филм го изгледав релативно подоцна откако имав изгледано повеќе негови филмови. Некаде прочитав дека еден од омилените филмови му е The Good, The Bad and The Ugly, кој исто така има долга сцена која е една од најдобрите кои сум ги видел. Можеби од тука му е опсесијата за снимање на долги сцени. Иако во овој филм сцената е завршна, па можеби едноставно научил нешто од Копола, кој исто така го започна Кум.

Бесните кучиња ми се и веројатно ќе ми останат омилен филм од неговиот репертоар. Не сакам голем фан на насилство во филмови, освен ако не се работи за хорор, и ако филмот не е на Тарантино.

Се надевам на повеќе вакви фрикови во филмската индустрија кои ќе прават препознатливи работи со свој печат и потпис, затоа што гледаме дека убедливо доминираат copy/paste режисери и сценаристи. Затоа и нема повеќе што да се види...
 
Според мене најдобар филм му е Ефтини приказни.Глумците си се на место,приказната си е на место,скроз е откачена,луда и истрипувана.Потоа му дадов шанса на Џеки Браун ама па некако ми се виде млак и досаден.Касапски кучиња го немам догледано.Се некако застанувам до 2/3 од филмот не знам зошто.За Убиј го Бил-дали сум единствен на кого му се допадна вториот дел повеќе од првиот?

Од друга страна подобро се провлекува како глумец или сценарист.Се изненадив кога видов дека Родени убијци е базиран на негово сценарио,се си мислев дека тој филм е комплетно дело на Оливер Стоун.

Еден мал податок-Тарантино е тежок отаку(љубител на јапонско аниме и манга).Тоа го призна кога го промовираше Убиј го Бил,велејќи дека тој филм е посвета на Lone wolf and cub,самурајска манга со осветничка приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Веројатно е еден од оние на кои им се посреќило да си го живеат филмот - се гледа дека го прави она што го сака, дека може да си дозволи слобода во тоа (нема секој режисер можност да си игра со големи буџети) и најважно, се гледа дека се разбира во работата. Не баш честа комбинација.
Насилството кај Тарантино е гледливо, има некаква естетика, некаква прифатлива, епска драматичност, па кога претерува, дури и кога го величи - не ми пречи, напротив :).
Како глумец е ок, ама е подобар режисер и сценарист. Не мислам дека е за оскар. Оскарите сега се за лигави филмови, историски драми, зашеќерени или трагични романси и сл.
Си има и некои, не толку катастрофални пропусти но нечии цели режисерски карирери се големи промашувања, па не би го тупел. Евтините приказни, Бил 1+2 и Копилињата многу ми се допаѓаат, и не само тие.
А музиката во филмовите на Тарантино е нешто посебно.
 
Еве ви лош филм кој го правеле Тарантино и Родригез заедно. Кога го гледав си мислев кај им бил паметот. Уствари кај им бил паметот на тие кои го одобриле буџетот за ова. Еден од најглупавите филмови кои ги имам гледано во животот.
Инаку еднаш Тарантино изјави дека ги мрази оние филмови кои ги режирал, а кои ги направил се со цел да си изгради базен во куќата.
Претпоставувам дека мислел на овој филм :)
 
Еве ви лош филм кој го правеле Тарантино и Родригез заедно. Кога го гледав си мислев кај им бил паметот. Уствари кај им бил паметот на тие кои го одобриле буџетот за ова. Еден од најглупавите филмови кои ги имам гледано во животот.
Инаку еднаш Тарантино изјави дека ги мрази оние филмови кои ги режирал, а кои ги направил се со цел да си изгради базен во куќата.
Претпоставувам дека мислел на овој филм :)
Не верувам, до 2007 би требало веќе да има пари за базен :)
 
А музиката во филмовите на Тарантино е нешто посебно.

Имам прочитано во едно интервју со него дека дома имал цела соба полна со плочи и од нив избирал музиката за своите филмови :)
 
Една од најомилените сцени во филм кој го има режирано Квентин, уз Stuck in the Middle With You, којзнае колку пати ја имам премотано сценава:


Класика...
мене не ме ипресионира оваа сцена со Мајкал Медсен,по што е многу површна барем за мене(ај види скалперот дека е чист после отсекувањето на увото хаха)
Некако не ми е својствена неговата кнтраверзност и цензурата...(ако сечи уво да видиме како тоа ке изгелда)

Инаку Квентин и неговите еврттини прказни повеќе добиле на популарност на саундтракот околку на самиот филм...неговите филмови се само комерцијала.
Јас сепак мислам дека човек без школо не може да се мери со останатата фела во Холивуд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom