За да се приклучиш на Јутјуб програмата, или пак на некоја од мрежите кои соработуваат со Јутјуб треба да имаш 1000-2000 дневна гледаност на твоите видеа, и секако не треба да ги злоупотребуваат авторските права на другите партнери. Доколку си ги злоупотребувал, не можеш да аплицираш за да станеш партнер наЈјутјуб, или пак на некој од мрежите.
Од тебе се бара, да бидеш оригинален во тоа што ќе го ставаш на твојот канал. Не знам како е со Јутјуб, но мрежите на кои можеш да се приклучиш често бараат од тебе да коментираш на своите видеа.
Немој да мислиш дека одма ќе почнеш да правиш 2000-3000 долари месечно, а и за да ти стигне првата плата, треба да поминат два месеци, бидејќи на Гугл/Јутјуб ќе им треба отприлика толку време за да го ревидираат твојот канал. Не знам колку време е потребно за Јутјуб да ја исплати твојата прва плата, но за мрежите, тој е процесот.
Работи кои треба и не треба да ги правиш:
- Не копирај
- Не поставувај песни, се доколку немаш одобрено право од самиот автор
- Гледај содржината која ќе ја креираш да биде твоја
Можеш да побараш по интернетов, а и на самиот Јутјуб, а и мрежите си имаат они што поточно треба и што не треба да правиш.
Мрежи кои имаат партнерство со Јутјуб:
• Viso
• The Game Station
• The Game Network
• IGN
• SocialBlade
• Game Makers Studios
• BroadbandTV(мислам дека се мрежа исто така, не сум сигурен)
• Revision3
Доколку имаш интересна содржина, ова може да ти стане постојана работа и да имаш пари за добра живеачка.
Ти посакувам успех и среќа доколку успееш да влезеш и да се пробиеш.
(Сакав уште нешто да пишам, ама заборавив што сакав, така да, ако ми текне ќе ти кажам.)
ЕДИТ: Да се надополнам, ќе ти треба солидна опрема, и барем основно знаење на работа со некој од Адоби програмите, поточно Адоби Премиер и Афтер Ефектс и Сони Вегас про. Исто така и солиден компјутер за овие работи, но зависи за што ќе биде твојата содржина секако.