YouTube (официјална тема)

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
За да се приклучиш на Јутјуб програмата, или пак на некоја од мрежите кои соработуваат со Јутјуб треба да имаш 1000-2000 дневна гледаност на твоите видеа, и секако не треба да ги злоупотребуваат авторските права на другите партнери. Доколку си ги злоупотребувал, не можеш да аплицираш за да станеш партнер наЈјутјуб, или пак на некој од мрежите.

Од тебе се бара, да бидеш оригинален во тоа што ќе го ставаш на твојот канал. Не знам како е со Јутјуб, но мрежите на кои можеш да се приклучиш често бараат од тебе да коментираш на своите видеа.
Немој да мислиш дека одма ќе почнеш да правиш 2000-3000 долари месечно, а и за да ти стигне првата плата, треба да поминат два месеци, бидејќи на Гугл/Јутјуб ќе им треба отприлика толку време за да го ревидираат твојот канал. Не знам колку време е потребно за Јутјуб да ја исплати твојата прва плата, но за мрежите, тој е процесот.

Работи кои треба и не треба да ги правиш:
- Не копирај
- Не поставувај песни, се доколку немаш одобрено право од самиот автор
- Гледај содржината која ќе ја креираш да биде твоја

Можеш да побараш по интернетов, а и на самиот Јутјуб, а и мрежите си имаат они што поточно треба и што не треба да правиш.

Мрежи кои имаат партнерство со Јутјуб:
• Viso
• The Game Station
• The Game Network
• IGN
• SocialBlade
• Game Makers Studios
• BroadbandTV(мислам дека се мрежа исто така, не сум сигурен)
• Revision3

Доколку имаш интересна содржина, ова може да ти стане постојана работа и да имаш пари за добра живеачка. :)

Ти посакувам успех и среќа доколку успееш да влезеш и да се пробиеш.


(Сакав уште нешто да пишам, ама заборавив што сакав, така да, ако ми текне ќе ти кажам.)

ЕДИТ: Да се надополнам, ќе ти треба солидна опрема, и барем основно знаење на работа со некој од Адоби програмите, поточно Адоби Премиер и Афтер Ефектс и Сони Вегас про. Исто така и солиден компјутер за овие работи, но зависи за што ќе биде твојата содржина секако. :)
А од кај знаеш ти дека ќе става видеа што ќе имаат потреба од "експертски" корекции? :facepalm: Што го ебеш човекот у здрав мозок? Можеби сака да Vlogira... Влогерските видеа немаат потреба од корекции, а и да имаат може да се направат во Windows Movie Maker/ iMovie или некој многу поедноставен програм... After Effects е програм за кој ти треба година-две изучување па да сватиш како функционира... Vegas Pro е лесен за работа ама не е за почетници, никако..
Онтопик:
Machinima е "ортак" со YouTube... Тие заедно прават пари... Газдата на Machinima изјави дека заработува по 150.000$ месечно, а во текот на тој месец добива којзнае колку прегледи на видеата... Е сега треба да ја прифатиш онаа разлика... Дека ти ќе бидеш YouTube партнерче и дека нема да заработуваш баш и некоја пара за живеачка... Еве на пример за 1000$ да заработуваш месечно треба да имаш околу 1.7 милион прегледи... Братучед ми од Англија имаше Partnership и добиваше по 70.000 views месечно и за тие прегледи доби само смрдени 47 фунти.... Сега си работи како Freelancer на Fiverr... Partnership би сакал да добијам повеќе бидеејќи имаш можности за поставување на Banner и другите.. Инаку немора да си партнер за да правиш пари.. Ако луѓето ти го обожаваат видеото и ако имаш многу прегледи YouTube ќе ти понуди монетизација и ќе можеш да правиш пари ;)
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Накратко:
Треба да имаш доволно пари за опрема (ако снимаш видео добра камера и микрофон и добар компјутер за обработка на видеата, доколку правиш рецензија нема да ја правиш на пиратски софтвер/хардвер, него на купен или да побараш верзија за рецензирање), да познаваш доста луѓе, да не живееш во Македонија (бидејќи свеста за интернет видео кај нас е многу слаба - повеќето видео работи се дознаваат преку ТВ, но тоа лека полека испарува), на крај
трпеливост - нема да ги добиеш сите views одма...Треба време и многу време...
Ја на мојата инструменталка од пред 3 години што ја напраив добив без никаков вложен напор 100,000 погледи и не побарав спонзорство од YouTube бидејќи ми фали главниот елемент
памет.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Ако си од Македонија и ако сакаш да правиш некој денар од youtube мораш да се приклучиш на некоја мрежа што има партнерство со youtube...пошто како што кажа Един партнерството не е овозможено за нас Македонците....
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Од оваа пролет YouTube би можел да почне со наплата за прегледување на видеа на одредени канали како и за следење на настани во живо, пишува AdAge.


Според шпекулациите, од YouTube веќе контактирале со помала група луѓе кои би можеле да осмислат апликација која би ја вовеле за да наплатуваат пристап. Освен за претплата, од YouTube размислуваат да почнат со наплата за следење на настани во живо како што се концерти и натпревари.
Претплатата би изнесувала од еден до пет долари, но уште не е познато колку ниту кои канали би биле опфатени со неа.
Од YouTube веќе подолго време најавуваат дека размислуваат за можноста да се воведе претплата како и за започнување на соработка со одредени кабловски телевизии кои на тој начин ќе можат својата содржина да ја емитуваат на поголема публика.

Виа Кајгана :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
не ми се верува дека ке има наплата на видеа... со самото тоа што ке почнат да наплатуваат автоматски ке почнат нагло да губат корисници - меѓувремено ЕКСПРЕСНО ке добијат конкуренција со бизнисот за гледање он лајн видеа и полека ке почнат да пропаѓаат....

уствари тоа би му дошло нешто како нашана пазар3 - се беше океј додека не почнаа да наплаќаат - откако почнаа да земаат пари реклама5 стана најголем сајт за продажба (бесплатно нели)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.666
Поени од реакции
8.721
Не ми се веруе, до толку ли се алчни, небаре малку зимаат па немаат...(n)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Нема шанси, не верувам во ова а и да тие ко малце пари да имаат па сеа и ова. И они знаат дека доколку го направат ова ќе се намали посетеноста на Јутуб
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Нема теоретска шанса ова да се случи...не се глупи менаџерите на youtube веруј ми.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.493
Поени од реакции
8.005
Од оваа пролет YouTube би можел да почне со наплата за прегледување на видеа на одредени канали како и за следење на настани во живо, пишува AdAge.

Според шпекулациите, од YouTube веќе контактирале со помала група луѓе кои би можеле да осмислат апликација која би ја вовеле за да наплатуваат пристап. Освен за претплата, од YouTube размислуваат да почнат со наплата за следење на настани во живо како што се концерти и натпревари.
Претплатата би изнесувала од еден до пет долари, но уште не е познато колку ниту кои канали би биле опфатени со неа.
Од YouTube веќе подолго време најавуваат дека размислуваат за можноста да се воведе претплата како и за започнување на соработка со одредени кабловски телевизии кои на тој начин ќе можат својата содржина да ја емитуваат на поголема публика.

Виа Кајгана
Да живеат, Vimeo, Dailymotion и уште миљон сајтови за видео содржини :)

Ај сеа со ред :) За првиот црвен болд тоа значи дека се отвора простор за филмските продукции да оставаат филмови на јутјуб и притоа да добиваат пари за секој преглед на нивните филмови (исто како гледање филм преку кабловска, од оние што се по 69, 99 или повеќе денари). Сеа за сеа не ми текнува кој друг би можел да ја користи оваа опција.

Втората опција ми се допаѓа, само се надевам дека нема да акнат некои високи цени за гледање на NBA финале или NFL Super Bowl.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ако го направат ова одма ќе се направи страна слична на youtube и ќе биде free така да нема ништо од ова да биде ,само губиток ќе биде ова .
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
vrska nemate.... So tolkavi bukvi pisuva deka samo sportski natprevari i koncerti bi mozelo da se naplakjaat a se drugo bi ostanalo po staro kako do sega? Vrska nemate....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom