- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
@Чорбаџија, не е убаво да ги извртуваш работите, темата не е 'Ако постои Бог, тогаш зошто дозволува зло?' туку 'Христијанството и проблемот на злото.'
Христијанството и христијаните немаат проблем со злото. Атеистите се тие кои што имаат проблем со злото.
Zaratustra напиша:Теза 3. Во светот постои Зло. Значи зло со голема буква.
Од каде знаеш дека во светот постои зло?
Zaratustra напиша:Размислете за сите кои паднале во рацете на Јужно Американските полиции како експерти за мачење, или на сите луѓе во концентрационите логори, оставени комплетно на милост и немилост на некој психопат. Пробајте да се замислите во нивната ситуација, и ќе сфатите за какво Зло ви зборувам.
А зошто сметаш дека ова е зло? По кој критериум ова го нарекуваш зло? Хитлер сакал да ги убие сите луѓе кои тој ги сметал за недостојни за живот, за терет на општеството. Тој сакал да ја исчисти аријевската раса од овие „недоволно еволуирани“ луѓе кои според него биле недостојни за живот. Тоа според еволуционистите се нарекува природна селекција. Тоа е природен процес, борба за опстанок. Посилниот победува, послабиот се истребува. Не сфаќам каде атеистите гледаат зло тука? По кој критериум ова го нарекуваат зло?