Христијанството и проблемот на злото

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
@Чорбаџија, не е убаво да ги извртуваш работите, темата не е 'Ако постои Бог, тогаш зошто дозволува зло?' туку 'Христијанството и проблемот на злото.'
Христијанството и христијаните немаат проблем со злото. Атеистите се тие кои што имаат проблем со злото.

Zaratustra напиша:
Теза 3. Во светот постои Зло. Значи зло со голема буква.
Од каде знаеш дека во светот постои зло?

Zaratustra напиша:
Размислете за сите кои паднале во рацете на Јужно Американските полиции како експерти за мачење, или на сите луѓе во концентрационите логори, оставени комплетно на милост и немилост на некој психопат. Пробајте да се замислите во нивната ситуација, и ќе сфатите за какво Зло ви зборувам.
А зошто сметаш дека ова е зло? По кој критериум ова го нарекуваш зло? Хитлер сакал да ги убие сите луѓе кои тој ги сметал за недостојни за живот, за терет на општеството. Тој сакал да ја исчисти аријевската раса од овие „недоволно еволуирани“ луѓе кои според него биле недостојни за живот. Тоа според еволуционистите се нарекува природна селекција. Тоа е природен процес, борба за опстанок. Посилниот победува, послабиот се истребува. Не сфаќам каде атеистите гледаат зло тука? По кој критериум ова го нарекуваат зло?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Можеби се обидел да го направи тоа, но всушност го постигнал спротивното. На кој начин? Дозволете да објаснам.
Штом еден атеист се согласи дека постои нешто такво како „зло“, тој индиректно се согласува дека постои и нешто такво како „добро“.
Штом препознава категории како „добро“ и „зло“, тогаш тој препознава некаков морален закон кој ги диференцира доброто од злото.

Моралниот закон може да биде:
1. Апсолутен (дефиниран од Бог), или
2. Релативен (дефиниран од група луѓе, нација, врзан за одредено време и место).

Теза 1: Доколку тој морален закон е апсолутен, тогаш тоа подразбира и морален Законодавец т.е. некој висок морален авторитет што дефинира што е добро, а што е зло. А тоа е Бог.
Кога би постоел таков апсолутен морален закон, тогаш тој би бил вроден и присутен кај секого, без разлика каде се наоѓа и во какво културно опкружување се наоѓа, и не би имало потреба од туторство и подучување на тој закон. Децата би се раѓале со вродено чуство за морал и веднаш инстинктивно би препознавале неморал. Дали е така, на сите им е јасно!:toe:
Теза 2: Доколку тој морален закон е релативен, тогаш следува дека поимите како „добро“ и „зло“ се човечка измислица, вештачки термини. Страдањето, чувствата се само состојба на умот, хемиска реакција во нашиот мозок. Убивањето е дел од природната селекција, смртта е природен процес. Солзите се само солена вода предизвикани од некакви таканаречени „емоции“. Злото е фиктивна категорија, па оттаму излишно е и прашањето: „Зошто зло?“ кога терминот „зло“ сме го измислиле ние луѓето нели.
Доколку тој морален закон е релативен, тогаш тоа незначи дека поимите добро и зло се измислени, туку релативни!
Тоа не значи дека луѓето се роботи без емоции, туку значи дека различни нешта за различни луѓе се добро и зло! Или најпросто кажано, тоа што за мене е добро, за некого може да е зло, тоа што за мене е морално, за некого е неморално.
Со други зборови, ако не постои Бог, тогаш не постои ниту зло, туку се е суетна и случајна рекомбинација на амотеми и молекулите.
Со други зборови, ова тврдење го докажа токму спротивното! Или: Моралот не е апсолутен и вроден, туку културолошка креација која се јавува како последица од општо прифатените норми и правила на општеството во кое се наоѓа индивидуата! Доброто и злото исто така не се апсолутни и неменливи критериуми за сите, туку се релативна перспектива на индивидуата.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Христијанството и христијаните немаат проблем со злото. Атеистите се тие кои што имаат проблем со злото.
:pos2::pos2::pos2:

Добар виц. Христијаните немале проблем со злото. Затоа полно во исповедалницине, „прости ми оче, грешев.....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
....оти рационализмот и духовноста речиси и да немаат блага врска една со друга.
Ако рационализмот нема врска со духовноста, зошто не ја толкуваш библијата како метафора? Каква е таа твоја духовност, кога библијата ја толкуваш буквално, и поради тоа безброј пати тврдоглаво ја негираш науката и тврдиш дека Адам и Ева се создадени од кал, дека светот е 6-7000 години стар, дека небото и земјата се создадени заедно....?
Ако рационалноста нема врска со духовноста, нема ни потреба да се негира едното за сметка на другото, бидејќи нели нема допирни точки?! А ти од петни жили негираш се што не ти се вклопува во твојата збирка еврејски народни приказни!

--- надополнето ---

Религијата вели дека светот бил создаден добро (добро беше вјеома) и дека човекот бил создаден како добар и безгрешен, но тој е крив за падот и изгонот од градината. ОК, нека биде и така. Човекот згрешил, па сега ќе страда. Меѓутоа, подтезата 1.2 вели дека Бог е нетемпорален, не е ограничен од времето. Бог знаел (знае, ќе знае) дека тоа ќе се случи. Секој момент од историјата за него е отворена книга, се може да види.
Еден детал кој е изоставен во текстов а во врска со проблемот за злото кај христијанството е и фактот што бог им го забранува сознанието за добро и зло на Адам и Ева! Посочувано од моја страна на повеќе теми и лукаво и тврдоглаво избегнувано од страна на верниците а од ексремна важност!
Прво: Зошто бог кој е љубов и добрина, би забранил сознание за добро и зло? И уште поважно:
Второ: Без сознание за добро и зло, неможе да се товари за одговорност никој, најмалку оној кој намерно е создаден така од тој што го товари за таа одговорност!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
Стварно можно е бе ова теисти?
Прочитав негде поназад...
Ако Бог е семоќен, дали може да создаде камен кој нема да може да го крене самиот?

Стварно интересно... ај да видиме шо одговори ќе има.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Ако барате доказ дека Бог не постои и грешки во библијата Бог ќе ви ги даде, за да го продолжите патот кои вие ќе го изберете.
Откажувањето од верата надежта и љубовта е ваш избор но за да се оправдате пред себеси барате грешки насекаде во се.
Вие сте откупени преку Спасителот од сите ваши гревови во минатото, сегашноста и иднината во вечноста.
Вие
сте создадени според Божјиот Образ вие имате право на Љубовта Небесна.
Изберете ја Љубовта и Христос го имате тоа право сите вие сте деца на Светлината.
 
Бог е концепт кој има различни значења, концептот на христијанството, исламот и јудеизмот е имбецилен, смешен и контрадикторен на начин, што единствено слепец не би видел! Овој концепт се базира на принципот на морковче и стапче, каде се манипулира со човечките стравови и надежи!
Јас не ја негирам можноста за постоење на креатор, но таков како што го опишува монотеизмот е навреда за нормалната - просечна интелегенција!
Кога одиш по улица и гледаш прозор каде што има запалено светло, нормално е да претпоставиш дека поради запаленото светло има човек таму, но апсурдно е и арогантно само врз основа на запаленото светло, да тврдиш дека не само што има човек таму, туку и дека е толку и толку висок, толку и толку тежок, со плави очи, со кратка коса, со чевли број 44, со тегет чорапи...итн, итн!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Celiot svet e vo vlasta na zloto - pisuva vo Biblijata, problemot e kako Semokniot Bog samo dopusta nekakva slobodna volja za koja dobro se znae deka postoi sklonost kon grev koj ja isklucuva slobodnata volja a so samoto toa i poimot Bog kako dobar i milostiv bidejki Toj poveke dopusta zlo otkolku sto nesto pravi toa da se namali ako veke ne moze da go nema!
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ако барате доказ дека Бог не постои и грешки во библијата Бог ќе ви ги даде, за да го продолжите патот кои вие ќе го изберете.
Откажувањето од верата надежта и љубовта е ваш избор но за да се оправдате пред себеси барате грешки насекаде во се.
Вие сте откупени преку Спасителот од сите ваши гревови во минатото, сегашноста и иднината во вечноста.
Вие
сте создадени според Божјиот Образ вие имате право на Љубовта Небесна.
Изберете ја Љубовта и Христос го имате тоа право сите вие сте деца на Светлината.
Имам проблем со болдираното. Никој не може никого да откупи. Јас сум си одговорна за сите мои грешки - било во некој прошчи живот или во овој. Само јас можам да де се искупам сама себе - ако веќе мораме да гледаме на тој начин.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Epa stom sme otkupeni i za idnite grevovi aj da gresime sto se ubeduvame da sme podobri, no pak ke vidis nekoj pak pravi dobrini iako moze da pravi i zlo posto unapred e otkupen toest mu se prosteni site grevovi.

--- надополнето ---

Ако барате доказ дека Бог не постои и грешки во библијата Бог ќе ви ги даде, за да го продолжите патот кои вие ќе го изберете.
Откажувањето од верата надежта и љубовта е ваш избор но за да се оправдате пред себеси барате грешки насекаде во се.
Вие сте откупени преку Спасителот од сите ваши гревови во минатото, сегашноста и иднината во вечноста.
Вие
сте создадени според Божјиот Образ вие имате право на Љубовта Небесна.
Изберете ја Љубовта и Христос го имате тоа право сите вие сте деца на Светлината.
Ete opravduvanje da se istrajuva vo zloto, he he i posle im bile vazni delata...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако барате доказ дека Бог не постои и грешки во библијата Бог ќе ви ги даде, за да го продолжите патот кои вие ќе го изберете.
Откажувањето од верата надежта и љубовта е ваш избор но за да се оправдате пред себеси барате грешки насекаде во се.
Вие сте откупени преку Спасителот од сите ваши гревови во минатото, сегашноста и иднината во вечноста.
Вие
сте создадени според Божјиот Образ вие имате право на Љубовта Небесна.
Изберете ја Љубовта и Христос го имате тоа право сите вие сте деца на Светлината.
Сега го проповедаш Христос, а во една друга тема веруваше во регресијата и минатите живото. Знеш дека реинкарнацијата и концептот на минати животи е во најголема спротивност со Христијанството?

Или се е тоа Светлина?

--- надополнето ---

Од каде знаеш дека во светот постои зло?

А зошто сметаш дека ова е зло? По кој критериум ова го нарекуваш зло? Хитлер сакал да ги убие сите луѓе кои тој ги сметал за недостојни за живот, за терет на општеството. Тој сакал да ја исчисти аријевската раса од овие „недоволно еволуирани“ луѓе кои според него биле недостојни за живот. Тоа според еволуционистите се нарекува природна селекција. Тоа е природен процес, борба за опстанок. Посилниот победува, послабиот се истребува. Не сфаќам каде атеистите гледаат зло тука? По кој критериум ова го нарекуваат зло?
Повторно со софизми. Ако сакаш да дискутираш, тогаш дискутирај со тезите кои ги поставив. Овде не се дискутира со атеистичкиот концепт на злото или доброто, туку со христијанскиот. Прашањето е дали христијаните сметаат дека има зло на светот а не атеистите? Значи ти си тој што треба да одговориш, Дали постои зло на светот, со голема буква З? Ја прифаќаш третата теза која ја поставив како точна или не? Кога ќе одговориш, ќе продолжиме со дискусијата. Само се плашам дека на вака поставено директно прашање ти пак нема ништо да одговориш...

И повторно избегна да кажеш која од моите тези се коси со христијанскиот концепт на Бог.

--- надополнето ---

Христијанството и христијаните немаат проблем со злото. Атеистите се тие кои што имаат проблем со злото.
Атеистите немаат проблем со злото, тие имаат проблем со Христијаните кои немаат проблем со злото, односно со христијаните кои немаат проблем да му се молат на ентитетот кои го нарекуваат Бог, а кој по самата логика на нивната религија е одговорен за целото зло. Атеистите ги сметаат таквите христијани за морално многу бедни личности. Тоа е поентата на целата тема, убаво се намести овде, благодарам. Кој за софизми се фаќа, од сопствените софизми ќе биде убиен...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако рационализмот нема врска со духовноста, зошто не ја толкуваш библијата како метафора?
Не можам, оти Светото Писмо, во најголемито свој дел, е запис за релани настани на не поетска збирка за струшките вечери и ручеци на поезијата.

--- надополнето ---

Каква е таа твоја духовност, кога библијата ја толкуваш буквално,
Кај Библијата:
- се чита напишаното
-се толкува напишаното
-се бараат можни релации помеѓу деловите од Писмото.

--- надополнето ---

и поради тоа безброј пати тврдоглаво ја негираш науката и тврдиш дека Адам и Ева се создадени од кал, дека светот е 6-7000 години стар, дека небото и земјата се создадени заедно....?
- Адам и Ева не се создадени од кал, туку од земја и душа.
- науката (било која) не се замара нит со Адам нит со Ева.
- според Црквата, Светот (Вселената) е стара цца 8 000 г.
- небото (духовниот Свет) и Земјата (материјалниов Свет) имаат ист Творец, но не се створени истовремено.
-науката (било која) сеуште не ни кажала како настанал животот од нежива материја, оти да ни кажеше, сеа сите ќе „знаевме„.

--- надополнето ---

Ако рационалноста нема врска со духовноста,
Нема: рационалноста е овосветовна а духовноста е оносветовна категорија: нивна заедничка „особина„ е човекот.

--- надополнето ---

А нема ни потреба да се негира едното за сметка на другото, бидејќи нели нема допирни точки?!
Има, веќе реков, а таа „допирност„ е човекот.

--- надополнето ---

А ти од петни жили негираш се што не ти се вклопува во твојата збирка еврејски народни приказни!

Ќе беше во право, доколку се изјаснев за евреин.
Патем, погледот на Светот за верните е битно поинаков од погледот на Светот за неверните.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не можам, оти Светото Писмо, во најголемито свој дел, е запис за релани настани на не поетска збирка за струшките вечери и ручеци на поезијата.

Во тој случај нема никаква духовна логика твоето толкување, затоа што и самиот си кажа дека според тебе тоа се реални настани, а реалните настани се опфатени од рациналната логика а не од духовната!

--- надополнето ---

Кај Библијата:
- се чита напишаното
-се толкува напишаното
-се бараат можни релации помеѓу деловите од Писмото.

Што уште еднаш потврдува дека тука нема духовно толкување туку буквално! (рационално, световно)

--- надополнето ---

- Адам и Ева не се создадени од кал, туку од земја и душа.
Не по врат по шија!

--- надополнето ---

- науката (било која) не се замара нит со Адам нит со Ева.
Не е точно! Науката јасно укажува дека човекот не е настанат од никакви Адам и Ева!

--- надополнето ---

- според Црквата, Светот (Вселената) е стара цца 8 000 г.
Што е глупост и науката тоа одамна го докажала како погрешно! Уште еден пример за буквално - рационално - световно толкување! Во кое нема ни д од духовно!

--- надополнето ---

- небото (духовниот Свет) и Земјата (материјалниов Свет) имаат ист Творец, но не се створени истовремено.
Во библијата не пишува "материјален свет" и "духовен" туку пишува небото и земјата! Тоа материјален и духовен е ваше толкување.

--- надополнето ---

-науката (било која) сеуште не ни кажала како настанал животот од нежива материја, оти да ни кажеше, сеа сите ќе „знаевме„.
Што незначи дека и никогаш нема да одкрие!

--- надополнето ---

Нема: рационалноста е овосветовна а духовноста е оносветовна категорија: нивна заедничка „особина„ е човекот.

Нема, но ти упорно толкуваш буквално (рационално) а тврдиш дека станува збор за духовно!

--- надополнето ---

Има, веќе реков, а таа „допирност„ е човекот.

Човекот е толкувач, или ќе толкува рационално или духовно, едната категорија нема врска со другата!

--- надополнето ---

Ќе беше во право, доколку се изјаснев за евреин.
Патем, погледот на Светот за верните е битно поинаков од погледот на Светот за неверните.
Ти може да се изјасниш што сакаш, факт е дека тоа се еврејски народни легенди!

--- надополнето ---

Да видиш како изгледа една твоја класична дисекција на пост!
Нареден пат, за да ни биде потешко да одговориме цитирај буква по буква! Немој цели реченици!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да видиш како изгледа една твоја класична дисекција на пост!
Нареден пат, за да ни биде потешко да одговориме цитирај буква по буква! Немој цели реченици!
Дискусијата со Мики е потполно непотребна. Човекот нема ни знаење, ни интелегенција да се справи со темата. Неговиот крунски аргумент во секоја расправа е дека не се работи за рационална туку за духовна логика, а неговоит начин на дискусија, со сецкање на туѓите постови зборува за човек со многу ниска култура...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Дискусијата со Мики е потполно непотребна. Човекот нема ни знаење, ни интелегенција да се справи со темата. Неговиот крунски аргумент во секоја расправа е дека не се работи за рационална туку за духовна логика, а неговоит начин на дискусија, со сецкање на туѓите постови зборува за човек со многу ниска култура...
Хахахх абе не си добар нешто ти човек !
Знаење, интелигенција, култура ?!
Од што болест си болен кажи ни може ќе се најде лек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom